Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Колекција што ја истражува естетиката на продуктивностакако перформативна структура наметната врз телото. Проектот ја разгледува тензијата помеѓу институционалнитеритми и флуктуирачката природа на човечкото присуство. Во култура структурирана околу линеарна ефикасност, телото делува бунтовно, а сепак емоционално повлечено. Моделот Софија Симоска присуствува во работниот просторбез целосно да учествува во наметнатите норми. ...
Кожата на новороденчињата, а особено на предвремено родените бебиња, е исклучително нежна, тенка и чувствителна. Токму затоа уште од првиот ден ѝ е потребна безбедна, клинички тестирана и внимателно формулирана нега. Воден од оваа потреба, брендот Becutan, во соработка со педијатри и дерматолози, ја создаде линијата Becutan Sensitive – наменета токму за најчувствителната кожа. Дел од оваа линија е кремот Becutan Sensitive SOS, специјално ...
Изложбата „Меѓу нас“ на Горан Костовски – Индог ќе се одржи на 03 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонија. Изложбата произлегува од неговото долгогодишно истражување на темата „Славење на животот“, започнато во 2011 година, а во оваа фаза насочено кон колективната грижа, љубовта и емпатијата како основа за подобра иднина. Преку серија илустрации, платна и графики создадени во последниве ...
Дали сте подготвени за бегство од градскиот метеж и врева? На брегот на преубавото Преспанско Езеро, таму каде што природата ги спојува моќните планински масиви на Баба и Галичица, се раѓа една поинаква приказна. Prespa Run & Fun не е само обична спортска манифестација, ова е целодневен open-air фестивал кој на едно место ги обединува спортот, чистиот воздух, музиката, кампувањето и чистата фестивалска енергија. Овој настан е создаден за ...
На 20 мај, во 19:00 часот во инспиративната галерија „Руди Арт Спејс“ (Rudi Art Space) ќе се отвори изложбата на дизајнерката на накит Елена Ристовска под наслов „Дива површина“. Печат на изложбата се прстените со масивни камења, кои се необработени, и ланчињата со текстура кои исто така се диво оставени. „Оваа колекција на Елена го зема здивот, токму поради тоа што тие сирови парчиња како да сакаат да кажат дека нема компромис со убавината – ...
Документарниот филм „Антипод“ на режисерот Бојан Секулоски ја надминува рамката на класичен запис за екстремен подвиг и се претвора во филмско истражување на човекот во гранични состојби. Во неговиот центар е Дарко Неданоски, кој си поставува исклучително редок и опасен предизвик , во еден ден да реализира два екстремни подвига: најдлабокото спелео-нуркање во пештерата Крштална и фри-соло искачување на Камена Баба. Паралелно со него, низ ...
Здружението за промоција на источноазиски култури „Пагода“ го најавува националниот косплеј натпревар, преку кој ќе се избере претставникот на Македонија за учество на меѓународниот натпревар Ultimate Balkan Cosplay Championship (UBCC) 2026. Натпреварот ќе се одржи на 9 мај 2026 година (сабота), со почеток во 12:00 часот, во Netaville во Скопје. На сцената ќе настапат косплеери кои се пријавија како соло учесници или во дуо, претставувајќи ...
Мрежа Стела, во партнерство со Career Launch од Србија, организира Career Bootcamp — интерактивен и практичен настан наменет за млади луѓе кои сакаат да направат сигурен и информиран чекор кон пазарот на труд. Настанот ќе се одржи на 8 мај (петок), од 10:00 до 14:00 часот, во Netaville, Скопје, и ќе се реализира на англиски јазик. Кариерниот буткамп нуди можност за учење преку практична работа и директна интеракција со експерти, со фокус на: ...
На 6 мај (среда), со почеток во 20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје свечено ќе биде отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, значаен истражувачки проект посветен на комплексниот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во Македонија. Автор на проектот е проф. Кирил Пенушлиски, а изложбата претставува длабинско истражување на влијанието што ...
Во изминатите денови, Северна Македонија е преплавена со наслови и интензивна јавна дебата за насилството што ги погодува децата и адолесцентите. Многу луѓе чувствуваат шок, гнев, страв и длабока тага – и овие реакции се разбирливи. Но, револтот што згаснува во тишина не менува ништо. Она што ѝ е потребно на земјата во овој момент езаедничка одлука повеќе да не се толерираат условите што дозволуваат насилството да опстојува. Ако сакаме ...
Во светот на современата убавина, каде природниот изглед и суптилната елеганција се во фокус, новата Petalicious колекција на Naj Oleari се појавува како префинет омаж на нежноста и светлината. Инспирирана од деликатната структура на ливчињата и раскошната убавина на божурите, оваа линија го истражува концептот на градација како визуелен и емоционален израз на хармонија, суптилност и природен баланс. Нијансите се прелеваат лесно и органски, ...
Во време кога уметничките практики сè почесто се движат помеѓу личното и колективното, изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска се појавува како внимателно артикулиран простор на преиспитување. Поставена во Куќата на Робевци, амбиент натежнат со историски и културни слоеви, изложбата отвора дијалог меѓу традицијата и современиот визуелен јазик. Добревска не ја третира носијата како артефакт, туку како жива метафора за идентитетот, ...
Во просториите на Schatze во Ramstore Mall се одржа ексклузивен настан посветен на промоцијата на новиот парфем Dylan Blush Pink, најновото мирисно издание на Versace, кое плени со својата софистицираност, елеганција и современа интерпретација на женственоста. Овој впечатлив мирис, создаден од внимателно селектирани и префинети состојки, остава траен впечаток со својата сензуална, но освежувачка композиција, суптилно балансирајќи нежност и ...
На 17 мај 2026, Водно ќе ги обедини љубителите на спортот и природата со 14-тото издание на најмасовниот планински настан во земјата, Sparkasse Life ПРВ ДО ВРВ. Ова е повик до сите рекреативци, професионалци, семејства, компании и пријатели да станат дел од настан кој не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината и спортот во пет натпреварувачки категории кои водат до врвот на Водно: Планинско трчање ...
По повод 21 година од првиот албум, Тони Зен издаде “премиум сет”, или кутија, која содржи два албуми на винил и две стихозбирки. Едниот албум насловен “Од изворот на изборот”, е веќе издаден во 2019 година на цеде, но овој пат на винил, додека, новиот албум, 7ми по ред, ќе биде единствено на винил, насловен е 21/7-“Другата страна на изборот” И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите. Во албумот “Од изворот на ...
Во свет преплавен со филтри и ветувања на убави пакувања, ретко кој се осмелува да го сврти шишенцето и да ја побара вистината во состојките. Ирена Гогова ја изгради NOMI & YOU токму на таа транспарентност, претворајќи ја личната потреба во стандард за квалитет. Нејзин совршен сојузник во ова патување е Чарна Невзари, која по светските модни писти научи дека највредниот моден додаток е самодовербата што доаѓа одвнатре. Заедно, тие го ...
По успехот на песната “Head High” со TK Wonder, која се најде на стотици плејлисти на радио станици низ светот, Кирил Џајковски ја објавува втората најава за новиот албум. Синглот “Trigger Vision” е соработка со Rootsman I, вокалист на бендот Conquering Lion и член на концертниот бенд на Џајковски. Слично како “Head High”, песната стилски му припаѓа на драменбејс жанрот, но вклучува и реге влијанија и претставува моќна комбинација од jungle, ...
Кога ќе се спомене Moncler, првата асоцијација речиси секогаш е поврзана со зима, снег и планинска естетика. Но со својата најнова кампања брендот целосно ја менува таа перцепција и својот препознатлив визуелен јазик го пренесува во летен контекст. Во центарот на вниманието во кампањата ,, Have a Puffer Summer” се надувани морски суштества, почнувајќи од јастози и морски коњчиња, па се до цела низа претставници на морскиот свет. Изведени во ...
Популарната македонска пејачка Тамара Тодевска ги избриша сите објави од својот Instagram профил, потег кој веднаш предизвика внимание кај нејзините фанови и јавноста. Денеска, таа објави краток тизер Reel на својот официјален профил, во кој преку еден стих порачува: „На светот му треба кукла жива… 03.10.2026 година“ https://www.instagram.com/reel/DXJe0o3CMNN/?igsh=MTczZzFzMWJteTFqNw== Овој мистериозен видео тизер отвора повеќе прашања – што ...
На ФДУ можевме многу да научиме. Јас од Горан научив многу. Освен тоа, важни се и личните желби, афинитети, да се гледаат претстави. Исто така многу беше важна соработката со актерите уште од студентски денови. Горан многу нè мотивираше да пишуваме. И целиот фидбек што ни го даваше беше многу креативен и важен. Тоа беше предизвик – вели Дуковски. 9 април 2026: Дејан Дуковски во македонската драма и театар влегува кон крајот на 80-тите и ...
Големите модни куќи како Bottega Veneta и Stella McCartney веќе неколку сезони го поставуваат токму овој правец. Наместо доминантни логоа и масовна продукција, фокусот е ставен на суптилна естетика, рачна изработка и внимателно одбрани материјали. Токму затоа, нивните колекции се препознаваат по чисти линии, прецизни форми и текстури кои оставаат впечаток на прв допир. Craftsmanship како нов луксуз Еден од најзабележителните трендови е ...
Во својата најнова колекција „Вртлог“, дизајнерката Наталија Терзија истражува динамика, форма и емоција преку неконвенционални венчаници кои се движат помеѓу сензуалност и скулптура. Инспирирана од водата како личен елемент и од вителите што ги среќава во секојдневието, таа создава модна приказна што не води низ стравот, препуштањето и слободата. „Вртлог“ е и визуелен и внатрешен процес, патување низ кое, како што вели самата, „излегуваш со ...
На 7 април 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во просторот FRANZ (поранешен Клуб на новинари), Тиииит! Инк. ќе ја промовира книгата „Избришаното уживање: Клиторисот и мислата“ од француската филозофина и феминистичка теоретичарка Катрин Малабу. Изданието е дел од книжевната едиција Vagina Dentata и претставува едно од клучните современи дела кое ги отвора прашањата за телото, сексуалноста и женското уживање низ призма на ...
Има нешто чудно во луѓе што “уживаат” на секој настан. Не затоа што не треба. Туку затоа што ретко има причина. Повеќето настани се коректни.Добро организирани, пристојно осветлени и доволно гласни за да изгледаат како нешто да се случува. И најчесто, тоа е доволно. Луѓето доаѓаат, наздравуваат, разменуваат неколку реченици и си одат со истата формула: „Убаво беше.“ Што, ако сме искрени, значи … ништо не остана. Bottega Eventi никогаш не ...
Во дигитална средина во која содржините се консумираат брзо, а вниманието лесно се губи, ретки се форматите што успеваат да задржат простор за вистински разговор. „Што го врти светот“ е еден од тие обиди, подкаст што инсистира на длабочина, релевантни соговорници и теми што често остануваат на маргините. Со Јована Аврамовска Николовска разговараме за тоа како се гради публика што сака да слуша, каде е границата помеѓу љубопитноста и ...
Популарното списание Archaeology Magazine неодамна направи прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Ова е едно од најчитаните светски списанија во областа на археологијата, така што вклучување на македонски артефакти во него претставува врвна афирмација за нашето културно наследство. Во најновиот број на Archaeology Magazine објавен е напис за древните модели на куќи ширум светот, со посебен осврт на оние откриени во ...
FABUspot ја отвори својата проширена парфимерија во Skopje City Mall, носејќи поголем простор и збогатена понуда. Новиот продажен простор е конципиран според современите стандарди во индустријата и нуди проширен асортиман на висококвалитетни производи од реномирани светски козметички и парфемски брендови. Посебен акцент е ставен на корисничкото искуство, преку персонализиран пристап и стручна поддршка од обучени бренд-консултанти. Со нов ...
Во организација на Пагода, организација за промоција на источноазиски култури во Македонија, позната по голем број успешно реализирани културни и тематски настани, овој 1 април ќе се одржи “Jokesters’ Parade – April Fools’ Party”, со почеток од 20:00 часот во Onyx Caffe Bar во Скопје. Настанот претставува тематска прослава инспирирана од духот на Први април, денот на шегата, маските и неочекуваните изненадувања. Посетителите се поканети да ...
Кога мајчинството ќе стане огледало во кое јасно ги гледате своите приоритети, одлуките за големи животни промени доаѓаат природно. За Мартина Недановска, таа промена значеше напуштање на успешната корпоративна кариера за да се посвети на нешто автентично и свое. Така се роди „Кидо Медо“ – платформа која е спој на инженерска логика и искрена родителска емоција. Разговаравме со Мартина за предизвиците на претприемништвото, за балансот помеѓу ...
Во време кога зборот е побрз од мислата, а коментарот полесен од емпатијата, се отвора прашањето: каква култура градиме со она што го изговараме? Новата кампања за култура на коментари, реализирана во продукција на агенцијата МАХ Management, не нуди едноставни одговори, туку огледало. Во него се рефлектираат зборови што секојдневно се изговараат без тежина, но со последици што долго одекнуваат. Ангелина Китановска и Ива Китановска — двете ...