Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Во повеќе градови на поранешна Југославија, почитувачите на Тито, денеска, на 41-годишнината од неговата смрт, одржаа комеморации на кои му оддадоа почит. Во Кумровец, селото во кое е роден Тито, точно во 15.05 часот – времето кога тој почина, се огласи сирена, а претставници на локалните власти и на антифашистичките здруженија од Хрватска и од Словенија, положија венци. Мал собир пред бистата на Тито се одржа и во хрватскиот град Лабин, во ...
Со свечена церемонија, во Госпиќ, Хрватска, денеска беше откриен нов споменик на пронаоѓачот Никола Тесла, реплика на оној што беше уништен во 1992 година. На церемонијата, на плоштадот кој, исто така, го носи неговото име, присуствуваа претставници на локалната власт и хрватската министерка за култура, Нина Обуљен Коржинек, која изрази задоволство што споменикот на „најголемиот иноватор на Хрватска“ се вратил на Госпиќ. „Враќањето на овој ...
Хрватската полиција денеска соопшти дека поднела кривични пријави против 78-годишен хрватски и 79-годишен српски државјанин, за воени злосторства над цивили, извршени во регинот на Лика, од 8 октомври до 10 ноември, 1991 година. Во времето на злосторствата, 78-годишното лице било командант на општинскиот штаб на територијалната одбрана Кореница (на силите на побунетите хрватски Срби), а 79-годишното лице било командант на 13-тиот корпус на ...
Да се раководи новинарски синдикат во денешно време е сложена работа. Од една страна стои глобалниот предизвик да се најде или да се редефинира улогата на новинарот во дигиталното време на хиперинформирање, во кое секој и сѐ може да биде медиум што пренесува информации до најшироката публика, и во постинформатичкото општество, во кое фактите се прашање на избор, а не на објективната вистина. Од друга, потребно е справување со локалните ...
Кога Гани, жртва на војната во Косово, слушнал дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Пјетер Шала, е уапсен и екстрадиран во Хаг заради судење, тој во мислите се вратил во мај 1999 година, во центарот за притвор во кој го држела ОВК. Гани вели дека Шала, заедно со уште еден човек, го тепале и него, и другите затвореници од албанска националност. Него Шала го тепал со железна шипка, додека друг затвореник тепал со ...
СОК побара од судијата за претходна постапка да го одбие предлогот на одбраната, со кој се оспорува обвинението против поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и другите тројца поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и високи политичари – Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. „Обвинението нуди концизна изјава за материјалните факти за случајот (на обвинителството) и за кривичните дела и модалитетот на ...
Во близина на училиштето и на седиштето на општина Фоча, град на реката Дрина, во источна Босна и Херцеговина, се појави огромен нов мурал на поранешниот командант на Војската на Република Српска (ВРС), Ратко Младиќ, насликан како да им салутира на минувачите. Муралот на Младиќ, кој ја обжали првостепената пресуда со кој беше осуден за геноцид и други воени злосторства, е долг околу 20 метри и на него пишува: „Благодарност до твојата мајка“. ...
Вишиот суд во Белград, го осуди Милош Чајевиќ, поранешен припадник на интервентниот вод на резервниот состав на полицијата во Брчко, за воени злосторства врз цивили. Тој беше прогласен за виновен за заплашување и нехуман третман, бидејќи принудил двајца браќа на сексуален однос и затоа што им се заканувал на други цивили во Брчко. Судот го осуди на седум и пол години затвор, но бидејќи тој веќе издржува шестгодишна казна за убиство, судијата го ...
Во родното село на таткото на Пјетер Шала, Брекоч, во општина Ѓаковица, може малку да се дознае за човекот кој оваа недела првпат се појави пред Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг. Жителите на ова село велат дека сѐ што знаат за Пјетер Шала, е оти тој е роден во Призрен и дека е единствено дете на неговите родители, кои повеќе не се живи. Тие не сакаа многу да зборуваат за него. Шала, во понеделникот, се изјасни за невин по ...
Кога на 23 април 1999 година, околу 2.00 часот наутро, НАТО ја погоди зградата на РТС во центарот на Белград, како дел од воздушната кампања на Западната алијанса против режимот на Слободан Милошевиќ, во неа се наоѓаа околу 120 луѓе. Во овој напад беа убиени 16 работници на РТС, двајца беа тешко, а 17 полесно повредени. Телата на две жртви никогаш не беа пронајдени. НАТО објави дека ја спровел оваа акција, затоа што РТС била дел од пропагандната ...
Судењето на Незир Мехметај, косовски Албанец, обвинет за учество во воени злосторства врз цивили во селото Рудице, општина Клина, во јуни и јули 1999 година, започна пред Вишиот суд во Белград. Мехметај е обвинет за учество во убиство на седум лица и за палење и грабежи на куќи во Рудице, како припадник на ОВК. Според обвинението, во средината на јуни 1999 година, тој учествувал во убиството на пет члена на семејството Дашиќ, а на крајот на ...
Наводите во извештајот, кој овој месец го објави Комисијата за истражување на страдањето на Србите во Сараево, формирана од Владата на Република Српска за да ја истакне нејзината перспектива за војната, веќе се покажаа како спорни. Во извештајот, кој има повеќе од 1.200 страници, се нагласува дека за време на војната, водена во периодот 1992-1995 година, бошњачките сили ги принудиле Србите да го напуштат главниот град на Босна и Херцеговина. „Во ...
Советот на јавни обвинители на јавна седница избра по пет обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и пет обвинители во скопското Вишо јавно обвинителство. Обвинителството со кое шефува Вилма Русковска од денеска се засили со тројца обвинители од згаснатото СЈО: Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, како и со скопската обвинителка Катерина Коларевиќ и струмичката обвинителка Наташа Поп-Трајкова. Пријавени ...
Девет играни и еден краткометражен филм, кои тематски се занимаваат со конфликтите и помирувањето, бесплатно ќе бидат прикажани на интернет и во киното Митинг Поинт во Сараево, од 24 до 30 април, како дел од програмата на СФФ, „Соочување со минатото“. Оваа програма за прв пат беше покрената во 2016 година, со цел поттикнување на искрениот дијалог за блиското минато на Балканот. „Тоа е предуслов за надминување на проблемите што произлегоа од ...
Премиерот, Андреј Пленковиќ, на комеморацијата во Јасеновац денеска изјави дека Независната Држава Хрватска (НДХ), фашистичка марионетска држава предводена од усташкото движење и поддржана од нацистичка Германија и фашистичка Италија, е „еден од најтрагичните периоди во хрватската историја“. На комеморацијата за жртвите на Јасеновац, усташки концентрационен логор од Втората светска војна, присуствуваа хрватски функционери, претставници на ...
Деталите за злосторствата на Благоје Симиќ, босански Србин, политичар во општината Босански Шамац, извршени за време на војната во Босна и Херцеговина, се јасно изнесени во пресудата што му ја изрече Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) ) во Хаг. Симиќ беше осуден на 15 години затвор, за помагање и поттикнување на прогон на цивили од несрпска националност, во Босански Шамац, во 1992 и 1993 година. МКТЈ наведе дека ...
На седницата на Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ, што се одржа минатата недела, претставниците на српскиот и хрватскиот народ гласаа против измените на кривичниот закон на БиХ, кои се однесуваат на забраната за негирање на фактите за геноцидот во Сребреница. Ова беше последниот во низата неуспешни обиди, во последната деценија, да се донесат законски измени или да се донесе нов закон за забрана на геноцидот врз Бошњаците од ...
Пјетер Шала, поранешен припадник на ОВК, се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства, при своето прво појавување пред Специјализираните совети на Косово (ССК) во Хаг. „Јас ги разбрав (обвинувањата) и мислам дека обвинувањата се смешни“, му рече Шала на судијата на денешното претпретресно рочиште. „Сметам дека не сум сторил никакво злосторство, освен што ја бранев својата земја. Јас во целост не сум виновен“, нагласи тој. Шала, кој за ...
Обвинителството на Босна и Херцеговина, денеска поднесе обвинение против Горан Вишковиќ, познат под прекарот Вјетар, кое го товари за злосторства против човештвото, извршени во објектот за притвор „Сушица“, во Власеница, од април 1992 до крајот на 1993 година. Тој веќе издржува казна од 18 години затвор, на која Судот на Босна и Херцеговина го осуди, за злосторства во „Сушица“. Во новото обвинение се тврди дека тој лично учествувал во убиствата ...
Веќе деветта година, луѓето што патуваат покрај пространите тревници и дрвореди до булеварот Илинден во Скопје, во правец од Зоолошката градина кон салата „Борис Трајковски“, всушност гледаат во плацеви за згради. Деталниот урбанистички план од 2012 година, сѐ уште важечки, врз овој зелен простор покрај расадниците на Јавното претпријатие Паркови и зеленило предвидува 12 деловни објекти по шест или седум ката, со можност да бидат и ...
Иако „присуството на антисемитизам“ е слабо и иако во земјите на Западен Балкан останале само неколку илјади Евреи, ова прашање се користи во тековните регионални политички спорови, се вели во новиот извештај кој ИРИ го објави денеска. „Во регионот каде националистичката политика често ги влошува тензиите меѓу етничките групи, и антисемитскиот говор, и борбата против антисемитизмот, се користат како алатки во регионалните или меѓународните ...
Како издигнувањето на Кина, и нејзиното доаѓање на Балканот го промени светогледот на балканските елити? Вообичаено анализите на балканско-кинеските односи се фокусираат на агендата на Кина во регионот и пораките кои таа ги испраќа. Она што често е занемарено, е што тие пораки некогаш водат и до неочекувани последици. Притоа, освен самата интеракција меѓу Кина и Балканот, начинот на кој што балканските елити гледаат на светот во кој што Кина има ...
Игнорирајќи ги критиките заради овој настан, министер во Влада на РС, присуствуваше денеска во Вишеград на комеморацијата на руските борци, кои учествуваа во војната во Босна и Херцеговина, при што беа положени цвеќиња пред Споменикот на паднатите руски доброволци, на воените гробишта Мегдан. Душко Милуновиќ, министер за труд и боречко-инвалидска заштита на РС, изјави дека овој ден ќе се одбележува секоја година, без оглед на спротивставувањето. ...
Во Србија немаше пролет, по интервенцијата на НАТО во 1999 година, без жестока дебата за легалноста и политичките последици од бомбардирањето на Западната алијанса, кое беше одговор на прекумерното насилство на југословенските сили, врз Албанците во тогашната српска покраина, Косово. Секоја година, од 24 март, датумот на кој во 1999 започна бомбардирањето на НАТО, до 9 јуни, кога воената операција заврши со потпишување на таканаречениот ...
Додека во војната, илјадници косовски Албанци, раселени од своите домови, оделе од едно во друго село на периферијата на Глоговац, барајќи безбедно прибежиште, Садије се грижела за нејзиниот најмлад син, кој имал шест месеци и бил болен неколку дена. Таа се сеќава дека било сончево попладне, 30 април 1999 година, кога трупите на Војската на Југославија пресретнале колона раселени Албанци, во која била и таа, на пат кон Србица. Ноќта ја поминале ...
На 10 април 1941 година, Славко Кватерник, заменик водач на хрватското фашистичко усташко движење од Втората светска војна, преку Радио Загреб го прогласи формирањето на НДХ. Оваа фашистичка марионетска држава, поддржана од нацистичка Германија и фашистичка Италија, постоеше од април 1941 до мај 1945 година. НДХ имаше донесено расни закони насочени против Србите, Евреите и Ромите, и водеше систем на концентрациони логори. Сепак, иако НДХ е ...
Од Меѓународната комисија за исчезнати лица (МКИЛ) денеска за БИРН изјавија дека нивните експертите го потврдиле идентитетот на две лица, чии посмртни останки беа пронајдени во масовната гробница во селото Кижевак, јужна Србија. Примероци од парцијални останки на трето лице, пронајдени во оваа гробница, се совпаѓаат со примероци на посмртни останки, пронајдени пред неколку години во масовната гробница во Рудница, која се наоѓа недалеку од ...
Црногорскиот премиер, Здравко Кривокапиќ, денеска предложи смена на министерот, Владимир Лепосавиќ, откако тој изрази сомневање во пресудите на меѓународните судови, со кои масакрите во Сребреница извршени од силите на босанските Срби во 1995 година, се класифицирани како геноцид. Кривокапиќ рече дека во приватен разговор, тој го повикал министерот да си даде оставка, но дека Лепосавиќ одбил. „Бидејќи Лепосавиќ остана доследен на својот став, ...
Функционери на Косово и жителите на Пусто Село, лоцирано во општина Ораховац, ја одбележаа 22-годишнината од масакрот извршен над 106 цивили, за време на војната во Косово во 1999 година. „Овој масакр и многу други што овие денови ги одбележуваме ширум Косово, нè потсетуваат на цената што ја плативме за слободата на Косово, но, исто така, нè прави и порешителни, да не правиме никаков компромис кога станува збор за слободата, независноста и ...
Кантоналниот суд во Сараево го осуди Вељко Папиќ, воен командант на третата чета на првиот баталјон на сараевско-романискиот корпус на ВРС, бидејќи за време на војната во Босна и Херцеговина, давал наредби, цивилите од несрпска националност, да извршуваат тешки задачи на фронтовите околу опколено Сараево, со што им го загрозил животот. Папиќ беше прогласен за виновен за злосторства над цивили во сараевските населби Грбавица и Ковачиќи, во 1993 и ...