Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Унгарскиот парламент го одобри уставниот амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на максимум осум години, со што практично му се забранува на поранешниот премиер Виктор Орбан да се врати на функцијата што ја извршуваше 16 години. Премиерот Петер Маѓар го собори Орбан на изборите во април, добивајќи двотретинско мнозинство во парламентот, што ѝ овозможува на неговата партија да го поништи или измени законодавството донесено од ...
Полската полиција го истражува убиството на рускиот уметник и гласен критичар на Владимир Путин, Семјон Скрепецки. Тој бил убиен од огнено оружје во понеделникот наутро во полскиот град Бјала Подласка, околу 40 километри од белоруската граница. Полицијата кажа дека 44-годишниот Скрепецки бил застрелан петпати во главата, градите и грбот на паркинг, оддалечен 600 метри од белорускиот конзулат. Семјон Скрепецки беше псевдонимот на Роберт ...
Предложените закони за судската и јавнообвинителската служба, што министерот за правда Игор Филков ги презентира како реформски, се чиста измама, зашто во работните групи во кои учествувале овие службеници било договорено едно, а на платформата ЕНЕР се појавиле дискриминирачки и закони во кои е загарантирано мешањето на извршната власт во судството, обвинија денеска синдикалните организации на јавната расправа во Собранието. Претседателот на ...
Генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Лазо Узунчев, и менаџерот на Светската банка за Косово и Македонија, Карол Межеван, потпишаа договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративната централа „РЕК Битола 1“. Од ЕСМ соопштија дека договорот е чекор напред во реализацијата на една од најважните инвестиции во процесот на енергетска транзиција и модернизација на ...
Винарската визба „Тиквеш“ освои 21 награда на три престижни меѓународни вински натпревари. Наградите с еосвоени на натпреварите Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026, со што „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена. На ...
Портпаролката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) Mаја Петрова, воедно и синдикална претставничка во Обвинителството, на денешната расправа во собраниската Комисија за политички систем искажа револт во име на сите свои колеги што едно договориле со Министерството за правда во работните групи за Предлог-законот за јавнообвинителската служба, а на ЕНЕР се појавило сосема нешто друго, далеку од реформско. ...
Три деца на возраст од 9, 12 и 15 години биле најдени во бесознание на улицата Професор Мијалковиќ во Куманово. Тие биле пренесени во Кумановската болница, но родителите не дозволиле да им се направи анализи за да се утврди причината за нивната состојба. „Вчера околу 10.40 часот било пријавено дека на улицата Професор Мијалковиќ се пронајдени три деца кои не реагирале на допир. Станува збор за 15-годишно девојче и нејзините браќа на возраст ...
Неизвесните финансиски последици од 28 активни судски постапки против Врховниот суд претставуваат еден од главните ризици што ги нотира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизорскиот извештај за работењето на највисоката судска инстанца во 2024 година. Станува збор за тужби поднесени од вработени по основ на права и надоместоци од работен однос, во вкупна вредност од 4,28 милиони денари (околу 70.000 евра), при што Врховниот суд се јавува ...
Откако тело на 21-годишно момче беше пронајдено во Охридското Езеро кај „Машка плажа“ во Струга, градоначалникот на Струга, Менди Ќура, до Советот достави иницијатива за усвојување предлог-одлуки за зголемување на безбедноста на струшките капалишта. Ќура посочи дека со децении плажите се узурпираат, а лицата кои стопанисуваат со нив често не плаќаат надоместоци и не преземаат соодветни мерки за безбедност на посетителите. „Предложив одлука со ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил. Од Агенцијата велат дека поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло за да се спречи внесување на вирусот на птичји грип во земјава, пратката со замрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025. Согласно донесеното ...
Доналд Трамп изјави дека му предложил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ѝ дозволи на Сирија да се справи со Хезболах. „Да бидам искрен, мислам дека Сирија подобро ќе ја заврши работата од Израел“, кажа Трамп на самитот на Г7 во францускиот град Евијан. Истакнувајќи дека е незадоволен од егзодусот на лекари, адвокати и интелектуалци од Либан поради израелската офанзива, Трамп кажа дека новата сириска влада би можела да ја заврши ...
Над 70 илјади граѓани собраа околу 680 тони отпад на шестата по ред еко-акција „Генералка викенд“, којасе одржа од 8 до 10 мај, на повеќе од 500 локации низ целата земја. Според информациите од организаторите, собрани се вкупно 684.777 килограми отпад, имаше 70.688 учесници, беа вклучени над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, како и училиштата од целава земја и голем број на компании. Овие еко-акции се организирани од „Мен енд ...
Градежниот факултет во Скопје ќе ја испитува состојбата на мостот „Обединети Нации“. Мостот е дел од трасата на автобускиот БРТ превоз за делницата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Град Скопје, во рамките на активностите за воведување на БРТ превозот, го ангажирал Градежниот факултет да ја оцени состојбата во која се наоѓа мостот и до нив да се достават препораки. Професорот од Градежен факултет Горан Марковски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува ...
Украински дронови предизвикаа пожар и оштетија постројка во најголемата рафинерија во Московскиот регион. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку едно беспилотно летало ја погодило рафинеријата на „Газпром Нефт“, која се наоѓа 15 километри југоисточно од центарот на Москва. Според него, Украина лансирала 60 дронови кон руската престолнина во текот на ноќта. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ...
Речиси сите деца во Македонија или 99,9 отсто од децата се изложени на штетно загадување на воздухот, се вели во новиот глобален извештај на УНИЦЕФ кој е објавен денес. Во извештајот стои дека децата во Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено: мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суша и загаден воздух. Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 покажува дека заканите што доаѓаат од климатските ...
Рацин и по еден век е актуелен со своите дела, што значи дека или тој е вечен или општеството не се менува многу, рече академик Катица Ќулавкова на отворањето на годинашните 63. Рацинови средби во Велес. „Кочо Солев е една од ретките историски личности кои ја совладале историската лекција и застанале во одбрана на слободата, правдата, социјалната еднаквост и колективните и индивидуалните човекови права на Македонците. Тој се бунтувал со збор, ...
Шведскиот парламент усвои закон кој им дозволува на властите да ги поништат дозволите за престој на имигранти врз основа на лошо однесување, како што се неплатени долгови, работа на непријавена основа или врски со екстремистички организации. Законот е дел од пошироко заострување на правилата за имиграција од страна на десничарската влада пред парламентарните избори во септември. Опозицијата и групите за човекови права го критикуваа законот ...
Ниту еден од деветтемина обвинети од т. н. втора група полицајци на судењето не призна вина за непреченото работење на импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, која поради нивните позитивни мислења за јавен ред и мир и за број на пропишани паркинг-места, добивала лиценца за работа како се да било во ред. Но според доказите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), овие обвинети замижувале и само давале ...
Осум луѓе загинаа откако бомбардер на американските воздухопловни сили „Б-52“ се урна набргу по полетувањето од воената база „Едвардс“ во јужна Калифорнија. Меѓу загинатите се и двајца вработени во „Боинг“, потврди компанијата. Несреќата се случи додека авионот бил на рутински пробен лет. Полковникот Џејмс Хејс изјави дека екипажот бил мешавина од воени лица, владини цивили и владини изведувачи. „Несреќата се случи во рамките на базата, која ...
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран е општ документ кој содржи само една и пол страница. Тој додаде дека Доналд Трамп би можел да го објави пред петок, кога треба да се одржи негово официјално потпишување во Женева. Деталите од договорот засега не се објавени јавно, освен што беше кажано дека Иран повторно ќе го отвори Ормускиот Теснец в петок, а Трамп ќе ја укине поморската блокада ...
Доналд Трамп, Џеј-Ди Венс и спикерот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф по електронски пат го потпишале меморандумот за разбирање, а церемонијата на официјално потпишување ќе се одржи в петок во Женева, кажаа од Белата куќа. Тој чин ќе го означи почетокот на 60-дневен период, во кој двете страни ќе преговараат за конечен мировен договор. Еден американски функционер изјави дека деталите од меморандумот ќе бидат објавени јавно во ...
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, кажа дека Оман и Иран ќе преземат неопходни мерки за да обезбедат безбеден премин на бродовите низ Ормускиот Теснец откако САД и Иран постигнаа првичен договор за крај на војната. Тој рече дека ова ќе се спроведе во консултација со други засегнати страни. „САД се обврзаа да преземат мерки за обнова на Иран по штетите претрпени за време на војната и за укинување на ...
Опозициите на Украина и Молдавија не ја кочат владата и не работат за интересите на други држави, кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за денешниот старт на преговорите со Европската Унија на двете земји, а процесот на Македонија уште е закочен поради вето на Бугарија. Украина и Молдавија денеска ги почнаа преговорите за пристапување кон Европската Унија откако Унгарија, по промената на власта и доаѓањето за ...
Од полноќ се зголемуваат цените на бензините и дизел горивото. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е зголемена за 1,5 денари и ќе биде 87,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е зголемена за 2 денари и ќе биде 90 денари. Зголемување од половина денар има кај дизен гориво и цената од полноќ ќе биде 87,50 денари. „Во оваа пресметка Регулатроната ...
СВР Тетово соопшти дека вчера била приведена 42-годишна жена од Прилеп која го тепала своето тримесечно бебе и го удирала од асфалт. За среќа, веднаш интервенирале луѓето кои таму се затекле и ѝ го одзеле бебето, а случајот го пријавиле во тетовската полиција. Таа била приведена, а приведен бил и мажот со кого таа живеела во вонбрачна врска. „На 14.06.2026 во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода В. М. ...
Од 16 јуни во „Штип Сити мол“ во Штип почнува караванот за вработување на „Лидл Северна Македонија“, како дел од кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“. Караванот ќе помнине во шест градови во Македонија, преку кој ќе ги претстави можностите за кариера во компанијата. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни места во логистичкиот центар на „Лидл“ во Куманово, како и во ...
Со голем аплауз биле поздравени авторите на филмот „Руини“, дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, на светската премиера на 14 јуни на фестивалот во Шангај, соопшти продукцијата на социјалните мрежи. Документарецот на Чемерска е за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ. Филмот, во продукција на „Синема Футура“ во ...
Во 16-те општински основни училишта во Куманово досега се запишани 863 првачиња. Од нив, 772 се запишани во централните, а 91 во подрачните училишта. Уписите започнаа на 1 мај и ова е првиот пресек на податоците. Процесот ќе трае до почетокот на учебната 2026/27 бидејќи практиката покажува дека дел од децата се запишуваат и подоцна. „Оваа бројка не е конечна. Со години наназад имаме уписи и непосредно пред почетокот на учебната година, ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од заземената територија во Либан, што потенцијално го загрозува прелиминарниот договор помеѓу Иран и САД, а вклучува отворање на Ормускиот Теснец и понатамошно продолжување на нестабилниот прекин на огнот. Деталите од договорот не беа веднаш објавени, а Иран најави дека неговата имплементација нема да започне до потпишувањето, кое, како што рече клучниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски во октомври ќе биде сослушан како сведок-правен застапник на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, против која поранешната обвинителка Ленче Ристоска поднесе тужба по објавеното партиско соопштение од 14 октомври 2025 во кое ѝ предвидува нејзин „крај“. Ристоска, која пред да си поднесе оставка беше изложена на напад и мобинг од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и од нејзиниот лидер Мицкоски, со тужба против партијата бара 300.000 ...