Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Англискиот клуб Арсенал не штеди пари за да го купи Хулијан Алварез. Според информациите од англиските медиуми, Арсенал е подготвен да понуди околу 100 милиони евра и Виктор Ѓокереш во замена за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, пренесува шпанскиот „АС“. Лондонскиот клуб сака да го ангажира 26-годишниот аргентински репрезентативец, а шведскиот голгетер би бил вклучен во договорот за да се убеди Атлетико да ја прифати понудата. ...
Вчера од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско, информираат од МВР. „При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ „На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема ...
Градот Скопје, под водство на Орце Ѓорѓиевски, има јасно поставени приоритети, а тоа се вештачка интелигенција што изработува билборди со грешки и дрон што од воздух бара пена во реката, реагираат утрово од СДСМ. СДСМ, се осврнува и на последната јавна набавка на 150 автобуси. „А во меѓувреме – Орбанови автобуси платени за 8.000 евра повеќе од пазарната цена. Или за 1.2 милиони евра повеќе од последниот тендер кој пропадна. Додека во шест ...
Црногорската влада брои дури 34 члена во држава со околу 600.000 жители, со што по бројност ги надминува владите на значително поголеми европски земји, како Франција и Италија. Гломазниот владин состав беше повод за остра реакција на лидерот на Граѓанското движење УРА и поранешен премиер Дритан Абазовиќ, кој ги обвини функционерите на власта дека се ненаситни за позиции и привилегии. „Што е ова, луѓе? Кои се овие луѓе? Дали се најадоа и ...
Бројката од 307 блокирани веб-страници важеше во јануари. До крајот на јуни државата соопшти дека листата пораснала на 358, но блокирањето на пристапот не значи и автоматско враќање на депозитите и добивките. Македонија до крајот на јуни блокирала пристап до 358 нелегални веб-страници за онлајн коцкање. Бројката од 307, објавена во јануари, повеќе не е актуелна. Блокирањето го спроведуваат телекомуникациските оператори по налог на ...
Регионалната канцеларија на СЗО за Европа во Копенхаген соопшти дека бројот на случаи на вирусот Западен Нил што се пренесува преку комарци се зголемил во последните недели, особено во Грција и Италија, бидејќи сезоната на болести штотуку започнува. Според СЗО, само минатата недела во Грција се потврдени 14 случаи . Со ова, вкупниот број на случаи од почетокот на годината се искачи на 21. Тринаесет од заразените се уште се во болница, а ...
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека од денеска, американските царини за српска стока, кои изнесуваа 35 проценти од август минатата година, ќе бидат нула проценти. „Добрата вест е дека царините за Србија се нула проценти. Во одреден период, секако, во иднина ќе бидат помеѓу 10 и 12 проценти, но засега и за некое време, додека нашите разговори продолжуваат, ќе бидат нула проценти“, рече Вучиќ во гостувањето на РТС. Тој истакна дека тоа ...
По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните ...
Силни бури со пороен дожд, град, грмежи и ветер ја зафатија Грција, предизвикувајќи поплавени улици, паднати дрвја и материјална штета во повеќе региони. Над морето меѓу Ситонија и Света Гора биле забележани три водени пијавици. Туристите и капачите ги напуштале плажите во Халкидики, но според грчката државна телевизија ЕРТ, морските вртлози не предизвикале штета. Во Фтиотида силниот ветер откорнал покрив во Макракоми, додека обилните врнежи ...
Со векови, научниците и ентузијастите дебатираат каде навистина патувал Одисеј за време на неговото легендарно патување назад кон Итака. Меѓу најинтригантните теории е идејата дека херојот се осмелил да се осмели подалеку од Медитеранот, да го премине Атлантскиот Океан и да стигне до бреговите на она што сега е познато како Америка. Но, кои докази ја поддржуваат оваа извонредна тврдење и дали навистина се совпаѓа со описите на Хомер во ...
Иако пазарот на нафта досега покажа исклучителна отпорност, таа стабилност се соочува со својот најголем предизвик од почетокот на војната со Иран. Енергетската индустрија успеа да ги амортизира нарушувањата и да ги заштити потрошувачите од големи зголемувања на цените. Иако цените на суровата нафта пораснаа за време на конфликтот, тие никогаш не го надминаа нивото од 128 долари за барел во 2022 година, а камоли рекордните 146 долари во 2008 ...
По свежото и нестабилно време, за време на викендот во Македонија следува стабилизација. Сабота, 25 јули, ќе биде претежно сончева и пријатна, додека во недела, 26 јули, температурите значително ќе пораснат. Во сабота утринските температури во повеќе градови ќе се спуштат под 10 степени, а дневните главно ќе се движат од 20 до 30 степени. Во недела ќе биде сончево и многу потопло, со температури над 30 степени во најголем дел од земјата. ...
Познатата германска компанија оди во стечај по повеќегодишната борба со долговите, послабата побарувачка и губењето на клучен клиент. „Варта“, чии батерии со децении беа дел од речиси секое домаќинство, поднесе четири барања за отворање стечајна постапка со самостојно управување пред судот во Штутгарт. Постапката не значи дека производството веднаш запира или дека батериите „Варта“ ќе исчезнат од продавниците. Компанијата соопшти дека ...
Еболата се шири рекордно брзо во Демократска Република Конго, каде што бројот на потврдени случаи достигна 2.905, а починаа 1.269 луѓе. Најновите бројки се објавени по усогласување на податоците од двете најпогодени провинции, Итури и Северен Киву. Зголемувањето за повеќе од 300 случаи не значи дека сите инфекции се појавиле во еден ден. Дел од нив биле откриени при дополнителната проверка на претходно собраните податоци. Сепак, темпото со ...
Бројот на пациенти во Гостивар опаѓа, но и натаму останува висок, 117 граѓани во текот на еден ден побарале лекарска помош поради температура, дијареја, повраќање и општа слабост. Намалувањето покажува дека бранот на цревни инфекции постепено попушта, но здравствената криза сè уште не е завршена. Од вкупниот број пациенти, 82 биле прегледани на Инфективното одделение во гостиварската болница, 33 на Педијатрија, а двајца во Ургентниот центар. ...
„Фолксваген“ се соочува со нов бран на штедење откако нето-добивката во вториот квартал паднала за 32,9 проценти – од 2,29 на 1,54 милијарди евра. Раководството истовремено разгледува дополнително намалување на работната сила за до 50.000 позиции во светот, но конечна одлука сè уште не е донесена. Германската автомобилска групација е притисната од слабата продажба, високите трошоци, трговските ограничувања и сè посилната конкуренција од ...
Најдобрите филмови во 2026 досега носат неочекуван победник, неколку големи авторски изненадувања и едно разочарување за обожавателите на Кристофер Нолан. Euronews објави ранг-листа од 20 филмови што од јануари биле прикажани во европските кина или објавени на стриминг-платформите. Иако „The Odyssey“ беше еден од најочекуваните филмови на годината, продукцијата на Нолан заврши на 12. место. На врвот е „Hen“, необична црна комедија и ...
Бројот на пациенти во Гостивар опаѓа, но и натаму останува висок, 117 граѓани во текот на еден ден побарале лекарска помош поради температура, дијареја, повраќање и општа слабост. Намалувањето покажува дека бранот на цревни инфекции постепено попушта, но здравствената криза сè уште не е завршена. Од вкупниот број пациенти, 82 биле прегледани на Инфективното одделение во гостиварската болница, 33 на Педијатрија, а двајца во Ургентниот центар. ...
Времето во Халкидики викендов ќе се стабилизира по силните дождови, грмежи и налети на ветер што денеска ја зафатија северна Грција. Попладнево во делови од полуостровот сè уште има слаб дожд и температура околу 22 степени, но прогнозите најавуваат постепено смирување во текот на ноќта. Халкидики е под портокалово предупредување за силни врнежи и грмежи до полноќ. Грчката метеоролошка служба предупредува дека локално може да наврнат меѓу 30 и ...
Каде би се преселиле Европејците доколку одлучат да започнат живот во друга земја? Шпанија се издвојува како најпосакувана дестинација, додека само еден од десет испитаници во Франција, Германија, Италија и Велика Британија целосно ја исклучува можноста да се пресели во странство. Истражувањето опфатило 2.000 полнолетни лица, по 500 од секоја земја. Речиси половина од анкетираните очекуваат во некој период од животот да живеат надвор од ...
Во Охрид има 4.847 дивоградби, ниту едно од 456-те извршни решенија за уривање не е спроведено, а министерот Тимчо Муцунски сега вели дека бесправните објекти треба да се отстранат „на законски начин“. Изјавата доаѓа откако УНЕСКО реши Охридскиот Регион засега да не го впише на Листата на светско наследство во опасност и им остави дополнителен рок на државните и локалните власти. Муцунски оцени дека одлуката претставува значаен дипломатски ...
Снег во јули на Шар Планина – глетка што малкумина ја очекуваа среде лето. На 24 јули, на највисоките делови над Попова Шапка, беа забележани снежни врнежи и побелени планински предели. Фотографии и видеа од необичната појава брзо се проширија на социјалните мрежи. Метеорологот Славчо Попоски објави дека снегот паднал во повисоките делови на Шар Планина, каде температурите нагло се спуштиле по продорот на студен воздух. Снегот во втората ...
Грција ја прими својата прва уплата во рамките на новата програма за финансирање на одбраната на Европската Унија – Безбедносна акција за Европа (SAFE), при што Европската комисија исплати 118,2 милиони евра за поддршка на воената модернизација и стратешките инвестиции во одбраната. Уплатата, извршена на 23 јули, претставува 15% претходно финансирање од вкупната алокација на Грција од 787,7 милиони евра во рамките на инструментот SAFE, кој ...
Бела пена во Вардар се појави попладнево кај вливот на Лепенец во Скопје, а инспекциските служби земаат примероци за да утврдат каква материја се влеала во реката и од каде потекнува. Составот на пената засега не е познат, поради што институциите не соопштуваат што точно го предизвикало загадувањето. Големи наноси од бела пенлива материја прво биле забележани во Лепенец, по што продолжиле да се движат директно во Вардар. На терен излегле ...
Во Охрид има 4.847 дивоградби, ниту едно од 456-те извршни решенија за уривање не е спроведено, а министерот Тимчо Муцунски сега вели дека бесправните објекти треба да се отстранат „на законски начин“. Изјавата доаѓа откако УНЕСКО реши Охридскиот Регион засега да не го впише на Листата на светско наследство во опасност и им остави дополнителен рок на државните и локалните власти. Муцунски оцени дека одлуката претставува значаен дипломатски ...
Десет лица загинаа, а околу 100 се повредени во руски балистички напад врз приватен полигон во Киевската Област, каде се одржувал настан со претставници на украинската одбранбена индустрија. Бројот на жртвите сè уште се потврдува. Нападот бил извршен во текот на денот. Според украинските воздушни сили, Русија истрелала три балистички ракети, од кои една била пресретната, додека две погодиле цели во Киевската Област. Украинското обвинителство ...
Бела пена во Вардар се појави попладнево кај вливот на Лепенец во Скопје, а инспекциските служби земаат примероци за да утврдат каква материја се влеала во реката и од каде потекнува. Составот на пената засега не е познат, поради што институциите не соопштуваат што точно го предизвикало загадувањето. Големи наноси од бела пенлива материја прво биле забележани во Лепенец, по што продолжиле да се движат директно во Вардар. На терен излегле ...
Владата земала заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ), објави порталот СДК.мк Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17-ти ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се врати до 30.11.2026 година. Ден откако ја донела Владата одлуката, Јавното претпријатие за државни патишта испратило до М-НАВ за одобрување краткорочна ...
Во Гостивар може да се појави жолтица во следниот период како задоцнета последица од загадувањето на водата, предупреди Комисијата за заразни болести. Засега нема потврдени случаи на хепатит А или хепатит Е, но здравствениот систем е ставен во готовност поради можноста симптомите да се појават неколку недели по изложувањето. За десет дена лекарска помош поради дијареа, повраќање и други стомачни тегоби побарале околу 3.850 жители. Бројот на ...