Државниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендира шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, а за двете колешки Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева поведе дисциплинска постапка. Како причина за суспендирањето се наведува „тешка дисциплинска повреда“, а поводот е претресот во Финансиската полиција. Русковска ја потврди информацијата за БИРН. „Го добив решението, но засега нема да коментирам“, ...

„Пази се од денес. Ќе видиш ти што ќе ти се случи ако дојдеш пак во Маврово“. Оваа директна закана ја добила новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска, од раководителот за урбанизам во Општината Маврово-Ростуше, кој одбил да се сретне со тимот истражувачи што го истражуваат урбанистичкото дивеење во Маврово. На ова му претходел молк од Општината по прашањата што им ги испратиле новинарите, но не добиле одговор. „Со месеци чекаме одговори на прашања од ...

Државата им исплатила пет милиони и 140 илјади евра на медиумите за објавувањето партиски реклами за локалните избори во 2021 година, покажуваат документите од Државната изборна комисија добиени преку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Притоа, радиодифузерите наплатиле 4,2 милиони евра од овие пари, а преостанатите околу 900 илјади евра ги поделиле интернет-порталите и печатените медиуми. Тоа значи дека ланските избори ...

Денеска е осми август. Еден месец и една недела пред да наполни 57 години, поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, требаше да почне да се јавува во струшкиот затвор за случајот „Империја“, но тоа нема се случи. На негово барање судот му го одложи издржувањето на затворската казна за две недели. Виновен е зашто додека бил директор на УБК, со години перел пари и не го пријавил стекнатиот имот. На неговата фан-страница на Фејсбук не е ...

Откако беше избран по четврти пат со двотретинско мнозинство на парламентарните избори во април, Виктор Орбан го почна својот петти мандат како премиер во понеделникот, откако помина гласањето на неговата влада во парламентот, предупредувајќи дека Унгарија и Европа се соочуваат со децениска опасност од војна, раст на цените и сериозна енергетска криза. Новиот состав на унгарската влада е одраз на овој став. Најмалку петмина министри од вкупно 14 ...

Весниците бараат, а владата е подготвена да ги поддржи и да предложи закон, со кој ќе се гарантираат државните субвенции за печатените медиуми. Субвенции за весниците има веќе четири години, меѓутоа тие до сега се реализираа врз основа на арбитрарна одлука на владата. Новинарските здруженија, кои пред четири години ги поддржаа субвенциите, сега се воздржани и бараат бенефициите на весниците да бидат условени со подобрување на социо-економската ...

Freepick На Тик ток се зголеми бројот на анонимни профили што рекламираат пренесување луѓе од Албанија до Обединетото Кралство преку рутата наречена Ла Манш, која, според извештаите на медиумите, ја користат шверцерите. По прегледувањето на десетици профили на Тик ток, БИРН забележа два вида реклами: една за луѓе што сакаат да одат во Обединетото Кралство од Франција со чамци и другата за луѓе што преминуваат во Обединетото Кралство од Белгија ...

Под слоганот „(Неа) не ја уби брод, туку државата“, илјадници Албанци во четвртокот побараа оставка од шефот на полицијата, министерот за туризам, министерот за внатрешни работи и премиерот – и побараа поголема заштита на плажите. На протестот беа присутни и опозициски политичари. Седумгодишното дете загина во вторникот откако било удрено од глисер управуван од полицаец што во моментот не бил на должност. Смртта ја шокираше земјата во која ...

Жени и мажи нудат сексуални услуги на улица, на интернет, во студија и во апартмани. Сексуалната работа често се нарекува „најстарата професија во светот“. Некои ја избрале бидејќи им се допаѓа, други бидејќи биле присилени да ја работат. На Балканот, законската рамка за сексуалната работа се разликува од земја во земја. Сепак, во сите нив, законот е на страната на клиентите наместо на работниците. Во Турција и во Грција, сексуалната работа е ...

Македонската влада ќе спреми нов закон, со кој ќе се овозможи отворање на сите досиеја од 1945 до 1991 година досега, со што тие ќе бидат јавни и достапни за сите, дознава БИРН. Станува збор за решение со кое ќе се испочитува обврската од протоколот што го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Во него се прецизира дека „сеопфaтната правна рамка за целосно отворање на архивите на ...

Ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ во месечните сметки за месец јуни-јули го отвори прашањето дали е воведена нова давачка што досега не била најавена. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, за БИРН, тврди дека не се работи за нова давачка. Претходно, во крајната цена што ја плаќаа граѓаните влегуваа и овие ставки, односно, како што вели, трошоците за дистрибуција, за набавка и ...

Полската компанија за трговија со оружје „Металекспорт-С“ стои зад пратката од 11,5 тони муниција што беше пренесувана од Србија до Бангладеш, со транспортен авион „Антонов Ан-12“, кој се урна месецов во близина на грчкиот град Кавала, открива БИРН Србија. Посредник во оваа зделка, во која краен корисник на оружјето е Министерството за одбрана на Бангладеш, била босанската компанија БА-МЕТАЛЕКСПОРТ од Сараево, сопственост на полската компанија ...

Освен приватни куќи, на местото е изграден и луксузен угостителски објект | Фото: БИРН Општината Центар за првпат изработува детален урбанистички план (ДУП) за тврдината Кале и за околниот простор, што го опфаќа и Музејот на современа уметност, се до француските воени гробишта. Во овој плански документ, кој што е ставен на јавна презентација, нема решение за објектите околу овие значајни културно-историски знаменитости, кои беа дивоизградени, но ...

Кабинетот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вторникот побара внатрешна истрага со која би се утврдило како Стефан Чернетиќ, кој лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија, присуствувал на прославата на Денот на државноста која се одржа во Цетиње. На 13 јули Чернетиќ на својата Фејсбук страница објави фотографии од прославата на Денот на државноста, организирана од Ѓукановиќ. „Чернетиќ не беше на списокот на гости што ...

Одржување на првата политичка меѓувладина конференција во Брисел како прв чин од процесот за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ тешко дека ќе го намали јазот во јавното мислење создаден во последниве неполни два месеци. Целиот процес на прифаќањето на францускиот предлог, од неговото официјално одбивање до неговото повторно промовирање како изменет, па протестите на кои се донесе и гилотина, се до ...

Иако летните горештини веќе пристигнаа и тревата пожолте, малку балкански држави со сигурност можат да кажат дека се подготвени да се соочат со една од најголемите закани во летниот период – шумските пожари. Во планинските и ридестите терени на Балканот, како и на тешко достапните острови, употребата на воздухоплови за гаснење пожар се покажала како клучна. Но, се чини дека само Грција ја пречекува оваа летна сезона со сериозен пристап, кога ...

Сè почна со несреќната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека одбивањето на францускиот предлог ќе предизвика меѓуетнички тензии. Она што Османи го кажа како предупредување за процесите што може да се развиваат во иднина, многумина, меѓу кои и медиумите со јасна уредувачка политика против францускиот предлог, го прочитаа како директна закана за конфликт доколку етничките Македонци не го прифатат контроверзниот предлог за ...

Први август 2017 година беше ден за прослава и ветувања. Тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов го славеа потпишувањето на Договорот за пријателство со ветувачки пораки. Одлучивме да гледаме на чашата како полуполна, а не како полупразна, рече Заев, а Борисов направи и проекција за иднината – по 10 години, резултатите ќе бидат видни за двете држави. На половина од рокот што го кажа бугарскиот политичар, пет години по потпишувањето на ...

Продолжуваат неизвесните часови за македонската јавност, делумно со истенчени нерви поради обременетиот евроатлантски пат со билатерални прашања. Овојпат, за разлика од првичниот, кога македонската влада молчеше, модифицираниот француски предлог го стави на широки консултации. По час и половина долгата средба со коалициските партнери, премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција кажа дека македонскиот јазик е загарантиран, протоколот во ...

По неколку недели отсуство од јавноста за темата Македонија, бугарскиот претседател Румен Радев, денеска ѝ порача на владата дека мора да ги отфрли сите сомнежи дека може да го повлече ветото. На една недела пред самитот на Европската Унија, на кој многумина потајно се надеваат на изненадување, Радев му порача на премиерот Кирил Петков дека во Брисел „мора да го брани националниот интерес“, а „парламентот и граѓаните мора да го знаат неговиот ...

Надвор од политичко-новинарскиот круг, ретко кој знаеше дека вчера на седницата на собраниската комисија за надворешни работи се измени на Законот за работни односи со кои би им можело да им се продолжи работниот стаж на судиите и обвинителите. Граѓаните тоа го дознаа попладнето, преку осумминутната видеоснимка, која ја објавија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со наслов „Македонија, наместо Европа, стана див запад со „каубоите“ од власта!“. На таа ...

Хусејин Чакали живее стотици километри далеку од Босна и Херцеговина, но членовите на организацијата што тој ја формирал во оваа балканска земја сè уште го сметаат за авторитет. Чакали е основач на неформалниот босански огранок на турската ултрадесничарска група позната како Сиви волци (Бозкуртлар), чии членови ги поддржуваат неофашистичките идеи. Сивите волци официјално се нарекуваат Идеалистички огништа (Улку Оџаклари) и нивната организација е ...

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, важи за некој што сака да го има во медиумите. Оди на емисии, соочувања, а е еден од ретките политичари што оди на утрински дебати со граѓаните. Така беше сѐ до минатата недела. Но, во овие вжештени моменти за релациите Софија – Скопје, шефот на дипломатијата имаше само едно кратко интервју. Не беше на дебатите во студијата на која седеа и други соговорници. А ги имаше повеќе. Од зградата ...

„Можеме да бидеме тука и до вечер, до 19 часот, ќе ви одговорам на сите прашања“, вака го најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, своето подолго обраќање на денешниот брифинг со новинарите во владината зграда. По час и половина прашања и одговори за македонскиот јазик, протоколот, историската комисија, текот на разговорите од кои произлезе францускиот предлог, станаа јасни неколку работи. До францускиот предлог дошло по ...

Уште еден предмет на специјалното јавно обвинителство ги помина сите три домашни правосудни филтри. Врховниот суд, пред една недела ја објави пресудата што ја донел во ноември лани, со која потврдува дека пониските судови правилно го пресудиле предметот „Триста“ на СЈО. Откако Апелациониот суд еднаш го врати на повторно судење, а вториот пат ја потврди пресудата за „Триста“, единствениот обвинет во случајот, поранешниот помошник-министер во МВР, ...

Членовите на иницијативата Отворен Балкан одржаа уште еден состанок минатата недела во Охрид, Северна Македонија. Претставниците на Албанија, Северна Македонија и на Србија се сретнаа и потпишаа уште еден пакет документи – договор за признавање на дипломите и три меморандуми за разбирање на различни теми. Серијата документи, заедно со оние потпишани во јули и во декември минатата година, имаат за цел економски да го интегрираат регионот, ...

Капитулација и бугаризација на рати, вака на вчерашниот протест, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го оцени францускиот предлог за надминување на бугарската блокада. На потегот меѓу двете раскрсници пред владината палата, синоќа се собраа илјадници членови и симпатизери на опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Тие бараа избори поради, како што велат, катастрофалната ситуација во државава: „Eкономскиот геноцид и предавничките ...

Владата на Кирил Петков, која е составена од четири партии, можеби ќе изгуби една од нив, но најавеното заминување на „Има таков народ“ не мора да значи крај на неговото владеење, велат аналитичарите. Опстанокот, сепак, може да биде и по цена на зголемено влијание на опозициската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. На 8 јуни, Слави Трифонов, популарен шоумен и водител на телевизиски емисии од 1990-тите, објави дека „Има таков ...

Вообичаената слика во која македонската јавност e разбранувана поради наближувањето на некој самит на Европската Унија и можноста Македонија да добие датум за преговори е сменета. Бугарската јавност сега е повеќе вознемирена. Главните вести за тоа што ќе се случува до втората половина на јуни, кога се одржува самитот, доаѓаат од Бугарија, која од 2020 година го блокира македонското зачленување во Европската Унија. Не запираат реакциите, откако ...

Illustration:Unsplash.com Дали вашите објави на Инстаграм или Фејсбук/Инстаграм беа означени како лажни, означени како постови против стандардите на заедницата или отстранети од платформата? Дали оценувањето беше праведно? Бараме луѓе кои се подготвени да ги споделат своите искуства со нас за да помогнат во приказната на која работиме. Скролајте надолу за информации за тоа како да учествувате. Клучните работи што сакаме да ги знаеме: ● Колку од ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
81%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
1.54
81%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
61%
1019
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
95%
1022
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.6
53%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1021
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
78%
1015
Currency

61.54

Currency

52.6624

Currency

70.9477

Currency

34.6945

Currency

38.0578

Currency

65.9863

Currency

7.37394

Currency

0.64871

Currency

0.35804

Currency

0.52671

Currency

1.27699

Currency

0.59729