Велика Британија од следната година ќе го зголеми своето воено присуство во Естонија со дополнителни 400 војници, согласно новото одбранбено партнерство со балтичката земја. Со таквата одлука, бројот британски војници во Естонија ќе се зголеми од 800 на 1.200, почнувајќи од април идната година, а целта е зајакнување на источното крило на НАТО и зголемување на способноста за одвраќање на потенцијални закани. „Го зајакнуваме нашето присуство ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...

Нов нон-пејпер за полесно и побрзо проширување, што треба да се однесува и на македонските евроинтеграции, се појави оваа недела во Брисел. Овој пат, наместо ограничено или асоцијативно членство во Унијата, какво што изминатите неколку месеци го промовира германскиот канцелар Мерц, седум држави-членки предлагаат целосно членство за земјите-кандидати, без дополнителни услови, но со рамка на заштитни механизми за следење на напредокот. ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се ...

Полициски службеници уапсиле скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во во Скопје го лишија од слобода С.А.(49) од Скопје, баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една и пол година, за сторено кривично дело по член 235 ст.1 од КЗ - ...

Во дел од маркетите цените на рафтовите растеле побрзо од оние по кои се набавувале производите, но во последните месеци маржите почнале да се намалуваат, тврди министерот за економија. Контролата на повеќе од 700 производи што ја направи пазарниот инспекторат, споредувајќи ги податоците од мај лани со мај годинава покажала дека просечните набавни цени пораснале за 2,66 проценти, додека продажните цени се зголемиле за 4,56 проценти. „Тоа ...

Во Киев и други украински градови се оддржуваат протести поради одлуката на претседателот Зеленски синока да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров. 35 годишниот Федеров беше половина година на функцијата,. Тој е заслужен за модернизацијата на украинската војска преку инвестирање во технологија и придонесе за последните успеси на Украина на бојното поле Вратете го Федеров, Претстаненете да ја саботирате победата против Русија ова се ...

Во СВР Скопје вчера во 21:30 часот, маж од скопско пријавил дека бил измамен за сума од околу 28.700 евра. Според пријавата, измамата се случила во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 година, кога пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје запознал машко лице кое му се претставило како службеник во државна институција. Лицето му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит, но ...

Триесет и двегодишен тетовец е уапсен откако со закана со нож се обидел да изврши разбојништво во казино во Тетово. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јули 2026 година полициски службеници во Тетово го привеле К.В. (32) од Тетово поради основи на сомнение дека истиот ден околу 11:05 часот се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“ во казино во градот, заканувајќи се со нож. При претрес кај осомничениот, ...

Ниту една компанија досега официјално не пројавила интерес во Министерството за транспорт за изградба на дата-центри откако пратениците ги донесоа измените во Законите за урбанистичко планирање и за градба. Претходно годинава, пак, премиерот рече веќе имал средби со четири потенцијални инвеститори. Ниту вицепремиерот и министер за транспорт, кој ќе го има последниот збор при давањето на дозволи за изградба на дата-центри не открива од колкав ...

Властите на САД вложуваат значителни напори за зајакнување на домашниот синџир на снабдување со критични минерали и други материјали што се користат во индустриите, од автомобили и зелена енергија до одбрана, воздухопловство и електроника. претседателот Доналд Трамп веќе потпиша извршна наредба за создавање на залихи од критични минерали во вредност од 12 милијарди долари, со цел да се намали зависноста на САД од други земји за овие минерали ...

Новата академска година со нови построги правила во студентските домови. Со измените на законот за студенстки стандард, студентите нема да смеат да внесуваат алкохол и дрога во собите. Ако уништуваат инвентар, се тепаат или предизвикаат расна или национална нетрпеливост ќе се соочат со забрана за сместување во сите домови од 1 до 5 години. Ова се дел од потешките повреди на куќниот ред предвидени со законските измени. Пушењето цигари, ...

Четири компании влегоа во трката за набавка на новите електрични автобуси, со кои треба да започне обновувањето на јавниот превоз во земјава. По неуспешни два тендери, властите очекуваат овојпат постапката успешно да заврши и да донесе решение за долгогодишните проблеми со автобускиот превоз. Министерот за транспорт не сакаше да дава детали за четири понуди кои пристигнале на повторениот тендер за набавка на вкупно 150 електрични автобуси и ...

Обвинувања за кршење на деловникот, меѓусебни довикувања, паузи - одлучувањето за законот за правична застапеност ја вжешти атмосферата во Парламенот. ДУИ жестоко реагира дека власта сака шверцерски да го донесе законот и без образложение го одложува гласањето иако присутни се пратениците од немнозинските заедници. Обвинуваат дека се крши деловникот и бараат законот да биде веднаш ставен на одлучување или јасно да се одреди денот и часот кога ...

Професорот по римско право, Гоце Наумовски, си поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Неговата оставка, утринава била испратена до Собранието, а во неа Наумовски ги навел причините зошто предвремено го завршува својот деветгодишен мандат.. „Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, од лични и професионални причини“, напишал во својата оставка Гоце Наумовски. Од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер, при што беше оценето дека македонско-германската соработка во рамки на НАТО придонесува за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност. Како што соопшти Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова истакнала дека посетата на генералот Бројер претставува уште една потврда за ...

Санацијата на свлечиштето на патот за Tеферич во Кисела Вода го презеде Министерството за транспорт и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација - информира денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Министерството го презеде проектот откога е утврдено дека Општината и Градот немаат капацитет за надминување на проблемот со исклучително сериозното свлечиште. Веќе е ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола. Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума. МИА Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево на Фејсбук информираше дека во Министерството за одбрана остварил средба со началникот на Генералштабот на германските вооружени сили, генералот Карстен Бројер, кој е во официјална посета на нашата држава. - Разговаравме за нашата одбранбена соработка која се темели на доверба, заеднички вредности и посветеност кон колективната одбрана, како и за можностите за нејзино понатамошно ...

Американската ковница ќе издаде во оптек серија пригодни монети од еден долар со ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, соопшти министерот за финансии Скот Бесент. На предната страна од монетите ќе биде прикажан ликот на Трамп, заедно со натписите „Liberty“, „In God We Trust“ и „1776–2026“, додека на задната страна ќе биде белоглавиот орел од претседателскиот ...

Иран предупреди дека ќе возврати со масовни напади доколку САД ја нападнат критичната инфраструктура на земјата, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со удари врз иранските енергетски и инфраструктурни објекти. Во соопштението што денеска го пренесе иранската новинска агенција „Фарс“, Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“ наведе дека секој таков напад ќе ја направи инфраструктурата на Блискиот Исток легитимна цел за ...

На островот Лимнос во Грција, туристи добиле казна од 250 евра откако биле затекнати како користат SUP-даска без задолжителен спасувачки елек. Тие изјавиле дека не биле запознаени со правилото и дека никој претходно не ги информирал дека носењето елек е обврска. Сепак, според важечките грчки прописи, секој што користи SUP-даска мора да носи спасувачки елек. Покрај елекот, правилата предвидуваат и други ограничувања: SUP-даска не смеат да ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи. - Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме и доста активности на ...

Жена од Прилеп пријавила во полиција дека била измамена за околу 700.000 денари од лице со кое комуницирала преку социјални мрежи. Според пријавата, комуникацијата започнала во февруари годинава, кога лицето побарало финансиска помош, тврдејќи дека парите му се потребни за лекување на неговото болно дете. Верувајќи во приказната, жената во неколку наврати му уплатила вкупно околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и ...

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска, ќе извршат увид во реконструираната улица „Лазар Димитров" во Кисела Вода. Општината ја реализира обновата на улицата, во должина од 800 метри, во соработка со Министерството за транспорт. Предвидени се изјави за медиуми на Николоски и Стаменковска. МИА Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и ...

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...

Од почетокот на јули во земјата потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувачниците во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново - Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментот, според АХВ, има вкупно 17 потврдени жаришта со заболнени над 2.700 животни. ...

Македонскиот државјанин Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. - Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности, објавија ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54