Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
„Тажно е што понудија дел од апликантите, очигледно беше нудењето на брза заработка со некаков си настап кој ќе помине-замине три дена и ќе биде пу-пу не важи, но не се согласивме со тоа“, рече актерот Петар Горко, член на комисијата за селекција на програмата на годинешното 18. издание на Битфест. Од 140 апликации, прифатени се 70 настани за чиј избор главниот критериум беше квалитетот. Тоа го најавува и самиот почеток на битолското културно ...
Треба да се оди почесто на пошумување, вели Кирил Сотировски, професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. „Постои таканаречено одржување на шуми или менаџмент. Мора да се инвестира во шумите. Значи, не е само насади и толку. Најчесто се насадува погусто отколку што треба да биде ...
Децата кои биле вакцинирани против ХПВ (хуман папилома вирус) на возраст од 12 до 13 години имаат речиси нула ризик да починат од рак на грлото на матката пред да наполнат 30 години, покажува ново значајно истражување во Англија. Првата студија од ваков вид открива дека бројот на смртни случаи значително се намалил откако вакцината почнала да им се нуди на девојчињата од училишна возраст во 2008, а благодарение на неа досега биле спасени ...
Властите во источниот дел на Крит уапсија тројца таксисти осомничени за измама на патници, соопшти полицијата. Според полицијата, тројцата мажи биле фатени на 15 јуни во рамките на акцијата спроведена од полицајци во Агиос Николаос. Во соопштението се вели дека осомничените, на возраст од 48, 47 и 25 години, од своите клиенти барале повисока цена за превоз од онаа што била прикажана на таксиметарот и на издадените сметки. Полицијата соопшти ...
Новото раководство на Јавното претпријатие (ЈП) „Еко Струга“ обвинува дека претпријатието, кое стопанисува со јавните паркиралишта во Струга, било оставено во сериозни финансиски проблеми и без соодветни механизми за контрола. Според директорот Абдулади Шазиманоски, при преземањето на функцијата бил затекнат долг од над 1,5 милиони денари (околу 25.000 евра), како и бројни неправилности во работењето. Од претпријатието велат дека при увидот ...
Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), Управата за финансиска полиција (УФП) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП, ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави ново преиспитување на распоредувањето на американските трупи во Европа и се закани дека ќе задржи дел од американските давачки кон НАТО доколку некои сојузници не ги исполнат своите обврски за трошоци за одбрана. Обраќајќи се пред министрите за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет рече дека анализата ќе трае до шест месеци и ќе вклучува консултации со Конгресот на САД, кој законски ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заплови со Вардарската регата. Тој како велешанец со неговите другари од младоста се пушти по Вардар заедно со уште 60-тина други учесници. Министерот нема да патува до Солун, каде е крајната цел на петдневното пловење, туку до Градско. Љутков претходно и како претседател на Советот на Општина Велес има учествувано на регатата. „Регатата имаше падови и подигнување, се надеваме дека по овие 2-3 ...
Вишиот суд во Белград им изрече затворски казни на родителите на тинејџерот Коста Кецмановиќ, кој го изврши масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023. На повтореното судење, Владимир Кецмановиќ доби 14 и пол години затвор, а Миљана Кецмановиќ две години и 11 месеци затвор. Владимир беше обвинет за тешко дело против општата безбедност и за запуштање и занемарување на малолетниот син, додека Миљана во ...
Доналд Трамп ги пофали кинескиот претседател Шји Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин што биле неутрални за време на војната со Иран, велејќи дека тие не ги попречиле неговите напори да ги ограничи нуклеарните амбиции на Техеран. „Само сакам да им се заблагодарам за тоа што постапија многу добро“, рече Трамп по усвојувањето на договорот за прекин на огнот со Иран. Зборувајќи на прес-конференција на самитот на Г7 во Франција, Трамп ...
Режисерот Милчо Манчевски ја доби престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“, на Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија. Фестивалот му оддава специјална почест на Манчевски со одбележување 25 години од неговиот филм „Прашина“, а ќе има и италијанска премиера на „Бикини Мун“ и промоција на нова книга за неговото творештво. Покрај филмските проекции, авторот ќе одржи и мастерклас посветен ...
Украина денеска го изведе најголемиот напад со дронови врз Москва во последните две години, објави агенцијата „ТАСС“, што предизвика пожари во и околу главниот град и доведе до евакуација на најголемиот аеродром во земјата. Видеоснимки објавени на социјалните мрежи покажуваат огромни столбови црн чад над градот, додека на едно видео можат да се слушнаат дронови како зујат на небото. Нападот се случи неколку часа пред средбата на Владимир ...
Европскиот парламент (ЕП) го усвои извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година на пленарна седница во Стразбур. Резолуцијата беше поддржана од 411 европратеници, додека 120 гласаа против. Во извештајот се критикуваат недостатокот на реформи и демократските состојби, а европратениците гласаа и историските прашања да останат дел од текстот. Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, со кој требаше да се избрише ставот 73 од ...
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа првичниот договор за завршување на војната, кој веднаш стапува во сила. Тој предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец, создавање фонд за обнова на Иран од 300 милијарди долари и укинуваање на сите американски санкции за Иран. Сепак, за иранската нуклеарна програма, главната причина за почетокот на нападите, ќе се преговара во следниот 60-дневен период. Трамп ...
Високи американски функционери ги открија деталите од меморандумот за разбирање со Иран по неколкудневна тајност, а Иран сугерираше дека договорот за завршување на војната би можеле да го потпишат претседателите Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан. Таквата церемонија би претставувала голем чекор за двете земји, кои ги прекинаа дипломатските односи во 1980 поради заложничката криза во амбасадата на САД во Техеран. Иран досега не го објавил ...
Поднесена е кривична пријава против пет лица од Скопје кои формирале медиумски канал и преку него повикувале и поттикнувале формирање на терористичка група по примерот на радикалната исламистичка организација ИСИС, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на ...
Водечката француска издавачка куќа „Галимар“ пред 475 француски книжари го претстави „Тони“, првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска. „Галимар“ ќе објави „Тони“ на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е објавено од „Галимар“, издавач што постои 114 години. „Тони“ го објави македонската издавачка куќа „Три“ во ...
Европскиот парламент ја повика Албанија да прекине со изградбата во заштитените подрачја, зголемувајќи го притисокот врз премиерот Еди Рама во врска со предложеното луксузно одморалиште поврзано со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Во Албанија веќе 18 дена има континуирани протести против проектот, наречени „Фламинго револуција“, како и демонстрации организирани од дијаспората во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, ...
Уставниот суд на својата денешна седница ја укина Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за преименување на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други објекти во градот. Од Уставниот суд ни рекоа дека причината за укинувањето на Одлуката за новите имиња на улиците во Тетово е поради тоа што пред речиси 2 децении таа не добила согласност од Владата. Уставниот суд оценил дека Одлуката на Советот на Општина ...
Новото болничко крило на Струмичката болница, после 40 години од почетокот на изградбата треба да биде ставено во функција наесен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска беше на увид во новото болничко крило, каде што треба да бидат сместени повеќе одделенија. „Околу 40 години се чекаше за ова. Сега следува мало доопремување, кое треба да заврши до крајот на август, а на почетокот на септември објектот да биде ставен во ...
Доналд Трамп изјави дека договорот за прекин на огнот постигнат оваа недела со Иран не е конечен и дека може да продолжи со бомбардирањето ако не му се допадне. „Тоа е меморандум за разбирање. И ако не ми се допадне, ако не се однесуваат добро, ќе се вратиме на пукање кон нив и фрлање бомби врз нивните глави“, рече Трамп на самитот на Г7 во Франција. Лидерите на земјите од Г7 побараа прекин на огнот во Либан и рекоа дека ќе ги променат рутите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони беа видени во пријателски разговори на самитот на Г7 во Франција по неколку недели јавни препирки. Трамп и Мелони, кои важеа за многу блиски, јавно се препукуваа откако војната со Иран предизвика економски шок низ цела Европа, а Италија беше една од најтешко погодените земји од зголемувањето на цените на енергијата. „Повторно сте пријатели“, кажа претседателот на ...
Театарскиот режисер и театролог Наум Пановски, добитникот на Рациново признание за 2026, преку видеопорака вели дека одбил да ја прими наградата за неговата книга „Коста Солев – смртопис“, која требаше да му се врачи на Рациновите средби на 15 јуни. Пановски не беше присутен на врачувањето, а во соопштението што утрово го испрати до медиумите, а го објави и на својот фејсбук профил, вели дека пред церемонијата му испратил на фестивалот ...
Македонското еколошко друштво (МЕД) спроведува активности за зајакнување на локалната популација на модроврани преку изработка и поставување куќарки. Сакајќи да им обезбеди сигурен дом на овие птици, МЕД ги повикува граѓаните да ја поддржат кампањата со симболична донација на линкот https://mes.org.mk/product/donacija-za-kukjicki-za-modrovranite/. Некогаш широко распространета низ котлините во Македонија, модровраната денес се среќава само во ...
Општина Струга засега нема да гради стационар за бездомни кучиња, откако вчера Советот на Општината не ја усвои физибилити студијата за реализација на проектот преку модел на јавно-приватно партнерство. Со тоа, проблемот со големиот број улични кучиња во градот и натаму останува нерешен, а кучињата ќе продолжат да бидат на улиците додека не се изнајде прифатливо решение. Мнозинството советници велат дека не се против изградба на стационар за ...
Основниот кривичен суд Скопје на барање на надлежниот обвинител, му одреди притвор под 8 дена на 44-годишниот скопјанец кој завчера купи бензин и полеа и потпали две дипломатски коли во сопственост на бугарската амбасада во Скопје. Потпалувачот, кој е снимен со безбедносни камери, во истрагата е осомничен за кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик. „На 15 јуни околу пладне, на булеварот ‘Митрополит ...
Норвешката принцеза Мете-Мерит беше подложена на успешна трансплантација на бели дробови и сега заздравува од процедурата, објави кралското семејство. На 52-годишната сопруга на престолонаследникот принцот Хакон ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018, хронично заболување кое предизвикува лузни во белите дробови и доведува до намалено внесување кислород. „Како и сите нови пациенти со трансплантација, принцезата ќе остане во ...
Скопско Дебар Маало не е затворено за коли, иако тоа го најавија во јуни лани од Општина Центар. И понатаму низ Дебар Маало навечер владее хаос, пешаците немаат каде да се движат оти тротоарите се узурпирани од летни тераси на кафеаните, а улиците од паркирани коли. Секоја вечер особено во летниот период се создава метеж, бидејќи нема место за паркинг и џабе со колите се вртат кругови низ улиците па сообраќајот е целосно закрчен. Од Општина ...
Доналд Трамп изјави дека Русија треба да склучи мир со Украина откако имаше „многу добар“ состанок со Володимир Зеленски, коментари што предизвикаа претпазлив оптимизам кај лидерите на Г7 дека може да се постигне мировен договор. Зеленски и неговите европски сојузници дојдоа на самитот на Г7 во француското одморалиште Евијан со надеж дека ќе го импресионираат Трамп дека ситуацијата на бојното поле се подобрила за Украина благодарение на ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец, осомничен дека запалил две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје . Осомничен е дека сторил кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик. „На 15 јуни околу пладне, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, пред Амбасадата на Република Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за ...