Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Вкупно 13 пожари на отворен простор низ државата се регистрирани денеска до 13:00 часот, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последните информации, девет пожари се сè уште активни, два се ставени под контрола, додека два се целосно изгаснати. Од активните жаришта, во општина Студеничани гори мешана шума, додека во регионот на селото Мождивњак, општина Крива Паланка, огнот опфатил ниска вегетација и багреми. ...
Вчера во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Вчера во 23:00 часот во Скопје, ...
Источниот дел од Македонија денеска е зафатен од нестабилна облачна маса која носи пороен дожд, засилен ветер, грмежи и локална појава на суградица, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според последните мерења од радарските слики, нестабилноста засега најмногу ги засега планинските подрачја во источниот регион. Од УХМР соопштуваат дека облачната маса постепено се движи и пополека се спушта кон Струмичкиот регион. ...
Охридскиот рамковен договор е институционална одговорност и стандард што треба да продолжиме да го градиме секој ден, а не само документ од нашата историја, порача министерот за правда Јетон Шасивари по повод 25-годишнината од неговото потпишување. Тој посочи дека одбележувањето на овој јубилеј на свечената седница на Владата претставува потсетување на историскиот момент со кој земјата тргна по патот на мирот, стабилноста и соживотот, но пред ...
Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на ...
Годинава за здравствениот сектор се обезбедени рекордни повеќе од една милијарда евра, што претставува најголема финансиска поддршка досега, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков. Тој посочи дека овие средства се насочени кон инвестиции во човечки ресурси, здравствени услуги, инфраструктура и опрема, со посебен фокус на младите лекари. Со одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти до ...
Европската инвестициска банка алармира дека Европа располага со значаен минерален потенцијал, но нема доволно геолошки истражувања и подготвени проекти кои можат да преминат кон реализација на нови рудници. Во техничкиот извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ оценува дека повеќедеценискиот недостиг од инвестиции во геолошките истражувања оставил значителен дел од европскиот минерален потенцијал ...
Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од неговото потпишување. Тој истакна дека на овој документ треба да се гледа со зрелост, почит кон различните ставови и одговорност кон иднината. Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме ...
Тврдењата на СДСМ дека водата во Скопје е небезбедна за пиење претставуваат опасна дезинформација и ширење паника меѓу граѓаните, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. На прес-конференцијата тој истакна дека надлежните институции веднаш реагирале и ги демантирале изнесените информации. Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со ...
Денеска, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Со седницата раководеше Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, кој во своето обраќање ја истакна историската и политичката важност на овој договор за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата. Говорејќи за значењето на јубилејот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека ...
Брачен пар од Босна и Херцеговина е под истрага во Пореч откако го оставиле своето малолетно дете само во заклучен автомобил пред трговски центар за да заминат на шопинг. Според информациите од Полициската управа на Истра, станува збор за 39-годишен маж и 31-годишна жена, кои го оставиле детето во возилото со затворени прозорци на паркингот пред трговскиот центар. Посетителите го забележале детето во автомобилот без облека и испотено, по што ...
Пет недели граѓаните на Гостивар се соочуваат со недостаток на чиста вода за пиење, а соодветни резултати од анализите сè уште не се јавно објавени, обвинија денеска од СДСМ на прес-конференција преку Маја Борозан. Од партијата посочуваат дека институциите излегуваат со контрадикторни информации, додека во градот постојано се регистрираат нови случаи на затруени и реинфицирани граѓани. Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па ...
Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци како превентивна мерка поради епидемиолошката состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска. Иако според Центарот за јавно здравје – Битола до 9 август беа реализирани сите предвидени редовни активности (три ларвицидни и три адултицидни третмани), прогласената епидемија во делови од Скопје наложи дополнителни мерки. Дополнителната ...
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УХМР најавува дека во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе ...
Романската нуклеарна централа „Чернавода“ започна постапка за контролирано исклучување на својот втор реактор поради драстичниот пад на нивото на реката Дунав, соопштија од компанијата „Нуклеарелектрика“. Според најавите, се очекува вториот реактор околу 11 часот по локално време целосно да престане со испорака на електрична енергија во националниот систем. Од компанијата нагласуваат дека мерката се спроведува во согласност со пропишаните ...
На 11.08.2026 во 21:30 часот во с.Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода И.Б.(43) и А.Л.(29), двајцата од Кичево. Претходно, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., а сопатник бил А.Л., при што тие од прозорец на возилото фрлиле пакување со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. При преземање мерки, исто ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова претпладне. мерните станици покажаа најниска температура на Попова Шапка, 17 степени. Најтопло е во Гевгелија со 34 степени. Во Скопје се измерени 28 степени во 11 .часот, објави УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на некои места може да се појави и невреме со силен ветер и град. Температурата ќе ...
Утрово сообраќајна несреќа е регистрирана во близина на селото Тајмиште, кичевско, при што две лица се повредени. Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 8 часот и во неа учествувале патничко и товарно возило. Повредени се маж и жена кои биле во патничкиот автомобил. Тие биле пренесени во Општата болница во Кичево за укажување лекарска помош. Полицијата извршува увид на местото, а дополнителни детали за причините и околностите ...
Украина располага со само една десеттина од пресретнувачките ракети што ѝ се итно потребни од Соединетите Американски Држави за да ги спречи сè поинтензивните руски напади со балистички ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој посочи дека секојдневно води бројни телефонски повици и доверливи разговори со сојузниците за да обезбеди дополнителни залихи за противвоздушна одбрана. Оваа година имаме два и пол пати помалку ...
Аеродромот во Катанија ќе остане затворен најмалку до петок во два часот по полноќ поради зголемената активност и исфрлањето пепел од вулканот Етна, јави германската агенција ДПА. Одлуката за прекин на летовите беше дополнително продолжена, откако претходно операторот на аеродромот најави суспензија до четврток во 16 часот. Од раководството нагласуваат дека не се исклучуваат нови одложувања. Сообраќајниот хаос се случува во самиот шпиц на ...
Македонија го освои 30. место меѓу 155 рангирани држави на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI), бележејќи скок од 29 позиции со освоени 84,17 поени од можни 100, соопшти Министерството за дигитална трансформација. Со овој резултат, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива естонската „Академија за ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во телевизиско гостување на „Сител“ зборуваше за ширењето дезинформации и, како што оцени, лажни вести од страна на СДСМ. Муцунски оцени дека опозициската партија следи „лоша траекторија“, обвинувајќи ја дека во изминатите години ја нарушила довербата на граѓаните во институциите, а сега преку дезинформации повторно создава паника. ...
Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС – талог, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава Силно светнал ден. Со ова поразен е и Филипче кој 7 ми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев во ...
Петнаесетгодишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, а семејството последен пат ја видело вчера околу 16 часот. Нејзината мајка, Давида Јанеска, за „Слободен печат“ раскажува дека Кристина попладнето кажала дека ќе оди на плажа, по што телефонот ѝ бил исклучен. Во моментот на исчезнувањето, девојчето носело црна маица, широки сиви фармерки и црн ранец. Има црна коса. Мајката апелира до сите кои можеби ја забележале Кристина или ...
Две популарни плажи во Изола на словенечкиот брег се затворени поради фекална контаминација откако рутинските тестови на водата открија екстремно високи нивоа на бактеријата Escherichia coli. Како што соопшти Бонија Миљавац, експерт во Националниот институт за јавно здравје, бактеријата е директен индикатор за фекално загадување. „Прелиминарните резултати од тестовите покажаа дека нивото на бактерии е девет пати повисоко од дозволените ...
Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев напиша статус на неговиот Фејсбук-профил по шпекулациите дека водата во Скопје имала бактерија. -Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Escherichia coli. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите ...
Во изминатата седмица во Грција се регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западнонилска треска, со што вкупниот број на заразени од почетокот на летото достигна 110 лица, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Според податоците од неделниот извештај на ЕОДИ, евидентирани се и три нови смртни случаи. Од вкупно 110 заразени, дури 81 пациент има симптоми на централниот нервен систем, како енцефалитис, менингитис или акутна ...
Во вторник и среда, 18 и 19 август 2026 година, започнува првиот уписен рок за студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За академската 2026/2027 година, која започнува на 1 октомври, на 23 факултети се предвидени вкупно 8.851 слободно место. Од нив, 4.395 места се наменети за редовни студенти во државна квота, 3.621 за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се за вонредни студенти. Најмногу места има на Медицинскиот ...
И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. -Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во ...
Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија на комарци од Западен Нил, наведува СДСМ во соопштение. -Уште еден ден до враќањето на Мицкоски од екскурзија Уште еден ден до крајот на екскурзијата. По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел. Официјално учел за Францускиот предлог. Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски ...