Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ...

Агент на американската Агенција за имиграциска контрола (ICE) застрелал маж, за кого организациите за човекови права тврдат дека бил 26-годишен државјанин на Колумбија. Случајот дополнително го зголеми незадоволството во јавноста кон Агенцијата задолжена за спроведување на строгата имиграциска политика на претседателот Доналд Трамп. Инцидентот во кој бил убиен имигрантот се случил во Бидефорд, град со околу 22 илјади жители во ...

Иранските власти спасиле 23 странски членови на екипажот на танкер што се судрил со друг брод во Ормуската Теснина, северно од островот Кешм. Според информациите, товарниот брод претрпел сериозни оштетувања во сударот и почнал да тоне, по што капетанот наредил итна евакуација на екипажот. Сите 23 морнари биле успешно спасени и пренесени на островот Кешм. МИА Иранските власти спасиле 23 странски членови на екипажот на танкер што се судрил ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...

Во тек е најсеопфатниот надзорен мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во сливот на реката Вардар, најзначајниот воден ресурс во државата, кој опфаќа повеќе од 80 проценти од сите водни тела. Активностите ги спроведуваат стручни тимови на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кои вршат теренски мерења, земање примероци од површински и подземни води и лабораториски анализи на вкупно 170 локации. Мониторингот се реализира ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 87,00, ЕУРОСУПЕР ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Како што информираат од ДЗС, станува збор за граната што била истрелана, но, не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја примила дојавата преку единствениот ...

Од денеска официјално почнуваат да важат измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети. Според новите законски решенија, електричен тротинет ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, додека на ...

Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026, се вели во соопштението од АЕТМ. 6,355.96 милиони денари, односно 265.95 милиони евра, што претставува раст од 18.1% во однос на истиот период минатата година. Во оваа вредност се вклучени онлајн купувањата на македонските граѓани кај домашни и странски е-продавници, како и купувањата на странски потрошувачи кај ...

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...

Црквата на археолошкиот локалитет Кале кај селото Крупиште ќе биде следниот предизвик за конзерваторите, откако археолозите ја завршија најновата истражувачка кампања. Со ископувањата е целосно дефинирана архитектурата на катедралната базилика, во која пред години беше откриено парче камен со глаголски натпис, единствен ваков наод во Македонија. Истражувачите очекуваат следната фаза да биде нејзина заштита и презентација. „Ја дефиниравме ...

Охрид останува атрактивна дестинација за туристите .Најбројни во земјава се гостите од Турција зад нив следуваат од Германија ,Србија и Франција но не изостануваат ни домашните. Податоците покажуваат дека охридскиот аеродором Свети Апостол Павле бележи раст од 18,2 проценти во однос на истиот период лани. Градоначалникот Пецаков најави дека овој тренд на зголемување на бројот на посетителите ќе продолжи. Според податоците на Државниот завод ...

Досегашниот министер за здравство Азир Алиу денеска во Министерството му ја предаде функцијата на новиот министер Сашо Клековски. На средбата, како што е објавено на Фејсбук страницата на Министерството, се разговарало за досегашните проекти, тековни процеси и активности кои во изминатиот период беа во фокусот на МЗ. Сашо Клековски е еден од осумте нови министри, кои беа избрани синоќа на собраниската седница за реконструкција на Владата. ...

Десетици илјади навивачи ја пречекаа норвешката фудбалска репрезентација синоќа во Осло, одбележувајќи го најуспешниот настап на земјата во историјата на мундијалските турнири. Норвешка на тековното Светско првенство прв пат во својата историја дојде до четвртфиналето во кое на драматичен начин загуби од Англија по продолженија. Според полицијата, околу 100.000 навивачи се собрале изминатата ноќ во центарот на престолнината да ги пречекаат ...

Разврската за титулата на Светското фудбалско првенство почнува вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас кога во првата од двете полуфинални пресметки ќе се соочат Франција и Шпанија. Актуелниот светски вицешампион Франција и европскиот првак Шпанија досега имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата на мундијалските турнири кога во осминафиналето во 2006 година, Франција победи со 3-1. Франција има две светски ...

Поради голем дефект на цевководот кој поминува под улицата „Леце Котески“ во Прилеп од утринава од 5.30 часот е поплавен дворот и дел од објектите на ТППЕ Прилеп. Екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ и од Дирекцијата за заштита и спасување скоро цел ден се борат да го лоцираат дефектот тоа засега е безуспешно. Поради поправките исклучен од водоснабдување е целиот овој реон на градот. „Би упатил еден апел за разбирање до граѓаните кои ...

Апелацискиот суд во Нови Сад денеска го потврди обвинението против поранешниот српски министер за транспорт Горан Весиќ и уште пет лица за падот на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица. Со одлуката на Апелацискиот суд се поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад од 24 декември 2025 година и се потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад за Горан Весиќ, неговата ...

Рекордни пријави за остварен доход од речиси 10 милијарди евра стигнале во Управата за јавни приходи. Бројките покажуваат раст на пријавениот доход минатата година од над 1,2 милијарди евра во споредба со претходната , а со тоа и повисок пресметан данок на личен доход, кој достигнува околу 650 милиони евра. Најголем дел од пријавите се од работен однос, што покажува дека платите се доминантен извор на приходи кај граѓаните. По овој основ ...

Поскапуваат горивата. Регулаторната комисија ги донесе новите цени. Од полноќ, бензините одат нагоре за денар и пол. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 87 денари, а 98-октанскиот ќе чини 89 денари. Литар дизел, пак, поскапува за 5 и пол денари и ќе се точи по 88 денари. Ова доаѓа откако нафтата на светските берзи минатата недела скокна поради новите тензии на Блискиот Исток. Од Регулаторна објаснуваат дека „референтните цени на нафтените ...

Европските земји регистрирале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни, покажуваат официјалните податоци. Научниците наведуваат дека топлотниот бран на крајот на јуни би бил „скоро невозможен“ без климатските промени предизвикани од човекот, што ги прави топлотните бранови почести и поинтензивни. Податоците, собрани од националната статистика за смртност ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој се бара поради бегство од Полициската станица во Кочани. Според информациите од МВР, Александар Лазаров е баран по централна и меѓународна потерница, распишана по барање на Основниот суд во Кочани. Потерницата е распишана поради сторено кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Надлежните ...

Во Скопје денеска официјално беше основана Кинеско-македонската стопанска комора, чија цел е да ги зајакне економските врски меѓу Македонија и Кина, да го зголеми извозот на македонски производи на кинескиот пазар и да поттикне нови кинески инвестиции во земјава. Комората е формирана од компании од секторите градежништво, енергетика, туризам и винарство. На промотивниот настан беше оценето дека најголем потенцијал за билатерална соработка има ...

Нов покрив, водовод, канализација, ѕидови, простории и тоалети. Градежна офанзива во касарната Ќојлија. По години работа во дотраени услови, војниците треба да добијат значително подобри услови за работа и престој. Министеорот за одбрана денеска прошета со градежниците за да провери како се одвиваат градежните работи. Според најавите, касарната треба да добие целосно нов изглед до септември. „Се ќе биде променето, апсолутно се. Од под, нови ...

Се заобиколувале закони, а безбедносните стандарди биле игнорирани.. Градежното вештачење изработено од професорот Горан Марковски, открива низа пропусти во пренамената и реконструкцијата на објектот во кој работела дискотеката „Пулс“.. Анализата на материјалите, документацијата и законите, покажала дека пожарната опасност, била целосно занемарена.. „Градежното вештачење за жал покажа дека во случајот „Пулс“ системот, односно институциите и ...

Изгоре автомобилот на обвинетиот судијата Ѓоко Ристов против кого се води истрага за перење пари и криење имот. Возилото марка пасат половично е изгорено а пожарот оштети уште две возила околу него. Автомобилот на судијата бил паркиран пред зградата каде тој живее и каде издржува мерка куќен притвор. Пожарот избувнал рано утринава а опожарен е дел и од деловен објект во приземјето на зградата. Засега нема информации дали пожарот во кој изгоре ...

Турната во ќош. Шамари, боксови, клоци. Ново видео со врсничко насилство, овој пат од Куманово објавено на социјалните мрежи. Три девојчиња малтретираат врсничка додека таа бара да престанат. Сите четири девојки зборуваат на албански јазик. Полицијата го истражува случајот, но засега не дава конкретни информации за случајот. - Во врска со објавеното видео за кое прашувате ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово ...

И покрај тоа што пропадна првиот обид на Левица да одржи опозициски состанок за пеглање на разликите околу Изборниот законик, од партијата на Апасиев не се откажуваат од можноста да се дојде до предлог што потоа ќе ѝ биде понуден на власта до среда, како краен рок за донесување на законот. Пречистен текст со предлог-решенија за новите изборни правила, вклучително и една изборна единица, подготвен од Левица, вечерва треба да стигне до ...

Собранието, денеска, на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите: за правда - Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство - Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците - Игор Стоиљковиќ, за здравство - Азир Алиу, за туризам и култура - Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади - Фатмир Лимани, за локална самоуправа - Златко ...

На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-с.Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од Штип и мопед без регистарски ознаки, управуван од 14-годишник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, додека со телесни повреди неговиот 12-годишен сопатник, констатирани во Клиничка болница Штип. По ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76