Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Според известувањето од ЕВН Македонија, денеска (20 јуни) без електрична енергија ќе останат корисници од делови на општина Кисела Вода поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. — реклама — Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат улиците „Герника“ 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10, „Иван Хаџиниколов“ 1, 3, 5, 7 и 9, како и делови од улиците „Методија Патчев“ и „Антон Димитров“. — реклама — Од ЕВН апелираат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина денес претставуваат практично „втора најсилна армија во НАТО“, иако земјата сè уште не е членка на Алијансата. Во изјава за новинарите, пренесена од украинските медиуми, Зеленски нагласи дека Украина е важен партнер за НАТО и дека тоа, според него, го препознаваат лидерите на земјите-членки на Алијансата. — реклама — „На НАТО му е потребна Украина“, порача ...
Во услови на ново заострување на состојбата на Блискиот Исток, Иран остро ги осуди најновите израелски напади врз Либан и ги обвини Соединетите Американски Држави за последиците од, како што наведува, повтореното прекршување на договорите за прекин на огнот. Во соопштение објавено на платформата Телеграм, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, ги осуди, како што ги нарече, „агресивните и терористички ...
Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје кое денеска стапи во сила, потврди американски претставник за Би-Би-Си. Објавата за прекин на огнот доаѓа по нов бран насилство во јужен Либан. Според либанското Министерство за здравство, во израелските воздушни напади во текот на ноќта загинале најмалку 18 лица. — реклама — Од друга страна, израелската армија соопшти дека во борбите загинале четворица нејзини војници. Претходно, израелските ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека лично наредил напади врз десетици цели на Хезболах во текот на ноќта, откако во напади на либанската милитантна група загинале четворица израелски војници, а повеќе други биле повредени. Во соопштение објавено од неговиот кабинет, Нетанјаху наведе дека нападот на Хезболах претставувал сериозно прекршување на примирјето, поради што им наложил на Израелските одбранбени сили да извршат силен ...
Во акција на полициските службеници од СВР Велес, поднесена е кривична пријава против 57-годишен жител на селото Бањица, општина Чашка, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Според информациите од МВР, при претрес во домот и помошните простории на пријавениот била пронајдена и одземена ловечка пушка со калибар 16 милиметри. — реклама — По ...
Тешки телесни повреди здобил мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Бледски Договор“ во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 18 јуни околу 14:10 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч. (42) од селото Рашче, и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С. (46) од ...
Тешки телесни повреди здобил 67-годишен жител на Радовиш откако со својот автомобил излетал од коловозот и се превртел на магистралниот пат Неготино–Штип. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 18 јуни околу 16:50 часот. Патничко возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Р. (67) од Радовиш, излетало од патот и се превртело. — реклама — Во несреќата возачот се здобил со тешки ...
Банкарскиот сектор во земјава продолжува да бележи раст и кај штедењето и кај кредитирањето, покажуваат најновите податоци за монетарните движења во мај 2026 година. Според Народната банка, паричната маса (М3) во мај е зголемена за 0,8 проценти на месечно ниво, а на годишна основа бележи раст од 8,6 проценти. Најголем придонес за овој раст имаат готовите пари во оптек, депозитните пари и депозитите со подолг рок на доспевање. — реклама — ...
Осумдесетгодишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Прилеп. Според информациите од СВР Битола, на 18 јуни во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Прилепски Бранители“ и „Тризла“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „Томос“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.У. (33) од Прилеп, и велосипед кој го управувал А.К. (80) од Прилеп. — реклама — Во ...
Дваесет и двегодишен жител на гостиварско бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без да поседува возачка дозвола. Од СВР Тетово информираат дека на 18 јуни околу 12:10 часот во селото Топлица, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода К.У. (22) од селото Врапчиште. — реклама — При сообраќајна контрола било сопрено патничко ...
Дваесет и тригодишен жител на тетовско село е приведен откако бил пријавен за физички напад врз малолетник. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18 јуни во 21:00 часот во Полициската станица Тетово, С.К. (42) од селото Селце пријавил дека во близина на локалното училиште неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од С.С. (23). — реклама — По преземените мерки, само дваесет минути по пријавата, полициски службеници ...
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 43-годишна жена од Битола, откако нејзиното исчезнување било пријавено во СВР Битола. Според информациите од полицијата, на 18 јуни во 13:00 часот, А.Р. (52) од Битола пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Т.Р. (43). — реклама — Од СВР Битола информираат дека веднаш по пријавата се преземени активности и мерки за пронаоѓање на лицето и за утврдување на околностите под кои се ...
Откако граѓанин до редакцијата на „Скопје1“ испрати фотографии и видео од две длабоки оштетувања на патеката на кејот на Вардар, во близина на мостот кон болницата „Систина“, надлежните служби започнаа со нивна санација. Екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска излегоа на терен и работат на санација на оштетените делови од патеката, со цел безбедно користење на просторот од страна на пешаците и рекреативците. — реклама — Со интервенцијата се ...
Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанската државна новинска агенција, додека израелската армија наведе дека цел на операцијата биле позиции и инфраструктура на Хезболах. Според локалните медиуми и жители на погодените подрачја, во текот на ноќта и рано утринава биле извршени воздушни напади и артилериско гранатирање на повеќе населени места во областа Набатија. Либанската агенција ННА оцени дека станува ...
Полициски службеници од ОВР Дебар лишиле од слобода 34-годишен жител на Дебар, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 18 јуни околу 15:30 часот бил приведен Б.К. (34) од Дебар. При претресот, извршен врз основа на судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. — реклама ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во текот на ноќта е реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци на територијата на главниот град. Акцијата се спроведувала во доцните вечерни часови и траела до рано наутро, при што третирањето било извршено од земја на повеќе локации низ Скопје. — реклама — Според Ѓорѓиевски, станува збор за редовна превентивна мерка насочена кон заштита на јавното здравје, ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (19 јуни) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Радован Ковачевиќ“ во општина Гази Баба. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е планиран во периодот од 08:00 до 12:00 часот. — реклама — Од компанијата посочуваат дека станува збор за планирани активности во електродистрибутивната мрежа. Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (19 јуни) без електрична ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 33 степени Целзиусови. — реклама — Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. ...
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска (19 јуни), поради дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од 1 цол на булеварот „Партизански одреди“ бр. 48А, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од општина Центар. Без вода од 09:00 часот па сè до завршување на интервенцијата ќе останат дел од корисниците на улицата „Мајаковска“, како и корисниците на булеварот „Партизански одреди“ лоцирани зад поранешното Специјално јавно ...
Русија и Украина повторно извршија размена на телата на загинатите војници, во рамки на договорите што и покрај војната повремено се спроведуваат меѓу двете земји. Според украинските власти, Украина презела 522 тела на загинати, додека Русија добила 33 тела. Информацијата ја потврдија и руските државни новински агенции. — реклама — Од почетокот на 2025 година, Русија вратила повеќе од 20.000 посмртни останки на украински државјани, додека ...
Педесет и петгодишна жена од Радовиш се здобила со тешки телесни повреди откако паднала од електричен тротинет на улицата „Ленинова“ во Радовиш. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 17 јуни во 11:10 часот во ОВР Радовиш. — реклама — Според пријавата, С.М. (55) од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола над возилото и паднала на коловозот. Во несреќата таа се здобила со тешки ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против У.З. (74) од селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 1 јуни 2026 година во селото Неготино, гостиварско, во комбе кое вршело превоз на патници. — реклама — Пријавениот, според наводите, физички нападнал ...
Триесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако се обидел да влезе во два стана во скопската општина Аеродром. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 17 јуни 2026 година околу 15:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.А. (30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава. — реклама — Според пријавеното, околу 14:00 часот тој се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа направил обид да влезе и ...
Пожар избувнал во штала на локалниот пат кон селото Брвеница, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот бил навреме ставен под контрола. Од СВР Тетово информираат дека на 17 јуни околу 16:35 часот било пријавено дека настанал пожар во штала сопственост на И.У. (67) од Тетово. — реклама — На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица од Тетово, која успеала да го изгасне пожарот. Според информациите од ...
Дваесет и петгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу селата Вејце и Селце во Тетовско. Од СВР Тетово информираат дека на 17 јуни во 13:00 часот било пријавено дека четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.Т. (25) од селото Селце, излетал од коловозот. — реклама — Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, ...
Полициски службеници од СВР Тетово привеле 59-годишен жител на Тетово по пријава за семејно насилство. Според информациите од полицијата, на 17 јуни во 20:30 часот бил лишен од слобода Ш.Е. (59), откако неговата 50-годишна сопруга пријавила дека по кратка расправија во семејниот дом се обидел физички да ја нападне. — реклама — Лицето било задржано во полициска станица, а при извршената проверка било утврдено дека е под дејство на алкохол. ...
Седумдесет и тригодишен жител на Тетово бил пронајден починат во својот дом, информираа од СВР Тетово. Случајот бил пријавен на 17 јуни во 21:05 часот, кога било пријавено дека во куќа во Тетово е пронајдено безживотното тело на З.М. (73). — реклама — Лекар кој извршил преглед констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина за утврдување на ...
Осумнаесетгодишно лице од струшкото село Ташмаруништа е лишено од слобода откако полициски службеници пронашле марихуана при извршен преглед. Како што информираат од СВР Охрид, на 18 јуни во 01:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Ц.В. (18) од селото Ташмаруништа. — реклама — При прегледот кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Од полицијата соопштија дека по ...
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако полициски службеници при контрола во патниот сообраќај во Кичево пронашле марихуана во возилото во кое се превезувале. Според информациите од СВР Охрид, на 17 јуни во 22:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле М.Т. (24), Б.В. (25) и О.К. (25), сите од Скопје. — реклама — При контролата било сопрено патничко возило „Форд“ со скопски ...