24-годишен битолчанец, осомничен за семејно насилство, денеска доброволно ѝ се предал на полицијата, по координација меѓу неговиот адвокат, СВР Битола и Основното јавно обвинителство. Лицето со иницијали К.У. било лишено од слобода во 12 часот, по што инспектори од криминалистичката полиција започнале службен разговор со него. Тој на 10 ноември избегал преку отворен прозорец од полициската станица, додека полицајците се обидувале да го ...

Насилникот пријавен минатата недела дека ја давел и задушувал со голи раце 21-годишната девојка која потоа замина во шелтер поради висок ризик, денеска сам се пријавил во полициската станица во Битола од каде минатата недела избега низ прозорец. Мајката на девојката, Бети Ангеловска претходно побара помош преку „Слободен печат“ осомничениот да биде приведен и алармираше дека ќерка ѝ се плаши за својата сигурност бидејќи според пријавата – ...