Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), започнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, дел од Коридорот 8. Договорите беа потпишани во Владата, во присуство на премиерот ...

Шпанија и Еквадор разоткрија меѓународен синџир за шверц на кокаин, при што во заедничка полициска операција се запленети 21 тон дрога. Надлежните служби соопштија дека операцијата била резултат на повеќемесечна координација меѓу безбедносните органи на двете земји, насочена кон разбивање на криминална мрежа што организирала транспорт на големи количества кокаин кон европскиот пазар. Во рамки на акцијата се спроведени претреси и приведени се ...

Современите рударски проекти мора да обезбедат високо ниво на заштита на животната средина, а државата треба внимателно да го следи нивното работење, смета претседателката на Македонското геолошко друштво, професорката Соња Лепиткова. Според неа, Македонија треба да ги препознае сопствените минерални потенцијали и да ги стави во функција на економскиот развој, но исклучиво преку одржливо користење на природните ресурси. Говорејќи за Иловица, ...

На 6 август 2016 година Македонија ја погоди силно невреме проследено со обилни врнежи, грмежи и силен ветер. Наврнаа 93 литри дожд на метар квадратен за 24 часа, а првите два часа од невремето беа регистрирани повеќе од 800 молњи и громови. Најголемото невреме што го погоди Скопје на 6 август 2016 година донесе трагедија и големи последици, но остави и приказни за човечност и храброст. Една од нив е приказната за Веле Богатиновски, човекот ...

На 05.08.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Тетово, за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За време на контролата изречени се 50 санкции, од кои девет за возачи на лесни електрични возила (тротинети), ...

Шести август е прогласен за ден на жалост во регионот Киев за жртвите од смртоносниот руски ракетен и беспилотен напад извршен во текот на ноќта на 5 август, во кој животот го загубија најмалку 17 лица, а десетици други беа повредени во главниот град и околината. Според новинската агенција „Укринформ“, одлуката ја објави началникот на Киевската регионална воена администрација, Тимур Ткаченко, во објава на „Фејсбук“. Во знак на почит кон ...

На 4 август во 07:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Јустинијан Први“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед и пешак. Според пријавеното, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј. (22) од Скопје, удрил во пешакот Ц.Н. (83), исто така од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица, се вели во соопштението од ЛДП. -ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и ...

Италија денеска стави 27 градови под највисоко ниво на тревога поради новиот топлотен бран што ја зафати земјата, додека локалните медиуми јавуваат за уште неколку смртни случаи кои се поврзуваат со екстремно високите температури. Според агенцијата АНСА, денеска 25 градови се под црвен аларм, а утре нивниот број ќе се зголеми на 27, бидејќи се очекуваат рекордно високи температури што претставуваат сериозен ризик за јавното здравје. Меѓу ...

Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за ...

Два случаи на семејно насилство се пријавени во СВР Скопје, при што полицијата постапувала по пријави за физички напади врз мајки. На 4 август во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н. (22) од скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 21:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка. Истиот ден во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Драчево ...

Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели, стои во соопштението на СДСМ. -Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички ...

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вчера прослави роденден, а на социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари на граѓаните за честитките. -Ви благодарам од срце! Велат, дека човек е богат онолку колку што има искрени луѓе покрај себе. А јас, благодарение на сите вас, денес се чувствувам како најбогатиот човек на светот. Благодарам за секоја честитка, порака, повик и убав збор по повод мојот роденден. Ми го разубавивте денот и уште еднаш ме ...

Град Скопје и Општина Гази Баба ги известуваат граѓаните дека на 06.08.2026 година (четврток), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари. -За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде ...

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани во изминатото деноноќие до 07:30 часот утринава, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, еден пожар е сè уште активен, еден е ставен под контрола, а 18 се изгаснати. Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во село Грешница, на местото викано Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, во ...

На 6 август 2016 година Македонија ја погоди силно невреме проследено со обилни врнежи, грмежи и силен ветер, кое најпрвин го зафати Полошкиот регион, а потоа со најголем интензитет се прошири во Скопскиот регион. Во текот на 24 часа во Скопје наврнаа 93 литри дожд на метар квадратен, а во првите два часа од невремето беа регистрирани повеќе од 800 молњи и громови. Најтешко погодени беа североисточните делови од главниот град, особено селата ...

УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, во осум часот наутро. Според податоците од УХМР, најтопло ова утро е во Кавадарци и Виница, каде се измерени 26 степени од рано наутро. Најниска утринска температура ова утро е измерена во Крива Паланка, 20 степени. Во Скопје утрово се измерени 24 степени. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови ...

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од 11 до 22 степени наутро, а дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се ...

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, дел од источниот крак на Коридорот 8. Во Владата ќе бидат потпишани договорот за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за ...

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општината Бутел. Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот ќе трае од 09:00 до 12:15 часот, поради замена на постоечки дрвен столб со ногара. Без електрична енергија ќе бидат корисниците на населбата Радишани 7, како и на улица 56 во Радишани и Бутел. Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната ...

Од Водовод информираат дека неколку улици во Скопје денеска ќе останат без вода. -Ве известуваме дека на ден 06.08.2026 год. поради уличен дефект ф-80мм на ул.Рајко Жинзифов бр.32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Рајко Жинзифов, дел од ул.Владимир Полежиновски, дел од ул.Стефан Јакимов-Дедов и дел од ул.Борка Талевски, стои во соопштението на Водовод и Канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 ...

Полската метеоролошка служба денеска издаде највисоко предупредување за жештини за Варшава и поголемиот дел од земјата поради продолжениот топлотен бран. Според прогнозата, во југоисточна Полска се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени, а за во Варшава се предвидуваат 38 степени. Исто така се прогнозираат тропски температури и во текот на ноќта. Премиерот на Полска, Доналд Туск апелираше работодавачите да им дозволат на ...

Нов пожар избувна во област со ниска вегетација во местото Дридза, во општината Коропи, лоцирана јужно од Атина. Поради брзото ширење на огнот, грчките власти веднаш спроведоа голема мобилизација на противпожарните сили. Според пишувањата на весникот „Катимерини“, пожарот бил пријавен денеска околу 13:45 часот. По пријавата, надлежните служби веднаш испратиле предупредување до сите жители во поширокото загрозено подрачје со цел превенција и ...

Музиката, движењето и традицијата добиваат нов спој во спектакл што преку современ сценски јазик раскажувa зa приказна за идентитетот, културата и заедништвото. Во Националната опера и балет течат подготовките за музичко-сценскиот спектакл што на 9 август премиерно ќе биде изведен на стадионот Билјанини Извори во Охрид по повод 35 години независна Македонија. Зад сцената се испишуваат последните страници од една несекојдневна уметничка ...

Наместо да ја реконструира и модернизира постојната железничка инфраструктура, Владата планира ново огромно задолжување од 2 до 2,5 милијарди евра за таканаречена брза пруга, проект кој ќе го плаќаат граѓаните, рече организацискиот секретар на СДСМ Зоран Трифуновски, во „Тема на денот“ на Сител. Тој посочи дека решението не е во нови милијарди кредити, туку во реконструкција на постојната пруга, која може да обезбеди подобар и поефикасен ...

Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Денеска од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие, ...

Спречена катастрофа во виничко, запалена била трева при сечење со брусилица, алармираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност. – Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, бил совладан во прва фаза. ...

Беспилотно летало со експлозив во текот на ноќта се приближило опасно блиску до украински авион на германскиот аеродром Лајпциг/Хале, соопштија од НАТО по безбедносниот инцидент поради кој привремено беа суспендирани сите летови. Настанот предизвика итна реакција на службите за безбедност и блокада на аеродромскиот сообраќај, додека надлежните органи започнаа истрага за потеклото на дронот. Присуството на леталото веднаш го активирало алармот ...

Недостигот на анестезиолози и радиолози е еден од најголемите предизвици во македонското здравство и не може да се надмине за краток период, бидејќи станува збор за специјализации што траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. – Морам да кажам дека експериментот со приватните специјализации направен во 2018 – 2017 година не ги даде посакуваните резултати, односно не се запишуваа ...

Македонско друштво „Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот и членовите на Општинскиот совет, со кое бара официјалната веб-страна на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. -Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и правото на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35