На 20.05.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што во Градскиот парк на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При извршени проверки над него, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува ...

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници, зашто употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице. Станува збор за Д.С. и М.С. од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради ...

Германските безбедносни служби уапсија брачна двојка во покраината Баден-Виртемберг, под сериозно сомневање дека со години извршувала шпионски активности во корист на кинеските разузнавачки служби. Како што пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на официјални извори од германското сојузно обвинителство, уапсените лица се соочуваат со обвиненија за загрозување на националната безбедност и пренесување на доверливи информации на странска ...

Денот на пожарникарите и 190 години постоење, скопската бригада ги слави со сериозен недостиг на кадар. Вработени се 213 лица, а според закон неопходни се 384. Дупките од кадар се крпат со нови вработувања во помали групи, па по последните 20-тина лица кои се примени на почетокот на годината, надлежните најавуваат уште толку до крајот. Вклучително со денешната донација, бројката на возила со кои се гаснат пожари е 44. Од Град Скопје се ...

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Б.(41) од Турција и А.Д.(57) од с.Слупчане, липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство, постапување и промет со опасни материи, штетни организми, семенски материјал или саден материјал“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат од полицијата, првопријавениот, без да поседува соодветна дозвола за вршење промет со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати директно и драматично предупредување до властите во Иран, порачувајќи им дека Вашингтон им дава уште една, но воедно и последна шанса за промена на нивниот политички курс и однесување на меѓународната сцена. Оваа реторика дополнително ги вжештува веќе затегнатите односи меѓу двете велесили, најавувајќи потенцијално нова фаза на притисок од страна на Белата куќа. Последна опомена пред радикални ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржал работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Македонија. На средбата, како што соопшти МНРиНТ, министерот Муцунски ги информирал присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази уверување дека евентуалното повлекување на дел од американските војници од Европа нема негативно да влијае врз стабилноста и функционирањето на Северноатлантската алијанса. Оваа изјава доаѓа во период на зголемени дебати за идната воена стратегија на САД и нивното присуство на европскиот континент. Европа е подготвена да преземе поголема одговорност Според Руте, европските сојузници во ...

На 19.05.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека на 14.05.2026 околу 11:10 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот син К.Т.(18) бил физички нападнат од Р.А.(18) од с.Трубарево, скопско и 17-годишник. Според пријавеното, тој подолг временски период бил вознемируван од лицата во кругот на средно училиште во кое учеле, а тоа било претходно пријавено во службата на училиштето. Се преземаат мерки за ...

Кина официјално потврди дека ќе набави 200 патнички авиони од американскиот производител Boeing. Оваа голема зделка означува ново поглавје во економските односи меѓу Пекинг и Вашингтон, ставајќи крај на долгиот период на застој и блокади во авионската индустрија. Крајниот исход од преговорите беше дефиниран за време на највисоката дипломатска средба на двајцата претседатели. „Договорот беше објавен по посетата на американскиот претседател ...

Вооружен напаѓач отвори оган во јужна Турција, при што уби четири лица, а рани уште осум, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на извештаите на Би-Би-Си. Смртоносниот инцидент се случил во округот Тарсус, во покраината Мерсин, а според турските весници „Хуриет“ и „Си-Ен-Ен Турк“, напаѓачот сè уште е во бегство. Хронологија на нападот: Убиени сопственик на ресторан, возач на камион и овчар Според првичните информации, нападот започнал во ...

Европската Унија и Соединетите Американски Држави ги усогласија ставовите и постигнаа трговски договор со кој се предвидува намалување на дел од царините. Овој чекор се очекува да придонесе кон стабилизирање на економските односи меѓу двата клучни глобални партнери. Преговорите беа интензивни, особено по јавните предупредувања кои пристигнаа од Белата куќа во изминатиот период. „Договорот бил финализиран по долги преговори меѓу претставници ...

Силно невреме проследено со поројни врнежи од дожд деновиве предизвика големи поплави во неколку региони во Кина. Кинеските државни медиуми јавуваат за најмалку 12 жртви, десетици исчезнати лица и масовна евакуација на десетици илјади граѓани од загрозените подрачја. Спасувачките тимови се соочуваат со екстремни тешкотии при пребарувањето на теренот поради постојаните врнежи. „Телевизијата „Си-Си-Ти-Ви“ објави дека пет лица загинале, а 11 се ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Крива Паланка, откако тој предизвикал инцидент во угостителски објект, напаѓајќи ангажиран музичар и уништувајќи дел од опремата. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, случајот веќе е процесуиран од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против ...

Четири лица лишени од слобода, а со едно извршен службен разговор, вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 18.05.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 57-годишен маж од Скопје пријавил дека на 17.05.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија бил физички нападнат од неговата 46-годишна сопруга. На 19.05.2026 во 10:30 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Гостивар, со престој во Тетово, ...

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола и двајца со активна забрана. Еден возач во Македонски Брод и по двајца возачи во Скопје и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден ...

Утрово во 03:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што во Градскиот парк на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При извршени проверки над него, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се осврна на закочениот европски пат на државата, преговарачката рамка и реформските процеси. Тој во своето обраќање, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, нагласи дека не треба да се губи време, дека постојат јасни чекори на патот кон Европската Унија и дека тие веќе се дефинирани од страна на ...

Екипите на терен деноноќно работат на локализирање и гаснење на пожарот на депонијата во Радовиш, а локалната власт и надлежните служби постојано се ангажирани со соодветна механизација, реагираат денеска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш. Од партијата го обвинија локалниот СДСМ дека наместо конструктивност, ја користи кризната состојба за собирање ситни политички поени и замајување на јавноста со селективни видеоматеријали. Според ...

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, порача дека Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат и нагласи дека проширувањето на Европската Унија денес е јасна геостратешка цел и за самата Унија. Филипче истакна дека скептицизмот кон проширувањето е надминат и ...

Полициските службеници спречија обид за илегален премин на македонско-грчката граница. Синоќа во близина на граничниот премин Богородица е приведен 51-годишен маж од Гостивар, кој во моментот придружувал група странски државјани. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, приведениот се товари за помагање на странски државјани при недозволен излез од државата, а фатените мигранти веќе се згрижени. „На 19.05.2026 во 22:30 ...

Дел од корисниците во општините Ѓорче Петров и Петровец утре, 21 мај (четврток), ќе останат без снабдување со електрична енергија поради претходно планирани технички зафати во електропреносната мрежа. Според најавите, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, струја ќе немаат корисниците од улиците „31“, „102“ и „103“ во населеното место Волково. Подоцна во текот на денот, дефектите и техничките интервенции ќе опфатат и делови од Катланово. Таму, ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Во полицискиот билтен се наведува дека пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на ...

„Тоа што го говорев пред неколку недели во интервју за Сител Телевизија, денеска и официјално се потврди – Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора“, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на ...

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, ...

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, Д.Г.(46) од Скопје пријави дека околу 08:45 часот на сточниот пазар на подрачјето на Гази Баба, поради наводно нерасчистени должничко-доверителски односи, лицето Н.А. му се заканил со пиштол, по што ги нападнал Д.Г. и неговиот татко и им нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, Д.Г.(46) од Скопје пријави дека околу 08:45 часот на сточниот пазар на ...

Основниот суд во Штип изрече затворска казна од пет години и шест месеци за лицето П.С. од Охрид, кој во текот на јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од источниот регион. Обвинетиот ги користел веќе познатите телефонски измами со лажни приказни за сообраќајни несреќи. Претседателот на Кривичниот совет и портпарол на штипскиот суд, судијата Сашко Георгиев, ја објави денешната пресуда за продолженото кривично дело измама. ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска присуствуваше на показната вежба на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, која се одржа во населбата Автокоманда по повод Денот на пожарникарите и одбележувањето на 190-годишниот јубилеј. Тошковски преку социјалните мрежи упати честитки за празникот и изрази јавна благодарност за секојдневниот ангажман на противпожарните тимови. „Денеска присуствував на показната вежба ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за шпионажа во Кабинетот на претседателката постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.02.2026 и 25.03.2026 со кој се бара да се изврши анализа на електронски доказен материјал. Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. Напоменуваме дека станува збор за поголема количина на електронски ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.78
82%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.68
85%
1018
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.91
83%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.8
96%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.71
95%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.77
97%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
65%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.95
73%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
81%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.47
88%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.34
58%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.16
86%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Алуминиум

3.60

Калај

54.25

Родиум

258813.51

Кобалт

45.39

Паладиум

38805.95

Злато

139164.58

Цинк

0.00

Рутениум

49769.36

Платина

57067.58

Сребро

2181.05

Иридиум

253540.09

Бакар

12.61