Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Полска потврди дека проектилот што се урна во близина на нејзината граница со Украина бил руска крстосувачка ракета – јави ДПА. – Разговарав со шефот на операциите, генерал Иренеуш Новак, и можеме со целосна сигурност да потврдиме дека станува збор за руска ракета Kh-101 – изјави синоќа заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик за радиостаницата „Рмф.фм“. Полскиот функционер додаде дека оваа ракета е потенцијално многу опасна и може да носи ...
Одморот на премиерот Христијан Мицкоски летово ќе биде искористен за семејно патување во Белгија. По посетата на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, премиерот беше прашан и дали летово ќе одмара и каде. Тој откри дека нема да има класичен одмор. – Тоа ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги отфрли шпекулациите дека Владата размислува за укинување на вториот пензиски столб. Одговарајќи на новинарско прашање дали префрлањето на средствата од вториот во првиот пензиски столб би го решило дефицитот во пензискиот систем, Мицкоски истакна дека таква иницијатива не постои. – Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тутун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги отфрли шпекулациите дека Владата размислува за укинување на вториот пензиски столб. Одговарајќи на новинарско прашање дали префрлањето на средствата од вториот во првиот пензиски столб би го решило дефицитот во пензискиот систем, Мицкоски истакна дека таква иницијатива не постои. – Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на ...
Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. По тој повод ревизорот испрати соопштение до јавноста: „Ве известувам дека мојата службена електронска адреса ([email protected]) беше цел на безбедносен инцидент, при што од неа беа испратени неовластени пораки. Ве молам да ги игнорирате и избришете сите сомнителни пораки испратени од оваа адреса во кои се бара внесување на корисничко име, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него „има груба манипулација од, како што истакна, еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е сочесник во овој процес“. Тој очекува истрага за овој случај затоа што, вели, од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имало поинаков ...
СВР Струмица поднесе известување против 17-годишник од Радовиш поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 30 јуни годинава во струмичкиот регион, а осомничениот е поврзан со кривично дело извршено врз 13-годишно девојче. За случајот е известено надлежното обвинителство, кое ќе ја води понатамошната постапка согласно ...
Законот за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа, за да не се остави каков било сомнеж околу транспарентност на овој процес, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој додаде дека се работи за закон кој треба да се донесе во рамки на приоритетите на овој проект и оти тој е изготвен согласно препораките и праксата во ЕУ. - Јас ја разбирам реакцијата во јавноста поради тоа што има жесток обид за ...
На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили (УМС), со што организацијата добива ново раководство составено од млади, образовани и докажани кадри кои во наредниот период ќе работат на унапредување на политиките и активностите за младите, објави претседателот на УМС Тодор Конески. „Новиот Извршен комитет е спој на младост, знаење и посветеност. Во неговиот ...
По две ипол децении поминати во САД, Горан Вишњиќ донел една од најважните животни одлуки – да се врати дома. Познатиот актер, кој изгради успешна кариера во Холивуд, денес повторно живее во Хрватска заедно со сопругата Ева и нивните деца. Вишњиќ се пресели во Америка во доцните 1990-ти години, откако ја доби улогата на доктор Лука Ковач во популарната серија „Ургентен центар“ („ER“). Токму таа улога му ја отвори вратата кон меѓународна ...
Возач на автобус на ЈСП бил физички нападнат од патник додека бил на работното место, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите, 59-годишниот М.С. од скопското село Бардовци, кој работи како возач на автобус во ЈСП, во четвртокот го пријавил случајот во СВР Скопје. Нападот, според пријавата, се случил претходната вечер, околу 22 часот, на автобуска постојка во скопската населба Кисела Вода. Додека ги извршувал своите ...
Двајца полициски службеници од Струга се пријавени за сомнение дека при постапување со лице лишено од слобода употребиле прекумерна физичка сила, иако тоа било со лисици на рацете. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднел кривична пријава против Т.М., полициски службеник во Полициската станица Струга, и И.Ш., главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни ...
Темата за железничкото поврзување со Бугарија повторно ја отвори потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, обвинувајќи ја Владата дека не успеала да обезбеди договор за изградба на пругата на Коридорот 8 и дека поради тоа пропаднале 60,7 милиони евра европски средства. Но, наместо одбрана, од Владата следуваше контранапад. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, порача дека критиките доаѓаат токму од човек кој бил дел од ...
Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, објави Државниот завод за статистика. Растот, според податоците, го обезбедила преработувачката индустрија која за една година обезбедила раст од 7,9%. Спротивно, производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ ...
Девет лица се повредени, од кои две се здобиле со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа што се случила на експресниот пат од Градско кон Прилеп, во близина на Градско. Несреќата била пријавена вчера (30 јули) во СВР Велес, а се случила околу 08:20 часот, кога се судриле патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола, и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано ...
Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на ...
ЈП Лајка – Скопје, Europe House и Алпинистички клуб Скопје успешно ја реализираа креативната upcycling работилница на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето. На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на ...
Стотици мигранти кои во изминатите часови илегално влегоа во шпанската енклава Сеута денеска почнаа доброволно да се враќаат во Мароко преку истиот граничен премин преку кој влегоа, додека шпанските власти значително го засилија присуството на безбедносните сили на границата. Иако помали групи мигранти и натаму се обидуваат да влезат во Сеута преку истата област, тие се разминуваат со оние што ја напуштаат енклавата и се враќаат во Мароко. ...
Холивудската актерка Дона Милс, која со децении е препознатлива по улогата на Аби Канингам во култната серија „Knots Landing“, повторно се најде во центарот на вниманието. На 85-годишна возраст таа отвори профил на платформата OnlyFans и стана една од највозрасните јавни личности што се одлучиле на ваков чекор. Милс вели дека воопшто не се двоумела кога ѝ била предложена идејата. Според неа, по повеќе од пет децении во шоу-бизнисот, видела ...
Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица – соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 ...
Просечните каматни стапки на кредитите во банките и штедилниците продолжиле да се намалуваат и во јуни годинава, додека каматите на депозитите останале речиси непроменети, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,67%, што е намалување од 0,02 процентни поени во однос на мај и 0,36 процентни поени во споредба со истиот месец лани. Просечната каматна стапка на вкупните ...
Во Полициската академија во Идризово денеска свечено беа промовирани 496 нови полициски службеници од генерацијата 2025/2026, кои по завршувањето на обуката дадоа свечена заклетва и официјално станаа дел од Министерството за внатрешни работи. На свеченоста, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски им порача на новите полицајци дека носењето на униформата не претставува само професионална обврска, туку и голема чест и одговорност кон ...
Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови, покажува првичната проценка на безбедносните сили, а најголем број преминувања е забележан вчера. Оваа бројка значително ја надминува претходната миграциска криза во овој шпански автономен град од мај 2021 година, кога околу 10.000 луѓе успеале да ја преминат границата и да влезат во Сеута, пишува шпанскиот „Паис“. Најмалку 18 лица загинаа за време на обидот за премин, ...
Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состоjбата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6 процентни ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во вестите на Канал 5 истакна дека владата од првиот ден работи на решение што ќе ги зајакне позициите на државата, кои, како што оцени, биле лошо поставени од претходната влада. Тој нагласи дека целта е решението да биде достоинствено и да обезбеди предвидлив евроинтегративен процес. Муцунски посочи дека се води активен дијалог со земјите членки на ...
Норт Вест, најстарата ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, уште еднаш покажа дека не се плаши да експериментира со својот изглед. Тринаесетгодишната наследничка на славното семејство беше фотографирана по вечерата во познатиот ресторан „Нобу“ во Малибу, а вниманието овојпат го привлекоа малите сребрени украси поставени над нејзините колена, кои изгледаа како дермални пирсови. Покрај впечатливиот накит, Норт носеше црна маица со графички ...
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани изјави дека се залага Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната, откако стотици мигранти илегално пристигнале од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута. „Го поддржувам затворањето на Шенген-зоната за Шпанија“, напиша Тајани на социјалната мрежа „Икс“, осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана имиграција“. Се огласи и италијанската премиерка ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 31 јули 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 157,81 евра/mwh, додека на MEMO цената е 105,31 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 110,60 евра за мегават час, а на MEMO 42,63 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Министерството за здравство информира дека, заклучно со 30 јули 2026 година, во земјата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. „На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи ...