Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието. Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата. „Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе се јавите вие лично да говорите за оваа ...
И покрај жестоката реторика меѓу Вашингтон и Техеран, дипломатските напори за ставање крај на конфликтот продолжуваат зад затворени врати. Катарски преговарачи утринава отпатувале во иранската престолнина Техеран со цел да помогнат во финализирањето на евентуален договор меѓу Иран и САД, јави агенцијата Ројтерс. — реклама — Овој дипломатски потег доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Д. од Берово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 1 јуни 2026 година во семејниот дом на пријавениот во Берово. — реклама — Како што наведуваат од МВР, М.Д. физички ја нападнал својата сопруга, при што употребил метален ...
Полициски службеници од СВР Скопје привеле тројца скопјани откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 9 јуни на различни локации во Скопје од слобода биле лишени А.Б. (23), Б.Ј. (21) и Х.Г. (20), сите од Скопје. — реклама — При извршените контроли, кај нив била пронајдена марихуана, која била одземена од полициските службеници. Од МВР соопштија дека по целосното ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Техеран и Вашингтон мора да најдат излез од сегашната состојба на долготрајни тензии, оценувајќи дека односите „ниту војна, ниту мир“ повеќе не се одржливи. Како што пренесе полуофицијалната иранска новинска агенција „Мехр“, Пезешкијан истакнал дека е неопходно да се дојде до политичко решение и дека преговорите се единствениот пат напред. — реклама — „Ако сакаме да излеземе од состојбата ...
Иран соопшти дека ја преиспитува иднината на преговорите со Соединетите Американски Држави по најновите американски воени напади врз ирански цели. Како што пренесе Иранската студентска новинска мрежа (SNN), повикувајќи се на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, Техеран во моментов ја разгледува можноста за продолжување на дипломатскиот процес во светло на последните случувања. — реклама — Багаеи ги обвини САД и ...
Иранските државни медиуми објавија видеоснимки за кои тврдат дека го прикажуваат лансирањето на ракети и беспилотни летала употребени во ноќешните напади врз американски воени цели на Блискиот Исток. Според соопштението на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), цел на нападите биле американски воени бази во Јордан, Кувајт и Бахреин. Од Техеран наведуваат дека акцијата претставува одговор на претходните американски воени удари врз ирански ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11 јуни (четврток), во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град. Од Градот посочуваат дека, доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде извршено првиот нареден ден кога ќе има поволни услови, во истиот термин. — реклама — Воедно, се апелира до пчеларите навремено да ги преземат ...
Израелските сили продолжија со воздушните напади врз територијата на Либан и покрај претходните предупредувања од Иран дека воените дејствија треба да запрат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека и натаму гаѓаат, како што наведуваат, „терористичка инфраструктура“ на Хезболах во јужен Либан. Според нив, во текот на изминатото деноноќие биле погодени повеќе позиции во областа на градот Тир и на неколку други локации на југот од ...
Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди утринските американски воздушни напади врз иранска територија, оценувајќи ги како „јасно кршење“ на националниот суверенитет и меѓународното право. Во соопштението, Техеран предупреди дека земјите од Блискиот Исток кои им дозволуваат на американските сили да ги користат нивните бази би можеле да станат легитимни цели доколку нападите врз Иран продолжат. — реклама — „Иранските вооружени сили ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ја потврди посветеноста на Франција кон безбедноста на нордиските и балтичките сојузници, оценувајќи дека Русија се соочува со пораз во Украина, но и покрај тоа продолжува да ги провоцира соседните држави. По видеоконференцијата со лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска, Макрон преку социјалната мрежа Икс порача дека Франција останува цврсто посветена на ...
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека Израел е подготвен да изведе нов, длабок напад врз Иран веднаш штом добие наредба за тоа. Според соопштението објавено на официјалната интернет-страница на израелската војска, Замир оценил дека неодамнешниот напад врз Иран бил само „подготовка за многу позначаен и потежок удар“. — реклама — „Подготвени сме да дејствуваме повторно и да му нанесеме на Иран уште посилен ...
И покрај новите тензии и меѓусебните обвинувања, примирјето меѓу САД и Иран, кое повторно беше воспоставено вчера, сè уште останува на сила. До обновувањето на договорот дојде откако Иран и Израел во неделата навечер разменија напади. Техеран соопшти дека нападите врз Израел биле одговор на засилените израелски воени операции во Либан, каде што израелската армија се бори против Хезболах, близок сојузник на Иран. — реклама — Во изминатите ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека писмото што му го испратил на рускиот претседател Владимир Путин го дало резултатот на кој се надевал, иако не откри за што конкретно станува збор. Говорејќи на заедничка прес-конференција со лидерите на нордиските и балтичките земји во Талин, Зеленски рече дека во изминатиот месец испратил повеќе писма до различни институции и држави, со различни цели. — реклама — „Во последниот месец ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека, иако САД и Израел имаат многу заеднички интереси, постојат и прашања околу кои нивните ставови се разликуваат, особено кога станува збор за Иран. Во интервју за Fox News, Венс истакна дека главната цел на Вашингтон е да спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. — реклама — „Претседателот беше многу јасен дека, иако Израел има свои цели, примарната цел на САД во однос на Иран е да се ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против 80-годишен жител на гевгелиско, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против Р.Ј. (80), откако биле обезбедени основи на сомнение дека на 31 мај годинава, во село во валандовскиот регион, извршил полови дејствија врз ...
Полициски службеници од СВР Битола на 9 јуни го лишиле од слобода Н.Б. (46) од Битола, поради сомнение дека извршил семејно насилство. Според информациите од полицијата, тој во семејниот дом во битолско физички ја нападнал својата сопруга. — реклама — Од СВР Битола информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Битола на 9 јуни го лишиле од слобода Н.Б. ...
Мал авион се урна утринава во близина на аеродромот во Врсар, Хрватска, при што едно лице е повредено. Како што соопшти хрватската полиција, пријавата за несреќата била примена околу 8:35 часот, по што на местото веднаш биле испратени сите надлежни итни служби. — реклама — Според првичните информации, авионот се урнал во непосредна близина на аеродромот во Врсар. Во несреќата е повредено едно лице, но засега не се соопштуваат детали за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската дипломатија ги вложува последните напори за постигнување договор со Иран, по новата ескалација на Блискиот Исток и размената на напади меѓу Израел и Иран. Трамп оцени дека разговорите се во завршна фаза и изрази очекување дека договор би можел да биде постигнат во рок од два до три дена. — реклама — „Вложуваме завршни напори за она што ќе биде многу, многу добар договор“, изјави ...
Русија и Белорусија се подготвени да ги искористат сите расположливи средства, вклучително и нуклеарното оружје, за заштита на Сојузната држава, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин. Тој нагласи дека соработката меѓу вооружените сили и безбедносните структури на двете земји постојано се унапредува и се приспособува на актуелните безбедносни предизвици. — реклама — Според Галузин, Москва и Минск остануваат ...
Од Центарот за управување со кризи информираат дека според известување добиено од ЕВН Македонија, на 9 јуни 2026 година (вторник) дел од корисниците во Општина Центар ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорѓи Скрижевски“. — реклама — Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е најавен во периодот од 08:30 до 15:30 часот. Од ...
Дел од жителите на Општина Центар денеска останаа без вода поради интервенција на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека на 9 јуни, по барање на корисник поради внатрешен дефект на адреса улица „Даме Груев“ 7/8, извршено е затворање на водоводен вод. — реклама — Прекинот во водоснабдувањето започна во 9 часот и ќе трае до завршување на работите. Без вода се дел од корисниците на булеварот „Кирил и Методиј“ и на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не дозволи конфликтот со Иран да прерасне во целосна војна. Во интервју за израелски медиум, Трамп рекол дека му порачал на Нетанјаху да биде внимателен, бидејќи Израел би можел да остане сам во евентуална поширока конфронтација со Иран. — реклама — Според неговите тврдења, тој побарал од израелскиот премиер да не изведува нови напади ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во овој момент ќе ги прекине нападите врз Иран, но нагласи дека конфликтот со Техеран и Хезболах не е завршен и дека неговата земја ќе продолжи да реагира на секој напад врз својата територија. Во видеообраќање, Нетанјаху посочи дека по иранските напади врз Израел наредил израелската армија да изврши удари врз воени и економски цели низ Иран. — реклама — „Во моментов огнот на овој ...
Иранското Врховно советодавно тело за национална безбедност упати остро предупредување до САД и Израел, порачувајќи дека секоја нова ескалација може да има сериозни последици за целиот регион. Во пораката што ја пренесе иранската државна агенција Мехр, секретарот на советот, Мохамад Багер Золгадр, изјави дека Иран со децении покажува отпор на различни полиња и дека тоа влијае врз глобалниот безбедносен поредок. — реклама — „Ако ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп утрово разговарале телефонски, потврдил израелски функционер за агенцијата Ројтерс. Според истиот извор, разговорот се одржал непосредно пред Трамп на социјалните мрежи да објави дека Израел и Иран сакаат итно примирје. — реклама — Медиумските извештаи наведуваат дека Трамп претходно стапил во контакт со Нетанјаху за да го повика Израел да се воздржи од ...
Израелската армија соопшти дека во неколку области на северот на земјата биле активирани сирените за воздушна опасност. Од Израелските одбранбени сили информираа дека во тек е истрага за причините и околностите што довеле до активирањето на тревогата. — реклама — Соопштението беше објавено кратко време откако либански медиуми известија за израелски напади во јужен Либан, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот. Претходно, Иран ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (37) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 мај годинава во Казнено-поправната установа Идризово бил извршен претрес над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин. — реклама — По преземените мерки и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Трут Соушал“, во која тврди дека и Израел и Иран се заинтересирани за итно примирје. Според Трамп, двете земји покажуваат подготвеност за прекин на огнот, додека преговорите за постигнување мировен договор продолжуваат. — реклама — „Израел и Иран сакаат моментално примирје“, напиша Трамп, додавајќи дека завршните разговори за мир напредуваат. „Завршните ...
Хезболах соопшти дека извршил ракетен напад врз група израелски воени возила и војници во јужен Либан, со што, според тврдењата на движењето, се вклучил во најновиот бран ескалација на Блискиот Исток. Во објава на Телеграм, Хезболах наведе дека испукал повеќе ракети кон собрани израелски воени возила и припадници на израелската армија во близина на местото Беит Јахун. — реклама — Од движењето соопштија дека нападот бил одговор на, како што ...