Списокот за исполнување на желби и соништа во Македонија станува ептен долг. Го пишуваат и соопштуваат партиите во предизборитето. Во списокот има се и сешто. Само треба некој да побара или функционерите да „пуштат машта“ и ете ти го смисленото во приоритетите за идните 4 години. Последен кој допиша нешто во долгата колона на желби кои ќе бидат исполнети е вицепремиерот и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ. -Ветуваме дека во наредниот мандат ...

Колумна на Ивица Боцевски: Чуму му е речникот на поделбите на Стево Пендаровски? Во сите свои настапи актуелниот претседател зборува за две Македонии, манихејски ја оцрнува едната Македонија (опозициската), а ја воспева другата (владината), враќајќи не во втората половина на претходната деценија кога еден неранимајко, Зоран Заев, користејќи го истиот тој политички речник, ја однесе земјата во амбис. Во моментов, најудобна местоположба за мене би ...

Изборната кампања зоврива, но зовриваат и проблемите на граѓаните. Има ред партиски митинзи, па ред протести на незадоволни граѓани. На митинзите и собирите од власта се слуша дека се е добро и дека ќе биде уште подобро ако останат да владеат и по изборите. На протестите незадоволните граѓани, вработени во одделни претпријатија и институции кажуваат дека има многу проблеми кои не се решени. Веќе четврти ден протестираат и штрајкуваат околу 400 ...

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“. Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир. Претходно вчера, заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека ...

Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна своите противнички во групната фаза на Европското првенство. Нашата селекција се најде во група со Шведска, Унгарија и Турција, а со оглед на тоа што имаме земја домаќин, турнирот ќе го играме во Дебрецин. Инаку, овој континентален собир ќе се одржи во три земји, Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември и е првиот на кој ќе настапат 24 репрезенации. Нашата селекција, која ...

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни медиуми објавија рано денеска дека нивните сили ги уништиле беспилотните летала. Ова се случува неколку дена откако Иран изврши одмазднички напад со дрон врз Израел. Извор изјави за Ројтерс дека САД не биле вклучени, но дека Израел ги информирал пред нападот. Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека ...

Како и кој се ја конципира надворешната политика на Македонија? Ова прашање повторно е актуелно, оти излегоа на површина различни ставови кај министри од ДУИ и СДСМ околу важни прашања: Отворен Балкан, а и резолуцијата во ОН за Сребреница. Имено, министерот за надворешни работи Бујар Османи изненади со најава дека ќе бара од Владата да го разгледа учеството на Македонија во Отворен Балкан – иницијатива од која веќе корист имаат и државата и ...

Објавени се првите резултати од изборите одржани денеска во Хрватска. Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите. И ХДЗ и СДП најавија дека ќе почнат разговори за формирање на влада. За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје се изборија за место во полуфиналето на АБА2 лигата. Клубот од Аеродром доживеа пораз од Широки од 70:68 на соочувањето во Босна и Херцеговина, но благодарение на победата во првата средба од 85:69 обезбеди пласман во наредната фаза во која ќе ги одмери силите со Спартак Суботица. Најефикасен кај „металците“ беше Делалиќ со 18 поени, по 13 уфрлија браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а двоцифрен беше и Баковиќ со 10 ...

Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји. -Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат ...

Во автобус на граничниот премин Брод босанско-херцеговската полиција идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ. -Обвинителот од Одделот за шверц и трговија со луѓе на Обвинителството на БиХ ги координира активностите во соработка со Службата за работи со странци на БиХ и Граничната полиција на БиХ, кои при контрола на стоки и патници на редовните автобуски линии на ...

Колумна на Никола Тасев: Случајно вчера го сретнав Миле, другар од средно. Уште оддалеку ми подвикнува: „Те гледам по телевизии и весници, кажуваш нешто таму за изборите. Јас да ти кажам порано гласав, ама сега сум ептен разочаран од состојбата во Македонија и нема да гласам. Уништија се и не сакам во тоа веќе да учествувам. А ти џабе збориш, оти сите се исти политичарите…“ „Чекај бре Миле, му велам, не е така. Баш оти си разочаран треба да ...

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Бојан Трајковски, по завршувањето на кариерата, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за најинтересните моменти минати под обрачите. –Пред да влезам во кошарката бев активен во ракометот. Мислам дека и таму ќе направев одлична кариера и ќе бев добар лев бек. Сепак, работите се променија во 2001 година кога од ракометот сосема случајно влегов во кошарката и тука ...

Утрово во Хрватска почна спроведувањето на парламентарните избори на кои право на глас имаат над 3.771.000 избирачи во земјата и во странство. Главни конкуренти се владеачката десничарска партија ХДЗ и социјалдемократкста партија СДП. Актуелниот премиер од ХДЗ Андреј Пленковиќ е во потрага по трет последователен мандат за претседател на владата додека СДП, раководена од Пеѓа Грбин се обидува да извојива победа на левичарските и прогресивни ...

На почетокот на Втората светска војна во Македонија во 1941 година, кога имала само 14 години, станала младинска активистка, следната година веќе била партизанка во битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“, а во 1953 година, кога имала само 26 години била прогласена за Народен херој на тогашната Југославија. Тоа е најкратката историја на бестрашната Македонка, Фана Кочовска – Цветковиќ. Во цела Југославија таа ќе биде позната оти покажала ...

Градот Јанџин во покраината Јунан, јужна Кина, е единствен во светот по својот изглед кој е резултат на неговата географска положба. Имено, со својата должина од 1.416 километри важи за „Најтесниот град во светот“, бидејќи се наоѓа меѓу две големи планини, а по долината на реката Гуан и има две улици. Ова населено место се наоѓа во планинско подрачје, па највисоката точка е на 2.263 метри надморска висина, а најниската на 329 метри височина. ...

Големиот кошаркарски талент, Лука Дончиќ, ја доби наградата за најдобар стрелец во НБА во сезоната 2023/24, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Словенецот зад себе има брилијантна сезона, се наоѓа во потесниот круг за МВП наградата. Дончиќ имаше просек од 33,9 поени по натпревар, најмногу во НБА. Тој шутираше 48,7 отсто од поле, 38,2 отсто од три и 78,6 отсто од линијата за слободни фрлања. Дончиќ со 25 години е ...

Македонија има голем проблем со демографијата. Се помалку има бебиња, а и се повеќе има иселување од земјата. Едноставно, бројката на населението се топи забрзано. Сето ова се гледа низ многу примери, а највидливо е во училиштата. За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат најновите податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. Од 976 основни училишта во 2021/2022 година, во 2022/2023 овој број се ...

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ повеќе не е предводник на ЦСКА Москва. Рускиот клуб потврди дека е прекината соработката со стручњакот и веќе е промовирана неговата замена. Рајковиќ ја предводеше ЦСКА од летото 2022 година, минатата сезона беше победник по регуларниот дел од сезоната со рекорден број на победи (имаше вкупно 30, а рекордни 24 во низа). Во објавата на рускиот клуб е пренесен и ставот на македонскиот стратег, кој ...

Град Скопје кубури со средства за реализирање на поголеми проекти. Секое од досегашните градоначалнички раководства се жалеше дека во градската каса нема доволно пари за да се тргне во градежна офанзива. Добро. Но, се води ли доволно сметка каде одат парите кои ги има во градската каса? Се знае ли подетално за што се потрошени милионите евра кои ги имаше во градскиот буџет? Еве на пример познато е дека имаше две крупни исплати кои во 2019 година ...

Скопски ФК Работнички постигна голема победа против ФК Вардар. Семафорот на големиот градски стадион на крајот од натпреварот во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига покажа 2 – 0. Со оваа победа „романтичарите“ стекнаа добра позиција во битката за опстанок во елитното друштво. Кај Вардар ситуацијата е малку потешка. Првото полувреме помина без возбудувања и вистински акции за што можеби беше виновно и врелото сонце (натпреварот почна во ...

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката на израелската амбасада во Лондон. Орли Голдшмит тврди дека во последните 45 години Иран се обидува да го нападне Израел преку посредници – Хезболах, Хамас и Хутите. -Иран го гледа Израел како западна земја која треба да се уништи. Ги слушаме нашите сојузници и го земаме предвид она што го велат, но на крајот ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен нема среќа околу нејзината втора кандидатура за истата функција. Се нешто и отвораат афери во Брисел. Една од главните теми во кулоарите на институциите на ЕУ изминативе недели е именување на германскиот европратеник Маркус Пипер за европски претставник за мали и средни претпријатија. Пипер важи за многу влијателен во редовите на неговата Христијанско демократска унија (ЦДУ). Духовите ...

Никола Митревски и неговиот Порто изборија дерби победа над Бенфика на Филип Талески во дерби средбата во плејофот во Португалија. Се одигра ефикасно на двете страни, а како пресудно се покажа изданието на домаќините во второто полувреме, фаза која ја добија со 19:15 што на крајот донесе конечно славје од 36:32. Еден од хероите беше ветеранот Митревски кој забележа 14 одбрани и притоа постигна два гола од исто толку обиди. Кај Бенфика, Талески ...

На министерот во Владата на Србија задолжен за односи со дијаспората, Ѓорѓе Милиќевиќ му било забрането да положи цвеќе и да запали свеќа на споменикот на жртвите од усташкиот логор Јасеновац, по што бил протеран од таму. Министерот Милиќевиќ на нивна покана бил во работна посета на Србите во околината на Новска. -По средбите со претставниците на Србите од локалното културно-уметничко друштво и руралните локални заедници, министерот и неговите ...

Лидерите на институциите на Европската Унија во објави на социјалните мрежи упатија остра осуда на иранските напади врз Израел. – Остро го осудуваме нападот што Иран го започна врз Израел. Мора да се направи се за да се спречи понатамошна регионална ескалација. Мора да се избегне натамошно крвопролевање, напиша претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во објава на Икс. Мишел воедно најави дека ЕУ заедно со своите партнери ќе продолжи ...

Г7 ќе одржи состанок по телефон во попладневните часови, дознава Скај њуз. Се очекува лидерите на Групата седум големи економии да разговараат за нападот на Иран. Г7 е составена од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а присуствуваат и претставници од Европската унија. Италија во моментов претседава со ротирачкото претседателство. Групата првично беше формирана во 1973 година за да ...

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека противвоздушната одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 проектили што Иран ги истрела синоќа врз Израел. Иран истрела стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел, како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, од кои повеќето беа пресретнати. Ова е прв пат Иран да изврши директен воен напад врз Израел, и покрај децениското непријателство кое ...

Образовниот систем во Македонија колабира: се реформира, се расформира, се деградира… Има уште објаснувања, ама и овие „слики“ се доволно „силни“ за да се вклучи алармот кој треба ќе го разбуди поспаното државно тело кога е во прашање овој многу важен општествен сегмен. Во многу училишта фали инвентар, нема модерни табли, проектори, кабинети и други посовремени нагледни средства. Учебници, кој има, кој нема. На тие што имаат учебници многу ...

отици луѓе се евакуирани од трговски центар во Сиднеј по масовно прободување со нож. Најмалку четири лица загинаа, а неколку се ранети, објави „news.com.au“. Според непотврдени информации напаѓачот бил застрелан. Во тек е полициска операција во прометниот трговски центар во близина на плажата Бонди поради сомневање за прободување на повеќе лица, се вели во извештајот. Двајца сведоци изјавија за Ројтерс дека се слушнале истрели. Државната ...

Скопје

8ᴼ/8ᴼ
2.06
66%
1008

Белград

5ᴼ/1ᴼ
2.57
81%
1010

Софија

9ᴼ/8ᴼ
0.0
58%
1010

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
1.82
60%
1011

Љубљана

6ᴼ/2ᴼ
0.51
78%
999

Атина

14ᴼ/10ᴼ
3.13
83%
1001

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
2.06
93%
1008

Подгорица

8ᴼ/6ᴼ
3.09
57%
1009

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

585498 $

Рутениум

24115 $

Калај

34 $

Сребро

910 $

Злато

76574 $

Бакар

8 $

Паладиум

32379 $

Платина

29904 $

Родиум

151607 $

Цинк

90429 $