Јане Ченто преку објава на социјалните мрежи информираше дека повторно се сретнал со претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека секоја средба со неа има посебно значење за него. Тој посочи дека ја цени нејзината посветеност кон принципите, правдата и владеењето на правото, додавајќи дека нејзините совети, размислувања и искуство претставуваат дополнителен мотив да продолжи понатаму, без оглед на предизвиците. — ...

Текстот на Меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе биде јавно објавен, најверојатно по формалната церемонија на потпишување планирана за петок, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога јавноста ќе може да го види документот, поставено за време на билатералната средба со францускиот претседател Емануел Макрон, Трамп порача дека тоа ќе се случи многу скоро. — ...

Меморандумот за разбирање што Техеран и Вашингтон треба да го потпишат во петок во Швајцарија предвидува отворање на Ормутскиот теснец, постепено деблокирање на иранските пристаништа, олеснување на санкциите за иранската нафта и прекин на сите воени активности, вклучително и во Либан, објави Ројтерс. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф соопшти дека двете страни прогласиле итен и траен прекин на сите воени операции, додека заменик-шефот на ...

Четириесет и тригодишен жител на Неготино бил лишен од слобода откако, по кратка расправија, физички ги нападнал својата сопруга и нивниот малолетен син, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 14 јуни околу 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Т.З. (43) од Неготино, постапувајќи по претходно добиена пријава за семејно насилство. — реклама — Во пријавата било наведено дека тој, по кратка ...

И покрај најавите за примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кое според одредени информации предвидува и прекин на борбите со Хезболах, Израел нема намера да се повлече од јужен Либан. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача дека израелските одбранбени сили ќе останат во безбедносните зони во Либан, Сирија и Газа без временско ограничување. — реклама — „Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас водиме јасна политика според ...

56-годишен маж починал во саботата откако експлозивна направа експлодирала во неговите раце за време на свадбена прослава на грчкиот остров Калимнос, јавуваат локалните медиуми. Според полицијата, инцидентот се случил во областа Агиои Апостолои за време на свадбена веселба, кога дошло до експлозија на динамит, при што мажот се здобил со тешки повреди. — реклама — Екипа на Итната медицинска помош веднаш го пренела во болница, но тој им ...

Голем пожар избувна во понеделникот наутро во компанија за продажба на резервни автомобилски делови во атинското предградие Мениди, во Грција, при што густ чад се издигаше над областа, соопштија надлежните власти. Противпожарните екипи веднаш биле испратени на местото на настанот за да се справат со огнената стихија. — реклама — Во гаснењето биле ангажирани 18 пожарникари и шест противпожарни возила, а поддршка била обезбедена и од цистерни ...

Уште во раните утрински часови денеска се создадоа големи гужви на граничниот премин Богородица–Евзони, на влезот во Грција. Според информациите од патници, во 06:55 часот целиот меѓуграничен простор меѓу македонската и грчката страна бил исполнет со возила, а колоните се протегале низ целиот премин. — реклама — Се очекуваат подолги задржувања, особено поради зголемениот број туристи, кои го користат почетокот на новата работна недела за ...

Само неколку часа по најавата за историскиот договор меѓу САД и Иран, од Израел пристигна јасна порака дека тој не ги обврзува израелските власти и нема да влијае врз нивните воени операции во Либан. Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изјави дека неговата земја не е дел од договорот и нема намера да се откаже од поставените воени цели. — реклама — „Трамповиот договор не нè обврзува. Израел не е подреден на САД. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикувал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз позиции на Хезболах во Бејрут, само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот за прекин на непријателствата меѓу САД и Иран. Според извор запознаен со ситуацијата, Трамп и Нетанјаху телефонски разговарале по нападите, а американскиот претседател претходно јавно изразил незадоволство од израелските потези. — ...

САД и Иран соопштија дека постигнале договор со кој треба да се стави крај на непријателствата меѓу двете земји, а неговото стапување во сила е предвидено за петок, кога во Швајцарија ќе се одржи и формалната церемонија на потпишување. Иако целосниот текст на договорот сè уште не е објавен, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека договорот е финализиран и најави укинување на поморската блокада на иранските пристаништа, како и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот израелски напад врз Бејрут „не требало да се случи“ и повика да не се уништи можноста за постигнување договор. „Особено не на посебен ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Претходно тој најави дека токму денеска би можело да биде постигнато рамковно решение меѓу Вашингтон и Техеран. — реклама — Трамп оцени дека Израел ...

Израелската армија соопшти дека денеска извршила напади врз цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, откако либанската шиитска група истрелала проектили кон северен Израел. Во заедничко соопштение на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац се наведува дека нападот бил одговор на ракетирањето на израелска територија. — реклама — „Израелските одбранбени сили нападнаа терористички цели на ...

Министерството за внатрешни работи информира за неколку одвоени случаи регистрирани во Скопје во текот на изминатите 24 часа. На 13 јуни во 12:30 часот во СВР Скопје, 80-годишниот К.С. од Скопје пријавил дека околу 08:00 часот на подрачјето на Центар, женско лице со употреба на физичка сила од неговата чанта одзело пари и побегнало од местото. — реклама — Во втор случај, на 14 јуни во 03:35 часот, полицијата ја привела 45-годишната М.П. од ...

Полициски службеници од СВР Скопје привеле 31-годишен скопјанец, откако било пријавено дека физички нападнал двегодишно дете. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година во 19:15 часот во Скопје бил приведен М.А. (31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава. — реклама — Според пријавеното, околу 19:00 часот во двор од семејна куќа тој физички нападнал двегодишно дете. Од МВР соопштија дека по ...

Иранските државни медиуми објавија дека Техеран сѐ уште нема донесено конечна одлука за предложениот мировен договор со Соединетите Американски Држави, со кој би требало да се стави крај на актуелниот конфликт меѓу двете земји. Информацијата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во саботата најавија дека договорот би можел да биде постигнат во рок од 24 часа. — реклама — „Договорот треба да ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе се движи од 25 до 33 степени. — реклама — Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб променлив ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 32 степени Целзиусови. — реклама — Според прогнозата на УХМР, времето ќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу САД и Иран, кој треба да доведе до повторно отворање на Хормушкиот теснец, ќе биде потпишан во недела. Но, иранските власти веднаш ја оспорија оваа најава, наведувајќи дека договорот сѐ уште не е финализиран. Трамп соопшти дека договорот ќе претставува гаранција дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје. — реклама — „Тие повеќе не сакаат нуклеарно оружје и нема да го имаат, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД утре ќе потпишат нов договор со Иран, со кој, според него, Техеран целосно ќе биде спречен да развива нуклеарно оружје. Но, само неколку часа подоцна, од Иран повторно стигна порака дека потпишувањето во недела „дефинитивно нема да се случи“. Во објава на Truth Social, Трамп соопшти дека веднаш по потпишувањето на договорот, Ормускиот Теснец ќе биде повторно отворен за целиот поморски ...

Мировниот договор меѓу Иран и САД сепак нема да биде потпишан утре, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи. Како што пренесуваат иранските државни медиуми, Багаеи изјавил дека Техеран мора да биде внимателен при најавувањето датуми за потпишување поради, како што наведе, двоумењето на САД. — реклама — Неговата изјава доаѓа во време на сè погласни шпекулации дека првичниот договор би можел да биде ...

САД и Иран постигнаа рамка за мировен договор по повеќе од три месеци војна, а првичниот договор би можел да биде потпишан во следните 24 часа, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Пакистан, кој посредува во разговорите, се подготвува за електронско потпишување на договорот, по што следната недела треба да започнат технички преговори за неговата имплементација. — реклама — И Вашингтон и Техеран вчера сигнализираа дека се блиску до ...

Тепачка меѓу двајца осуденици е пријавена во Казнено-поправната установа „Идризово“, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни во 01:47 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека претходниот ден околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М. — реклама — Во инцидентот, Б.М. се здобил со тешки ...

Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, откако од петокот навечер беа регистрирани повеќе напади со дронови врз северниот дел на Израел, за кои Тел Авив го обвини либанското движење Хезболах. Портпаролот на израелската војска, Авихај Адраи, преку објава на арапски јазик на социјалната мрежа Икс ги повика жителите веднаш да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката ...

Независниот руски медиум „Медиазона“ и рускиот сервис на Би-Би-Си објавија дека досега ги потврдиле идентитетите на 225.019 руски војници загинати во војната против Украина. Во споредба со последната објава на крајот на мај, на списокот се додадени уште 3.813 загинати војници. — реклама — Авторите на истражувањето нагласуваат дека нивните податоци се базираат исклучиво на јавно достапни извори, меѓу кои посмртници, објави на членови на ...

Обединетите нации соопштија дека во мај годинава е регистриран најголемиот број убиени и повредени цивили во Украина во еден месец од април 2022 година наваму. Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права (OHCHR), во текот на мај загинале најмалку 274 цивили, а уште 1.763 биле повредени. — реклама — Тоа претставува зголемување од 93 проценти во споредба со април, кога биле евидентирани 191 загинат и 865 повредени цивили. Од ...

Американската војска соопшти дека соборила повеќе ирански беспилотни летала кои, според тврдењата на Вашингтон, биле лансирани кон трговски бродови што пловеле низ Ормускиот Теснец. Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека Иран испратил повеќе еднонасочни нападни дронови во обид да погоди комерцијални пловни објекти во еден од најважните светски поморски коридори. — реклама — „Американските сили ги соборија сите беспилотни летала во ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност и значителен пад на дневните температури во однос на денешните. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 22 до 28 степени. — реклама — Во Скопје се ...

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека руските сили ќе ги засилат нападите врз украинската инфраструктура со цел, како што рече, да ја одвратат Украина од напади врз цели на руската територија. „Со оглед на тоа што тие го прават тоа, мораме соодветно да одговориме. Тоа и го правиме, а ќе продолжиме да ги засилуваме ударите врз непријателската инфраструктура за да ги одвратиме од напади врз нашите цивилни објекти“, изјавил Путин на ...

Русија би можела во блиска иднина да се обиде да го тестира единството на НАТО и неговата посветеност на принципот на колективна одбрана преку ограничена воена акција, се наведува во извештајот на шведската парламентарна Комисија за одбрана. Според „Блумберг“, во извештајот се оценува дека Москва би можела да дејствува доколку процени дека политичките околности ѝ одат во прилог, дури и ако не се исполнети сите класични воени предуслови за ...

Независните гласачи во САД стануваат сè понезадоволни од претседателот Доналд Трамп за време на неговиот втор мандат, а најизразен е падот на поддршката кај оние без факултетска диплома, покажува нова анализа на Центарот за истражување на јавното мислење Associated Press-NORC. Според анализата на речиси 24 анкети спроведени меѓу јули 2024 и април 2026 година, позитивното мислење за Трамп кај независните гласачи без високо образование се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25