Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Иранското воено раководство предупреди дека ќе одговори со уште поголема сила доколку продолжат нападите врз земјата, во услови на засилени тензии и размена на оган со Израел. Портпаролот на Централната воена команда „Хатам ал-Анбија“ во изјава објавена на иранската државна телевизија порача дека Техеран е подготвен на пожестока реакција во случај на нови непријателски дејствија. — реклама — „Доколку продолжат агресијата и непријателските ...
Голема трагедија се случи во близина на Крушевац, Србија, каде што две 15-годишни момчиња ги загубија животите во водите на реката Велика Морава. Според првичните информации од српските медиуми, несреќата се случила вчера околу 17 часот во близина на Сталаќ, кај Стариот железнички мост. — реклама — Неофицијално, момчињата во моментот на несреќата ловеле риба покрај реката, кога биле повлечени од силен вир. На местото на настанот интервенирале ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати јавен повик до Израел и Иран веднаш да ги прекинат меѓусебните напади, по најновата ескалација на тензиите на Блискиот Исток. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека двете земји мора без одложување да престанат со размената на оган. — реклама — „Иран и Израел мора веднаш да престанат да пукаат“, напиша Трамп во кратката порака објавена на неговиот профил. Неговата ...
Кина денеска изрази длабока загриженост поради зголемените тензии на Блискиот Исток и ги повика сите страни да го почитуваат постојното примирје и да продолжат со дипломатските напори за надминување на кризата. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, на прес-конференција во Пекинг изјави дека нова ескалација на конфликтот не е во интерес на ниту една страна. — реклама — „Пекинг е длабоко загрижен поради ...
Иранските власти ги обвинија Соединетите Американски Држави за директна вмешаност во најновата размена на ракетни напади меѓу Иран и Израел, оценувајќи дека Вашингтон сноси одговорност за ескалацијата на тензиите во регионот. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека, според Техеран, ниту една акција на Израел не се спроведува без координација со САД. — реклама — „Ниту една акција на ционистичкиот ...
Израелската армија соопшти дека очекува борбите со Иран да продолжат најмалку уште неколку дена, нагласувајќи дека е подготвена и за подолготраен конфликт доколку дојде до понатамошна ескалација. Според проценките на Израелските одбранбени сили (ИДФ), актуелните судири нема да завршат во краток рок, а војската останува во состојба на висока готовност. — реклама — Од ИДФ информираа дека Иран од синоќа кон Израел лансирал најмалку 20 балистички ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во Пјонгјанг во официјална посета на Северна Кореја, прва по 2019 година, со што беше испратена порака за продолжување и продлабочување на односите меѓу двете земји. На аеродромот во главниот град на Северна Кореја, Си беше пречекан од лидерот Ким Џонг Ун со највисоки државни и воени почести. Според кинеските државни медиуми, свечениот пречек бил проследен со транспаренти на кои биле ...
Израелската армија соопшти дека нејзините воздухопловни сили извршиле напади врз повеќе цели во рамките на петрохемиски комплекс во Иран. Според израелските власти, погодениот објект се наоѓал во градот Махшахр, во југозападниот дел на земјата. Иранската новинска агенција Фарс објави дека во нападите, за кои го обвини „ционистичкиот непријател“, била погодена компанијата „Карун Махшахр Петрохемикал Компани“ во провинцијата Хузестан. — реклама ...
Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои титулата на Ролан Гарос и го запиша најголемиот успех во својата кариера, откако во финалето по голема борба го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 3:2 во сетови (6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1). По три загубени Грен слем финалиња, Зверев конечно стигна до првиот трофеј од највисок ранг. Третиот тенисер на АТП-листата одигра одличен турнир во Париз, а круната ја стави со победата во финалето против ...
Хеликоптер на француската Национална жандармерија, кој бил ангажиран во оперативна мисија, се урнал во попладневните часови во регионот Лоара, јавуваат француските медиуми. Според извор близок до истрагата, за весникот „Фигаро“ било посочено дека постојат сомневања оти во несреќата има неколку загинати лица, иако официјалниот број на жртви сè уште не е соопштен. — реклама — Несреќата, чии околности засега не се познати, се случила во ...
Јапонија постави три клучни услови за евентуално учество во меѓународна мисија во Ормускиот Теснец, објави агенцијата Кјодо, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според информациите, Токио би размислил за испраќање на своите сили за самоодбрана само доколку САД и Иран постигнат договор за прекин на огнот, бидат воспоставени комуникациски канали со иранската страна и се намали нивото на закана во Ормускиот Теснец. — реклама — ...
Четири лица загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 12:25 часот се случила на северната обиколница на Вировитица во Хрватска. Според првичните информации, до несреќата дошло при судир на две возила на државниот пат ДЦ 538. — реклама — Хрватските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата бил повикан и медицински хеликоптер, но лицето кое требало да биде транспортирано поради сериозноста на повредите ...
Педесет и осумгодишен жител на тетовско село е лишен од слобода под сомнение дека ја демнел и вознемирувал својата поранешна невенчана сопруга, соопштија од СВР Тетово. Според полицијата, на 6 јуни околу 15:30 часот полициски службеници го привеле Ј.С. (58), откако била поднесена пријава од неговата поранешна 53-годишна партнерка. — реклама — Таа пријавила дека во текот на претходниот ден Ј.С. во повеќе наврати ја следел, ја вознемирувал и ѝ ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе нови обвинувања поврзани со случајот во кој е споменат Стефан Богоев, тврдејќи дека станува збор за афера која, според него, води кон многу поголем криминал од досега објавениот. На прес-конференција, Петрушевски изјави дека случајот не треба да се гледа само низ призмата на наводниот поткуп од 2.000 евра, туку дека треба да се испита целиот процес поврзан со тендер вреден 18 милиони ...
Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, изрази загриженост по посетата на струшката депонија, оценувајќи ја состојбата како сериозен еколошки проблем кој бара итно решение. При денешната посета, Рокас посочи дека особено загрижува фактот што депонијата се наоѓа во непосредна близина на градот, на брегот на Охридското Езеро и во близина на водоснабдителниот систем, што претставува потенцијален ризик за животната средина и здравјето на ...
Американската администрација разгледува можност дел од иранските средства да бидат искористени за обнова и надоместување на штетите што, според Вашингтон, биле предизвикани од иранските напади врз американските сојузници во Персискиот Залив. Според извор запознаен со случајот, американскиот министер за финансии Скот Бесент побарал проценка на штетите што Иран досега ги предизвикал во земјите партнери на САД во регионот. Воедно се разгледува и ...
Украинската армија соопшти дека оператори на дронови од Третиот полк за специјални операции воспоставиле воздушна контрола над дел од рускиот копнен коридор за снабдување што води кон окупираниот Крим. Според украинската војска, дроновите сега можат да дејствуваат врз руска воена техника и логистички цели долж рутата Мелитопол – Чонгар во јужна Украина, која претставува една од клучните врски со полуостровот што Русија го анектираше во 2014 ...
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спроведуваат дополнителни внатрешни проверки за евентуално постоење на таканаречени „фантом-вработени“ и во други клиники и институти, Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека ревизорските контроли во здравствените институции се спроведуваат согласно годишна програма на Државниот завод за ревизија, при што дел од клиниките веќе биле опфатени со проверки. „Ревизорите имаат годишна програма со ...
Денеска (06.06.2026) во 13:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Т.(81) од Куманово, поради основи на сомнение дека на улицата "Народна револуција" во Куманово запалил стрниште и сува трева. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава. — реклама — Денеска ...
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје М.Ј.(33) од Куманово пријави дека на 04.06.2026 околу 14:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на нарачки, С.С., кој имал нарачано производи, му рекол дека нема пари да ја плати нарачката, по што физички го нападнал пријавителот и му ги зел производите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. — реклама — На 05.06.2026 во 22:30 часот во ...
На 05.06.2026 во 14:20 часот во Скопје во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ѓ.(42) од Скопје, по претходна пријава дека во установата упатувал закани кон вработена и нејзиното семејство и се обидел да и одземе службен документ. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. — реклама — На 05.06.2026 во 14:20 часот во Скопје во Јавна установа ...
На 05.06.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. — реклама — Тој бил задржан ...
На 05.06.2026 околу 10:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, електричен тротинет управуван од 16- годишен малолетник од село Лисец, удрил во 32-годишната И.Ѓ. од село Непроштено. По несреќата, И.Ѓ. е пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје. — реклама — На местото на ...
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги информира граѓаните дека започна летниот режим на работа на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието. Согласно новото работно време, зоните А, Б, Ц и Д ќе функционираат од понеделник до сабота во периодот од 7:00 до 23:00 часот. — реклама — Од претпријатието апелираат до корисниците на услугите навремено да извршат наплата на паркирањето и да внимаваат ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите пратеници да учествуваат во собраниската расправа и да поднесуваат амандмани за Предлог-законот за правична застапеност, откако беше прашан за одлуката на Комитетот за односи меѓу заедниците законот да го разгледува со Бадентерово мнозинство и за најавените амандмани од опозицијата. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека не постои поделба на „мал“ и „голем“ Бадентер, објаснувајќи ...
Само 2–3 лица кои целосно не доаѓале на работа, а биле евидентирани преку користење на картички за пријавување присуство, сè уште се на платен список, изјави директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Таа посочи дека останатите вработени кои биле опфатени со овој случај сами си заминале од работните позиции. — реклама — „Многу малку, 2–3 луѓе се останати, кои целосно не доаѓале на работа. Останатите си заминаа со ...
Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, информира дека продолжува интензивната обнова на урбаната опрема низ целата општина, со цел создавање поуредени и пофункционални јавни простори. Како што посочува, голем дел од планираните активности веќе се реализирани, а на терен се спроведува санација на околу 300 клупи, како и поставување на дополнителни околу 100 нови клупи низ различни локации. — реклама — Паралелно се уредуваат ...
Многу корисници на iPhone забележале дека нивните телефони престануваат да се полнат кога батеријата ќе достигне 80 проценти, поради што дел од нив помислиле дека станува збор за дефект. Сепак, причината е сосема поинаква и е поврзана со функција што Apple ја воведе за да го продолжи работниот век на батеријата. Според објаснувањето на компанијата, постојат две можни причини поради кои уредот не се полни над 80 проценти, а и двете се намерно ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во моментов не гледа смисла во одржување директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговарајќи на неговото неодамнешно отворено писмо во кое беше повикан на разговори за завршување на војната. Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин оцени дека досегашните директни контакти меѓу двајцата лидери не донеле конкретни резултати. — реклама — ...
Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц задутре ќе одржат средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон, соопшти Елисејската палата. Според соопштението, лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина и за дополнително зголемување на притисокот врз Русија. — реклама — „Средбата ќе овозможи продолжување на блиската координација околу нашата ...