Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Една вечер. Еден момент. Едно незаборавно доживување. Една од најголемите музички ѕвезди од регионот – Емина Јаховиќ доаѓа во Скопје! На 14 мај, концертната сала на Филхармонија ќе стане сцена на врвна емоција, гламур и музика со светски сензибилитет. За првпат, македонската публика ќе има можност да ужива во настап во живо на оваа регионална поп-ѕвезда. По години успешна кариера и безброј хитови кои го одбележаа регионот, Емина доаѓа во ...
Иран одби да учествува во втората рунда мировни преговори поради, како што вели, прекумерните барања на Вашингтон, нереалните очекувања, постојаните промени во ставовите, повторуваните противречности и сегашната поморска блокада, која ја смета за кршење на прекинот на огнот, објави државната новинска агенција ИРНА. „Под такви околности, нема изгледи за успешни преговори“, се вели во објавата на Телеграм, без да се именува конкретен функционер ...
Македонскиот културен центар во Истанбул на 20 април (понеделник), со почеток во 18:00 часот, ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија. Настанот се фокусира на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој доведе до масовни преселби и ...
Граѓаните на Скопје добија уште еден уреден спортски простор на Кејот на Вардар. Министерот Борко Ристовски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар во Маџир Маало, Општина Центар. На местото на стариот руиниран терен сега е изградено современо повеќенаменско игралиште за фудбал и ракомет и терен за кошарка со современа полипропиленска подлога. – Овој простор ќе биде ...
Панукла сесии продолжуваат со второ поглавје – вечер што повторно ја става во фокус интеракцијата во живо, ангажираното слушање и музиката како процес во настанување. Овојпат, програмата носи две трија, две звучни траектории и два различни генерациски пристапа кон градењето звук – двете обединети околу суптилна импровизациска архитектоника и нескротлива колективна енергија. Прво трио: Глигор Кондовски (виолина) Дориан Јовановиќ (бас гитара) ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ги освои срцата на љубителите на кралицата на спортовите во главниот град на Србија, кои со бурен аплауз и со овации му честитаа за минувањето втор низ целта на 39. Белградски маратон како единствен Европеец меѓу најдобрите десетмина и оставајќи четворица Кенијци веднаш зад себе! Најдобриот македонски маратонец и олимпиец ја истрча патеката од 42,2 километри за 2:09,35 часа, што е вториот најдобар ...
На втората средба од Женски круг ќе зборуваме за солидарноста — што подразбира и како се гради како жива пракса, велат организаторите. Ќе си дадеме простор да се „жалиме“ за тоа што ни е тешко и да „пребаруваме“ — да зборуваме за тоа што ни е потребно. Заедно ќе размислиме и што можеме, а што не можеме да си пружиме една на друга. Најважно, ќе отвориме просторот заедничко осмислување на заемна поддршка — како нешто што се гради, одржува и нè ...
Две успешни трансплантации беа извршени во Македонија, откако едно семејство донело хумана и тешка одлука да ги донира органите од свој близок, со што директно биле спасени човечки животи. Овој чин повторно ја потврдува огромната важност на органодарителството како чин на врвна човечност и солидарност. Благодарение на донацијата, медицинските тимови успеале да реализираат две трансплантации, со што на пациентите им е дадена нова шанса за ...
Ужасно „трето полувреме“ се одвиваше попладнево на стадионот во Куманово, откако фудбалерите на Струга убедливо го совладаа Башкими. Веднаш по последниот свиреж, ситуацијата ескалирала во сериозен инцидент – прво со кошкање меѓу играчите на теренот, а потоа и со директен притисок врз гостинската екипа. Според информации од таборот на стружани, челниците на домашниот клуб влегле во конфликт со нивните фудбалери, ги навредувале и – како што ...
Најплатените фудбалери во светот сè повеќе купуваат помали фудбалски клубови со цел да го искористат нивниот раст или, пак, на тој начин да отворат други деловни можности во тие средини, оценуваат аналитичарите. Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) претходно оваа седмица го купи каталонскиот петтолигаш Корнеља. Неколку недели претходно, 41-годишниот Португалец Кристијано Роналдо купи 25 проценти од акциите во шпанскиот второлигаш ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска во обраќање пред околу 100.000 луѓе собрани на миса на отворено во близина на главниот град Луанда, ги повика Анголците да ги надминат поделбите по децениите крвав конфликт. Во Ангола имаше крвава граѓанска војна од 1975 до 2002 година. Папата ја опиша како „прекрасна, но ранета земја“. Тој ги повика Анголците „заедно да изградат земја каде старите поделби ќе бидат надминати еднаш засекогаш, каде што омразата ...
Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за одложување на неговото сведочење, кое беше закажано за следната недела, како дел од судењето за корупција. Наместо Нетанјаху, утре пред судот ќе сведочи друг сведок, а рочиштето закажано за вторник е одложено, според „Тајмс оф Израел“. Адвокатите на Нетанјаху изјавија дека тој нема да може да сведочи следната недела од „безбедносни и дипломатски ...
Во светот на високата политика, имињата на обичните луѓе често остануваат само фусноти во извештаите за човекови права. Сепак, приказната за Иранката Бита Хемати и нејзиниот сопруг Мохамадраза Маџиди Асл, која деновиве ја бранува меѓународната јавност, е многу повеќе од обична статистика. Ова е сведоштво за една станбена зграда во Техеран која од дом, по секоја веројатност, ќе се претвори во законска бесилка за четворица луѓе. Меѓу нив е и ...
Хрватската полиција заврши кривична истрага против 34-годишен државјанин на Македонија, осомничен за закана и незаконско притворање на 71-годишен маж. Осомничениот е приведен по инцидентот во Бује, соопшти истарската полиција. Еден маж е осомничен дека физички нападнал 71-годишен маж во стан на улица „Први Мај“ во Бује, Хрватска во вторник, 16 април. Освен што го нападнал, му се заканил дека ќе го убие и не му дозволил да го напушти станот. ...
Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем ги осуди расистичките напади на социјалните мрежи врз дефанзивецот Кевин Дансо (27) по неговата грешка на натпреварот со Брајтон, повикувајќи на полициска акција. Дуелот во саботата меѓу Тотенхем и Брајтон заврши 2-2, а гостите израмнија во судиското продолжение по грешка Дансо. „Кевин Дансо е жртва на одвратна расистичка злоупотреба на социјалните мрежи. Однесување кое без сомнение е кривично ...
Од почетокот на борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, во октомври 2023 година, бројот на жртви од израелската офанзива се зголеми на 72.551, додека 172.274 лица се ранети. Локалните палестински здравствени власти изјавија дека болниците во Газа во последните 24 часа примиле две тела, од кои едното е извлечено од под урнатини. Тие додадоа дека вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на прекинот на огнот на 11 октомври 2025 ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс нема да ја предводи американската делегација на новите преговори со Иран во Пакистан, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. „Тоа е само од безбедност. Џеј Ди е одличен“, изјави Трамп за Ек-би-си Њуз, наведувајќи ја причината зошто Венс не патува во Исламабад, пренесе „Тајмс оф Израел“. Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека неговите претставници ќе пристигнат во Исламабад ...
Вкусно и кремливо јадење за кое нема да требате да валкате дополнителни садови – совршен, брз ручек за целото семејство Состојки: маслиново масло кромид доматно пире лук лути пиперчиња њоки зеленчуков бујон сушено оригано сушен домат млад спанаќ пармезан грчки јогурт лимонова кора сол и црн пипер свеж босилек или магдонос Приготвување: Во големо тавче на среден оган динстајте го кромидот на маслиново масло. Додајте доматно пире, рендан лук и ...
Од почетокот на војната во Газа, во октомври 2023 година, израелските сили привеле над 23.000 Палестинци на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Во извештај објавен денеска од Здружението на палестински затвореници се наведува дека бројките ги вклучуваат сите притворени, без оглед на тоа дали сè уште се во притвор или подоцна биле ослободени. Ова ги вклучува луѓето уапсени во нивните домови, на воени контролни пунктови, оние кои ...
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека за седум до 10 дена треба да се одржи седница на која ќе се разгледа предлогот на 62 пратеника од опозицијата за гласање недоверба на Владата на Србија. Брнабиќ во изјава за ТВ „Прва“ кажа дека парламентарното мнозинство ќе обезбеди кворум и дека пратениците ќе имаат три работни дена за дискусија, додавајќи дека тоа ќе биде политички перфоманс, бидејќи е сосема јасно дека ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп се спротивставил на истоварувањето на американските трупи на иранскиот остров Харг, стравувајќи од можноста за огромни загуби во американската армија, објавија американските медиуми. Повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, „Волстрит џурнал“ наведува дека Трамп првично бил убеден дека мисијата ќе биде успешна и дека заземањето на тој дел од иранската територија ќе им ...
Белорусија е подготвена за „голем договор“ со САД, но тој мора да биде така подготвен да ги одразува интересите на двете земји, изјави претседателот Александар Лукашенко. Во интервју за руските медиуми Лукашенко рече дека знае дека Западот би сакал да го собори од власт и дека тој не е нивниот „омилен син“, но дека сепак тој преговара со САД затоа што тоа е во економски интерес на Белорусија. Минск и Вашингтон годинава одржаа неколку рунди ...
По постигнатото примирје со либанската Влада, Израел го поделил делот од јужен Либан под негова контрола на три зони, објавија израелски медиуми. Таканаречената црвена линија се однесува на првиот ред села лоцирани директно на израелско-либанската граница, пишува израелскиот весник „Једиот Ахронот“. Повеќето од зградите таму веќе се уништени и во областа нема повеќе борци од либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, објавува весникот. ...
Борисов гласаше со хартија во Банкја и најави крај на „собировките“, а во исто време сигнализираше „масовен неуспех“ со машините и компромитираните гласачки ливчиња во земјата. – Според мене, шансата за формирање влада по овие избори е мала. Нема да влегуваме во коалиции. Не гледам со кого можеме да формираме коалиција во моментов. Ова го кажа лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, кој традиционално гласа во училиштето во градот Банкја. Борисов избра ...
На 18.04.2026 во 13:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с.Пршовце, општина Јегуновце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(34) од с.Шемшево и велосипед, управуван од малолетник од с.Пршовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното обвинителство ...
Еве кој хороскопски знак треба да го избегнувате – и зошто токму со него станувате токсична комбинација Понекогаш две личности едноставно не се создадени една за друга, без разлика колку се трудат врската да успее. Различни вредности, начини на комуникација, „јазици на љубовта“ и животни цели можат лесно да ја претворат романтиката во нешто исцрпувачко и нездраво. Секој хороскопски знак има добра компатибилност со одредени знаци – но речиси ...
Заменик-министерот за надворешни работи на владата на јеменска група Хути, Хусеин ел-Ези предупреди дека Хутите би можеле да ја затворат теснината Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да го нарушува мирот. Ако одлучиме да го затвориме Баб ел-Мандеб, тогаш целото човештво ќе биде целосно немоќно да го отвори. Затоа, најдобро е Трамп и неговите соучесници веднаш да ги запрат сите ...
СДСМ е подготвен за избори во секое време – утре, наесен или догодина, а целта е враќање на власта во рацете на граѓаните и обезбедување демократска власт која ќе го продолжи европскиот пат на државата“, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Филипче нагласи дека партијата ќе се бори за, како што рече, доброто на државата и дека на избори ќе победи демократијата над ...
Два пакистански безбедносни извори за „Ал Џезира“, под услов да останат анонимни, информирале дека преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат пред петок иднава недела. Изворите истакнале дека до овој заклучок дошле врз основа на „слетувањето на два американски тешки транспортни авиони, C-17 Глубмастерс, во воздухопловната база Нур Кан во Равалпинди“, во близина на пакистанскиот главен град Исламабад. Тие додаваат дека патиштата од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна закана кон Иран доколку официјален Техеран не го прифати предложениот договор од Вашингтон. Откако претходно за „Фокс њуз“ најави продолжување на разговорите во вторник, Трамп преку својата социјална мрежа „Трут Сошнал“ испрати ултиматум. „Нудиме многу фер и разумен ДОГОВОР и се надевам дека ќе го прифатат, бидејќи ако не го сторат тоа, САД ќе ги срушат сите електрани и сите мостови во ...