
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во 2025 година, Instagram воведува значајни промени и нови функции со цел подобрување на корисничкото искуство, зголемување на безбедноста и поттикнување на покреативна и автентична содржина. Новите ажурирања вклучуваат редизајн на профилите, напредни алатки за креатори, подобрувања во приватноста и безбедноста, како и воведување на опцијата „Dislike“ (Не ми се допаѓа), која ќе има важна улога во квалитетот на интеракцијата меѓу корисниците. ...
Евоцирајќи го сончевиот гламур и сјајот на одмор во луксузно одморалиште, H&M ја претставува новата колекција женска облека инспирирана од оригиналната серија на HBO® – „Белиот лотус“ во соработка со Алекс Боваирд, костимографот на „Белиот лотус“, заедно со Warner Bros. Discovery Global Consumer Products. Точно на време за најочекуваното издание на третата сезона, колекцијата пристигнува во избрани продавници на H&M ширум светот и ...
На 14 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога ќе настапи ...
На 9 февруари 2025 година, во преполнетиот „Caesars Superdome“ во Њу Орлеанс, Супер Болот LIX понуди не само возбудлив натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, туку и спектакуларен музички перформанс на полувремето. Главната ѕвезда на вечерта беше Кендрик Ламар, добитник на 17 Греми награди и првиот рапер со Пулицерова награда, кој приреди шоу што ќе се памети долго време. Настапот започна со изненадување за публиката, кога на ...
Мрежата за искуствено учење е проект што ги става учениците во центарот на процесот на учење преку холистичкиот пристап што комбинира теорија, практика и реално животно искуство. Преку интерактивни методи, мултидисциплинарни активности и соработка, проектот ги поттикнува учениците да истражуваат, критички да размислуваат и активно да учествуваат во своето образование. Поразговаравме со Светлана Пејовиќ, раководителка на проектот Мрежа за ...
Сѐ уште сте во потрага по нова маскара? Време е да престанете. Со гордост го лансираме нашиот нов иновативен производ – маскара за очи која ви овозможува да ја надополнувате, без потреба од купување на нова. Овој пат во нашиот фокус е револуцијата која од овој месец Max Factor ја носи во светот на убавината. Max Factor брендот е омилен меѓу љубителите на квалитетни производи за шминка и ги следи сите, од оние кои избираат да нанесат само маскара ...
Adidas повторно изненадува со освежување на своите класични модели, овојпат со иновативниот Samba Mary Jane. Оваа нова верзија ги задржува препознатливите карактеристики на иконскиот модел Samba – трите линии на страните, гумениот ѓон и нискиот профил – но ги комбинира со елегантниот и женствен стил на Mary Jane обувките, дополнет со велкро ремен. Дизајниран за модерните љубители на уличната мода, Samba Mary Jane е совршен избор за оние што ...
Бојан Ковски е дипломиран сликар, кој се изразува преку боди-пејнтинг, трансформирајќи човечки тела во живи уметнички платна. Преку оваа уметничка форма, тој истражува интеракција меѓу бојата, формата и телото, создавајќи визуелни приказни што инспирираат. Боди-пејнтингот како уметничка дисциплина има многу аспекти. Како ја дефинирате оваа форма на уметност во контекст на современата визуелна култура и што ја прави уникатна во однос на другите ...
Фестивалот на eвропски филм CINEDAYS, распишува конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули, 2025. Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран филм. Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок. За ...
ISKRA Band press На ден 08.02.2025 во Public Room, групата ИСКРА, со едночасовен настап во живо ќе го презентира материјалот од својот најнов албум, Plastique Еlastique. Фановите ќе имаат можност во реално време да посведочат на новото деĸодирање на чипот од иднината. На сцената ќе се појават Galatheia и Grinsen, ĸои со своите настапи дополнително ќе ја загреат атмосферата и ќе ја поведат публиĸата на едно незаборавно synthwave патување. ...
Што значи за тебе да бидеш првиот L’Oréal Pro инфлуенсер во Македонија? Како дојде до оваа можност? Салонот каде што предходно работев почна соработка со L’oreal Professional. Бев поканет на discovery семинар од страна на едукаторот од L’oreal Professional, Емилија. На којашто мислам дека не ѝ требаше долго време за да ги види моите квалитети како фризер и потенцијалот што го имам во себе за да работам како професионален инфлуенсер за Loreal ...
Додека професионалноста и функционалноста се секогаш клучни, сѐ повеќе женски тренери наоѓаат начини да го изразат својот личен стил на страничната линија од кошаркарските терени, докажувајќи дека модата и успехот можат да одат рака под рака. Оваа нова генерација на тренери ги крши стереотипите и поставува нови стандарди за модата на терените. Во спорт кој традиционално е машки, женските тренери се соочуваат со уникатни предизвици кога станува ...
Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20.00 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, ...
Доечи е името што се слуша сè почесто во светот на музиката и рап-ѕвездата во подем. Нејзиниот талент и автентичност блеснаа на годинешните Греми награди, каде што ја освои престижната награда за најдобар рап албум на годината. Kојa е Доечи и како стигна до овој огромен успех? Доечи, чие вистинско име е Jaylah Ji’mya Hickmon, е раперка од Тампа, Флорида. Нејзиниот музички стил е уникатна мешавина од класичен хип-хоп, трап и R&B, со текстови ...
Феноменот на неказнивоста, деценски присутен во нашето општество, уште еднаш доведе до трагедија во која животот го изгуби 22- годишната Фросина Кулакова. Судејќи според информацијата објавена од страна на Обвинителството, станува збор за сторител на повеќе тешки кривични дела од кои едното, исто така е сообраќајна незгода во која едно лице било повредено, а тој и понатаму продолжил да учествува во сообраќајот без да поседува возачка дозвола. ...
Со задоволство ве информираме за нова театарска претстава за млади – „Чудо“ со текст и режија на Хана Миленковска, со младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади Имери. Продукција на претставата е на: Koma design studio. Претставата премиерно ќе биде изведена во Културен центар Јадро на 10.02.2025, а следниот ден на 11.02. планирано е репризно издание. Изведбите ќе ...
Циклус на слики со наслов „Балканска геометрија” е примерен предмет во уметничките истражувања присутни во моето творештво во период од последните петнаесет години. Во гореспомнатиот циклус, кроз автентичен ликовен јазик, во една ликовна целина прикажувам синтеза на различни култури, која се јавува како последица на егзистирање на различни цивилизации на балканскиот полуостров. Чести судири на политички интереси (кои се и денес преприсутни на ...
Скршеното срце отсекогаш било ,,омилена тема” за раскажувањето приказни и е во срцето на безброј песни, филмови и шестсезонската серија „Сексот и градот“. Додека многумина од нас дебатираат кои од ликовите од „Сексот и градот“ потсетуваат на некој од нашата група, едно нѐ обединува сите: сакаме да ги споделуваме нашите љубовни проблеми со нашите пријатели, без разлика колку се хаотични или експлицитни. Но, постои тенка линија помеѓу ...
Во светот на современата музика, границите меѓу технологијата и уметноста сè повеќе се бришат. Еден од најинтересните експерименти во оваа насока е создавањето музика од баркодови – метод кој претвора визуелни кодови во звучни композиции. Овој концепт комбинира алгоритми, дигитална обработка и уметничка визија за да создаде уникатни звуци од нешто што обично го поврзуваме со купување во продавница. Принципот на оваа техника е релативно ...
Теодора Милеска е инспиративна активистка, посветена феминистка и соосновачка на организацијата PERIOD, која се залага за елиминирање на менструалната сиромаштија и за промовирање на еднакви права и пристап до менструални производи. Преку својата работа оваа организација не само што го адресира едно од најзанемарените прашања во општеството туку и отвора простор за дијалог за менструалното здравје како дел од човековите права. Како соосновачка ...
Сликарот се изразува преку линии, форми и бои, а писателот преку зборови, симболи и метафори. Но, уметноста нема граници и бариери, односно тие се тенки и речиси непостоечки и невидливи, па идеите, емоциите и пораките се прелеваат, зрачат и значат. Оваа изложба, всушност, е уште една авторска интроспекција, еден оттргнат дел од мозаикот, парче душа, троа материјализиран облик и изблик, дел и фрагмент од просторот и времето… Изложбата ќе трае до ...
Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20.00 ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа. На нашата сцена ...
На 30 ти јануари, во 20:00 часот, во организација на Фото Сојузот на Македонија, во Културно Информативниот Центар во Скопје ќе се одржи промоција на Монографијата- Современа македонска фотографија – Македонска фотографија 1945-2020. Монографијата е капитално дело и е единствена од ваков вид, со вовед во историскиот и креативен развој на фотографската уметност во Македонија. Поддржана како Проект од национален интерес од страна на Министерството ...
Chapter03 претставува синоним за елеганција, префинетост и безвременска убавина на италијанскиот накит. Уникатните продажни салони, водени од визијата на сопственичката Ива Милошевска, нудат накит што ги истакнува индивидуалноста и стилот на современата жена. Од блескави парчиња до персонализирани приврзоци и рачно изработени бисери, секој детаљ раскажува приказна за уметноста и традицијата на италијанското занаетчиство. Во ова интервју Ива ...
Неодамна во Македонскиот народен театар се одржа премиерата на претставата „Марта Верина“, напишана од Драгана Лукан Николовска и режирана од Нина Николиќ. Приказната за Марта Верина отвори многу прашања за стигматизацијата во општеството, ја поттикна публиката да размислува за своите избори, за своите ставови за предрасудите и за својата среќа. За среќата како избор, но и за многу теми поврзани со оваа претстава разговараме со Драгана Лукан ...
Кинотеката на Македонија во февруари 2025 година подготви исклучителна филмска програма која ги спојува класиците на златната ера на Холивуд, современите француски филмови, фалени фестивалски продукции и незаборавни дела од југословенската и светската кинематографија. Овој месец ќе биде вистинска прослава на филмската уметност, со селекција што ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Холивудски класици: Враќање кон ...
Сместен во елегантна градска куќа во срцето на Амстердам, KattenKabinet е уникатен музеј посветен на мачките во уметноста. Основан во 1990 година од страна на холандскиот бизнисмен Боб Мејер, музејот е ода на неговата сакана мачка Џон Пирпон Морган. КатенКабинет не само што слави мачки како инспирација во уметноста, туку и им дава можност на посетителите да истражат нивното присуство во културата и историјата. Музејот претставува широка збирка ...
На 21 јануари 2025 година, Louis Vuitton ја претстави својата машка колекција за есен-зима 2025, дизајнирана од Фарел Вилијамс во соработка со јапонскиот дизајнер Нигo. Ревијата се одржа во Cour Carrée на музејот Лувр во Париз, каде што сценографијата вклучуваше сферична поставка со 24 витрини кои ги прикажуваа архивските парчиња на Louis Vuitton, Фарел и Нигo, симболизирајќи дијалог меѓу минатото и иднината. Колекцијата беше фузија на источни и ...
Кафето е омилениот напиток на многумина, но со неколку внимателно одбрани додатоци можете не само да го подобрите вкусот, туку и да го направите поздраво. Додавањето на природни состојки може да го збогати вашето утринско искуство и да придонесе за вашата благосостојба. Еве неколку идеи за додатоци кои лесно можете да ги вклучите во вашата рутина. Цимет Само малку цимет може да го трансформира вашето кафе со топол и сладок вкус. Освен што додава ...
2025 година започнува со импресивна понуда на нови серии и филмови на Netflix, кои ветуваат многу за љубителите на различни жанрови. Од трилери и комедии до анимирани авантури, платформата нуди нешто за секого. Познати актери, нови приказни и продолженија на омилените серии се дел од возбудливите премиери кои веќе го привлекоа вниманието на публиката. Во продолжение, погледнете ги најзначајните наслови кои ќе го одбележат почетокот на оваа ...