Некогашниот симбол на новинарството и една од најпрепознатливите згради во Загреб, кулата на „Вјесник“, денеска е урната, седум месеци откако целосно изгоре во пожар. За палењето се обвинети двајца 18-годишници, кои се товарат за тешко кривично дело против општа безбедност. Во обвинението се вели дека тие ја запалиле зградата на 17 ноември 2025 по претходен договор. Една недела подоцна, властите потврдија дека зградата ќе се урива зашто ...
По недели уривање, денеска механизацијата ги отстрани и последните остатоци од познатата зграда на „Вјесник“, која беше еден од симболите на Загреб. Од облакодреот висок 67 метри, уништен во пожар на 17 ноември минатата година, сега остана само куп шут, кој треба да се собере во наредните десетина дена. Оваа зграда која беше седиште на поранешната новинска и издавачка куќа „Вјесник“ беше изграден во почетокот на 1970-тите години според ...

