Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Живееме во време кога телефоните, таблетите и компјутерите ни нудат информации за секунда. Но, иако денес се е достапно на екрани, луѓето сепак избираат печатена книга! Причината е едноставна, печатената книга има сила што ниедна дигитална замена не може да ни ја даде. Истражувањата покажуваат дека читањето од хартија го подобрува помнењето и концентрацијата. Кога држиме книга во раце, мозокот полесно ги поврзува информациите, бидејќи сме ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено, бараат од СДСМ, додавајќи дека тоа е барање на граѓаните. „Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека ...
Наредбата за запирање на работата на Коридорот 8, како и плановите за целосно блокирање на овој проект и неговото пренасочување, ја даде претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ја спроведе Владата на Христијан Мицкоски, во првите 6 месеци од доаѓањето на власт, велат во соопштение за јавноста од Алијанса за Албанците на Зијадин села „Ова не го кажуваме ние, туку министерот за транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, лично го ...
Слики од тројца познати француски уметници Пјер-Огист Реноар, Пол Сезан и Анри Матис вредни милиони се украдени во грабеж во музеј во близина на италијанскиот град Парма, соопшти полицијата. Четири маскирани мажи влегле во вилата на Фондацијата Мањани Рока на 22 март, соопшти полицијата, и ги зеле „Риби“ од Реноар, „Мртва природа со цреши“ од Пол Сезан и „Одалиска на терасата“ од Матис. Бандата влегувала и излегувала во рок од три минути, ...
Мисијата „Артемис“ на НАСА влегува во својата највозбудлива и најкритична фаза, означувајќи го враќањето на човекот кон Месечината по повеќе од половина век, но овој пат со амбиција која оди многу подалеку од симболика – создавање трајно човечко присуство и подготовка за патување до Марс. На 1 април, екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА составен од: астронаутите Кристина Кох, Рид Вајсман, Виктор Гловер и астронаутот на Канадската ...
Атина веќе го пушти во оперативна примена системот за дигитален надзор во сообраќајот, а првите бројки покажуваат колку брзо може да стигне казната кога контролата ја преземаат „паметни“ камери. Во првите два дена од стартот на системот, во областа Атика биле изречени 130 административни казни, кои почнале да им пристигнуваат на граѓаните по електронски пат. Системот официјално почнал со оперативна работа во саботата, на 28 март, и е поврзан ...
Граѓани на селото Ореовец и Прилеп тврдат дека „Бехтел и Енка“ детонирале пет тони експлозив, иако дозволената количина изнесувала 150 килограми и дека ваквите активности веќе предизвикале штети, тврдејќи дека се оштетени повеќе од 70 куќи во селото, како и локалната црква. Граѓаните, кои се организираар во протест порачаа дека „Бехтел и Енка е над законот во оваа држава“, реагирајќи и на обидите, како што тврдат, да им се ограничи движењето ...
Вечерва се играат финалните плејоф мечеви за пласман на Светското првентство во фудбал кое ќе се одржи летово во САД, Канада и Мексико. Во Тузла БиХ ќе ја пречека репрезентацијата на Италија, Косово дома ќе игра против Турција, Чешка ја пречекува Данска која нас не елиминираше во полуфиналето, а во последниот дуел ќе играат Шведска и Полска. Сите натпревари почнуваат во 20.45 часот а победниците ќе го комплетираат спсиокот на европските ...
Новинарите на „Еуроњуз“ во Дубаи известуваат дека најмалку пет големи експлозии го потресоа градот во вторник наутро во ирански ракетен и беспилотен напад врз градот. Пристигнуваат извештаи за жители кои брзаат кон подземни засолништа бидејќи експлозиите се чини дека се различни од пресретнувањата на воздушната одбрана или звучните бумови, или од сите претходни ирански напади врз Дубаи. Сликите од Дубаи утрово се чини дека покажуваат чад како ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната против Иран постигнала повеќе од половина од своите цели, без да прецизира кога би можела да заврши. Во интервју за конзервативната американска телевизиска мрежа Newsmax, тој го опиша напредокот како „дефинитивно повеќе од половина“, но одби да даде прецизен временски рок. Изјавата доаѓа во време на тековните воени дејствија меѓу Израел и Иран и зголемените тензии на Блискиот Исток ...
За два-три дена во Македонија, на големо одушевување на „рајата“ почнува новата ера на владеење на правото по образец на ВМРО-ДПМНЕ, осилена по светската десничарска популистичка хистерија на уривање на столбот на правдата со силна ерозија на демократијата. Ерол РИЗАОВ* Премиерот Христијан Мицкоски многу му ја олесни работата на новиот јавен обвинител Ненад Савески. Јавно, како што му доликува на еден царски властодржец, му кажа што и како ...
Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката. Ова се истакнува во соопштението на СДСМ утрово кое во продолжение го ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил со „поголемиот дел“ од списокот од 15 барања што САД ги доставиле преку Пакистан за да се стави крај на војната. На прашањето дали Иран одговорил на тие точки, претседателот им рече на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“: „Тие одговорија позитивно на повеќето точки. А зошто не би одговориле?“ „Тие се согласуваат со нас за планот. Побаравме 15 работи, а во најголем дел ќе побараме уште ...
Сегашната влада во Северна Македонија на ВМРО-ДПМНЕ е создадена со поддршка на европската политичка елита, која е скептична кон ЕУ и се гледа себеси како канал за руско влијание во Унијата. Оваа поддршка нема за цел, напротив, го ослабува и релативизира Балканот. Ова го напиша поранешниот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на социјалните мрежи на албански и англиски јазик. „Постојат три главни причини кои ...
По победата над Словачка, интересот на навивачите за натпреварот против Турција, кој ќе одлучи дали Косово ќе оди на Светското првенство, значително се зголеми, па билетите на црниот пазар достигнуваат 600 евра, пишуваат косовските медиуми. По триумфот на косовските фудбалери во Братислава, огромни се очекувањара и од натпреварот против Турција, кој ќе се игра во вторник, 31 март, во Приштина. Доколку победи, репрезентацијата на Косово оди на ...
МВР извести дека денеска, 31.03.2026, во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден ...
На социјалните мрежи се појави видео на кое се снимена мечка на паркинг во Ростуше. Камионот за собирање смет сугерира дека станува збор за место каде што мечката проценила дека има храна, ако се знае дека сме во сезоната кога тие се будат од зимскиот сон и тргнуваат во потрага по храна. На видеото се гледаат вознемирени селски кучиња кои почнуваат да лаат и напаѓаат, по што таа се повлекла. Од видеото што го снимиле мештаните се гледа дека ...
Веќе некое време на улиците во Скопје и на патиштата низ Македонија патролираат возилата на МВР со вграден радар од „Безбеден град“. Овие специјализирани возила за мобилно мерење на брзината се опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци. Овие возила ќе патролираат низ државата во рамки на проектот „Безбеден град“ (Safe City)и ќе регистрираат возила кои се ...
Вознемирувачки сцени се случија на фудбалски натпревар во Прилеп, коха младиот капитен на ФК Победа Кристи Крајоски колабираше на теренот за време на играта. Инцидентот се случил во второто полувреме од натпреварот, кога 19-годишниот фудбалер ненадејно загубил свест и паднал на тревникот, што предизвика паника меѓу играчите и присутните. Веднаш реагирале медицинските екипи на двата тима, кои интервенирале на теренот сè додека играчот не бил ...
Во областа Папук, најголемата планина во Славонија, на истокот од Хрватска, паднаа големи количини снег, а фактот дека толку многу наврна само за еден ден е особено загрижувачки, соопшти општина Чачинци. На самиот врв, висината на снегот надминува 70 сантиметри, додека на некои места снежните наноси достигнуваат над 150 сантиметри, поради што некои возила се целосно затрупани и речиси невидливи, објавува Index.hr. Поради овие услови и ...
Реакцијата на Ристоска, дека обвинителите се оставени сами да се справуваат со центрите на моќ, не е лична фрустрација. Таа е аларм. Аларм дека механизмите за заштита на независноста се сведени на форма, без суштина. Зоран БОЈАРОВСКИ Во секое општество што претендира да биде демократско, постои една линија што не смее да се премине. Таа не е формално испишана во законите, но е суштинска за нивното функционирање: линијата меѓу политичката моќ ...
Цената на главниот американски референтен ценовник за нафта се зголеми за повеќе од 3% во понеделник, повторно надминувајќи 100 долари за барел, додека цената на барел сурова нафта од типот Брент се искачи над 115 долари, без да се гледа крајот на војната на Блискиот Исток. Цената на барел Западен Тексас Интермедијар (WTI), американскиот референтен ценовник, за испорака во мај, се зголеми за 3,50% на 103,13 долари само неколку минути по ...
Разрешување на директорката на Лајка стана нов политички и јавен тест за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, откако Град Скопје ја разреши Радмила Пешева, а Анима Мунди обвини дека одлуката била соопштена преку телефонски повик, без претходен состанок, образложение и институционална комуникација. Ова се случува само неколку недели по пораките на Ѓорѓиевски дека „Лајка“ влегува во фаза на хумано, одговорно и системско решавање на проблемот со ...
Административната служба во обвинителствата доби конкретен исчекор што со години го чекаше: првпат е потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство, со што правата на јавнообвинителската служба формално се уредуваат на посебно ниво, а е најавено и етапно зголемување на платите почнувајќи со мартовската плата за 2026 година. Договорот го потпишаа државниот јавен обвинител Ненад Савески, УПОЗ и синдикалната ...
Вучиќ и Милановиќ влегоа во нов дипломатски судир на 30 март, кога хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го откажа мајскиот самит на Процесот Брдо-Бриони во Хрватска со образложение дека изјавите и постапките на српскиот претседател Александар Вучиќ во последните денови и недели се спротивни на целите на иницијативата и ја загрозуваат регионалната стабилност. Од Белград стигна брз одговор: Вучиќ рече дека ја поддржува одлуката, дека „нему ...
Во Македонија веќе не се мери само инфлацијата, туку и трпението на луѓето пред тезгите и рафтовите. Кога килограм пиперки и домати оди до 300 денари, а синдикалната кошница за едно четиричлено семејство стигнува до 67.818 денари, поскапувањето престанува да биде економски термин и станува секојдневна вознемиреност. Токму затоа сѐ почесто се слушаат и горчливи шеги дека пиперките веќе се мерат како свинско или јунешко. Владата веќе се обиде ...
Денешното рочиште во случајот против Стојанче Јовановски не го отвори само прашањето за кривичната одговорност за смртта на Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја. Го отвори и потешкото, подлабоко прашање: дали државата навреме го препознала детето како жртва, а не само како нем сведок на семејното насилство. Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето за телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување ...
Словенија за холивудската елита повеќе не се претставува како случајна туристичка препорака, туку како нова мапа на луксузот што се менува пред летото 2026. Според текстот на The Hollywood Reporter, богатите и славните сè почесто се оттурнуваат од развиканите адреси како Амалфи, Капри и Сент Бартс и бараат мир, дискреција и одмор без толпи, а токму тука Словенија влегува како европско изненадување со Алпите, Блед и гастрономската сцена што ...
Три серии на Нетфликс деновиве се најдоа во препораките на Collider, во момент кога платформата паралелно турка нов хорор, тинејџерска драма и научнофантастичен трилер. Изборот ги спојува „Something Very Bad Is Going to Happen“, третата и завршна сезона на „Heartbreak High“ и веќе затворената, но и натаму силно гледана „Alice in Borderland“, што покажува дека уредничката препорака овојпат не оди само по новитети, туку по серии што нудат јасен ...
Ќе добијат ли пациентите со ретката болест Гоше терапија, е прашањето што повторно се отвори во Скопје на 30 март, откако од здружението „Живот со предизвици“ алармираа дека тројца до четворица пациенти останале без терапија, а Министерството за здравство возврати дека нема недостиг и дека лекувањето се одвива непречено и во континуитет. Спорот не е само околу тоа дали лекот во моментот го има, туку и околу тоа дали системот навреме реагира ...