Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на земјата во понеделникот рано изутрината. Најтешко е погоден главниот регион за производство на кафе, а според податоците, ова е најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на ...

Шпанија денеска е во центарот на светското внимание поради целосното затемнување на сонцето, редок астрономски феномен кој освен голем интерес кај астрономите, предизвика и економски бум во туристичкиот сектор. Најголем прилив на посетители бележат Балеарските Острови, каде што ексклузивните понуди за набљудување достигнуваат астрономски суми. Хотелската компанија „Мелиа Хотелс Интернешнл“ понуди ултра-луксузен пакет по цена од 200.000 евра. ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива без поголеми проблеми и по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија. Поради зголемената фреквенција на возила, засилен е сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. Најголеми задржувања има на граничните премини Табановце и Богородица, каде возачите кои ја напуштаат земјава чекаат околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема ...

Од Водовод информираа каде ќе нема вода денеска на територијата на Скопје. -Ви најавуваме дека на ден 12.08.2026 г. поради уличен водоводен дефект на цевка Ф80 мм. на улица Георги Попхристов бр.11, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Георги Попхристов од 09:20 часот до завршување на работните активности, стои во соопштението на Водовод и Канализација – Скопје. -Ви најавуваме дека на ден 12.08.2026 г. поради дефект на ...

Бројот на загинати од силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на 181, соопшти денеска асоцијацијата Asocapitales, сојуз на најголемите градови во земјата. Најмалку 1.246 лица се повредени во земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, еден од најсилните во последните децении. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте додека спасувачките акции се во тек. Околу 3.800 лица се пријавени како исчезнати на неофицијална ...

Познатиот хрватски уролог Томислав Сориќ (56), долгогодишен раководител на Одделот за урологија во Општата болница во Задар, загина во несреќа во морето кај островот Иж. Според информациите на хрватската полиција, лекарот скокнал во морето од пловило, по што бил повреден од пропелерот на моторот и се удавил. Полицијата добила пријава околу 16:10 часот дека 56-годишен хрватски државјанин скокнал од брод и не се појавил на површината. Во ...

Необичен инцидент повторно ги вознемири капачите во Каштел Лукшиќ, Хрватска, откако млада личност била касната од голема желка во морето. Нападот се случил во неделата на плажата „Миљенко и Добрила“. Според сведоштвата, желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот, предизвикувајќи повреда и крвавење. Повредениот веднаш побарал медицинска помош, а неговата мајка се јавила и на бројот 112. Оттаму ѝ било ...

Пред Регионалниот суд во Салцбург започна судскиот процес против 46-годишен македонски државјанин и неговиот соучесник од Босна и Херцеговина, обвинети дека во 14 наврати прокриумчариле вкупно седум килограми кокаин од Балканот во Австрија. На првото рочиште одржано во вторникот, двајцата обвинети ги отфрлија главните обвиненија за шверц на наркотици. Според обвинителниот акт, во периодот меѓу пролетта 2024 и 2026 година, тие во седум наврати ...

Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не презеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина. Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи и работи за оние кои ја градеа државата. ВМРО- ДПМНЕ во предизборието вети 5.000 денари но за само две години пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Над 330 000 пензионери денес имаат повисоки пензии и посигурен сеемен буџет. Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, па така најниската пензија денес ...

Талогот на СДС со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, а и селективно молчи. Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за во јули 2026 година, 2,3% на годишно ниво. Просекот на Европската Унија изнесува 2,9%. Со други зборови, опозицијата тврди дека земјава тоне економски, кога напротив бележи една од најниските стапки на поскапување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Движењето низ месеците дополнително ја ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил прегледан во болница откако паднал од велосипед, пренесуваат локалните медиуми. Инцидентот се случил во понеделникот, по што Мицотакис се упатил во болничка амбуланта. При падот се здобил со повреда на раката и неколку помали гребнатини. По извршениот медицински преглед и укажаната прва помош, грчкиот премиер бил пуштен од болницата и ја продолжил својата дневна агенда. Според досега објавените ...

Дете на возраст од година ипол било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители, пренесува РомаПрес. Според најновите податоци, детенцето во дворот на семејната куќа во Шуто Оризари јадело виршли со неговата мајка, кога куче ја прерипало оградата на куќата, влегло во дворот и веднаш се нафрлило кон детето, пренесува Слободен Печат. Детето три дена било на интензивна нега, а ...

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари, стои во соопштението на СДСМ. -Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што ...

УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, а мерењата покажуваат дека пеколот зема замав уште од рано наутро. Со 16 степени Берово е најсвежото место ова утро во Македонија. УХМР измери 27 степени во Кавадарци во осум часот утрово, со што е најтопол град во Македонија во моментов. Во Скопје, измерени се 23 степени Целззиусови во осум часот. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува ...

Европската Унија издвои во првиот круг 100.000 евра за поддршка на итните операции на терен по земјотресот со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, додека истовремено се мапира потребата од дополнителна помош. Европската комисија соработува со германскиот Црвен крст во погодениот регион, изјави денеска портпаролката. ЕУ истовремено ѝ ги стави на располагање на Колумбија своите услуги за сателитско мапирање за да ги поддржи ...

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува денеска во судницата во „Идризово“, со изведување на градежното вештачење и распит на вештаците кои работеле на него. На претходното рочиште, професорот од Градежниот факултет при УКИМ и судски вештак Горан Марковски истакна дека анализата покажала сериозни пропусти во функционирањето на системот, како и непочитување на стандардите, прописите и процедурите. Според неговото ...

Августовската сесија од екстерните испити за матура започнува денеска, а ќе продолжи и во петок, 14 август. Испитите ќе се полагаат со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар, за августовскиот рок се пријавени вкупно 1.460 кандидати – 1.328 за државна матура, 126 за стручна и шест за уметничка матура. Денеска матурантите ќе го полагаат изборниот екстерен испит, односно математика или англиски јазик. За другите ...

Одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор започнува денеска со серија панел-дискусии, а главниот настан е предвиден за утре на Камениот мост во Скопје. Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати, денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат три панел-дискусии посветени на досегашната примена на Договорот, меѓуетничките односи и неговата улога во идниот развој ...

Вчера околу 12:40 часот, во селото Батинци, скопско, полицијата го лишила од слобода 34-годишниот Ф.И. од Скопје. Како што информира МВР, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при извршен преглед кај него пронашле револвер и куршуми за оружјето. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 396 од Кривичниот законик. Вчера околу 12:40 часот, во селото ...

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 23 степени, додека максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната ...

Неколку локации во Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, прекин на снабдувањето ќе има во населбата Момин Поток, на улицата „Калош Дани“, како и кај фирмите „Стил Железо“, „Синтекс“ и „Европа 92“, информира РЦУК Скопје. Без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе биде и објектот на ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец. Во периодот од ...

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, два се ставени под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и пожарот над селото Моране во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана ...

Околу 2,4 милиони девојчиња во моментов се исклучени од средното образование во Авганистан како резултат на политиката на талибанската влада, според проценката објавена денеска од организација за образование и култура на ОН со седиште во Париз. -Жените се избришани од јавниот живот, и како што нова генерација девојчиња расте без образование, нивната иднина станува сè потемна, се наведува во соопштението. Таа бројка би можела да порасне на ...

Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, вклучително и донесување нова законска рамка со која учебникарството е ...

Периодите на екстремна топлина стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни, како последица на затоплувањето на планетата предизвикано од климатските промени, предупреди денеска Светската метеоролошка организација (СМО). Според метеоролошката агенција на Обединетите нации, значајна промена во температурните обрасци е забележлива уште од жешкото лето во Европа во 1976 година. Делови од Европа ова лето веќе го доживуваат својот петти ...

На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на ...

Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво одделение сè уште не се запишани, но бројката не е конечна бидејќи дел од родителите традиционално ги запишуваат децата кон крајот на август и во текот на септември, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за телевизија Сител. Таа појасни дека Министерството за образование и наука конечните податоци за бројот на запишани првачиња ќе ги има до ...

Либанскиот парламент денеска донесе историска одлука за целосно укинување на смртната казна. Со законските измени, најстрогата казна во иднина ќе биде заменета со доживотен затвор проследен со исклучително тешка принудна работа. – Ова е историски чекор за нашата земја – изјави министерот за правда Адел Насар за време на парламентарната седница. За укинувањето на смртната казна гласаше мнозинството од 128-те пратеници во либанскиот парламент. ...

Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25