Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно потврди дека во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху употребил навредливи зборови поради продолжувањето на израелските воени операции во Либан. Во подкастот „Под Форс Ван“, Трамп потврди дека претходните медиумски извештаи за нивната расправија биле точни и откри дека му рекол на Нетанјаху дека е „проклето луд“ поради постојаните напади кои, според него, ја загрозуваат ...
Четириесет и деветгодишен маж од прилепско село бил лишен од слобода по пријава за семејно насилство. Од СВР Битола информираат дека на 2 јуни во 23:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп постапиле по пријава од 42-годишна жена, која навела дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал во семејниот дом. — реклама — По преземените мерки, осомничениот бил приведен и задржан во полициска станица. Надлежните институции преземаат активности за ...
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 66-годишен жител на Битола, чие исчезнување било пријавено во вторникот вечерта. Според информациите од СВР Битола, на 2 јуни во 20:30 часот, Т.Т. (53) од битолското село Драгожани пријавил дека од домот се оддалечил неговиот братучед В.К. (66) од Битола. — реклама — По пријавата, полицијата започнала со активности за пронаоѓање на исчезнатото лице и утврдување на околностите под кои се оддалечило од ...
Голем застој и долги колони возила се формираа денеска на стариот пат меѓу Битола и Прилеп поради сообраќајна несреќа. Според првичните информации, поради незгодата сообраќајот во овој дел од патниот правец се одвива отежнато, а возачите подолго време чекаат во колона. — реклама — Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица и за околностите под кои се случила несреќата. Голем застој и долги колони возила се формираа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го убедил или изманипулирал да влезе во воен конфликт со Иран, нагласувајќи дека одлуката била исклучиво негова. Во изјава дадена пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, Трамп порача дека не дозволил никој да влијае врз неговата одлука. — реклама — „Да ме измами тој мене? Јас сум тој што го започна тоа“, изјави Трамп, ...
Случај на насилство врз малолетно лице е пријавен во СВР Скопје, откако 30-годишен скопјанец пријавил дека неговиот син бил физички нападнат на подрачјето на Шуто Оризари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 јуни 2026 година, Ш.С. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од 29-годишниот М.Б. од Скопје. — реклама — Во пријавата се наведува дека при нападот било употребено и остро средство. Од МВР ...
Полициски службеници од СВР Куманово вчера попладне лишиле од слобода 19-годишен жител на Куманово, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени наркотични средства и предмети поврзани со нивна употреба. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни 2026 година околу 18:50 часот бил приведен А.М. (19) од Куманово. — реклама — При претресот, извршен врз основа на судска наредба, полицијата пронашла и одзела ...
Иран е подготвен да учествува во преговори доколку тоа биде неопходно, но не им верува на Соединетите Американски Држави и на нивните ветувања, изјави заменик-претседателот на иранскиот парламент Моџтаба Никзад, пренесе агенцијата Тасним. „Погрешно е да се тврди дека само се бориме и не преговараме. Се придржуваме до црвените линии поставени од врховниот лидер. Ако биде потребно, ќе преговараме, но на Американците и на нивните ветувања не им ...
Кина ги повика САД и Иран да го почитуваат примирјето и да избегнат нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток, откако во последните денови повторно дојде до размена на напади меѓу двете земји. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека Пекинг е сериозно загрижен поради актуелната безбедносна состојба во регионот. — реклама — Нејзината изјава следува откако Вашингтон соопшти дека американските сили ...
По нападите со беспилотни летала и ракети врз Кувајт и Бахреин, Иран започна интензивни дипломатски активности со повеќе држави од регионот и пошироко. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, остварил телефонски разговори со своите колеги од Франција, Турција, Катар, Египет, Пакистан и Саудиска Арабија, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. — реклама — Според Техеран, дипломатските контакти следуваат по нападите ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека Македонија треба да го исполни договореното од 2022 година доколку сака формално да ги отвори пристапните преговори со Европската Унија, притоа нагласувајќи дека нема простор за нови договори или ново преговарање на веќе усвоената рамка. На новинарско прашање дали Европскиот совет може да даде дополнителни гаранции за Македонија преку заклучоци поврзани со билатералните и ...
Италијанскиот тенисер Матео Арналди приреди едно од најголемите изненадувања на годинашниот Ролан Гарос, откако по вистинска тениска драма го совлада Американецот Френсис Тијафо и за првпат во кариерата се пласираше во четвртфинале на Грен слем турнир. По пет часа и 26 минути игра, Арналди славеше со 7:6, 6:7, 3:6, 7:6 и 6:4, комплетирајќи спектакуларен пресврт во меч во кој во еден момент беше на работ од елиминација. — реклама — Тијафо во ...
Директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, упати порака за поддршка на националната кампања за органодарителство, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“. Во своето видео-обраќање, Агаи истакна дека медицинските тимови секојдневно се борат за животите на пациентите, но дека понекогаш болеста е посилна од сите напори и можности на лекарите. — реклама — „Се наоѓаме на нашата ...
Двајца млади мажи се лишени од слобода откако биле затекнати при извршување тешка кражба во кругот на РЕК Битола – Рудник „Суводол“, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите, на 2 јуни, околу 03:00 часот, полициски службеници од СВР Битола ги привеле Д.Ќ. (25) од Битола и С.А. (18) од Прилеп, кои биле фатени на дело при вршење кражба во комбинатот. — реклама — Од МВР соопштија дека одземените предмети биле пронајдени ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А. (36) од кумановското село Черкези поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство врз својата поранешна партнерка. — реклама — Тој ја следел и вознемирувал користејќи различни телефонски броеви, а воедно ѝ упатувал и закани, со што предизвикал чувство ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А. (57) од Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 12 мај 2026 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со калибар 7,62 милиметри, две рамки и 25 куршуми од ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А. (36) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 24 мај 2026 година во семејниот дом на пријавениот. — реклама — Тој, како што наведува полицијата, со остар предмет упатувал закани кон својата мајка, со што ја загрозил нејзината сигурност. По ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека низ главниот град се реализираат повеќе активности насочени кон подобрување на сообраќајната безбедност, уредувањето на јавниот простор и одржувањето на градската инфраструктура. „Скопје се уредува до најситен детал“, порача Ѓорѓиевски, посочувајќи дека покрај капиталните проекти, подеднакво внимание се посветува и на секојдневните ...
Четириесет и седумгодишен жител на Тетово бил пронајден починат во својот стан во населбата Блок 82, информираат од СВР Тетово. Според полицијата, случајот бил пријавен на 1 јуни во 21:40 часот, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. — реклама — Лекар констатирал смрт кај С.С. (47) од Тетово, при што не биле забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на ...
Премиерот Христијан Мицкоски остро ја критикуваше најавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за подготовка на нов закон за борба против корупцијата, оценувајќи ја иницијативата како несериозна и контрадикторна. Мицкоски изјави дека кога првпат слушнал за оваа идеја, мислел дека станува збор за нешто што би можело да се најде во рубриката „Верувале или не“, поради што одлучил извесен период да не ја коментира. — реклама — „Гледам дека тие ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека повеќе од 500 припадници на службите за итни интервенции биле ангажирани во справувањето со последиците од масовниот руски напад извршен во текот на ноќта врз повеќе украински градови. Според Зеленски, најсилниот удар бил насочен кон Киев, каде што биле оштетени десетици станбени објекти и друга цивилна инфраструктура. — реклама — „Главниот удар беше врз Киев, каде што повторно се ...
Иран испрати ново остро предупредување во врска со состојбата на Блискиот Исток, најавувајќи можни последици за една од најважните светски поморски рути доколку продолжат израелските операции во Газа и јужен Либан. Командантот на Кудс силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, бригадниот генерал Есмаил Кани, изјави дека теснецот Баб ел-Мандеб би можел да се соочи со исти ограничувања во поморскиот сообраќај како и Ормутскиот ...
Соединетите Американски Држави започнале разговори за можноста американското нуклеарно присуство во Европа да се прошири и во дополнителни земји членки на НАТО, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите. Според информациите, американски претставници сигнализирале дека се отворени за проширување на постојната програма надвор од шесте земји кои во моментов се дел од системот за нуклеарно споделување во рамки на ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку објава на социјалните мрежи информираше дека повторно ги овозможува коментарите на своите профили на сите платформи. Од партијата повикаа на заедничка акција против говорот на омраза и поделбите во јавниот простор. — реклама — „СДСМ ги враќа коментарите на социјалните мрежи на сите платформи и повикува на заедничка акција. Ајде заедно да го исчистиме просторот од омраза и поделби. Означи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не го загрижува евентуалниот неуспех на преговорите со Иран, откако Техеран соопшти дека ја прекинува комуникацијата со САД во процесот за постигнување мир, по ескалацијата на насилството во Либан. Трамп во изјава за CNBC нагласи дека не му е важно дали преговорите ќе пропаднат, додавајќи дека „не може да му биде помалку грижа“ за исходот од разговорите. — реклама — Тој исто така коментираше ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не бил однапред известен за одлуката на Иран да ги суспендира преговорите на високо ниво со Соединетите Американски Држави, кои Техеран ги замрзна во знак на протест поради проширувањето на израелската воена офанзива во Либан. „Тоа е соодветно да се каже, бидејќи тие се подобри преговарачи отколку борци. Но, не нѐ известија за тоа“, изјави Трамп во краток телефонски разговор за американската ...
Иранскиот преговарачки тим ја прекинува размената на пораки со САД преку посредници поради израелските напади во Либан, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним. Според агенцијата, Техеран донел одлука да ги суспендира сите индиректни контакти и преговори со Вашингтон, оценувајќи дека актуелното примирје е прекршено поради израелската офанзива во Либан. — реклама — Од иранска страна сметаат дека ситуацијата во Либан била ...
Дваесет и осумгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил жртва на разбојништво на подрачјето на Општина Центар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 мај 2026 година во 11:07 часот во СВР Скопје, С.Б. (28) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот едно лице со употреба на физичка сила и закана со остар предмет му одзело пари и мобилен телефон. — реклама — Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г. (45) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот без знаење и согласност на својот татко ги искористил податоците од неговата лична карта и на 8 август 2025 година аплицирал за онлајн кредит во финансиско друштво. — реклама — Со злоупотребените лични податоци бил одобрен кредит во износ од ...
Четириесетгодишен мотоциклист од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар–Форино. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 мај 2026 година во 14:35 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.П. (33) од селото Чегране и мотоцикл со гостиварски ...