Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Пожарот што рано утрово избувна во кумановската населба „Средорек“ е локализиран и целосно изгаснат, соопштија од Територијалната противпожарна единица Куманово. Сигналот за пожарот бил примен во 05:35 часот, по што екипите интервенирале околу два часа. Според командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, огнот избувнал на локација со отпад и диви депонии. Кумановските пожарникари утрово интервенирале и на пожар во сендвичарница на улицата ...
Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните на Гостивар со години пиеле загадена вода, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Политичкиот талог создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и предавнички политики од кој произлезе и Филипче денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет. Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој ...
Движењето ЗНАМ – составено од луѓе што ја предадоа сопствената партија и ги предадоа сопствените гласачи, финансирано и создадено од Мицкоски со единствена цел да ја ситни опозицијата – најавува дека во септември ќе објави „извештај“ за работата на своите функционери, стои во соопштението на СДСМ. -Прашањето е едноставно: Што точно имаат да објават во тој извештај? Дека не ги испратија документите за екстрадиција на Груевски? Дека ...
Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се приведени во Скопје поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишно момче. На 10 август околу 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода малолетниците на улицата „11 Октомври“ во општина Центар. Според пријавеното, околу 20:00 часот на булеварот „Кочо Рацин“, тие физички го нападнале 14-годишникот и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, ...
Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. Интегрален текст: „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување „Наместо со кривични пријави да бараат виновници на ...
На 11 август 1992 година, со закон „Денес над Македонија“ е прогласена за државна химна на независна Македонија. Денес, 34 години подоцна, химната останува еден од симболите на македонската држава. Автор на текстот е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година, а за првпат била изведена на пречекот на Новата 1942 година во Струга, во куќата на Сотир Шута. По завршувањето на Втората светска војна, „Денес ...
На 9 август 2026 година во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во Велешко пријавила дека во нејзиниот дом таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ. и братот А.Џ. Според пријавеното, при нападот бил употребен и дрвен предмет, кој подоцна бил пронајден и одземен од полициски службеници. Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. На 9 август ...
Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот ,,Борис Трајковски! Ова го напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. -По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани. Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска ...
УХМР ги објави температурите ова утро во 8 часот низ Македонија. Според мерењата, Македонија се пржи од рано наутро. Најтопло е во Кавадарци каде во 8 часот се измерени 27 степени. Потоа следи Гевгелија со 26, па Демир Капија со 25 степени. Во Скопје во осум часот УХМР измери 24 степени Целзиусови. Ова утро најниска утринска температура е забележана во Берово и на Попова Шапка, 19 степени. Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу ...
Од Движењето ЗНАМ реагираат на, како што велат, лицемерието на политичките структури кои денес жестоко ги критикуваат состојбите во Македонија, иако со години биле дел од власта и имале можност да ги решаваат проблемите со кои сега се занимаваат. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека државата предолго трпела последици поради недоволната комуникација меѓу власта и ...
Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, се наведува во соопштението од ДУИ. -Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те ...
Во Охрид денеска ќе се одржи дискусија посветена на врсничкото насилство и вандализмот, со фокус на предизвиците со кои се соочуваат младите во училиштата и дигиталниот простор. На средбата во вилата „Билјана“ ќе учествуваат младински активисти, ученици, психолози и експерти. Настанот се организира во пресрет на 12 Август – Меѓународниот ден на младите. Пред присутните ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за ...
Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 23 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, 20 се целосно изгаснати, два се активни, а еден пожар е ставен под контрола. Еден од активните пожари е во општина Македонски Брод, во близина на селото Драгов Дол. Таму огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар има и во кумановската населба Средорек, каде што гори отпад. Под контрола е ...
Претставници на здруженијата на превозници од земјите на Западен Балкан денеска ќе се сретнат во Скопје за да договорат заеднички чекори околу проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген зоната. Средбата е организирана по воведувањето на новите правила на Европската унија, според кои престојот во Шенген е ограничен на 90 дена во рамки на период од 180 дена. Ова особено ги погоди професионалните возачи кои поради природата на ...
Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов, се наведува во соопштението на СДСМ. -Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“. Таа реторика не останувала само на зборови. Обвинувањата од страна на Ванчо за предавство се користеле како оправдување за репресија, физичко насилство, ...
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Минималните температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 35 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се ...
Топлотниот бран продолжува да ја зафаќа земјава, а денеска температурите ќе достигнат и до 40 степени. Според прогнозите, сончево и многу топло ќе биде и утре, додека од четврток се очекува благо освежување и пад на температурите за неколку степени. Здравствените власти апелираат граѓаните да бидат особено внимателни поради високите температури. Се препорачува да се избегнува непотребно излегување во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до ...
Жителите на неколку локации во Скопје и околината денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат делови од улиците „Максим Горки“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во општина Центар. Прекин на електричната енергија од 09:00 до 12:00 часот е најавен и во селата Горна Краста и Јаболци, во општина Сопиште. ...
Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето! Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност. Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови, пишува на ФБ директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска. СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако ...
Во наредните денови сообрќајната полиција ќе ги добие брзите тестови за дрога, но се уште не се знае кога сообраќајците ќе почнат да ги користат. Тестовите на плунка ќе детектираат присуство на психоактивни супстанци како ТХЦ-то од марихуаната, кокаинот, амфетамин, метанфетамин, морфиум, хероин, екстази, седативи. Одговор полициските службеници ќе добијат за десетина минути. Меѓутоа, се јавува една дилема – колку овие тестови ќе бидат ...
Шумските пожари на југот и во централниот дел на Шпанија – во регионите Уелва, Кастиља и Сеговија, на само околу 90 километри оддалеченост од Мадрид – сè уште се активни, соопштија шпанските власти. Нивното гаснење бара максимална мобилизација и распоредување на голем контингент копнени и воздухопловни ресурси. Во акцијата за гаснење ширум земјата денеска учествуваат 21 авион и околу 300 пожарникари, меѓу кои и припадници на специјализираната ...
Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се ...
Во периодот од 22.00 часот на 08.08.2026 до 04.00 часот на 09.08.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на целата државата, насочена кон санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на ...
По неодамнешниот разорен пожар во областа Виотија, кој беше предизвикан од искри од ветерници, надлежните органи во Грција започнуваат опсежна акција. Обвинителката надлежна за Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари (ДАЕЕ) нареди спроведување прелиминарна истрага на национално ниво. Целта на истрагата е да се утврди дали на територијата на земјата постојат и функционираат ветерни електрани без потребните ...
Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декемри годинава, или јануари 2027год. Ова вечерва во “Тема на денот” го соопшти заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој истакна дека процесот за жалба е завршен и сега министерството ќе пристапи кон потпишување на договор со избраниот понудувач. “Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес ...
Потпретседателот на владата, Александар Николоски, беше гостин во „Тема на денот“ на Сител телевизија, каде се осврна на критиките од опозицијата поврзани со патувањето на премиерот и посочи дека смета оти станува збор за неоправдани политички напади. Николоски порача дека и политичарите имаат право да одморат и дека граѓаните ја препознаваат разликата во однесувањето на власта и опозицијата. -Мислам дека е безобразно ова што го прави ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека успешно биле завршени градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на градинката „Весели Цветови“. „Со овој зафат, објектот е целосно реновиран! Комплетно го обновивме средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа три занимални во кои престојуваат дечиња на возраст од 2 до 6 години, кујната, канцеларијата и ходникот. ...
Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица – ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник – сува трева и ...
Во изминатиот период ЈКП „Водовод“ – Битола ја заврши првата делница од реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Дебарска“, во должина од 98 метри, при што се обновени и 11 водоводни приклучоци. Со тоа е завршена првата фаза од реконструкцијата, а во наредниот период продолжуваме со втората фаза, паралелно со реализација на нови активности за изградба и реконструкција на водоводната мрежа на повеќе локации низ Битола. ЈКП „Водовод“ – ...
Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Колумбија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот е регистриран на длабочина од 115 километри, а епицентарот бил лоциран на околу 34 километри северозападно од градот Картаго. Засега надлежните служби немаат информации за евентуални жртви или за размерите на предизвиканата материјална штета. Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени ...