Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој треба да го убеди да изврши максимален притисок врз Иран. Ова е седма средба меѓу двајцата лидери откога Трамп се врати на власт во Белата куќа. Пред тоа американскиот лидер ги зголеми своите предупредувања и закани кон Техеран и неговите нуклеарни амбиции. За време на средбата со Трамп се очекува Нетанјаху да инсистира во преговорите ...

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по синоќешниот протест и насилството, пред Владата и Парламентот, наведувајќи дека „Демократската партија е единствената партија во демократскиот свет што практикува насилство“. Во реакција на платформата „Икс“, Рама бара да се задоволат правдата за повредените полицајци и да се казнат оние што фрлале пиротехнички предмети, што тој ги нарекува „оружје со смртоносен капацитет“. „Ова се рачно изработените ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, ...

На 10.02.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. ...

Во регионалното Државно средно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се отвори училишна реална компанија. Во компанијата ќе работат учениците од електромашинската и угостителската струка, кои преку пракса ќе стекнуваат реални знаења и вештини. -Училиштето ќе има своја компанија, која ќе функционира како посебен правен субјект, што ќе треба да остварува посебен приход, да ги понуди своите можности и да биде еден вид помош на компаниите, да зема ...

ССМ утре на пладне продолжува со блокадите, овој пат блокада ќе одржат пред Стопанската комора на Македонија. По завршување на блокадите на 17 февруари Синдикатот најавува уште еден голем протест за кој ќе има и организиран превоз за работниците од другите градови, а доколку и тоа не вроди со плод и Владата не прифати минимална плата од 600 евра и линеарно покачување на сите плати за 100 евра, тогаш ССМ најавува и генерален штрајк, како во ...

Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар, велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение. „Последната заплена од околу 40 тони марихуана јасно покажува дека таканаречениот „медицински канабис“ бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Овие ...

Владата одлучи да почнне процес на вонредни контроли на сите легални поризводители на медицински канабис. Одлуката е донесена на вчерашната седница -Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од ...

Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници. -Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој ...

Со целосната реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат село Корешница – село Челевец во Општина Демир Капија, успешно е завршена изградбата на современ, безбеден и функционален патен правец во должина од 1.180 метри и површина од 4.130 м², пишува на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски. Со проектот, како што вели, е обезбедена квалитетна и трајна патна инфраструктура која значително го подобрува секојдневното ...

Укинувањето на дискреционото право на директорите на избор при вработување медицински кадар во јавното здравство, помина на денешната 12. седница на собраниската Комисија за здравство. Предлог законот за дополнување на Законот за здравствена заштита по скратена постапка, се проследува на пленарна седница на парламентот. Пратеничката Јована Мојсоска од Левица рече дека станува збор за измена на Законот за здравствена заштита. Таа истакна дека ...

Ревизорските извештаи претставуваат клучен инструмент за контрола и отчетност и бараат сериозно и суштинско разгледување од страна на пратениците и собраниските служби - порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на настанот „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“. Гаши потсети дека во ревизијата важи принципот тоа што не е документирано, не е ни направено ...

Продолжува периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во почетокот на новата седмица се очекува продор на постуден воздух од север, проследен со засилен северен ветер. Поради заладувањето, врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег, и тоа не само на ...

Народната банка објави дека девизините резерви на крајот од минатиот месец надминале 5,6 милијарди евра. Според пресметката, во однос на декември претходната година тие бележат зголемување за 675 милиони евра. Најголем дел од резервите се пласирани во хартии од вредност. Тоа е три четвртини од вкупниот износ. Околу 17% чуваме во монетарно злато и 8,4% во валути и депозити. Народната банка објави дека девизините резерви на крајот од ...

11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни милиони евра поминале граница, се вели во соопштението на СДСМ објавено утрово. „11 дена молк од власта. Нема одговор како 5 тони дрога, по некои проценки вредни 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија? Кој ќе одговара? Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка. Без поддршка и ...

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржаа првата седница, на која разгледаа и едногласно усвоија шест точки од дневниот ред. Едногласно беа донесени одлуките за определување исплата на надомест на ангажираните лица како помошни тела во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, потоа одлука за усвојување на извештајот за извршување попис на инвентар и друг материјал за 2025 година, како и одлука за ангажирање ...

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да испрати уште еден носач на авиони на Блискиот Исток во услови на конфликт со Иран, јави синоќа информативниот портал „Аксиос“. -Имаме една армада која се движи натаму, а би можела да тргне и друга, рече Трамп во интервју за „Аксиос“, додавајќи дека „размислува“ за испраќање на уште една група носачи на авиони. Под строги безбедносни мерки, во петокот во Оман почнаа нови преговори меѓу ...

Наместо да се занимаваат со политикантство, синдикатите што протестираат да направат анализа како би влијаела минимималната плата од 600 евра која ја бараат - дали ќе предизвика затворање на малите, микро и средните претпријатија кои едвај преживуваат од први до први, дали ќе влијае врз цените на крајните производи, дали ќе предизвика зголемување на инфлацијата или некои други последици врз домашната економија, порача вечерва ...

Цената се формира кога понудата и побарувачката ќе се вкрстат. Поголема понуда значи пониска цена, поголема побарувачка значи повисока цена. Ова се основите на сите учебници по економија. Но пазарот на недвижности со години ги урива основните економски закони. Инвестиција во стан во Скопје е како инвестиција во злато. За само една година, просечната цена на метар квадратен во Центарот на Скопје пораснал за 11,5%, од 1.521 евро за метар ...

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва беше почувствуван во Скопје и поширокиот регион. Според достапните податоци, земјотресот е регистриран во 22:05 часот по локално време. Епицентарот на потресот се наоѓал на подрачје во Косово, на околу 22 километри источно од Призрен и 15 километри северно од Тетово, на длабочина од 5 километри. Потресот бил почувствуван и во повеќе градови низ Македонија, особено во Скопје и ...

ЕР Канада ги прекина своите летови до Куба, откако кубанските власти ги известија авиокомпаниите дека од денеска до 11 март горивото за авиони повеќе нема да биде достапно на островот поради енергетската криза. Канадската авиокоманија најави дека во наредните денови ќе испрати неколку празни авиони за да изнесе од земјата околу 3.000 патници кои таму останаа заглавени. Одредени летови, особено кратки релации како оние од Мајами до Куба, сѐ ...

Меѓународна криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд е разбиена во заедничка операција на полициите на Исланд, Литванија и Шпанија, со поддршка на Европол и Евроџаст, соопшти денеска Европол. Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со дрога, се наведува во соопштението. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени се 24 лица од кои ...

На 10.02.2026 година околу 02:45 часот, во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при интервенција во куќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, биле упатени закани кон медицинскиот персонал. Според пријавата, по претходно барање за укажување лекарска помош на женско лице, на местото пристигнала екипа составена од лекар, медицинска сестра и возач, при што било констатирано дека лицето е починато. По утврдувањето на смртта, ...

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 година и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи. Ова го констатирал Државниот завод за ревизија кој исто така утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за ...

Владата има политичка волја со измени во Законот за употреба на јазиците за да овозможи полагање на правосудниот испит и на други јазици освен на македонски. Премиерот демонстрираше подготвеност за законски измени откако Министерот за правда Филков и вицепремиерот Сали јавно разменија жешки реплики. Мицкоски вели дека на Македонија и требаат правници а не национал романтичари испраќајќи порака дека е крајно време ваквите теми да се надминат. ...

Нема да биде изненадување ако полицијата заплени и до 100 тони марихуана вели премиерот. Владата денеска ќе донесе одлука со која ќе ги задолжи институциите да се извршат проверки и во други субјекти кои имаат лиценца за производство и одгледување на канабис. За проверките ќе биде формирана посебна комисија најави Мицкоски при заеднички увид на дел од запленетата дрога со министерот за внатрешни работи. Премиерот порача дека нема да има ...

Борбата против корупцијата во Македонија нема напредок. Иако на хартија земјава се искачува за четири позиции на Индексот за перцепција на корупцијата за 2025 година, суштински поместувања нема. Причината за повисокиот пласман не се реформи или посилни институции, туку тоа што четири држави биле полоши од нас во борбата со корупцијата. Македонија повторно има 40 поени, ист резултат како и лани и го дели 84-то место со Бугарија иако е членка ...

Политичка заднина гледа премиерот Мицкоски во синдикалните протести за повисока минимална плата. Тој вели дека Владата, како најголем работодавач, веќе ги заокружила преговорите и договорила покачување за сите административни групи работници: здравството, образованието, а последно и со администрацијата во министерствата и правосудството, додека овие синдикални лидери, според него, имаат други мотиви. Од друга страна, опозициската СДСМ ги ...

Со блокади на двата влеза за автомобили, Сојузот на синдикати протестираше пред Собранието. Точно во 9 часот, по 21 работник застанаа и на двете улици. - Блокираме за да не можат да дојдат со своите возила на работа како што идат. Да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и да мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз на своите работни места - рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Иако добар дел од ...

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска, попладне, во Скопје поради посета на косовскиот премиер Албин Курти, најавија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираа дека Курти денеска ќе престојува во официјална посета на нашата држава. - Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
3.09
51%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
2.57
49%
1018
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.76
71%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
89%
1013
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
59%
1016
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
79%
1019
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
54%
1014
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1017
Currency

61.645

Currency

53.5236

Currency

71.4881

Currency

37.9386

Currency

39.277

Currency

68.0672

Currency

7.79205

Currency

0.67329

Currency

0.33603

Currency

0.52476

Currency

1.2111

Currency

0.57974

Цинк

0.00

Сребро

2661.49

Паладиум

51087.54

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.46

Рутениум

54591.97

Бакар

11.65

Платина

66777.10

Родиум

369733.59

Злато

163782.99

Иридиум

259874.72

Калај

49.93