Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Инцидент во гимназијата во Бечеј: Падна дел од таванот за време на настава, четири ученици со полесни повреди Дел од таван во училница на гимназијата во Бечеј се урна денеска за време на наставата, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот се случил во кабинетот по јазик додека учениците биле присутни, но за среќа, никој не е сериозно повреден. Настанот го потврди и директорот на училиштето, Миодраг Башариќ, кој за српскиот медиум 021.rs изјави ...
За одредена парична награда, осомничените договарале и овозможувале нелегално добивање на престојна документација, а полициските службеници, иако биле свесни за незаконитоста, ги одобриле документите со цел да стекнат лична корист. Во координирана акција спроведена утринава на 12 локации низ Скопје, Штип, граничниот премин Долно Блаце и Регионалниот центар за гранични работи Север, полициски службеници од Одделот за организиран криминал и ...
Федералната администрација за воздухопловство (FAA) соопшти дека авион од типот „Цесна 550“ се урнал во близина на аеродромот „Монтгомери-Гибс“. Мал авион се урна во населба во Сан Диего, при што запалија околу 15 куќи. Службите за итни случаи ги евакуираа луѓето од целото насилство. – Имаме керозин насекаде. Нашата главна цел е да ги пребараме сите овие домови и веднаш да ги извлечеме луѓето – рече помошникот началник на противпожарната ...
Светот на бодибилдингот е во шок откако рускиот шампион и поранешен рекордер во „пауерлифтинг“, Никита Ткачук , почина на 35-годишна возраст поради тешки здравствени компликации предизвикани од употребата на синтол – супстанца што се користи за вештачко зголемување на мускулната маса. На млада возраст, Ткачук стекна голема популарност во фитнес и бодибилдинг заедницата благодарение на неговите импресивни спортски резултати. Неговата сила и ...
Жителите на неколку тетовски села утре, 23 мај 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини од страна на енергетските компании. Според најавите, прекинот ќе трае со часови и ќе опфати: Долно Палчиште – делови од селото кон Калник, во близина на училиштето, ќе бидат без струја од 09:00 до 14:00 часот. Мала Речица – дел во близина на „Југо 45“, ќе остане без напојување од 09:00 до 14:30 часот. Порој – објектот на ...
Акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации. Се претресуваат домови и возила, а се вршат и лични претреси. Претреси се вршат и во службени простории на МВР, вклучително и во Канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија. Неофицијално дознаваме дека се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема. Полицијата презема решителни чекори за внатрешно чистење и сузбивање на ...
Тамара Бојаниќ во разговор со Дејан Драгоевиќ истакна како течела конверзацијата со родителите кога зборувале за парите што сега ги заработува во сериозна мера. „Тато тоа сè уште не го прифати воопшто, ама мама да. Ни таа не го прифати целосно, ама што да прави жената?“, изјави Тамара. „Значи тато сè уште е лут поради тоа?“, ја праша водителот Дејан Драгоевиќ. „Па да. А јас со мама се слушам 30 пати дневно, постојано ѝ велам колку ја сакам. ...
Општинскиот градежен инспектор на Општина Карпош спроведува постапка за отстранување на бесправно изграден објект кој се наоѓа спроти поранешната Американска амбасада, објект кој јавноста подолго време го препознава и како поранешниот клуб „АБЦ“. Овој објект, кој досега променил неколку сопственици, сега функционира под името „Ria’s“ (Риа’с). И покрај тоа што за него е во тек постапка за отстранување, сопствениците не соработуваат со ...
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје беше организатор на завршниот настан на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ кој се одржа во хотелот Холидеј Ин во Скопје. Во панел дискусијата на тема „ Соработката помеѓу граѓанските организации и институциите во справување со климатските предизвици“, со претставници на општини, институции и граѓански организации, говореше и ...
Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе излезат од седиштето пред слетувањето, сега се соочуваат со казни според новата регулатива издадена од Турската управа за цивилно воздухопловство. Новиот закон, кој стапи на сила на почетокот на мај, е обид да се влијае врз безбедноста, бидејќи е откриено дека голем број патници ги откопчуваат безбедносните појаси, стануваат и ги отвораат куферите пред авионот да ...
Претреси во Скопје, Штип и Долно Блаце, лишени од слобода 11 лица, од кои осум се полициски службеници, по две лица се трага Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, денеска оствари средба со раководството на Стопанската комора на Македонија, како дел од напорите за продлабочување на соработката меѓу институциите и приватниот сектор. На средбата се разговараше за тековните економски предизвици, можностите за унапредување на деловната клима, како и за конкретни мерки кои Министерството за финансии ги презема за поддршка на економскиот раст и ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Динамика на тргување и пазарни движења Македонската берза денешниот ден го заврши со вкупен промет од 29.663.899 денари, при што беа реализирани и класични и блок трансакции. Индексот МБИ10 забележа пад од 0,12%, спуштајќи се на 10.735,26 поени, додека ОМБ остана непроменет на 126,51 поени. Тргувањето се одвиваше со зголемен обем кај банките и ...
Во Битола започнаа градежните активности за санација и подготовка за повторно асфалтирање на улиците „Бурса“ и улицата кај „Блис“. Изведувачите, на сопствен трошок, ги преземаат сите работи со цел да се отстранат оштетувањата и да се обезбеди квалитетна и безбедна инфраструктура за граѓаните. Како што претходно најави градоначалникот Тони Коњановски, денес започна отстранувањето на оштетениот коловоз на улицата „Бурса“. Работите ќе се ...
Полицијата уапси 33-годишен велешанец кој бил креатор на ФБ страната “Библиска Македонија” и заплени 5 тегли со по 31 библиски стих во нив, објави МВР на својот веб сајт со детали за оваа религиозно-полициска операција. Епархијата ја пријавила ФБ страницата „Библиска Македонија“ во полицијата, бидејќи според свештените лица од почетокот на годината на неа се „објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на ...
Јавните обвинители работат по динамика којашто ја определиле, се надеваме за десетина дена треба да заврши истрагата, после ќе има увид одбраната, а средина на јуни би требало да има јавнообвинителска одлука, откри денеска на прес-конференција Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. – Во моментов се распрашуваат одредени сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 сведоци, се надевам дека јавните обвинители ќе ...
Министерството за спорт на Република Северна Македонија донесе одлука да го награди големиот успех на ракометниот клуб Алкалоид, кој се пласираше во финалето на Европскиот куп на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Министерот Борко Ристовски ја објави оваа информација пред одржувањето на реваншот меѓу двете финални екипи. Скопскиот клуб ќе добие финансиска награда од пет милиони денари како признание за достојното претставување на ...
Во тетовското село Желино денеска беше свечено пуштен во употреба нов асфалтиран пат долг еден и пол километар, кој го поврзува селото Палатица со градот Тетово. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицковски, министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалниците на општините Желино и Тетово, како и повеќе пратеници од Тетовскиот регион. Градоначалникот на Општина Желино посочи дека жителите на Палатица повеќе децении ...
Норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Eјде, отворено изјави дека НАТО мора да го зајакне своето присуство на Арктикот за да се спротивстави на Русија. Според него, рускиот полуостров Кола, кој се граничи со Норвешка и Финска, претставува закана поради концентрацијата на најголемиот нуклеарен арсенал во светот таму. Ејде го гледа Арктикот како клучен фронт во потенцијален конфликт меѓу Истокот и Западот, нагласувајќи дека тоа е ...
Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучрсот Куршумлијска баеа 15 откако во мечот од првото коло загуби од Шпанецот Карлос Гиларди со 2-0 во сетови (64 63). Мечот беше изедначен, а во клучните моменти ривалот успеавше да ги освои потребните поени. Србљак на турнирот настапи преку квалификациите откако претходно оствари победи во втората рунда против Роман Гаркавенко со 2-0 во сетови (63 64), а во финалето од ...
Сè поголем број граѓани на Тетово се жалат на напади од кучиња скитници, а податоците се алармантни – само до 20 мај годинава, 14 лица пријавиле каснување во СВР Тетово. Минатата година биле регистрирани дури 54 случаи, а во 2023 – дури 65. Ветеринарот Ане Апостоловски предупредува дека во Тетово во моментов се проценува дека има помеѓу 700 и 1.000 кучиња скитници, кои претставуваат постојана закана по безбедноста на граѓаните. Во 2024 година ...
Приведен крадец во Охрид за издржување казна затвор од две години На 21.05.2025 во 15.10 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.Б.(70) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторени повеќе кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено ...
Во просториите на Општина Кисела Вода, денес се одржа конструктивна средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. Главна тема на разговор беше унапредувањето на досегашната соработка меѓу општината и Франција, како и можностите за нејзино продлабочување преку билатерални проекти и размена на искуства. Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот со бројните иницијативи кои општината ги ...
Холандската централна банка апелира: Чувајте готовина за итни случаи Централната банка на Холандија издаде официјално предупредување до населението, со препорака секое домаќинство да поседува минимална готовинска резерва за покривање на основни трошоци во случај на вонредна состојба или прекин на електронските системи за плаќање. Според насоките, се препорачува да се чуваат најмалку 70 евра по возрасен и 30 евра по дете во цврста валута, како ...
Во пресрет на 23 мај, Националниот ден на Власите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со делегацијата на Организациониот одбор за Националниот ден на Власите, предводена од неговиот претседател, Стерјо Папули. Истакнувајќи дека сме единствената држава во регионот, но и на светот, во чиј устав се наведени Власите и гарантирани нивните права, претставниците на Власите сметаат дека влашката заедница не е социјално ...
По неколкудневни студентски и граѓански протести, Апелациониот суд во Нови Сад донесе одлука да им одреди куќен притвор на тројца од шесте уапсени активисти, обвинети за загрозување на уставниот поредок. Останатите тројца остануваат во затвор, поради што блокадата на судот продолжува. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро реагираше на одлуката, нарекувајќи ги демонстрантите „пучисти“ и „терористи“, а судот го обвини дека „им се ...
Jавното обвинителство денеска на прес-конференција откри шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“. Медицинскиот директор е обвинет за незаконска набавка на лекови од Фондот за здравствено осигурување, а за третманот пациенти опфатени се четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на Онкологија. Медицинскиот директор притоа се стекнал со противправна корист во висина од 13 милиони денари. „Во врска со третманот на ...
Џастин Бибер се соочува со бран критики поради неговата најнова објава на Инстаграм посветена на сопругата Хејли. Пејачот (31) во вторникот ѝ „честиташе“ на сопругата Хејли (28) по повод нејзината насловна страница за списанието ВОГУЕ, но начинот на кој тоа го направи предизвика бурни реакции. Чудна честитка Џастин под фотографиите од снимањето напиша: „Ова ме потсетува на времето кога Хејли и јас имавме голема расправија. Ѝ реков на Хејлс ...
На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна ...
Просечната плата во март порасна за над 10 отсто во однос на лани Просечната месечна бруто-плата исплатена по вработен во март 2025 година изнесува 67.240 денари, додека просечната нето-плата достигна 44.763 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Во споредба со март 2024 година, бруто-платата бележи пораст од 10,6 проценти, а нето-платата е повисока за 10,5 проценти. Најголемо зголемување на просечната бруто-плата по вработен е ...