Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Денешното рочиште во случајот против Стојанче Јовановски не го отвори само прашањето за кривичната одговорност за смртта на Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја. Го отвори и потешкото, подлабоко прашање: дали државата навреме го препознала детето како жртва, а не само како нем сведок на семејното насилство. Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето за телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување ...
Словенија за холивудската елита повеќе не се претставува како случајна туристичка препорака, туку како нова мапа на луксузот што се менува пред летото 2026. Според текстот на The Hollywood Reporter, богатите и славните сè почесто се оттурнуваат од развиканите адреси како Амалфи, Капри и Сент Бартс и бараат мир, дискреција и одмор без толпи, а токму тука Словенија влегува како европско изненадување со Алпите, Блед и гастрономската сцена што ...
Три серии на Нетфликс деновиве се најдоа во препораките на Collider, во момент кога платформата паралелно турка нов хорор, тинејџерска драма и научнофантастичен трилер. Изборот ги спојува „Something Very Bad Is Going to Happen“, третата и завршна сезона на „Heartbreak High“ и веќе затворената, но и натаму силно гледана „Alice in Borderland“, што покажува дека уредничката препорака овојпат не оди само по новитети, туку по серии што нудат јасен ...
Ќе добијат ли пациентите со ретката болест Гоше терапија, е прашањето што повторно се отвори во Скопје на 30 март, откако од здружението „Живот со предизвици“ алармираа дека тројца до четворица пациенти останале без терапија, а Министерството за здравство возврати дека нема недостиг и дека лекувањето се одвива непречено и во континуитет. Спорот не е само околу тоа дали лекот во моментот го има, туку и околу тоа дали системот навреме реагира ...
Островот Харг повторно е во центарот на најопасните сценарија за нова ескалација на војната, откако американското трупање сили и изјавите на Доналд Трамп отворија шпекулации за можна операција врз клучниот ирански нафтен терминал низ кој минуваат повеќе од 90 проценти од иранските нафтени извози. Анализа пренесена од Yahoo News, а засилена и со проценки на безбедносни и енергетски експерти, укажува дека Техеран би можел да одговори по четири ...
Посетата на Орбан, според СДСМ, отвора прашања што Христијан Мицкоски ги избегнува, во момент кога, како што наведува партијата, политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа. Во соопштението се тврди дека Мицкоски останува на политики на изолација, корупција и, како што наведуваат од СДСМ, одработување за туѓи интереси. СДСМ во соопштението го опишува Орбан како симбол на политика што Европската ...
Шпанија за Велигден 2026 влегува во празничниот бран на патувања под сенка на штрајкови на аеродромите, откако од 30 март почнаа прекините на работа кај Groundforce, една од големите компании за земјено опслужување, во период кога низ шпанската мрежа на Аена се очекуваат 70.505 летови до 6 април. Станува збор за чувствителен момент, бидејќи токму деновите околу Велигден се меѓу најпрометните во шпанскиот воздушен сообраќај. Штрајкот на ...
Вучиќ во Хрватска веќе нема да може, соопшти кабинетот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој одлучи да го откаже годинешниот состанок на Процесот Брдо-Бриони, планиран за мај во Хрватска. Одлуката дојде со образложение дека политичките изјави и постапки на српскиот претседател Александар Вучиќ во последните денови и недели се спротивни на целите на иницијативата, ги нарушуваат меѓудржавните односи и го загрозуваат мирот и стабилноста ...
Владеењето на правото тоне и натаму во Унгарија, предупредува организацијата Либертис во извештајот за 2026 година, во кој земјата е издвоена како посебен случај во Европската Унија поради, како што се наведува, континуирано носење сè порестриктивни закони и политики без јасни знаци на промена. Во истиот извештај, Унгарија е вброена меѓу петте влади во ЕУ што „доследно и намерно“ го поткопуваат владеењето на правото. Извештајот е подготвен ...
Синот ја нападнал мајка си додека спиела, а животот ѝ згаснал за неколку минути, откако во Росоман 27-годишен маж со нож ѝ нанел убод во вратот на својата 54-годишна мајка. Според информациите од надлежните и медиумските извештаи, трагедијата се случила во утринските часови, а повредата била фатална и жената починала на лице место. Според лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој интервенирал на местото, кај жената бил констатиран ...
Бехтел и Енка е над законот во оваа држава, порачаа граѓани на протестот, обраќајќи се и кон полициски службеник кој сакал да им го ограничи движењето и местото на протестирање. Граѓаните тврдат дека на просторот каде што протестирале, има девет извори и дека токму од тие извори околу 30 проценти од количината на питка вода се слева кон Прилеп, кој, како што наведоа, и онака има сериозен проблем со водоснабдувањето. Во нивното обраќање, ...
Со доаѓањето на пролетта, многу луѓе чувствуваат засилени симптоми на алергии поради поленот од цвеќињата, тревите и дрвјата, што може да влијае врз нивното секојдневно здравје и благосостојба. Алергиите на полен се реакција на имуниот систем кој погрешно го третира поленот како штетен, предизвикувајќи воспаление и типични симптоми како кивање, затнат нос, солзење на очите и иритација на грлото. Експертите објаснуваат дека интензитетот на ...
Македонија од вторник влегува во повлажен период, со постепено наоблачување, а од среда и четврток дождот ќе биде почест и поизразен во повеќе делови од земјата. Најсвежо и највлажно според прогнозите ќе биде на запад и југозапад, особено во Охрид, Битола и Прилеп, додека на истокот и југоистокот ќе има нешто поблаги температури, но и таму се очекуваат врнежи. Во Скопје вторник ќе мине претежно облачно, а од среда попладне почнуваат повремени ...
Патувачите избраа најубавите европски острови за мирен одмор на недопрени плажи и во природна убавина. На оваа листа се наоѓаат Cíes Islands во Шпанија, со карипски бел песок и кристално чисто море, дел од национален парк без автомобили; Ischia во Италија, вулкански остров со термални извори и природни базени; и Elba во Италија, со мирни заливи и шармантни села. Следуваат Aegina во Грција, со антички храмови и автентична атмосфера, и Rügen во ...
Астронаути повторно одат на Месечината по повеќе од 50 години од последната мисија, како дел од новата програма за истражување на вселената, при што вниманието е насочено кон тимот што треба да ја врати човечката нога на лунарната површина. Станува збор за внимателно избрани астронаути со долгогодишно искуство, научна експертиза и подготвеност за една од најсложените мисии во современата историја. Мисијата е дел од програмата „Артемис“, која ...
„Зомби филер“, нов тренд во естетската медицина, привлекува внимание откако се откри дека некои луѓе вбризгуваат масно ткиво од починати донори за да го подобрат изгледот на телото. Станува збор за производ познат како Alloclae, кој се користи за зголемување на гради, задник или мускули, особено кај лица кои немаат доволно сопствено масно ткиво за класични процедури. Овој метод претставува алтернатива на традиционалните операции, бидејќи не ...
Марол, една од најстарите населби во Брисел, денес привлекува внимание како живо и космополитско место каде се спојуваат традицијата, уметноста и современиот градски живот. Сместена во срцето на белгиската престолнина, оваа населба е позната по својата автентичност, шарени улици и силно чувство на заедница. Марол има богата историја како работничка населба, но со текот на времето се трансформира во културен центар каде живеат уметници, ...
Судењето против Стојанче Јовановски денес влезе во суштинската фаза откако судот не го прифати неговото делумно признание на вина, а обвинителката Адела Бојчевиќ оцени дека исказот даден во судница е „чиста манипулација“ насочена кон избегнување кривична одговорност. Според неа, признание на вина по закон мора да биде доброволно, јасно и без присила, а токму тоа, како што порача, недостигало во денешниот настап на обвинетиот. Јовановски во ...
Што се случува под мразот на Гренланд станува сè појасно за научниците, кои откриваат дека длабоко под ледениот покрив се одвиваат процеси што можат значително да го забрзаат топењето и да влијаат врз глобалното ниво на морето. Истражувањата покажуваат дека не станува збор само за површинско топење, туку за сложени промени во внатрешноста на мразот. Според научните анализи, под гренландскиот мраз постојат големи количини вода што се движат и ...
Најавата на СДСМ за 4 дневна работна недела не доаѓа како изолиран политички слоган, туку како обид македонската дебата за трудот да се помести кон европските трендови што веќе сериозно се тестираат и применуваат. Во време кога сѐ повеќе млади размислуваат за заминување, а дел од тие што се во странство бараат услови за враќање, пораката на опозицијата е дека државата мора да понуди помодерен однос кон работата, времето и квалитетот на живот. ...
Угледниот сингапурски СТРЕЈТСТАЈМС по повод настапите на нашиот пијанист од светски глас со Сингапурскиот симфониски оркестар пишува дека пијанистот Симон Трпчески е прогласен за „најдоброто нешто што произлегло од Македонија по Александар Велики“. Во пролжение на својата поента, критичарот Џефри Лим поентира: „Иако Трпчески никогаш не ја нападнал Персија, тој со својот сонародник Македонец споделува едноставна смелост и талент за совладување ...
МВР информира дека вчера во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт. Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопштија од МВР. МВР информира дека вчера во ...
Најновите изборни резултати и анализи покажуваат дека Српската напредна партија (СНС) се соочува со видлив пад на поддршката во вкупно осум општини ширум Србија. Овој тренд на намалување на гласачкото тело доаѓа како изненадување за политичките аналитичари, со оглед на претходната доминација на владејачката партија во овие региони. Посебно впечатлив е податокот за една конкретна општина каде партијата освоила дури 20 отсто помалку гласови во ...
По години трошење, анекси, пролонгирања и политички свечености за патиштата што требаше да ја извадат Македонија од инфраструктурната импровизација, Струга повторно останува на раб на големо ветување без јасен крај. Премиерот Христијан Мицкоски сега отворено признава дека делницата Требениште–Струга–Ќафасан „најверојатно нема да остане во план“, повикувајќи се на ограничувањата што произлегуваат од периметарот на УНЕСКО. Тоа значи дека делот ...
Младинскиот состав на екипата на Еурофарм Пелистер, го победи данскиот тим Алборг со 24:23, и на тој начин мина во следната фаза од најјелитното младинско клипско натпреварување. Битолчани сега го чекаат победникот од дуелот помеѓу Загреб и Фуксе Берлин за пласман во завршницата на најелитното европско клупско натпреварување, односно Фајнл фор турнирот од Лигата на шампионите. Георгиев беше стрелец на 12 голови,, пет даде Симоновски, а ...
РК Вардар кој е лидер на табелата и најсериозен конкурент за нова титула одлучи влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. „На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја ...
„Христијанско братство“ во Македонија на своите јавни профили се претставува како „хуманитарно, аполитичко и патриотско здружение“, дури и како братство што има „верници, а не членови“. Но истиот јавен траг покажува нешто друго: нивниот YouTube-канал содржи видеа како „Говор избори (2020 год.)“ и „Цели на Х.Б. во Собрание на Р.М.“, што значи дека политичкото дејствување не е спореден елемент, туку дел од идентитетот што самите го градат. ...
Иранските власти и официјално ја потврдија веста за смртта на еден од клучните воени команданти на Револуционерната гарда, кој го загуби животот за време на прецизен воздушен напад во регионот. Овој настан претставува сериозен удар за воената хиерархија на Техеран, со оглед на тоа што станува збор за стратешка фигура одговорна за координација на воените операции и соработка со регионалните сојузници. Официјалните извори од Иран веќе најавија ...
Од полноќ ќе важат нови максимални цени на горивата, со пад кај бензините и без промена кај дизелот. Според одлуката на Регулаторната комисија, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 85,5 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС останува на 95,5 денари за литар. Промената стапува во сила од 31 март 2026 година во 00:01 часот. Во однос на претходната одлука, бензинот БС-95 поевтинува за 2,5 денари, бензинот БС-98 за 3 ...
Агенцијата за филм денес промовираше проект за доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно.“ Проектот се реализира во соработка со Cineplexx и предвидува бесплатни кино-проекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа – на големото платно. Секој понеделник во 18:00 часот, љубителите на седмата уметност ќе имаат можност да ...