Водителот и шоумен Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје. Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од актуелниот скопски градоначалник – Орце Ѓорѓиевски. Почетокот на изградбата на објектот беше означен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година. Претходно оваа функција ја извршуваше Горјан ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со директорката на Оперативно- техничката агенција ОТА Марија Јаническа на која дискутираа за соработката меѓу двете институции, клучна како гарант на ефикасноста на системот за следење на комуникациите за потребите на кривичната постапка со почитување на основните човекови слободи и права. Двајцата оценија дека соработката до сега се одвива непречено, но ...

Разбираме дека Дејвид Гета не му е по вкусот на Филипче кој го преферира Харис Џиновиќ, но разликата помеѓу Дејвид Гета на Стадион, достапен за сите граѓани и Харис Џиновиќ на приватна журка на Филипче и Заев во Дубаи платен со крадени пари од граѓаните е евидентна и огромна. Срамно е што СДС е и против прослава на независноста на Македонија, очигледно го чекаат славјето на денот за независност на Бугарија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ...

Грција воведе нови, значително построги ограничувања на брзината во населените места со цел зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите. Од почетокот на годинава, максималната дозволена брзина на градските улици со по една лента во секој правец е намалена од 50 на 30 километри на час. Исклучок од ова правило се само големите булевари и еднонасочните улици со најмалку две ленти, каде што протокот на сообраќај дозволува брзина до ...

Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, оделе навечер во тогашните канцеларии на СЈО, и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кој предмет да се работи, кој не, и кој поединец да биде опфатен со одреден предмет, а кој да биде изземен од политичкиот прогон кој го извршуваа, благодарение на Катица Јанева, стои во соопштението на ...

Дел од жителите во општина Ѓорче Петров утре ќе останат без снабдување со електрична енергија поради планирани технички интервенции во мрежата. Како што соопштуваат од ЕВН Дистрибуција, прекинот ќе опфати дел од корисниците лоцирани на една од главните улици во оваа населба. „На ден 15.05.2026 година (петок), во период од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата ‘Македонска Преродба’“, информираат од ...

Денеска предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во ...

Француските здравствени власти воведоа ригорозен надзор над 22 лица кои биле во контакт со случај на хантавирус, додека дополнителни четири лица од крузерот каде е регистрирана инфекцијата се хоспитализирани како превентивна мерка. Министерката за здравство на Франција, Стефани Рист, потврди дека состојбата на сите идентификувани контакти во моментов е добра. „Сите идентификувани контакти се чувствуваат добро и првите хоспитализирани лица не ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево изјави дека има видливо забрзување на реформскиот процес во Македонија во споредба со минатата година. Тој изрази оптимизам дека претстојниот извештај на Европската комисија ќе ги рефлектира овие позитивни промени. Според него, во тек е подготовката на Годишниот извештај на ЕК, кој треба да биде финализиран на почетокот на есента. „Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек ...

ВЛЕН оценува дека реформите во високото образование се материјализираат во практика, одразувајќи ги барањата на академската заедница и албанските универзитети. „Во таа насока, учеството на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза“ за институционална консолидација и законодавството во високото образование, го потврдува ангажманот за конкретна имплементација на реформите. ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска порача дека Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но дека употребата на придавката „македонски“ во однос на идентитетот и народот не може да се забрани. Реакцијата на претседателката следува по новинарски прашања за вербалната нота врачена до бугарскиот амбасадор, поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Велислава ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.05.2026, пријавениот испратил смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Берово. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово ...

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари. Според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски стапила во контакт со едно женско лице и едно машко лице, кои биле и дома кај неа и ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции, за што во неколку наврати оштетените им дале пари. Но, ...

Вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 86-годишниот Д.Т. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава Вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од ...

Министерот Тимчо Муцунски денес признава дека НАТО е феноменална работа, дека дава безбедност и поволна клима за инвестиции, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор, и ги доби изборите со лажна теза дека СДСМ е предавник на македонскиот идентитет, а денес изјавите од највисоките функционери на партијата ...

Вчера во 10:22 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 10:10 часот настанал пожар во продажен објект на ул.„Серава“ во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и други две лица пожарот бил изгаснат, при што едно од лицата вдишало чад и било пренесено во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Вчера во 10:22 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 10:10 часот ...

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови ...

Вчера во 21:10 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на ул.„Душан Преграц“ во Неготино, 12-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 12-годишникот, а со телесни повреди се здобил неговиот 14-годишен сопатник од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. ...

Вчера во 15:00 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Гевгелија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат линеа“, сопственост на МВР, а управувано од Р.П.(30) и товарно возило „сканиа“ со полуприколка со босански национални ознаки, управувано од Р.М.(42) од Босна и Херцеговина. Во несреќата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник Р.П., констатирани во Општа ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција информираше дека побарал официјална билатерална средба со министерката за надворешни работи на Бугарија. Средбата треба да се одржи на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Шведска. Муцунски нагласи дека дијалогот со Софија е неопходен и покрај неодамнешните непријатни настани и блокадата на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати јавно барање за извинување од страна на премиерот Христијан Мицкоски и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според него, актуелната власт ги добила изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз е предавник на македонскиот идентитет. Филипче посочи дека иако претходно ветувале поништување на Преспанскиот договор, сега функционерите на ВМРО-ДПМНЕ јавно го прифаќаат како чин ...

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска претседаваше со проширената седница на Локалниот совет за превенција, посветена на безбедноста во училиштата и спречувањето на меѓуврсничкото насилство. Советот најостро го осуди секој вид насилство, порачувајќи дека за него не постои оправдување. Седницата беше свикана по инцидентот во основното училиште во населбата Ченто. Иако случајот е оценет како изолиран, на седницата беа ...

Вчера во 12:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на средно училиште во Тетово, медицинска екипа интервенирала кај 16- годишен малолетник од село Горно Палчиште, кој бил во бессознание поради прекумерна употреба на алкохол, информираа од МВР. По укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, малолетникот е предаден на родителот, кој е повикани на службен разговор за расчистување на настанот. Вчера во 12:00 часот во СВР ...

Народната канцеларија на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, од денеска е повторно во функција на граѓаните. Објектот се наоѓа во центарот на Скопје и неговата цел е да воспостави директна комуникација меѓу институцијата и народот. На свеченото отворање присуствуваше и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека ова е важен чекор кон поотворени институции. „Народната канцеларија ...

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од оваа учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства како резултат на заложбите на Министерството за образование и наука за дигитализација на образованието. Ова е значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата реализиран со поддршка од Македонски Телеком. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на ...

Вчера во 16:35 часот на улица „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.П.(39) од Охрид. Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид со употреба на сила од Ј.Б.(28) од Германија одзел мобилен телефон. Откако бил спроведен во Полициската станциа Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и задржан. Подоцна, со ...

Вчера во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(35) од Охрид. При претрес во неговиот дом во Охрид и во неговото возило, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Вчера во 17:00 часот, полициски службеници Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А.(32) од Кавадарци. При претрес во домот во кој престојувал во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, зелена течна материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ...

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за водење политика на штета на националните интереси. Според Манасиевски, Филипче продолжува по патот на неговиот претходник Заев и е подготвен на нови отстапки. „Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за ...

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, денеска упати остри критики по одлуката за затворање на обвинителската постапка за предметот „Мазут“, вреден 167 милиони евра. Според неа, овој потег е доказ за влијанието на политичките лидери Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази. Стојаноска потсети дека пред една година истото обвинителство бараше притвор за осомничените поради ризик од бегство, за сега да ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.43
80%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
2.68
76%
1017
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.39
85%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.71
92%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.48
84%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.92
86%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
63%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
67%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.17
80%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
80%
1014
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 18ᴼ
0.89
54%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
4.42
73%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Родиум

258813.51

Сребро

2181.05

Платина

57067.58

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

38805.95

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.60

Рутениум

49769.36

Калај

54.25

Бакар

12.61

Злато

139164.58