Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
На 29 март, гувернерот на Петерсбуршката област, Александар Дрозденко, пријави „штети“ во пристаништето Уст-Луга за време на напад со украински беспилотни летала, додека Киев продолжува да го таргетира северозападниот руски регион лоциран покрај Балтичкото Море. Дрозденко не го прецизираше обемот на штетата во пристаништето, наведувајќи дека спасувачите работат на гаснење на пожарот околу 7 часот наутро по локално време. Во текот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека ќе чека децении за да ги постигне сопствените цели. Неговата влада „нема да прави уставни измени што директно влијаат на македонскиот идентитет“. Во врска со јасниот став на Европската Унија, која инсистира на вклучување на Бугарите во Уставот како услов за започнување преговори за членство, премиерот го рече следново: Нема да преземам таква политичка авантура по секоја цена. „Можеме да ...
Израелската полиција го спречи католичкиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала, да влезе во Црквата на Светиот Гроб за да го прослави Цветници, соопшти Католичката патријаршија во Израел. Чуварот на Светата земја, Франческо Јелпо, исто така беше запрен со него и двајцата беа принудени да се вратат, иако не учествуваа во поворка или официјална церемонија. „За прв пат по векови, црковните водачи беа спречени да ја прослават ...
Полицијата го расчисти убиството на педесет и шестгодишен ловочувар во близина на Виница, за кое е осомничен осумдесетгодишен државјанин на Грција. Настанот, кој се случил за време на комерцијален лов, резултираше со приведување на четири лица и заплена на поголемо количество оружје и муниција. На 28 март 2026 година, Итната медицинска помош пријавила до ОВР Виница дека во близина на градските гробишта во Виница е пронајдено безживотно тело ...
Организаторите од локалното движење, предводено од прогресивната група „Неразделно“, објавија повеќе од 3.200 планирани настани во сите 50 американски држави Илјадници собири „Без кралеви“ против претседателот Доналд Трамп се одржаа во саботата низ САД и во бројни европски градови, додека демонстрантите изразија противење на она што го нарекоа негова авторитарна политика, агресивно спроведување на имиграциските закони и вмешаноста на САД во ...
Иран објави фотографии од уништениот американски авион E-3 Sentry AWACS кој беше погоден во ирански ракетен и беспилотен напад врз воздухопловната база Принц Султан на 27 март. Во нападот беа ранети повеќе од десет американски војници, од кои двајца сериозно, а оштетени беа и авиони за полнење гориво во воздух, пишува Defense Industry Europe. Веста ја објавија WSJ и Fox News. Портпаролот на Централната команда на САД одби да коментира за ...
Папата Лав XIV денес во Рим изјави дека војната не може да се оправда со повикување на Бога. Денес, на празникот на Цветници, Папата одржа молитва и проповед пред десетици илјади луѓе на плоштадот „Свети Петар“. Прославата започна со поворка на највисоките свештеници и верници со маслинови гранчиња – симбол на мирот. Според христијанската доктрина, празникот на палмите го означува триумфалното влегување на Исус во Ерусалим пред неговото ...
Европската Унија нема намера да ја менува преговарачката рамка за Северна Македонија, а напредокот на земјата кон членство останува директно поврзан со спроведувањето на уставните измени, порача францускиот амбасадор во земјава, Ле Риголер во интервју на Радио слободна Европа на македонски јазик. Според неговата изјава, и покрај тоа што не постојат цврсти гаранции за конечен датум за членство, патот кон Европската Унија е јасно дефиниран и ...
Дваесет и двајца мигранти загинаа покрај брегот на Грција по шест дена поминати на море во надувувачки чамец, изјавија преживеани на грчката крајбрежна стража. Грчките власти биле предупредени за брод на 52 наутички милји јужно од Иерапетра напладне на 26 март, објави Катимерини. Брод на Фронтекс го пронашол чамецот и спасил 24 мажи, една жена и еден малолетник, префрлајќи ги во пристаништето Калој Лименес пред да бидат однесени во Хераклион. ...
Градски суд на Софија ја остави во притвор 39-годишната жена која избоде четири лица во Софија. Пред да влезе во судницата, напаѓачката изјави дека „не ги сака Германците“. Жената е обвинета за обид за убиство, а обвинителството бара притвор. Обвинетата побара од судот да земе предвид дека „таа е совесен граѓанин и дека ова кривично дело е извршено во интерес на општеството“. На 26 март, 39-годишната жена нападнала две лица во областа на ...
Во тишината на болничките ходници, далеку од секојдневниот метеж, се водат најтешките битки – оние за живот. За десетици пациенти во Македонија, надежта не доаѓа од нов лек или терапија, туку од одлуката на друг човек да дарува орган. Органодарителството, иако медицински напредна и етички силна практика, сè уште се соочува со недоверба, страв и недоволна информираност во македонското општество. Секоја трансплантација значи нов почеток. Зад ...
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари медиумски работници реагираат на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации се очекува „да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање“. Реакцијата на обвинителството следува откако ...
Комисијата за култура на СДСМ изразува сериозна загриженост за состојбите во Центарот за култура и Театар Куманово, каде во изминатиот период се случуваат алармантни и недозволиви процеси кои директно го загрозуваат нормалното функционирање на институцијата, се вели во објвата на социјалните мрежи. За првпат во 45-годишното постоење на оваа културна установа, се посочува во текстот, откажан е веќе договорен настан – не поради виша сила, туку ...
Денес во Србија се одржуваат редовни локални избори за советници во неколку градови и општини, вклучувајќи ги Бор, Смедеревска Паланка, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац и Мајданпек, како и во градската општина Севојно. Гласачките места се отвораат во 7:00 часот наутро и ќе бидат достапни до 20:00 часот. Почетокот на изборниот ден беше обележан со сериозни инциденти и физички судири. Атмосфера како „воено време“ ...
Управата за јавни приходи идентификуваше илјадници деловни субјекти кои работат без фискални апарати, најавувајќи засилени теренски контроли и санкции. Оваа иницијатива цели кон сузбивање на неформалната економија, заштита на легалните бизниси и зголемување на буџетските приходи преку задолжителна фискализација на готовинските плаќања во клучните услужни сектори. Според најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП), во Македонија е ...
Македонската фудбалска репрезентација вчера беше поразем со 4:0 од Данска во бараж натпреварот на пласман на Светското фудбалско првенство. Светла точка на натпреварот беше нашиот голман Столе Димитриевски, кој се покажа како најборбен на теренот и спречи и поголем дебакл во натпреварот со Данска. Во првиот дел Македонија главно се бранеше, додека домаќините доминираа. Сепак, благодарение на неколку сигурни интервенции на Столе Димитриевски, ...
Американскиот весник „Вашингтон пост“ објавува, повикувајќи се на официјални лица, дека Пентагон се подготвува за неколкунеделни копнени операции во Иран и дека останува неизвесно дали претседателот Доналд Трамп ќе одобри планови за распоредување на копнени трупи. Како што објавува весникот, американските планови укажуваат дека ваквите копнени операции нема да претставуваат инвазија на Иран, туку ќе вклучуваат упади на сили за специјални ...
Во врска со јавно изнесените тврдења на компанијата Титан Усје дека работи „согласно европската регулатива“ и „според стандарди идентични со оние во Европската унија“, „Стоп за Усје“ ја информира јавноста дека овие наводи не се поткрепени со реалните технички параметри и практики што важат во современата европска цементна индустрија. Според граѓанската иницијатива, анализата базирана на официјални BAT (Best Available Techniques) стандарди на ...
Скандалозно и недозволиво, веќе две недели на Клиниката за Онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак, оцени денеска Рената Младеновска, Членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Недостасуваат основни онколошки терапии како: Фезго, Палбоциклиб, Рибоциклиб и други неопходни лекови без кои третманот не може да продолжи. Неизвесност, страв и агонија за луѓето кои секој ден се борат за својот живот“, истакна Младеновска. Таа вели дека ...
Економијата на Албанија порасна за 3,79% во 2025 година, а градежниот сектор е главен двигател на растот, според податоците на INSTAT. Во четвртиот квартал, бруто домашниот производ се зголеми за 3,80%, при што нето даноците на производите најмногу придонесоа за растот. Градежништвото порасна за 7,36%, додека секторот за јавна администрација, образование и здравство забележа уште посилен раст од 8,30%. Позитивни движења беа забележани и во ...
Денеска граѓаните на Србија излегуваат на делумни локални избори во 10 општини: Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедерево Паланка. Иако нашироко се сметаат за сеизмограф на политичките превирања во земјата, денешните локални избори треба да дадат недвосмислен одговор само на едно прашање – кој ќе ги води локалните самоуправи во еден град и девет општини во следните четири години. Ова не ...
Еден од клучните столбови во програмата „Твоја држава – твоја шанса“ што ја презентираше претседателот на СДСМ Венко Филипче е „Дом за сите“, кој предвидува конкретни мерки за олеснување на пристапот до домување, особено за младите. За младите се предвидува целосно укинување данокот на промет за сите до 35 години кои го купуваат својот прв стан. Државата гарантира станбен кредит за млади до 35 години со фиксна камата од само 1% во првите 10 ...
Битола е колатерална штета на бизнисите на ВМРО-ОКГ и Мицкоски, порачува СДСМ денеска и бара истрага за случајот со труење во РЕК. Во соопштението, што го пренесуваме целосно, се вели Битола е на колена. Градот е со крш и издупчени улици, цела зима поплавуван, а депонии никнуваат на секој агол. Битола тоне во проблеми, во време кога семејствата едвај се справуваат со секојдневните трошоци, наместо подршка и разбирање, локалната власт и ...
Децении наназад, максимата дека „сексот продава“ беше еден од најцврстите столбови на рекламната индустрија. Од билборди до телевизиски спотови, сексуализираните пораки се користеа како брз пат до внимание, особено во индустрии како модата, автомобилите и алкохолните пијалаци. Логиката беше едноставна: провокацијата привлекува поглед, а погледот создава интерес. Но во 2026 година, таа формула веќе не функционира со истата сигурност. Публиката ...
Иран се закани дека ќе го попречи превозот во теснецот Баб ел-Мандеб во Аденскиот Залив, стратешки воден пат што ја поврзува Азија со Црвеното Море и Суецкиот Канал. Се чини дека таа закана се материјализира со интервенцијата на јеменските Хути, сојузници на Техеран, кои во саботата ја презедоа одговорноста за нивниот прв напад врз Израел од почетокот на војната. „Зголемената несигурност во другите теснеци, почнувајќи од Баб ел-Мандеб, е една ...
25-годишната српска студентка Милица З. беше пронајдена мртва во четврток вечерта на плоштадот пред Филозофскиот факултет во Белград, во центарот на градот. Таа студирала историја на уметност. Според првичните извештаи, таа паднала од петтиот кат од зградата. Началникот на полициската станица Стари Град, Раденко Решановиќ, известил дека кратко претходно биле активирани пиротехнички направи, а на местото на настанот биле пронајдени и такви. ...
Денеска почнува реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Станува збор за прва поголема реконструкција на аеродромот откако е изграден во 1952 година, откако последните помали интервенции беа направени со модернизацијата во 2011 година. Според надлежните, реконструкцијата треба да овозможи подобрување на условите и зголемување на бројот на летови и патници. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски претходно ...
Стотици израелски демонстранти се собраа во Тел Авив и во неколку други градови за да го изразат своето незадоволство од војната на Блискиот Исток, објави АФП. Демонстрациите беа неовластени, а безбедносните сили се обидоа да ги растераат. Серијата неделни протести против израелската и американската воена акција против Иран започна на 28 февруари, првично привлекувајќи само неколку десетици учесници. Бројот на демонстранти сега расте, иако сè ...
Членот на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања во претходниот состав, историчарот Патер Тодоров, вели дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во ТопТема на Телма телевизија манипулираал за работата на Комисијата за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. „Клеветите за предавства, дека не биле штитени националните интереси, искажани додека беше во опозиција и во септември 2024 година ...
Во нашата редакција денеска дојде Јана Коцевска, коавторка на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на деветнаесетиот и во првата половина на дваесетиот век”. Јас ќе ги кажам авторите Петар Тодоров, Јана Трајковска, Дарко Лаитнер Стојанов и Јана Коцевска која е денеска тука во нашата редакција. Коцевска вели дека историјата не е само тоа што го диктира државата како машка, патријархална меморија. Во таквата историја ...