Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Водата од градскиот водовод во Валандово од 24 јули повторно може да се користи за пиење, откако Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина привремената забрана, соопшти градоначалникот Ѓоко Камчев. Забраната беше воведена откако една од анализите покажала присуство на арсен од 14 микрограми на литар, над дозволената граница од 10 микрограми. Новата вонредна анализа на Институтот за јавно здравје покажала 1,47 микрограми арсен на литар, ...
За време на концертот на Аца Лукас во Никшиќ, дошло до масовна тепачка во која учествувале неколку лица, а во инцидентот бил повреден и еден полицаец. Според неофицијални информации, во тепачката учествувале околу 80 лица. Дежурната служба на Одделот за безбедност во Никшиќ била известена околу 1:20 часот дека имало тепачка меѓу неколку лица во рамките на Трим центарот во Никшиќ, каде што претходно се одржал концерт на поп-артист. На местото ...
Управата за јавни приходи почна засилени контроли во туристичките места, насочени кон физичките лица што краткотрајно издаваат апартмани, станови, куќи, викендички и соби. Контролите ќе се спроведуваат врз основа на анализи на ризик, директна комуникација со даночните обврзници и размена на информации со државните и локалните институции. Во фокусот ќе бидат и другите сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП потсетува дека секој приход од ...
Месната заедница на село Дворци, населено место во Општина Пласница, ја известува јавноста дека водата во селото е санитарно неисправна за пиење. Оваа констатација, посочуваат во нивното соопштение, е потврдена со Извештај од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој утврдил дека водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Микробиолошката анализа ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека билатералните протоколи со Бугарија не се дел од Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, со што го потврди ставот што претходно го изнесе лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Муцунски рече дека во Преговарачката рамка нема ниту експлицитна ниту имплицитна одредба што го утврдува моментот на влегување во сила на уставните измени. Според него, од правна и номотехничка гледна ...
СДСМ обвини дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за спорт Борко Ристовски системски го запоставуваат македонскиот спорт, оценувајќи дека со последниот ребаланс на Буџетот дополнително е намалена финансиската поддршка за спортските субјекти. На прес-конференција, Панче Милевски-Панта од СДСМ изјави дека во ребалансот не се предвидени дополнителни средства за субвенции за спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти, ...
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време ...
Владата земала заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ), објави порталот СДК.мк Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17-ти ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се врати до 30.11.2026 година. Ден откако ја донела Владата одлуката, Јавното претпријатие за државни патишта испратило до М-НАВ за одобрување краткорочна ...
Две големи пратки запленети во Либерија и Италија уште еднаш ја истакнаа можната вмешаност на Србија во трговијата со кокаин. Во најголемата заплена во историјата на Либерија, вредна 370 милиони долари, уапсен е српски државјанин, додека во италијанското пристаниште Вадо Лигуре, меѓу 770 килограми кокаин, дел од товарот бил обележан со српско знаме. Дали постои некаква тајна врска помеѓу запленетиот товар и Србија? Шестотини и педесет пакети ...
САД воведоа нови царини од 10 и 12,5 отсто за увозот од 60 трговски партнери, меѓу кои Европската Унија, Кина, Канада, Мексико, Индија, Јапонија и Велика Британија. Бидејќи ЕУ се води како еден трговски партнер, мерките опфаќаат повеќе од 80 држави и територии. Новите давачки стапија во сила на 24 јули и опфаќаат 99,4 отсто од американскиот увоз. Со нив се заменува привремената глобална царина од 10 отсто, воведена откако Врховниот суд укина ...
Најмалку десет лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во руски напад со балистичка ракета што погоди изложба на оружје. Претседателскиот советник Сергеј „Флеш“ Бескрестнов за „Киев Индепендент“ изјави дека настанот се одржал на полигон за обука во близина на Киев, по должината на автопатот Житомир, и дека меѓу учесниците има „мртви и повредени“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна објави на социјалните мрежи дека ...
Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“ Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. ...
Беспилотно летало кое влегло во романскиот воздушен простор било соборено утрово од романски пилот со борбен авион Ф-16. Ова го изјави романскиот претседател Никусор Дан. Инцидентот се случил во округот Бузау, јавуваат извори на Digi24. Шефот на државата прецизираше дека инцидентот се случил околу 11:00 часот, а дронот бил пресретнат во ненаселена област. „Имавме беспилотно летало во воздушниот простор. Беше соборено пред неколку минути, ...
САД воведоа нови царини од 10 и 12,5 отсто за увозот од 60 трговски партнери, меѓу кои Европската Унија, Кина, Канада, Мексико, Индија, Јапонија и Велика Британија. Бидејќи ЕУ се води како еден трговски партнер, мерките опфаќаат повеќе од 80 држави и територии. Новите давачки стапија во сила на 24 јули и опфаќаат 99,4 отсто од американскиот увоз. Со нив се заменува привремената глобална царина од 10 отсто, воведена откако Врховниот суд укина ...
Собранието го избра Зулфиќар Зејнула за нов министер без ресор во Владата на Христијан Мицкоски. За неговиот избор гласаа 67 пратеници, 13 беа против, а воздржани немаше. Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците, која на 10 јули потпиша договор за политичко партнерство со ВМРО-ДПМНЕ и се приклучи кон владејачката коалиција „Твоја Македонија“. Со приклучувањето на партијата, пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ се ...
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е регистрирано во делови од западна Македонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето е забележано јужно од Дебар и југозападно од Струга. УХМР ги повика граѓаните кои престојуваат или се движат на отворено во овие подрачја да бидат внимателни. Времето во земјата е променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои наместа може да надминат 15 литри на ...
Водата во езерото „Младост“ кај Велес и натаму не треба да се користи за капење и рекреација, сè додека стручна институција не потврди дека во неа нема цијанобактерии и цијанотоксини, покажуваат објавените наоди на Центарот за јавно здравје – Велес. При санитарно-хигиенскиот увид биле забележани видливо размножување на алги, пена и густи зелено-кафени наслаги на значителен дел од крајбрежјето. Анализите на примероците од Градската плажа и ...
Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Ферет (Леж-Кап-Ферет), еден од најпознатите крајбрежни одморалишта во југозападна Франција, бидејќи стотици луѓе ја напуштија областа со бродови поради огромен пожар што се ширеше низ популарната туристичка дестинација. Софи Брокас, претставник на француската регионална влада за Жиронда, нареди последната фаза од евакуацијата рано утрово. На жителите им беше кажано да ја напуштат ...
Цената на нафтата бележи двоцифрен неделен раст по новата ескалација на Блискиот Исток и зголемените ризици за транспортот низ Црвеното Море и Ормускиот Теснец. „Брент“ во петокот кратко се тргуваше над 101 долар за барел, а потоа се повлече на 98,87 долари. И покрај дневниот пад, цената е на пат да ја заврши неделата со раст од околу 12 отсто. Американската нафта WTI се тргуваше по 90,59 долари за барел и бележеше неделен раст од околу 9,7 ...
Полицијата уапси 32-годишен жител на Кавадарци, осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ дека ќе посредува за добивање странски пасош. Според пријавата, осомничениот првично побарал 400 евра за наводното посредување. Потоа во повеќе наврати барал дополнителни суми, поради што кумановката за краток период му предала вкупно 9.000 евра. Тој продолжил да бара уште пари. По преземените мерки од ОВР Кавадарци и ...
Цената на златото се стабилизира во близина на 4.000 долари за унца, откако во претходното тргување падна за околу два отсто под притисок на посилниот долар, повисоките приноси на американските обврзници и очекувањата за ново зголемување на каматите. Златото на спот-пазарот во петокот се тргуваше по околу 4.037 долари за унца, со дневен пад од 0,2 отсто. Американските фјучерси се намалија за 0,3 отсто, на приближно 4.040 долари за унца. И ...
Акциите на „Тесла“ паднаа за 14,5 отсто по објавувањето на кварталните резултати, со што за еден трговски ден беа избришани околу 214,5 милијарди долари од пазарната капитализација на компанијата. Акцијата го заврши тргувањето во четвртокот на 319,69 долари, што претставува најголема еднодневна загуба на берзанската вредност во историјата на производителот на електрични автомобили. Важно е дека не станува збор за директна загуба на готовина ...
Наум Петрески деновиве е „јуловен“ од камерите како си поминува квалитетно слободно време, кое за него е најдобро кога е на риболов или на лов. Не е тајна дека тој е одличен риболовец и дека секој слободен миг го поминува на риболов во својата Струга. Овој пат е „фатен на дело“ покрај Црн Дрим, во целосна опрема како се фокусира на својот следен трофеј. Не е тајна дека на Наум освен ловот и риболовот, големо задоволство наоѓа и во дружбите ...
Цената на нафтата бележи двоцифрен неделен раст по новата ескалација на Блискиот Исток и зголемените ризици за транспортот низ Црвеното Море и Ормускиот Теснец. „Брент“ во петокот кратко се тргуваше над 101 долар за барел, а потоа се повлече на 98,87 долари. И покрај дневниот пад, цената е на пат да ја заврши неделата со раст од околу 12 отсто. Американската нафта WTI се тргуваше по 90,59 долари за барел и бележеше неделен раст од околу 9,7 ...
Македонија изгуби 11 позиции на најновото рангирање на Глобалниот индекс за инвестициски ризик и отпорност (Global Investment Risk and Resilience Index – GIRRI) за 2026 година, што го изработува „Henley & Partners“. Земјата годинава е рангирана на 60. место меѓу 150 држави во светот, додека претходно беше на 49. позиција. На прв поглед, пад од 11 места може да изгледа како статистичка корекција. Но, кога индексот ги оценува токму ...
Јавното признание на претставниците на ВЛЕН дека се „страшно слаби“ во Владата не е оправдување, туку доказ за целосен политички неуспех, се истакнува во соопштението на ДУИ денеска Се вели дека во време кога регионот оди напред, Северна Македонија останува сè поизолирана, додека политичката и институционалната положба на Албанците се деградира од ден на ден. Според ДУИ, застапеноста на Албанците во институциите се намалува, албанскиот јазик ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион засега да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност и им даде рок на Македонија и Албанија до 2031 година да го спроведат Стратегискиот план за рехабилитација. Одлуката беше донесена на 48. сесија на Комитетот во Бусан, Јужна Кореја. Новиот рок не значи дека ризиците се отстранети. УНЕСКО оценува дека вкупниот напредок во справувањето со влошувањето на ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион засега да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност и им даде рок на Македонија и Албанија до 2031 година да го спроведат Стратегискиот план за рехабилитација. Одлуката беше донесена на 48. сесија на Комитетот во Бусан, Јужна Кореја. Новиот рок не значи дека ризиците се отстранети. УНЕСКО оценува дека вкупниот напредок во справувањето со влошувањето на ...
Опозициската СДСМ обвини дека последиците од загадената вода во Гостивар, покрај граѓаните, сега ги трпат и приватните бизниси, откако Агенцијата за храна и ветеринарство изрече 30 казни и 12 забрани за работа по засилените инспекциски контроли. Според партијата, поради ограничувањата и затворањата со кои се соочуваат дел од угостителските објекти, продавниците и производителите, штетата се префрла врз стопанството, иако, како што наведува ...
Европската централна банка презентираше десет финални дизајни за идните евро банкноти и започна јавна консултација за да им овозможи на граѓаните да го кажат своето мислење за новиот изглед на банкнотите. Анкетата е отворена до 21 септември, а конечната одлука се очекува до крајот на годината. Можете да гласате тука. Предлозите се поделени во две теми: „Европска култура“ и „Реки и птици“. ЕЦБ вели дека предлозите се резултат на натпревар низ ...