
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Номинациите за 79. годишни награди „Златен глобус“, кои ги слават најдобрите во телевизијата и филмот, беа откриени во понеделникот. Филмовите „Power of the Dog“ и „Belfast“ ги предводеа филмските номинирани, заработувајќи по седум номинации. Драмата на HBO „Succession“ заработи најмногу номинации за ТВ серии, вкупно пет, а веднаш по неа се „Ted Lasso“ на Apple и „The Morning ...
Новата Мис Универзум беше избрана на 70. Светски избор за убавина во Израел. Харназ Санду (21), Мис на Индија, беше прогласена за победничка што ја прави Мис Универзум за 2021 година. Победничката Санду зад себе остави 79 убавици од различни земји. Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај Надиа Фереира, додека Мис Јужна Африка Лалела Мсване беше избрана за втора придружничка. View this post on Instagram A post shared by Harnaaz Kaur ...
Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „100 метрономи“ кој ќе го води диригентот Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи пијанистот Андреj Коробејников од Русија. На програмата се вториот став од Симфонијата бр. 101 „Часовник“ од Хајдн, Концертот за пијано и оркестар бр. 5 и Симфонијата бр.8 од Бетовен и Симфониска поема „100 метрономи“ од Лигети. Симфонијата бр.101, ...
Таа е една од најдобрите женски вокали кај нас, повторно актуелна со нови синглови. После песната на англиски јазик „Feel so good”, Симона ни спреми уште едно музичко изненадување по повод Нова година и претстојните новогодишни празници. Се работи за специјална новогодишна песна насловена -„За Нова Година“. Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Пратечките вокали ги отпеа ...
Согласно последните објавени податоци од Државниот завод за статистика евидентен е растот во користењето на интернет од Македонците и онлајн купувањето во 2021 година. Интернет банкарството во 2021 година се користело за 104% повеќе од минатата година. Граѓаните и компаниите се повеќе ги ползуваат придобивките од користењето на интернетот и можноста да ги комплетираат секојдневните активности онлајн, без разлика дали станува збор за бизнис или ...
Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на месец декември. Како центар на шопинг и забава, Ист Гејт Мол ќе овозможи секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти. Од 10. – 11.12.2021 сите фанови на гејмингот имаат шанса да бидат дел од единствениот А1 Game Fest 2021 во Ист Гејт Мол, како најголемиот е-спорт настан во Македонија и ултимативно гејмерско доживување. Богатата ...
Канје Вест не ја губи надежта дека ќе го спаси својот брак. Хип-хоп ѕвездата упати јавен апел до неговата поранешна сопруга, Ким Кардашијан, „да му се врати веднаш“ додека тој настапуваше заедно со Дрејк на добротворниот концерт „Free Larry Hoover“ во четвртокот навечер. View this post on Instagram A post shared by Amazon Prime Video (@amazonprimevideo) Настанот, кој се одржа во Меморијалниот Колосеум во Лос Анџелес и ...
Војводата и војвотката од Кембриџ ги воодушевија обожаватели на кралското семејство споделувајќи ја нивната семејна божиќна честитка за 2021 година, заедно со нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Фотографијата на која се гледа парот и нивните деца позираат пред камена позадина, е направена за време на приватно семејно патување во Јордан, според Кенсингтонската палата. Земјата има значење за Кејт бидејќи живеела во ...
Раперот Тревис Скот (30) изјави дека не ги забележал посетителите на концертот кои молат за помош, за време на неговото прво интервју по трагедијата на Astroworld, во која загинаа 10 фанови, а стотици беа повредени. Во текот на едночасовното интервју со Charlamagne tha God , водителот на радио емисијата Breakfast Club, Скот беше сериозен и вознемирен. Тој рече дека не знаел за ништо лошо додека не се свика прес-конференција по неговиот сет. Кога ...
Првите две епизоди од новата серија „And just like that…“, која е продолжение на култнaта серија „Сексот и градот“, беа објавени на стриминг сервисот HBO во четвртокот. Иако голем дел од фановите немаа големи очекувања поради отсуството на нивната миленичка Ким Катрал (65), исходот од првата епизода целосно ги шокираше. Веднаш по објавувањето на првите две епизоди од серијата „And just like ...
Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија Болдвин (37) ги избришаа своите профили на Твитер само неколку дена откако Алек го даде своето прво интервју за фаталното пукање на сетот на „Rust“. Во него, Алек ги негираше наводите дека е одговорен за смртта на кинематографката Халина Хачинс. Корисниците на Твитер во неделата вечерта забележале дека неговиот Твитер профил го нема. @alecbalwin е името на профилот на кој актерот ја даде ...
Комеморацијата на Вирџил Абло се одржа во неговиот роден град Чикаго во Музејот на современа уметност. Блиските пријатели и семејството на Вирџил Абло се собраа во Чикаго за да му оддадат почит на починатиот дизајнер на неговата комеморација, при што неколку од нив како и Tyler The Creator, споделија неколку зборови за него за време на службата. Tyler The Creator Speaks At Virgil Abloh’s Funeral Service 😢 pic.twitter.com/fZ41re9QQf ...
Оскаровката Џенифер Лоренс заблеска на црвениот тепих. 31-годишната ѕвезда ги воодушеви присутните појавувајќи се во златна тоалета до подот, додека им позираше на фотографите на премиерата на нејзиниот претстоен филм „Don’t Look Up“ во Њујорк. Таа го комплетираше блескавиот изглед со обетки на Tiffany & Co. View this post on Instagram A post shared by People Magazine (@people) Лоренс му се придружи на колегата ...
Таа е правничка која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур. Таа е Марија, а „Пожури, пожури“ е нејзиниот прв сингл. Таа е лице и глас кои добро ги познавате. Радоста од создавањето и музичките соработки се гориво за погонот на Марија. Некои од најпознатите теми на ...
„Кога пред три години го промовиравме првиот дел на ‘Јужен ветер’ немавме никакви очекувања. Приказната тука требаше да заврши. Не ни помислувавме дека од филмот ќе произлезе серија, па втор дел, а наскоро ќе снимаме и втора сезона од серијата“, вели глумецот Миодраг Радоњиќ кој го игра популарниот Баќа од хитот „Јужен ветер“, во интервјуто кое пред скопската премиера го сними за „Репортер“. ...
Во изборот на Франс Фудбал наградата за најголемо индивидуално признание во светот на фудбалот по седми пат му припадна на аргентинскиот волшебник Лионел Меси. Овој настан кој се одржува секоја година, организиран од Франс Фудбал, ги слави најдобрите фудбалери и фудбалерки со гласање на новинари од целиот свет. View this post on Instagram A post shared by Ballon d’Or (@francefootball) Добитник на женската Златна топка за 2021 година е ...
Ријана ја доби почесната титула национален херој откако Барбадос стана република, со што престана да биде британска колонија официјално предводена од кралицата Елизабета Втора. Церемонијата се одржа во родниот град на Ријана, Бриџтаун, како дел од прославата на националниот празник на Република Барбадос и инаугурацијата на новата претседателка, а почесната титула и ја додели премиерката на Барбадос, Миа Мотли. -Продолжете да сјаете како дијамант ...
Меган Фокс и Машин Ган Кели беа забележани со сите нивни деца во Грција. 35-годишната актерка и 31-годишниот рапер беа видени со трите синови на Меган, Ноа, Боди и Џорни, заедно со ќерката на МГК, Кејси Колсон Бејкер. Групата беше забележана за време на шопинг во Солун. Тие посетија неколку продавници, а влегоа и во продавница за наќит. Меган ги дели своите три сина со нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин (48). Актерката од ...
Вирџил Абло, основач на брендот Off-White и креативен директор за машка облека во модната куќа Луј Витон, почина на 41-годишна возраст, откако се бореше со ретка, агресивна форма на рак, објавија на неговиот официјален профил на Инстаграм Дијагнозата му беше дијагностицирана во 2019 година и оттогаш беше подложен на бројни третмани. Во септември 2019 година, Вирџил направи пауза од модата по налог на лекар, а таа есен откажа неколку настани и ...
Овој четврток, во 20 часот, во големата сала на Филхармонија, концертен рецитал ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од еден од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен. КристијанКаровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти.Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Како особено талентирано ...
Овој ноќен клуб лоциран во Битола е приказна која живее цели 30 години и која е фабрика за забава на бројни генерации. РАСЧЕКОР е името кое ја стави Битола на светската карта за добра забава. Клуб за кој се доаѓаше и од други градови и од други држави. РАСЧЕКОР е најстариот клуб во градот Битола, а веројатно и најстариот во Македонија, ако се земе неговиот континуитет без промени цели 30 години (освен месеците на локдаун заради здравствената ...
Во пресрет на празниците и во време на социјална изолација, најубавиот новогодишен подарок е тоа што повторно можеме да бидеме заедно. Последните две години, поголемиот дел од животот се одвиваше онлајн, па дури и празниците. Дигиталните алатки ни помогнаа да останеме поврзани. Сепак, топлината на допирот, звукот на присуството и сликата повторно заедно, во добро здравје и во топлината на домот со најблиските, е подарокот којшто сите ние го ...
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан повеќе не ја крие врската со 13 години помладиот комичар, но нејзиниот поранешен сопруг Канје сепак ја игнорира нивната романса. Тој е убеден дека за празниците ќе го обедини семејството и ќе ја врати „сопругата“. Во средата, на 24 ноември, раперот „Је“, порано познат како Канје Вест, рече дека сака да го „обнови“ своето семејство со отуѓената сопруга Ким Кардашијан и нивните ...
Во подолга објава, пејачката искрено зборуваше за неодамнешниот настан, кога на трет ултразвук дознала дека веќе нема чукање на срцето: „Се чувствував како да немам контрола над моите емоции“. Пејачката Џеси Џеј (33) со своите 10 милиони следбеници на Инстаграм ја сподели веста која и го скрши срцето, дека изгубила бебе. Иако не откри колку долго е бремена, вели дека на третиот ултразвук дознала дека срцето на бебето повеќе не чука. ...
Академијата за снимање ги објави номинираните за 64. Греми награди, кои ќе се одржат во Стејплс центарот во Лос Анџелес на 31 јануари. Џон Батист, со албумот „We Are“, оваа година има најмногу номинации, 11 , вклучувајќи албум на годината, снимка на годината и најдобар R&B албум. Џастин Бибер, Доја Кат и H.E.R забележаa осум номинации, додека Били Ајлиш и Оливија Родриго по седум. Џон Батист и Џастин Бибер ќе се ...
49. издание на наградите AMA ги прослави извонредните достигнувања во музиката во сите жанрови, а се одржаа во театарот Мајкрософт во Лос Анџелес. Како и секоја година, на церемонијата се собраа многу познати личности и ги подготвија најдобрите комбинации на облека за позирање на црвениот тепих. Раперката Карди Би (29), која беше и водителка на програмата, на доделувањето промени три стајлинзи. Таа облече фустан во црна боја од дизајнерката Елсе ...
Авалон продукција информираат дека успеале на WHITESNAKE Farewell tour да го вклучат и Скопје, со голем и последен концерт кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот. Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, ...
Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл: „Hearts So Cold“. По неговото последно издание „Live Power Session“ (последно нешто снимено во веќе легендарната „Универзална Сала Скопје”), Борис Цветановски a.k.a RIS FLOWER, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот ...
Муабетот со доктор Владимир Чадиковски, детскиот кардиохирург, не може да биде досаден. Сеедно дали е за хирургијата, љубовта кон моторите, времињата кога со „стокец“ фамилијарно оделе кај тетките во Италија, бракот, меракот по „Твитер“ и „Инстаграм“… За сè има по некоја приказна. Последниве две години е моторџија. По долгите часови поминати во операциона сала, возењето мотор е издувен вентил за ...
Фамозниот маестро БОРИС БРЕЈЧА (Boris Brejcha) конечно пристигнува кај нас и тоа на главната бина на најголемиот зимски музички фестивал во регионов, скопскиот ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ! Суперѕвездата на новата генерација, големиот мајстор кој создаде свој звук и со вртоглав подем на самиот врв на светската сцена дочека неговиот „high-tech minimal“ да биде еден од најпопуларните правци на денешницата, на 7-ми декември за прв пат ќе настапи ...