Просто е неверојатно како е можно „големото“ име на Олександр Онишченко да се протнало на мала врата во македонските институции. За неколку минути од кога ќе го напишете името на украинско-рускиот бизнисмен во гугл-пребарувачот, иако не сте обучен разузнавач, ќе ја прочитате големината на контроверзиите што го следат, и во неговата матична земја Украина, и во Соединетите Американски Држави. Откако ќе направите основно пребарување на интернет, ...

Петок е среќен ден за Сашо Мијалков. Веста дека му ги укинуваат пресудите, екс шефот на УБК ја добива двапати во ист ден – петок. Покрај последните укинати „Трезор“ и „Таргет-Тврдина“, и денот кога е укината пресудата за „Титаник 2“, е петок, само годината е 2020. Среќните петоци за Мијалков, судејќи по реакциите во јавноста, во основа се несреќни за граѓаните, кои на големо коментираат дека веќе е потоната секоја надеж за правната држава. И ...

Познат е вицот во кој двајца се тркале, а по крајот на трката, весниците на насловните страници објавиле дека поразениот завршил втор, а победникот – „дури претпоследен“. Обично се прераскажува како пример за манипулативно користење на информациите, во кое тие, иако се технички точни, во суштина се далеку од реалноста. Овој метод бил измислен како алатка за пропаганда или „стратешка комуникација“, но медиумите понекогаш го користат и без ...

Вестите на македонските телевизии, на 19 јануари секоја година се исти. Може да се „замрзнат“ и да се „одмрзнат“ и ќе бидат како кифлички со вкус на подгреано тесто што глуми свежина. „Напорот“ е само да се сменат имињата на фаќачите на крстот, а некогаш не треба дури ни тоа, бидејќи тие се повторуваат. Првите десетина минути од централните вести, ако не и повеќе, секоја година, без исклучок, задолжително се посветени на спектаклот со ...

Стотина граѓани со нивните „шепасти пријатели“ како и претставници на граѓански организации се собраа вчера попладне на „Илинденска“ број 2, пред Владата за да протестираат против убиството на бездомни кучиња и за системско решавање на проблемот со неодговорните сопственици. Друштво им правеа и неколку бездомни кучиња, кои добија по некое зрно сува храна од присутните. А насобраните носеа транспарентни, вознемирувачки фотографии од убиени ...

Годината стартуваше со очекување дека ќе биде подобра од претходните две зашто пандемијата веќе беше во залез, меѓутоа светот ја обиколи веста за рускиот напад врз Украина од кој последици сѐ уште се чувствуваат и во Македонија. Конфликтот ја донесе енергетската криза, време во кое повеќе од сè е потребно одговорно искористување на државните ресурси. Доверба во правдата во Македонија и натаму не се случи, судејќи според последната анкета на ...

Секторот за комуникација со стратешките партнери е лоциран како „алката што направила пропуст“ во системот на Агенцијата за национална безбедност и со тоа украинско-рускиот бизнисмен со украинска потерница и американски санкции помина низ македонските разузнавачи и стигна до македонски пасош. Ова го обелодени директорот на АНБ, Виктор Димовски, една недела откако БИРН откри дека Олександр Онишченко добил македонско државјанство, со позитивно ...

Скопска Апелација, по јавниот притисок и по укажувањето на Врховниот суд, вчера го објави решението со кое ја укина пресудата за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“. Решението има нецели 25 страници, а објаснувањето зошто е укинат предметот е на нешто помалку од седум страници. Впечатокот е дека во многу голем дел, второстепените судии ги прифатиле тезите на одбраната на обвинетите, а им биле спорни тезите што пред судот ги ...

Груевски на судење | Фото: Р. Атанасовски Никола Груевски загуби уште една правна битка во обидот да докаже дека му застарело делото во предметот „Траекторија“. И покрај тоа што судијата Горан Бошевски, во 2019 донесе решение за запирање на постапката за Груевски, бидејќи му застарело делото, обвинителката Лиле Стефанова не застана овде. Тоа решение на судијата, Стефанова го обжали на Апелација. Петмина апелациски судии, лани во февруари ...

Би сакале да слушнеме искуства од разведени/разделени родители во Албанија, Србија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска на кои им била одобрена алиментација за нивните деца. Скролувајте надолу за повеќе информации за тоа како да учествувате. Клучните работи што сакаме да ги дознаеме: Ние нема да објавуваме никакви документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме конкретни примери, туку ...

Кога Илон Маск го претставуваше новиот модел на електричниот автомобил „тесла“ во 2016, во Калифорнија, на сцената во заднина свиреше музиката на еден Хрват, за кој малкумина чуле, тоа е 40-годишниот Кристијан Фунариќ од Осиек. Приказната за тоа како композицијата на локален учител од Хрватска стана дел од настан на еден од најбогатите луѓе во светот, кој ја искористил музиката за да претстави производ што го промени начинот на кој ги гледаме ...

Одлепени парчиња фасада и стиропор, поткршени плочки, небезбедни премини, влага и мувла… Околу старо-новиот МНТ и по некоја вреќа со песок која служи како насип од дождовите. Внатрешната „рана“ со години не е зацелена. Објектите од десната страна на кејот на Вардар кои се дел од проектот „Скопје 2014“, како зградата на Археолошкиот музеј, Уставниот суд и Државниот архив, зградата на Агенцијата за електронски комуникации, сѐ повеќе ги фаќа ...

Две седници на собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, редица драматични изјави на политичари, една владина седница, на која се одзема државјанство и многу неодговорени прашања. Ова е билансот за случајот државјанство за контроверзниот руско-украински бизнисмен Олександр Онишченко, два месеца по откритието на БИРН. Навидум загрижените изјави на политичарите што најавуваа ...

Сара Мардини, чие бегство од сириската војна со нејзината сестра Јусра стана мотив за филмот „Пливачите“ на Нетфликс од 2022 година, во вторникот беше на судење на еден од грчките острови, под обвиненија што произлегуваат од нејзината вмешаност во операциите за спасување мигранти во Егејско Море. Мардини и нејзините 23 сообвинети се соочуваат со можност да бидат осудени на по осум години затвор доколку судот на островот Лезбос ги прогласи за ...

До пролетта 2018 година, членовите на историската комисија со Бугарија, како што вообичаено се нарекува во медиумите, или, пак, Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања, како што и е официјалното административно и долго име, не беа многу познати во пошироката македонска јавност. Беа, можеби, познати во академската сфера и во областите на нивно истражување. Но, откако се формираше комисијата, а особено откако дојде и до ...

„Филмот е експлозија на мојата љубов кон реалноста“. Овој цитат од култниот италијански режисер од 20 век, Пјер Паоло Пазолини, е своевидна рефлексија на животниот избор на еден од малкутемина македонски филмски критичари и хроничари на филмската уметност, Влатко Галевски. Неговиот живот е филмот. Со песоклив глас и со исклучителна филмска меморија, во која има напластено илјадници филмски ликови, приказни и цитати, Галевски за БИРН сподели ...

Најважната информација во врска со урбанистичкото планирање и развој на Скопје во 2022 година не дојде од местата од каде што сме навикнале да доаѓаат таквите содржини – од општините, градската управа, општинските совети, планерските куќи, градежните компании итн. Дојде од Државниот завод за статистика, како податок дека 42.679 станови во Скопје зјаат празни. Тоа е резултатот од речиси дведецениското интензивно градење со максимално ...

Во годината обележана со крвавата војна во Украина, социјални и економски маки и долготрајна неправда, некои луѓе се вложија и ги зголемија своите напори да им помогнат на оние на кои им треба помош, да донесат промени и да ги отфрлат длабоко вкоренетите предрасуди. Како и претходните години, овие обични луѓе не штедеа напори, работеа неуморно за да инспирираат хуманост во сите нас и во нашите општества и направија промени. Романија: ...

Во овие студени денови, ретко кој ги памети високите јулски температури и улиците полни со луѓе што протестираа, додека внатре во климатизираното Собрание, опозициските пратеници, со продорниот звук на вувузелите, спречуваа да се чуе сѐ што се обидуваа да кажат владините претставници и пратениците од владејачкото мнозинство. А тоа е сликата за јули 2022, месецот во кој се усвојуваше таканаречениот француски предлог, со кој условно се ...

Македонските граѓани ниту се задоволни од тоа како живеат, ниту очекуваат дека тоа ќе се смени на подобро. Напротив, поголемиот дел сметаат дека работите само ќе се влошуваат. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Интернационалниот републикански институт – ИРИ во октомври годинава, врз репрезентативен примерок од 1.207 испитаници. Трендовите на намалени очекувања и на црни прогнози може да се видат, не само од последната ...

Нејасно во оваа фаза е како ќе се расчисти случајот со македонското државјанство на контроверзниот руско-украински бизнисмен Олександр Онишченко, ниту, пак, каква ќе биде дипломатската иднина на досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски. Откако минатиот месец, собраниската надзорна комисија на која Димовски требаше да објаснува како разузнавачите не ја забележале спорната биографија на Онишченко беше ...

Поминаа точно три години од помпезната најава дека ќе се отстрани скапата потреба приватници да копаат јаглен за ЕСМ и денес, не само што сме далеку од целта, туку компанијата сè повеќе и повеќе троши на надворешна механизација, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Државната компанија за струја, само во минативе две години потпишала договори вредни 107 милиони евра со приватници. Оваа сума е дури половина од она што ЕСМ го ...

Канцеларијата на најновиот член на Владата, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, е на само петнаесетина минути пешачење од редакцијата на БИРН, па блокираниот главен град поради протестот на приватните автобуски превозници не беше никаква пречка да стигнеме навреме на договорениот состанок, на вториот кат во поранешната зграда на Нова Македонија што сега ја делат повеќе државни институции. Овој протест и блокада што го испразни ...

Без многу детали врз која законска основа, владата соопшти дека на денешната седница донела одлука да му го поништат државјанството на руско-украинскиот државјанин Олександр Онишченко, кое самата му го даде на 31 мај оваа година. Одлуката е, велат, донесена откако го разгледале известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое „се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство“. МВР сега е задолжено да постапи веднаш ...

Ноќни клубови, барови, туристички атракции, напуштени простори: скривниците за нуклеарни бомби во Централна Европа изградени за време на комунизмот најдоа различни алтернативни намени во двете децении мир што следуваа по демократските револуции. Но, војната во Украина и имплицитните закани на Русија за употреба на нуклеарно оружје ги принудуваат централните власти и локалните самоуправи од целиот регион да подготват нови планови за цивилна ...

Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во Скопското вишо јавно обвинителство остана само еден – постојниот вршител на должност, Мустафа Хајрулахи. Откако пред десетина дена се откажа обвинителката Фатиме Фетаи, барање за повлекување од изборот поднел вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми, потврди за БИРН претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски. И Рустеми за БИРН кратко одговори дека ја повлекол ...

Владата, согласно членот 14 од Законот за државјанство, побара да се почнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Олександр Онишченко. Ова е краткото соопштение од денешната затворена владина седница, на која директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на министрите им објаснуваше како украинско-рускиот државјанин Онишченко годинава добил македонско ...

Вилма Русковска од вчера е скопски јавен обвинител, а новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал, Ислам Абази, почна да работи со полна пареа. Прес-службата на Обвинителството, вчера веќе објави фотографии од Абази, од првата негова средба. Гостн му беше албанскиот амбасадор во земјава. На сликите може да се види дека во неговата канцеларија ги нема ѕидните фотографии и сертификатите на Русковска. На тоа место сега ...

Звукот на циркуларната пила продира низ тесниот простор. Набргу ѝ се придружува чеканот, па хилтата, па мешалката за бетон, а багерот непрекинато се слуша како заднински звук. За минувачите, непријатниот концерт трае неколку минути. Но, за жителите на населбата Капиштец, на улицата Козара и на околните помали улички, овој недиригиран оркестар свири секој ден, по цел ден, веќе осум години. А сѐ почна откако стапи во сила деталниот урбанистички ...

Основниот суд во Пеќ привремено конфискуваше 75 вили во планинското одморалиште Брезовица, меѓу кои и имот на високи политичари, судии и роднини на важни политички личности во земјата. Одлуката за привремена конфискација е донесена поради сомнение дека тие се изградени незаконски. „Тие се под надзор и контрола на државниот обвинител“, се вели во судската одлука. Со одлуката се одобрува барањето на Основното обвинителство во Феризај/ Урошевац ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
0.55
39%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
1.94
59%
1017
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.55
54%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 24ᴼ
1.01
33%
1018
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
49%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
0.89
64%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.36
42%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.6
32%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.69
31%
1016
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.5
52%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.79
48%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
82%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Паладиум

38355.84

Алуминиум

3.11

Злато

129060.56

Цинк

0.00

Калај

50.54

Рутениум

49029.89

Платина

50476.67

Родиум

249168.29

Сребро

1862.96

Кобалт

56.29

Бакар

12.22

Иридиум

233896.68