Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во нападот со руски беспилотни летала врз јужниот украински пристанишен град Одеса загина едно лице, а други две беа повредени, изјави регионалниот гувернер утрово. На терен беа веднаш пожарникарите, а Регионалниот гувернер изјави дека се оштетени и станбената инфраструктура и гасовод. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека украинските и руските лидери треба да се сретнат лично за да ги решат најтешките ...
Во Иран се уапсени неколку истакнати политичари околу еден месец откако масовните протести ја зафатија земјата, објавија денеска иранските медиуми. Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се обвинети за поттикнување и ширење лажни наративи. ...
Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ ги објави прелиминарните резултати од повторените предвремени избори за претседател на Република Српска, врз основа на кои кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Синиша Каран, освоил 224.384 гласови или 50,54 отсто. На сајтот на ЦИК се наведува дека кандидатот на Српската демократска странка (СДС), Бранко Блануша, освоил 213.513 гласови или 48,09 отсто, пренесе РТРС. Претходно, ...
На 07/08.02.2026 во Скопје во периодот од 19:00 до 03:00 часот, во централно градско подрачје, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар е спроведена акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот и за точење на алкохол на малолетници. При тоа, во угостителски објект на подрачјето на Центар затекнати се малолетници кои консумирале алкохол. Од слобода е лишена ...
Делегација на Владата составена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Париз. Во рамки на посетата, делегацијата ...
Нема оддлагање на утрешните собраниските активности и покрај тоа што од ССМ највија протест пред парламентот и блокада на влезовите со цел пратениците да не дојдат на своето рабптно место и да наплатат патни трошоци, информираше собранискиот спикер Гаши. Тој утринава побарал од координаторите на пратеничките групи да им укажат на пратениците да најдат начин утре да стигнат на своето работно место без да биде нарушено правото на протест. ...
Преку системот „Безбеден град“ за една недела бил регистриран 4 991 сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Во периодот од 2 до 8 февруари, од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистриран е вкупно 4 991 прекршок. Од тој број, 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од ...
Административните процедури за изградба на Домот за стари лица во Кочани влегуваат во завршна фаза. Со спроведување на негативна аукција, Општина Кочани успеа значително да ја намали вредноста на проектот, при што се оствари заштеда од близу 1 милион евра. - На 4-ти февруари ја распишавме негативната аукција за Домот за стари лица. Тројцата апликанти кои учествуваа остварија солиден пад на цената, во висина од 57милиони денари, во корист на ...
Обвинителството континуирано презема дејствија во врска со опсежната акција во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата. Активностите се спроведуваат во координација со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. Постапувањето се одвива во ...
Најниската минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка и во Демир Капија со -3 степени. Следат Берово со -2, во Маврови Анови и Лазарополе нула степени, во Крушево, Крива Паланка и Струмица се измерени 2 степени, а 3 степени во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Прилеп, Тетово, Велес, Битола и Претор. Највисока минимална температура од 6 степени е регистрирана во Гевгелија. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 2-ри до 8 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП ПОЦ. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, нагласуваат, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно ...
Обвинителството континуирано презема дејствија во врска со опсежната акција во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата. Активностите се спроведуваат во координација со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. Постапувањето се одвива во ...
„После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница“, стои во соопштението на СДСМ објавено утрово. „Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан. Како е можно од ...
Пред стартот на системот Безбеден град во Охрид и Струга кој ќе детектира прекршоци и ќе служат како алатка за дисциплина на патиштата зголемен бројот на откриени сторители кои управуваат возило под дејство на алкохол, без положен возачки испит но и со забрани за управување со моторно возило. Полициски службеници секојдневно се сведоци на несовесни возачи. Од СВР Охрид велат дека со системот Безбеден град ќе се намалат прекршоците и ...
Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови. Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери. Јавноста има право да знае и зошто ...
На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, ...
Екипата на Сиетл го совлада тимот на Њу Ингланд во Супербоулот во американскиот фудбал во 2026 година со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13). Натпреварот се одржа на стадионот „Левис“ во Санта Клара пред 70 илјади гледачи. Претходно, Њу Ингланд го победи Денвер со 10:7 во финалето на Американската фудбалска конференција. Во решавачкиот натпревар на Националната фудбалска конференција, Сиетл го победи Лос Анџелес со 31:27. Сиетл го освои својот втор ...
Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, е осудена на седум и пол години затвор во Иран, објавија денеска нејзините поддржувачи и адвокатот. „Осудена е на шест години затвор поради ’здружување и заговор“, и една и по година поради ’пропаганда“, како и двегодишна забрана за патување“, напиша адвокатот. Таа беше уапсена на почетокот на декември минатата година на комеморација на еден адвокат за човекови права кој беше ...
Едно лице загина, а две се повредени во напад на руски дрон во текот на ноќта врз Одеса, соопшти шефот на регионалната администрација Олег Кипер. Тој на Телеграм објави дека во масовните руски напади врз регионот на Одеса се оштетени станбени згради, како и дека избил пожар во една од зградите и на автомобилите паркирани во близина, пренесе Укринформ. Се истакнува дека пожарите биле брзо изгаснати. Жена и дете загинаа во напад на руски дрон ...
Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека „нема друга опција освен преговори“,со Соединетите Американски Држави за нуклеарната програма. Тој посочи дека датум за следната рунда сѐ уште не е утврден, додека американскиот претседател Доналд Трамп најави дека тие би можеле да се одржат веќе следната недела. Изјавата доаѓа по зголемените тензии меѓу Вашингтон и Техеран и предупредувањата дека во случај на нов американски напад, ...
Албанскиот премиер Еди Рама за првпат реагираше на одлуката на Уставниот суд, во врска со суспензијата на вицепремиерката Белинда Балуку, оценувајќи ја оваа ситуација како „невиден преседан во демократска земја“, најавувајќи „продолжување на битката“. -Владата ќе ја продолжи оваа битка, зашто неодлучноста на Уставниот суд ја остава Албанија во опасност да остане единствената земја на планетата каде што, со овој преседан, дури и претседателот ...
Состојбата на генерал-потполковник Владимир Алексеев, ранет во обид за атентат во петокот, е оценета како сериозна, но стабилна, а неговиот живот не е во опасност, изјавија медицински претставници. „Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена зграда во ...
Состојбата на генерал-потполковник Владимир Алексеев, ранет во обид за атентат во петокот, е оценета како сериозна, но стабилна, а неговиот живот не е во опасност, изјавија медицински претставници. „Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена зграда во ...
Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со култ. На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, објавија бугарските медиуми. Во тоа време, беше ...
Најмалку две лица загинаа, а четворица се спасени од урнатините на повеќекатната станбена зграда што се урна денеска во северниот либански град Триполи, објавија државните медиуми. Телата на жена и дете беа извлечени, објавија државните медиуми. Спасувачките екипи продолжуваат да копаат низ урнатините, а не беше веднаш јасно колку луѓе имало во зградата кога се урнала. Според медиуми, зградата се наоѓала во населбата Баб Табанех, една од ...
Комуналниот сектор се соочува со сериозни системски, финансиски и оперативни слабости, кои со години го кочат квалитетот на јавните услуги. Во обид да се обезбеди поддршка за неопходните реформи во секторот, АДКОМ на маса ги стави клучните предизвици, ги детектира приоритетните инвестиции и потребата од идна техничка и институцинална помош. - Нашиот напор е да се зголеми соработката и координацијата помеѓу институциите на локално и централно ...
Начинот за набавка на лекот и чекањето кое е долго останува проблем за лицата со ретки болести. Поради обемните административни процедури, пациентите со месеци остануваат без потребната терапија. Загрижувачки е податокот дека повеќето од пациентите се деца, кои прерано го завршуваат животот. Во регионот на Југозападна Македонија заклучно со минатата година регистрирани се околу 110 дијагнози на пациенти со ретка болест. Во Специјалната ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја потврди продажбата на последниот голем државен загубар прилепски Еурокомпозит. Мицкоски потенцираше дека целта е да се рестратира дел од наменското производство за воената индустрија, но во иднина во Македонија да се произведувата и друга воена опрема согласно потребите на пазарот. „Целта е да се обнови дел од старото производство, но соодветно на пазарите и нова гама на производи. Целат е да се ...
Двегодишно дете со тешки телесни повреди е на одделот за интензивна нега на Детска хирургија откако било нападнато од улични кучиња во близина на својот дом во Битола. Поради големиот број на повреди од битолската болница веднаш го транспортирале на скопските клиники. Детето е примено, веднаш е влезено во операциона сала и раните се згрижени. Има повреди во лице, врат, граден кош и стомак. Во моментот се наоѓа на одделот за интензивно ...
Синдикатите и Владата се договорија. 11 илјади административци ќе земат зголемување на платите од речиси 40% до 2028-ма. Вработените во државната управа, судовите и обвинителствата, годинава и наредните две години ќе добијат по 8% покачување плус усогласување со растот на минималната плата. За секоја институција ќе се потпишуваат поединечни колективни договори, а за спроведување на зголемувањето ќе бидат потребни околу 10 милиони евра ...