Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции, кај нас сè уште траат дебати кои премногу често се водат со емоции, а премалку со факти. Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на ...

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро. - Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 ...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот. - Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој кој што дал ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го нарече Светското првенство 2026 најдобро во историјата. Тој оваа оценка ја даде на прес-конференцијата со американскиот претседател Доналд Трамп. Официјалниот претставник претходно ги именува сите Светски првенства најдобри од неговиот избор за шеф на организацијата во 2016 година. Во 2018 година, тој го пофали Светското првенство одржано во Русија, а во 2022 година, Светското првенство во Катар. – ...

Повеќе од 100 куќи се уништени во пожарот што избувна вчера во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но засега нема извештаи за жртви или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби. „Можеме да зборуваме за катастрофа кога сме погодени од толку голем пожар“, изјави синоќа градоначалникот на Драмен, Цел Арне Хермансен. Голем пожар беснееше во областа Крокстаделва во текот на попладневните и вечерните часови, пренесоа медиумите. МИА ...

Снабдувањето со вода за пиење е прекинато за најмалку 10.000 луѓе по должината на иранскиот брег по американските напади на југот од земјата, објави ДПА, повикувајќи се на официјални извори. Причината е гранатирањето на постројката за десалинизација на морска вода во крајбрежниот регион Jаск, соопшти владината прес-служба, повикувајќи се на компанијата за водоснабдување на покраината Хормозган. Според информациите, погодени се околу 20 ...

Ирак потпиша 48 договори, меморандуми за разбирање, декларации за партнерство и други документи со американски компании, главно во енергетскиот сектор, за време на посетата на премиерот Али ал-Заиди на САД, соопшти денеска неговата канцеларија. Меѓу потпишаните договори се партнерствата меѓу ирачките министерства за електрична енергија и нафта и компаниите „ЕксонМобил“, „КБР“, „ГЕ Вернова“, „Шел“ и „Халибартон“. Ирак, исто така, потпиша ...

На 17.07.2026 во 16:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода М.П.(45) од Богданци, поради сомнение дека истиот ден околу 10:00 часот од просторија во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија одзела мобилен телефон, сопственост на вработена во болницата. Во службен разговор таа го признала делото и од неа бил одземен мобилниот телефон, кој ќе биде вратен на сопственичката. Известен е јавен обвинител ...

Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица. - На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Дебрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волино. Во рамки на посетата на општината, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот ...

Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е ...

Реставрирани се уште две скапоцени дела од Бигорската ризница, со што заокружена е реставрацијата и конзервацијата на четирите литијни крстови од богатата манастирска ризница. По тој повод во посета на Бигорската свештена обител беа директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски со своите соработници Јехона Спахиу - Јанчевска, историчар на уметноста – советник конзерватор и Невенка Величковска, сликар – советник ...

Репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на Светското фудбалско првенство 2026. Мечот ќе се одржи на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23 часот по македонско време. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила на 10 натпревари, нерешено завршија пет средби. Гол-разликата е 72:41 во корист на Англија. Тимовите се сретнале ...

Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) синоќа соопшти дека американската војска почнала нова серија напади врз Иран, седма ноќ по ред. „Овие напади имаат за цел дополнително да ги ослабат воените капацитети на Иран, по налог на Врховниот командант“, се наведува во објава на ЦЕНТКОМ на платформата Икс. Американските сили, како што се посочува, остануваат во состојба на готовност додека САД строго спроведуваат поморска ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни. Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. „Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините ...

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека нападнала база за американски беспилотни летала во Бахреин, објави државната новинска агенција. Гардата, исто така, соопшти дека го уништила „главниот центар за вештачка интелигенција во Бахреин“ со балистички ракети и беспилотни летала. Иранската државна телевизија рано утрово соопшти за три експлозии во јужниот ирански град Сирик, додека државната новинска агенција објави за пет ...

Чашата вода што требало да ги освежи, за стотици граѓани можеби станала причина за сериозни здравствени проблеми. За само четири дена повеќе од илјада и двеста лица побарале лекарска помош со симптоми на труење, додека сомнежите се погласно упатуваат кон водата за пиење во Гостивар. Сите граѓани кои побарале лекарска помош имале речиси идентични симптоми дијареа, повраќање, покачена температура и малаксаност Со часови Сител беше пред ...

Физибилити студијата е готова, државата одлучи да гради Национален дата-центар. Во игра се четири модели на инвестирање, и четири локации во околината на Скопје. Националниот дата-центар ќе биде со капацитет од околу 5mW, или во категорија на среден дата центар, инвестиција, барем според проценките, околу 20 милиони евра. Примарна задача ќе му биде, на едно место да се чуваат сите податоци, документи на државните институции, како и личните ...

Големото невреме кое синоќа ја погоди Битола го парализираше градот. Силниот ветар и дождот кој паѓаше околу еден час направија вистински пустош и хаос во одредени делови на градот. Улиците наликуваа на вистински езера, реки од вода течеа насекаде, имаше паднати дрвја, затната канализација, ѓубре, кал и камења насекаде. Се оштетија и улиците кои веќе подолг период се во фаза на реконструкција, силната вода го однесе тампонот и градежниот ...

Прилеп е комплетно подготвен за 23-от по ред Пиво фестивал кој започнува вечер, а ќе трае се до недела. Локацијата е довро позната во центарот на градот каде се застапени 5 пивари со 20-тина видови на пиво, на 15 штандови. Скарите веќе се запалени, пивото се лади, се чека да дојдат само гостите и да си поминат одлично во фестивалски денови кои не очекуваат. „Ги охрабрувам граѓаните да бидат сите тука, посебно за моите прилепчани да го ...

Додека работеле во државни институции извршувале уште една функција - Антикорупциска стави под лупа пет лица откако по проверка на изјавите за имотната состојба утврдиле дека лицата истовремено извршуваат две или повеќе функции. Претседателот на Антикорупциска вели дека во најчест случај лицата се именувани од централната власт и за нив ќе бидат оформени предмети и иницирани прекршочни постапки. Само во март Антикорупциска утврдила дека ...

На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк. Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото градски подрачје. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено (без потреба) и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски. ...

Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“ . Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и Филаделфија, ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. „Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на ...

Пренесувањето на телата на лицата починати од ебола меѓу различни делови на Демократска Република Конго, најчесто за да бидат погребани во родните места, претставува сериозен ризик за понатамошно ширење на заразата, предупреди денеска Меѓународната организација за миграција (МОМ). Според податоците на МОМ, до 14 јули во Демократска Република Конго и во Уганда се регистрирани повеќе од 2.000 случаи на ебола и околу 700 смртни случаи, при што ...

Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и ...

Околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми на повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност во изминатите 3-4 дена побарале медицинска помош во ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Од гостиварската болница информираат дека поради зголемениот број пациенти се извршило зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има најголем притисок. Најголем број пациенти со овие симптоми се евидентирани на ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, а трагичниот настан се случил на 11 јануари годинава во стан во Богданци каде што мајката и синот живееле како потстанари. Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале ...

Со фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година. Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа како клучна поддршка во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87