Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци, а може и почесто и што е многу важно жалбата нема да го одлага извршувањето. Во досегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, а ова што ние го правиме со контролите го правиме на добра волја, истакна вицепремиерот и министер за транспорт ...
Обединетото Кралство ја разгледува можноста да испрати мигранти на кои им е одбиен азил во балканските земји – Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, објави Тајмс, повикувајќи се на извори во британската влада. „Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил може да бидат испратени во миграциските центри во Западен Балкан и други трети земји“, наведува весникот. Лондон има намера да им плати на земјите што ги ...
На вчерашниот протест на опозициското движење „Кој е следен“ незабележано помина едно од барањата на студентите. Тоа е да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отварање до несреќата од Државен пазарен инспекторат, Министерство за eкономија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Локален градежен инспекторат, ...
Со прашања од страна на одбраната и обвинителство на Боре Видевски, денеска, во Основниот кривичен суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Видевски, одговарајќи на прашања рече дека под физичка тортура во полиција бил принуден да даде и потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерлае да каже дека го познаваа таткото на девојчето. За познанството со Палевски рече дека е ‘партиски’, и ...
Откако ќе го истепаа Кешишев знаев дека сум јас на ред бидејќи бевме преку една ќелија, го продолжи своето излагање Боре Видовски. Во судот кажав се што кажав во станица но тоа не реална изјава бидејќи е под принуда, се пожали Видевски во судот. Откако се вратиле во притвор тепањето продолжило и го вратиле во ќелија и при влезот ми ја удрија главата од вратата. Вратата е железна. Имав болки во бубрезите. До денеска имам навреди и закани кон ...
Протестите во Македонија по повод трагедијата во Кочани е обид да се преслика истото сценарио од Србија и падот на настрешницата во Нови Сад. И едните и другите играат на иста карта, а тоа е емоцијата на народот поради изгубените човечки животи. Доказ за тоа е вчершниот разговор на членовите на Левица со српската инструкторка во кој велат „мораме да го искористиме ова”. А дека не се работи за никаков граѓански протест покажува и тоа што и во ...
На денешен ден пред 26 години почнаа воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија. Сирените за воздушен напад се огласија околу 19 часот и 45 минути, а првите проектили ја погодија зградата на Центарот за комуникации во касарната Прокупље, при што загина војникот Бобан Недељковиќ. Во Косово, првите цели што беа погодени беа воените цели во Приштина. Наредбата за воената кампања ја дал Хавиер Солана, тогашниот генерален секретар ...
На видеото кое беше објавено денеска главен координатор на групниот разговор со членовите на Левица е Сташа Цветковиќ, инструктор и активист од Србија. Таа им кажува на Кирил Витановски и Ѓорѓи Јачев како да се однесуваат на утрешниот протест на плоштадот и како да предизвикаат насилство. Сташа е студентка на Архитектонскиот факултет во Белград, и нејзиниот профил на Твитер е полн со фотографии од последните протести како и со пароли против ...
Еве ја лично не кријам дека сум од партија, вели водачот на утрешните протести, вели Кирил Митановски во видеото кое беше објавено денеска како со помош на српски активисти спремаат дестабилизација и инциденти во Македонија. Ѓорѓи Јачев пак се брани дека бил во партија, но оти не е и оти со Кирил се знае од таму. Тие луѓе што имаат такво искуство обично се качуваат на врвот, цели Јачев. По првичното излагање на Кирил и Ѓорѓи во разговорот ...
Веќе нема дилеми. Зад утрешниот протест во Скопје стојат српските студенти кои се дел од српската опозиција а локална поддршка се членови на Левица и СДСМ. „Пресинг ТВ“ одблиску ви ги претставува оние кои утре планираат насилство и дестабилизација на Македонија заради партиски цели. Жртвите од трагедијата во Кочани за нив се на последно место. Од Србија протестите ги предводи Сташа Цветковиќ. Прв е Кирил Митановски од Левица кој во видеото ...
Слично видео во кое српските студенти подготвуваат насилство на протестот одржан на 15 март беше објавено на социјалните мрежи. На тоа видео т.н студенти кои всушност се членови на партијата „Покрет слободних граѓана“ планирале да предизвикаат немири и граѓански војна. Тоа и се случи бидејќи овие „студенти“ кршеа и палеа со цел да добијат преодна или техничка влада. Состојбата во Македонија е идентична. Партиски членови се користат како ...
На социјалните мрежи се појави видео од групен разговор меѓу македонски и српски студенти кои се договараат како да предизвикаат немири на протестите во Скопје кои се закажани за утре. Он лајн состанокот го координара извесна Стача, атудентски инструктор а во „чатот“ учестуваат Кирил Митановски од Црвената младина на Левица кој вели дека е од партија. Еве ја лично не кријам дека сум од партија, вели водачот на утрешните протести. Ѓорѓи Јачев ...
ронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев – Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е во стабилна состојба и во моментов е не е во животна опасност, соопшти стручниот лекарски конзилиум во Клиничката болница „Аџибадем систина“ каде што се лекува. Пациентот Владимир Блажев од денот на приемот до денес се наоѓа во еднициата за интензивно лекување. На овој оддел се применува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведување ...
Српската опозиција откако им пропадна протестот во сабота го извадија последниот адут а тоа е дека власта користела звучен топ. Тоа е уред што испушта иритирачки звук кој може да предизвка мачнина и вртолгавици,непријатен за ушите и слухот. Српското МВР поседува вакви уреди но никогаш не ги користело. Тоа го потврди и американскиот производител „Џенесис“. На кој начин фунцкионира звучниот топ LRAD, или радио-контролиран уред со долг ...
На годишнатата од НАТО бомбардирањето на Србија, претседателката на Косово Вјоса Османи на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон му додели награда „Миротворец на векот“. Таа го изгушка и му се заблагодари што Косово денеска е слободно и независно. Додека стоев пред него, се сетив на март 1999 година, кога ги слушавме неговите говори на мало радио, додека ги доживувавме ужасите на режимот на Милошевиќ. Денес благодарение на ...
На социјалните мрежи се појавија повици за протест во Скопје.Протестот е планиран за утре, а симптоматично е што тие се најавени и подджани од профили кои се формирани само пред неколку дена, односно по трагедијата во Кочани. Овие профили се особено активни на Фејсбук и на Твитер и објавуваат повици за протест. Се гледаме на пленум, стои во објавата Профилите се нарекуваат „Студентски пленум“ а ги поддржуваат и следат исти такви медиуми во ...
Срѓан Ного беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик. Обвинителството по рочиштето му предложи на судијата на претходна постапка да му одреди мерка притвор на осомничениот за да се спречи во краток рок да го повтори кривичното дело. Постојат основи за сомневање дека Срѓан Ногму се ...
Според јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сите докази за дискотеката „Пулс“ упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, за што е предвидена казна затвор до 20 години. -Доказите кои секој ден ги собираме укажуваат на тоа дека коренот всушност е една општа ерозија на системот, култура на непочитување на законот и правилата, но и длабока системска корупција. Обвинителството, за жал, не е орган на превенција, туку на ...
Јавното обвинителството побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за други раководни лица од Mинистерството за економија, информираат извори во истрагата. Меѓу оние за кои е побарана мерката е и државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу. Тие се први лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена од поголемата група која досега има над 20 осомничени. ...
Откако сопругата на Бујар Османи испрати заканувачка порака на Фејсбук револтирана што поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е во притвор, јавноста со право прашува дали таа ќе биде повикана во полиција поради потикнување на меѓуетнички тензии. Валбона Осани се закани дека молчат само поради трагедијата во Кочани и дека поддржува немири. Валбона набрзо ја избриша објавата. Молчиме затоа што ја чувствуваме болката на семејствата на ...
Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани, што се случи рано наутро во неделата. – Не постои збор со што можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистинитите информации, се наведува во соопштението на Министерството. Оттаму ...
Прекршување на подрегионалниот договор за контрола на вооружувањето, вака претседателот на Србија Александар Вучиќ го коментира потегот на Албанија, Хрватска и Косово да формираат еден вид воен сојуз. Потпишувањето на меморандум меѓу Албанија, Хрватска и таканареченото Косово во областа на одбраната претставува кршење на подрегионалниот договор, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Ова е кршење на таканаречениот субрегионален ...
Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро на 16 март загинаа 59 лица. Од нив 43 се од Кочани, по пет лица се од Скопје и Штип, тројца од Пробиштип, двајца загинати се од Виница и едно лице е од Струмица. Повредени се 178 лица. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на ...
Гледам, следам што се случува и колку и да е нормално во оваа трагедија да се молчи и почека резултат од предистрагата и да се даде мир на фамилиите на починатите и повредените во пожарот на кои најмалку им треба да ги вовлекуваат во шарените манипулации од истите луѓе кои го доведоа Заев на власт со државен удар и го бранеа додека вршеше прогони, корупција, препродаваше кинески вакцини кои никако не стасаа на време, штитеше одговорни за ...
Македонија ги живее најтешките денови во поновата историја. Волку тага одамна не сме почуствувале. Нема човек што не го погоди тоа што 59 млади отидоа на концерт и не се вратија дома, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Кога во неделата наутро, сите ја прочитавме веста за пожар во Кочани на никому не му паѓаше на памет дека од тој ден веќе ништо нема да биде исто. Неразбирливо е како може така лесно да загинат толку млади ...
Името на Срѓа Поповиќ од организацијата Канвас беше многу актуелно за време на шарената револуција во 2016 во Македонија. Toj e творецот на изумот наречен „Шарена или обоена револуција“ насекаде во светот. Овој изум Срѓа добро го продава од арапските земји, Украина, како на Балканот. За ова тој напиша и книга која ја нарече „Мустра за револуција“. Генералата проба му беше проектот „Отпор“ во Србија кога го рушеа Слободан Милошевиќ. Потоа ...
Кога Палчо ја уби Вања не бев далеку туку на десетина метри. Го видов како го носи перничето и ја пука, продолжи денеска со своето сведочење за убиството на Вања Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев. Потоа извади нови алати од пикапот и не натрера да ископаме дупка и да ја закопаме. Единствено преместување на телото е кога ја стававме во дупката. Ја копавме околу 20 минути, а за тоа време телото на Вања не го мрдавме се додека не ја ставивме ...
Јас ја одлепив лентата од устата на Вања за да може Љупчо Палевски да ја слика со вперен пиштол за родителите побрзо да дадат пари за откуп, раскажа обвинетиот Велибор Манев во денешното сведочење за тоа како го грабнале девојчето. Тој вели дека според она што им го кажал Палевски, договорот бил да се грабне 40-годишна жена, ќерка од првиот брак на познат фармацевт во Македонија. Тој повтори дека за Алекдандар првпат слушнал во полиција и ...
За сите оние кои што било како допринеле со милиметар да се случи ова кое што се случило, ќе има одговорност, без разлика дали се тие од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ или од некоја друга политичка партија, без разлика дали се Македонци, Албанци или други, без разлика дали се христијани или муслимани. За секој оној за кој ќе биде утврдена одговорност ќе одговара, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ порача дека ќе се отворат сите претходни случаи и за модуларната болница и за Ласкарци истакнувајќи дека ќе се оди до крај и ќе има одговор што точно се случувало, односно како што рече или ќе има победа за Македонија и граѓаните или за мафијашите. Сите овие случаи кои што ги кажавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и ...