Од денеска почнува скрининг на ученици за ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство. Тестирањето на учениците, како што се посочува, ќе се спроведува во просторија одредена од ...

Во Лос Анџелес се одржа светската премиера на филмот „Eternals“ и на црвениот тепих прошетаа голем број на холивудски ѕвезди, но најголемото внимание го привлече Анџелина Џоли. Анџелина на премиерата пристигна со своите деца Медокс (20), Захара (16), Шајло (15) и близнаците Вивиен и Нокс (13), а 17-годишниот Пакс беше отсутен. Џоли носеше креација на „Balmain“, во комбинација со златен накит, а најнеобичен беше златниот ...

Еден од најпознатите и најбогатите рапери во светот, Канје Вест, и законски го промени своето име во кратенката „Ye“. Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан во август оваа година поднесе барање да си го смени името Канје Омари Вест во – „Ye“, без средно име и презиме, наведувајќи „лични причини“ како повод за промената. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Мишел Вилијамс Корт сега го одобри неговото ...

По долгата и турбулентна врска со Скот Дисик (38) со кој има три деца, 42-годишната ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан се вери по прв пат и тоа за тапанарот Тревис Баркер (45) со кој веќе неколку месеци е во љубовна врска. Тапанарот организирал романтично запросување на плажа во Калифорнија, а ја побарал раката на Кортни со голем дијамантски прстен кој се проценува дека вреди околу еден милион долари. Во романтичен амбиент, на зајдисонце, Тревис ...

Една од најпопуларните пејачки на светот, Адел, се враќа на музичката сцена со новиот сингл „Easy On Мe“ кој ќе се најде на нејзиниот нов студиски албум насловен „30“. Адел претходната недела на своите профили на друштвените мрежи полека започна да ја најавува новата музика, а во многу светски престолнини се појавија големи билборди на кој се наоѓа мистериозниот број „30“, што обожавателите на британската дива ...

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови. Ист Гејт Мол се отвора за јавноста на 29 октомври 2021 година и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за ...

По повод Светскиот ден на белиот стап, ОКТА и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка, со кој се утврдува начинот на кој компанијата ќе обезбеди поддршка за лицата со оштетен вид, со цел да овозможи нивно полесно учество во сообраќајот. За оваа намена, OKTA ќе донира на Градот Скопје, 50 уреди за звучна сигнализација на пешачки премини. Со помош на ЈП „Улици и Патишта“, уредите ќе ...

И покрај тоа што температурите се релативно високи за овој период од годината, сепак во последните неколку денови во земјава забележливо е значително влошување на временските услови. Во наредниот период се очекува да се интензивираат појавите на дожд, магла и снег. Општо познат факт е дека временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до ...

ЕГЗИТ фестивалот оваа година повторно ќе оствари соработка со славниот АДЕ (Amsterdam Dance Event), и тоа на забавата која во петок, 15 октомври, ќе се одржи во „Фаралда Крејн“ (Faralda Crane), еден од највозбудливите клубови и хотели на светот, кој се наоѓа 50 метри над Амстердам, на врвот од монументалниот градежен кран. Како единствена фестивалска групација на светот која во 2021 година успеа да организира четири фестивали во три ...

Ресорт Маврово, каде денеска падна и првиот снег, целосно се подготвени за новата скијачка сезона. Граѓаните може да ги обезбедат своите онлајн сезонски ски карти по промотивни цени до почетокот на ноември. Оваа година, за прв пат, Ресорт Маврово пласира нов вид сезонски карти „Зима – Лето“, кои може да се користат за скијање во зима низ целата сезона и за користење на жичарницата во лето. И она што е изненадување за ...

По откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година (од причини за кои веќе е тажно да се зборува), која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон продукција го одржа ветувањето и го потврди доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни по својот квалитет рокенрол бендови во овој век, PLACEBO, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје. Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни ...

Познатата раперка Карди Би пред неколку денови го прослави својот 29. роденден. Со своите следбеници на Инстаграм таа го сподели луксузниот подарок кој го добила од својот маж, раперот Офсет. Всушност се работи за луксузна вила со прекрасен поглед на океан која се наоѓа во Доминиканска Република, од каде потекнува нејзиниот татко. Вилата се проценува на неколку милиони долари и располага со 6 спални соби и 6 тоалети, како и два базени од кој ...

Јужнокорејска серија „Squid Game“ за многу кратко време стана најпопуларна серија на платформата Нетфликс. -„Squid Game“ официјално достигна 111 милиони фанови – што ја прави најпопуларна серија некогаш лансирана од нас – објавија од Нетфликс на својот Твитер профил. Squid Game has officially reached 111 million fans — making it our biggest series launch ever! pic.twitter.com/SW3FJ42Qsn — Netflix ...

Македонските агро производители ќе добијат можност бесплатно да ги усовршат нивните дигитални вештини, но и да научат како подобро да ги пласираат своите производи на домашните веб платформи за е-трговија, преку јавниот повик кој го објави Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Оваа активност е дел од иницијативата „Agri E-commerce” којa е поддржанa од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од ...

На 13.10.2021 во 20ч во Биоскоп Балкан во Белград, во рамките на 67-то издание на IRC – International Rostrum of Composers, на концертот на ансамблот Метаморфозис ќе се изведе композицијата „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар од македонската композиторка Дарија Андовска. Дарија Андовска е најавена како драг гостин од Македонија во програмата со реномирани современи српски композитори како Бранка Поповиќ, Александра ...

Рускиот филм „На работ“ (On the edge) во режија на Едуард Бордуков е најдобар филм според жирито на сениорите на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Продуцентот на филмот Михаил Дегтиар беше гостин на фестивалот и синоќа на затворањето во Кинотеката се заблагодари за признанието што му го дадоа младите од Македонија на овој филм. Станува збор за еден од ретките филмови посветени на мечувањето како спорт и ...

Македонскиот бенд Brass Brothers имаа релативно успешна летна сезона, исполнета со многубројни настапи во земјава. Момците од Brass Brothers сега се враќаат на македонската музичка сцена со серија од нови музички изданија од нивниот прв музички албум. Овие денови тие ја промовираат нивната нова песна Balkan Mayhem, која во исто време е и носител на истоимениот албум Balkan Mayhem. Новото издание е инструментален експлозивен спој на дувачки ...

Македонската музичка сцена има неопходна потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати или пак, на некој начин, сме приморани да го слушаме. Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар. Веројатно повеќето од вас сеуште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот ...

Македонскиот диџеј и продуцент ГАЛОСКИ со нов, овој пат историски подвиг за домашната и светска музичка сцена. Галоски како артист од Македонија е првиот диџеј и продуцент што се најде на елитната и светска 1001tracklist и тоа на 69тото место на најдобри продуценти и најподдржани артисти за електронска музика во светот, со што уште еднаш докажа дека е еден од најуспешните и најактивни артисти на Балканот со светска кариера! Неговите изданија ...

„DC Comics“ објави дека во претстојното издание на „Супермен: Синот на Кал-Ел“ новиот Супермен е бисексуалец и дека ќе започне врска со маж. Серијата „Супермен: Синот на Кал-Ел“ го следи Џонатан Кент, синот на Кларк Кент и Луис Лејн, кој продолжува по стапките на својот татко, ја превзема наметката на суперхерој во обид да го спаси светот. View this post on Instagram A post shared by UNILAD (@unilad) Во ...

Бен Афлек се појави на премиерата на својот нов филм „The Last Duel“ во Њујорк, во придружба на својата девојка Џенифер Лопез. Парот кој во моментот најмногу го привлекува вниманието на јавноста, заедно позираше на црвениот тепих. Џенифер (52) за оваа пригода избра дводелна облека во ист тон, изработена од кафеав материјал проткаена со златни детали. Со оваа модна комбинација таа ја покажа својата совршена фигура. View this post on ...

Најпопуларното, ако не и најважното, музичко дело на Рајх е композицијата „Музика за 18 музичари“.Пишувано во духот на музичкиот минимализам, ова дело е создадено во седумдесеттите години на минатиот век и до ден-денес е најизведуваното дело на Стив Рајх. Делото, всушност ,е циклус од единаесет различни акорди, кои функционално не се поврзани и не се среќаваат во ниту еден традиционален тонален систем. Во воведниот дел наречен ...

Филмските работилници секогаш се голем предизвик да се успее во неколку дена да се раскаже филмска приказна, преку разговор и дружење да се научат најосновните елементи на филмскиот јазик, да се направат кратки вежби за опсервација, лична и на околината и да се насочат младите филмаџии како да размислуваат и да ги визуелизираат своите идеи. Младите снимија интересни приказни кои се надевам дека ќе нè натераат да размислиме, и секако, да ...

Францускиот моден дизајнер и креативен директор на популарниот бренд „Balmain“, Оливие Рустинг, на својот профил на Инстаграм објави шокантна фотографија каде е цел прекриен со завој. Тој на своите следбеници им откри дека претходната година доживеал тешка несреќа во сопствениот дом. 36-годишниот Оливие Рустинг, откри дека претрпел изгореници кога во неговиот дом во Париз експлодирал каминот. View this post on Instagram A post shared ...

Во Музејот на македонската борба се одржа седмата меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа. Во 14 испланирани сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија дискутираа на тема „За што се музеите? Назад кон основите!“. – Конференцијата “Meet Se Do” е различна од ...

Британската пејачка Адел (33) е првата позната личност која во ист месец ја краси насловната страна на американското и британското издание на „Вог“. Во големото интервју таа проговорила за сите актуелни теми од нејзиниот живот: телесната трансформација, новата музика, љубовниот живот. View this post on Instagram A post shared by Vogue (@voguemagazine) За британски Вог, Адел беше стилизирана од уредникот Едвард Енинфул, а фотографирана од Стивен ...

Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”, се во полн ек. И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот ...

Ресторанот на тетовецот Рене Реџепи во Копенхаген е прогласен за најдобар на светот по петти пат. „Нома“ ја освојуваше оваа престижна награда и во 2010, 2011, 2012 и 2014 година. Ресторанот на четириесет и тригодишниот Рене Реџепи се најде на првото место меѓу 50-те најдобри ресторани во светот на настанот кој се одржа во Антверпен. Овој долгоочекуван кулинарски настан е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана. View this post on Instagram A post ...

Популарниот актер Даниел Крег доби своја ѕвезда на Холивудската патека на славните. Неговата ѕвезда на вечерната церемонија ја претставија продуцентите на Бонд, Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи, како и колегата од „No Time To Die“ – Рами Малек. View this post on Instagram A post shared by Hollywood Walk Of Fame (@hwdwalkoffame) Неговата ѕвезда на Булеварот на Славните се придружува на оние на неговите Бонд претходници Пирс Броснан, Дејвид ...

Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат на 29 и 30 октомври во МКЦ. „Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори – стратешки партнери, одлучивме двата фестивала Skopje Sounds Good и Skopje Calling коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
38%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
64%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
46%
1021
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
33%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
8.93
32%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
64%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
39%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
32%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
42%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
43%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
7.2
44%
1013
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762