Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација. ...
На сцената на Националната опера и балет на 16 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе современиот балет „Сага“ (идентитети), во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на ...
Дојдете со нас во волшебниот свет на бајките и навезете во современите бајки за македонските хероини кои ги напишаа учесничките на работилницата за креативно пишување со млади „Неименувана“, која се одржа во јануари 2024 година. Под менторство на „Дума ин Сума“, неформална иницијатива за култура составена од компаратистките Марија Бошковска, Ивана Смилевска и визуелниот уметник Дарко Алексовски, десет средношколки се запознаа со бајки од цел ...
Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ на 15 и 16 април (понеделник и вторник) во 20 часот во МКЦ Клуб. Перформансот „Мачката Елеонора“ е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот премиерно беше изведен на минатогодишното издание на МОТ, а поради голем интерес на публиката имаше и втора изведба во склоп на фестивалот. Перформансот „Мачката Елеонора“ е ...
Ирина Камилоска една од најдобрите македонски планинарки е спортиска која зад себе има многу освоени врвови и големо планинарско искуство, кое го стекнала како дел од различни експедиции. Таа е вистински пример за спортски, здрав живот, физичка и ментална сила и силна поврзаност со природата. Токму затоа заедно со нашите соработници Rosa поразговаравме со неа за позитивниот импакт што го остава во нашата средина. Низ годините остваривте многу ...
Креативната кампања на Халкбанк посветена на поддршката на жените, популарно именувана како „Фустани со џебови” го добива својот продолжеток оваа година. Платформата која Халкбанк посветено започна да ја гради минатата година, а која за своја цел го има градењето и поддршката на финансиската и економската самостојност на жените и преку која беа директно донирани средства во Женскиот интервентен фонд, оваа година ги вклучува македонските ...
Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении Во насока на посветеноста за постојана модернизација и запроширување на производствените капацитети, производственитеволумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетирашереализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последнитедве децении – новиот погон за ...
–Феминативите и нивната активна употреба во јазичната практика се директен показател на родовата свесност и на родовата рамноправност во едно општество. Пред сè, тие се неопходни во јазикот затоа што така се воспоставува усогласување по род, што е граматичка одлика на нашиот јазик. Како што не можете да речете „дрвен маса“, исто толку е несоодветно да речете: „Министерот Николовска се јавил кај својот колега“. Татјана Б. Ефтимовска- дипломирана ...
Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари – ПОП КУЛТУРА. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Компилацијата претставува значаен историски документ изапис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот ...
На 23 март 2024 во рамките на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, Данска се одржа светската премиера на филмот “Eфтеркланг: Македониум бенд” во режија на Андреас Јонсен, а прикажан во специјалната програма “Sound & Vision”. Концертната сала 2 на градиозниот објект DB Koncerthuset во срцето на Данска, беше претесна за повеќе од 1000-та присутна публика на двете распродадени проекции, каде по истите следеа и двата настапи на музичкиот состав чиј ...
Соња Исмаил е магистерка по политичка филозофија и родови студии, долгогодишна новинарка и активно вклучена во граѓанскиот сектор и неформални граѓански иницијативи повеќе од 15 години. Веќе неколку години е дел од тимот на МКЦ. Таа е и диџејка, која активно пушта музика од 2007 година па наваму. Како почна вашата приказна со музиката и диџејството? Приказната за моите почетоци со пуштање музика оди вака: Почнав од шега, на инсистирање на мојот ...
Ева Нединковска е основачка и генерална менаџерка на Центар за обука ЕВА, еден од водечките центри за неформално образование во Македонија со 12+ години успешно постоење и преку 10.500 едуцирани лица на над 50 едукативни програми. Таа постојано несебично го споделува своето искуство и знаење преку различни обуки, предавања и совети. Повеќе од 12 години сте раководител на Центарот за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција) низ кој поминале ...
Врвни парчиња накит креирани со изострена стилска прецизност и беспрекорен дизајн, од брендовите: Rebecca, Rue des Mille, Valentina Ferragni i Rosato, од новата пролетна колекција на Chapter 3, го нагласија уникатниот моден израз во рамки на модните ревии на светско познати италијански брендови за облека и очила за сонце. Овогодинешното одбележување во знакот на врвните италијански модни брендови застапени во Македонија, се одвива под мотото ...
Во четврток, 7-ми март, шведската модна компанија H&M го прослави отворањето на третата продавница во Скопје, во Skopje City Mall. Во 10:00 часот, Томас Естрани, Менаџер за продажба, Јован Збилјиќ, регионален менаџер и Катерина Маринчевска, менаџер на новоотворената продавница, свечено ја пресекоа црвената лента и ги поздравија среќните први клиенти во новата продавница од 1.477 м². На денешното отворање, се придружија амбасадорите на ...
Кога минатата година новинарката Рита Бехадини се спротистави јавно на статус на оџата од Сарај на социјалниот медиум Фејсбук, се соочи со експлицитни закани по живот кон неа и кон нејзиното семејство. Сторителот беше извесен профил на социјалната мрежа, именуван како Fisnik Hoxha. Новинарката Мери Јордановска во 2020 година во 5 часот наутро на апликацијата „Телеграм“ почна да добива закани по нејзиниот живот и навреди од партиски активист. За ...
По повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправноста на жените – 8 Март (петок), ве повикуваме кон колективна акција, колективен протест и колективен марш во заедничката борба за рамноправност и родова еднаквост. Оваа година маршираме под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“, со почеток од 17:00 часот на плоштадот Скендербег. Овој марш претставува протестен одраз против ситуацијата ...
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 16.512.977.886 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени ...
Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во онлајн просторот и кај нас и во регионот. Сведоци сме дека родово-базираното насилство директно се прелева, преку екраните во реалноста, а слабата системска поддршка и помош како и манипулациите и злоупотребата на фотографии, видеа и ...
Денеска започна пријавувањето за осмото издание на трката „Халк Еко Скопје Трча 10км“ кое ќе се одржи на 12.05.2024 година. Сите кои сакаат да бидат учесници, ќе може да се пријават најдоцна до 30.04.2024 година. Доколку се пополни предвидениот број на учесници,пријавувањето ќе биде затворено и порано. Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, а при самиот процес на пријавување, ...
Потребата за револуцијата во модната индустрија ни е сѐ повеќе потребна! Многу често знаеме да го заборавиме овој факт додека уживаме во сезонските попусти понудени од брендовите за брза мода или додека невнимателно избираме секојдневни продукти без да се погрижиме да најдеме соодветна одржлива замена за истите. Од експлоататорски трудови практики до целосно уништување на животната средина, модната индустрија е преполна со прашања кои бараат ...
„Авицена Женска Трка“ дванаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Од година во година „Авицена Женска Трка“ семејството брои сѐ повеќе членови, односно со секое наредно издание се зголемува бројот на учеснички. Минатата година, 2.939 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија. Традицијата продолжува и оваа година, кога во ...
Веќе е јасно дека најпопуларен модел на патики во 2024 година е моделот Samba на Adidas. Интересот за овој модел постојано расте, а на пазарот постојано се појавуваат нови варијанти и дизајни, како и соработки со големи имиња кои го прават овој модел уште попривлечен за купувачите. Сите верни љубители на фудбалот и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, од овој месец можат да уживаат во овој модел на патики бидејќи ...
CLOSÉ SOCIETY е урбан, уличен бренд базиран во Солун. Приказната наречена CLOSÉ SOCIETY започна пред 7 години, а првичната цел и идеја беше да се креира облека која ќе одговара на сечиј стил, која што истовремено ќе биде и удобна и која ќе се носи и во текот на динамичен работен ден и за време на опуштено вечерно излегување. Реакцијата на луѓето го стимулираше развојот на овој бренд, кој денес после 7 години располага со сопствен производствен ...
Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата трета продавница во Скопје, во Skopje City Mall, на 7-ми март, во 10:00 часот H&M ќе понуди моднаинспирација за целото семејство на површина од 1,477 м². Клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина, од денот на отворањето до недела, 10-ти март. Дополнително, првите 100 клиенти ќе освојатподарочни картички во вредност од 650МКД. H&M ќе го прослави ...
Предлог претстави, филм, опера, концерт, Бубамара, Оскаровска Гала вечер. Што интересно може да гледаш до крајот на овој месец. 1.MOJOT MAЖ | Петок, 16. февруари 2024, 20:00 и четврток, 29 февруари 2024, 20:00 (ДРAMСКИ ТЕАТАР) Претстава режирана според истоимената книга со раскази на Румена Бужаровска. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу ...
Бендот „Луфтанза“ е бенд од шест „своеглави луѓе“, како што се нарекуваат членовите, кои, дружејќи се и свирејќи заедно, го оформија бендот што донесе вистинска свежина на македонската сцена и прави музика што буквално веднаш ве станува на нозе. Како дојде идејата за бендот, што ве водеше да се соберете и да оформите така енергичен и свеж бенд што ќе направи вистински бум во македонската современа музика и ќе ви донесе голем број обожаватели? ...
Otter.ai Otter.ai е помошна апликација со вештачка интелигенција што првенствено помага при аудиотранскрипција, земање белешки и резимеа во живо. Апликацијата е најдобро приспособена за соработувачка содржина, бидејќи различни корисници можат да го уредуваат преписот и да додаваат релевантни коментари и нагласувања по потреба. Otter.ai е достапен за ИОС, Андроид и Слек и преку екстензија на „Гугл хром“. Cleo Cleo е асистент со вештачка ...
Во свет каде што свесниот консумеризам и грижата за себе се постојно испреплетени, од големо значење е да се изберат производи кои не само што ни даваат нега, туку и покажуваат грижа за нашата средина. ПОРТРЕТ ви предлага пет еколошки производи кои не само што промовираат љубов кон себе, туку и придонесуваат за поздрава, поодржлива иднина на нашата планета. Од основните продукти за нега на кожата до неопходните промени што треба да ги направиме ...
Каја Тасевска е млада фотографка која има освоени голем број награди и учествувано на повеќе групни изложби, иако фотографијата ѝ е само хоби. Таа е втора година на студиите по медиуми, уметност, дизајн и архитектура на Амстердамскиот слободен универзитет во Холандија и онлајн на Институтот за фотографија во Њујорк во САД. Фотографијата е нејзино хоби и „банка“ на мемории. „Почнав да фотографирам кога ja добив мојата прва компактна камера, не ...
2023 година беше во знак на два модели на патики: Adidas Samba и New Balance 530. Несомнено моделите остануваат меѓу омилените и во 2024. Како и досега ќе ги носиме со сѐ што имаме во плакарот. Моделите на патики налик копачки ќе ја доживеат својата слава, што не е изненадување, имајќи предвид дека и Adidas Samba се едни од нив. Adidas Originals Samba потекнуваат од 1950 година и ги носел германски фудбалски тим, а првичната намена им била за ...