Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...

Шпанскиот министер за надворешни работи изјави дека речиси сите мигранти кои влегле во Сеута се вратиле во Мароко, наведувајќи дека имало „многу намерни дезинформации“. „Не е можно да се патува од Сеута и Мелиља до континентална Шпанија без идентификација на полициски контролен пункт. Интегритетот на Шенген зоната е целосно загарантиран. Доста е намерна дезинформација“, напиша Хозе Мануел Албарес на социјалната мрежа X. Шпанската новинска ...

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа од предлогот дел од комерцијалните права од Светското првенство да бидат под капа на инвестициски фонд. Ова се случи по силниот притисок во рамки на светската федерација и со заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да формира компанија вредна 20 милијарди долари која би управувала со комерцијалните работи на ФИФА, заедно со женското Светско првенство и Светското ...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди вечерва областа Кампи Флегреи во близина на Неапол. Потресите предизвикаа прекини во електричната енергија, го нарушија железничкиот и метро сообраќајот и оштетија некои згради, објавија локалните власти. Жителите во паника излегоа на улиците. Земјотресот е регистриран во 19:46 часот по локално време. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија објави дека епицентарот бил во ...

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Одлуката, соопшти Владата, е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и замаксимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на ...

Повеќе од четвртина, односно 27,5 отсто од населението на Европската Унија постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат. Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 отсто во однос на 2024 година, но истовремено е за 7,7 отсто понизок отколку пред 10 години, во 2015 година. ...

Експертите во Бугарија велат дека фрагментите од коски што беа откриени во близина на североисточниот град Русе најверојатно му припаѓале на млад волнест мамут кој живеел за време на леденото доба. Добро зачуваните остатоци, вклучувајќи делови од вилицата, клови, плешка и бедрена коска, биле пронајдени заедно, што сугерира дека потекнуваат од едно животно. Реткото откритие е направено на брегот на реката, откако нивото на водата во Дунав се ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид оствари тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и за заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави“, напиша Мицкоски на Фејсбук. На средбата, ...

Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во најтоплиот период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува ...

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Мииналната температура ќе се спушти до 11 степени во Берово. Најтопло ќе биде во Велес и во Демир Капија, со температура до 39 степени Целзиусови. Фото: УХМР Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 степени наутро, до 38 ...

Италијанското Министерство за внатрешни работи нареди да се затворат морските и воздушните граници со Шпанија, објави италијанската новинска агенција ANSA, повикувајќи се на владини извори. Според агенцијата, одлуката е донесена по анализата на најновите информации на состанокот на Комитетот за имиграција и гранична безбедност, со кој претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози. Засега не се објавени дополнителни ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, во која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. „Македонскиот ...

Новата Charlie-4 QLED серија носи врвен квалитет на слика, Google TV искуство и продолжена гаранција до 5 години. Beko ја претставува новата Charlie-4 QLED серија телевизори, која ги обединува напредните технологии, врвниот квалитет на слика и интуитивното Smart TV искуство, овозможувајќи им на корисниците целосно нов начин на уживање во омилените содржини. Новата серија е достапна во дијагонали од 50″, 55″, 65″ и 75″, а благодарение на QLED ...

Осквернавени се гробови во кругот на црквата „Света Богородица“ во струшкото село Боровец, полицијата презема мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска СВР Охрид. Според МВР, вчера во 18 часот и 30 минути во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Света Богородица“ во селото Боровец се оштетени мермерните плочи на 14 гробови. Полицијата извршила увид и преземаат мерки за расчистување ...

Кога десетици илјади луѓе од Мароко влегоа во шпанската енклава Сеута само за еден ден, веднаш се појави прашањето што никој не можеше да го избегне: како толку многу луѓе успеаја да ја преминат една од најстрого чуваните граници во Европската Унија? Шпанската влада сè уште не го обвини Мароко. Премиерот Педро Санчез тврди дека мрежите за шверц ги искористиле гласините за неодамнешната судска одлука за да ги наведат луѓето да веруваат дека ...

Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор изнесува 206.640 денари (3.360 евра) за метар квадратен, односно за 50 метри квадратни стран во Центар се платени 168.000 евра, покажува извештајот од Регистарот на цени и закупнини за периодот април-јуни, објавен денеска. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 евра), ...

Сцените што доаѓаат од Сеута се неприфатливи, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, коментирајќи го вчерашниот упад на илјадници мигранти од Мароко во северноафриканската шпанска енклава Сеута. „Не можеме да дозволиме никому да дојде во нашата Унија без да ги почитува нашите правила. Опасните гранични преминувања мора веднаш да престанат. Мрежите за шверц на луѓе мора да бидат демонтирани. Враќањето на оние кои ...

Белата пена што беше испуштена во вардар минатата недела не ја загадила реката, информира Државниот инспекторат за животна средина. Важно е да се напомене, се додава во соопштението, дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано. „Со цел ...

Ким Кардашијан продолжува да ги споделува најубавите моменти од своето лето, а најновите фотографии на Инстаграм откриваат дека деновите ги минува во природа, опкружена со најблиските. Во серијата снимки, 45-годишната ѕвезда позира на даска за веслање среде езеро, додека ужива во мирниот пејзаж и сончевото време. Посебно внимание привлече нејзината внука Пенелопе Дисик, 14-годишната ќерка на Кортни Кардашијан и Скот Дисик. Пенелопе се ...

Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави Евроњуз. Според анализата на Евроњуз на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на прв ...

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта останаа значително повисоки ...

Ник Рајнер (32), син на познатиот режисер и актер Роб Рајнер, повторно се најде во центарот на вниманието откако американските медиуми објавија дека бил дисциплински казнет во затвор поради инцидент со затворските службеници. Рајнер моментално се наоѓа во притвор во Лос Анџелес, каде го очекува судење за убиството на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер. Според информациите објавени од „People“, инцидентот се случил уште во ...

(Зло)употребата на точки/теми од минатото во современ политички контекст е една од најомилените играчки на балканските политиканти. Особено на македонската некогашна „дворска камарила“ која не само што се обидува да „плива во заборавот“ туку со сите сили сака и нас да нѐ убеди дека тоа е легитимна постапка. Ама, како прволаче кога брише со гумичка а всушност прави само поголема „флека“, така и овие во напорите да го поништат минатото во полза ...

САД и Израел разгледуваат можност за воведување копнена блокада на Иран како една од опциите за засилување на економскиот притисок врз Техеран, објави денеска британскиот весник „Телеграф“. Според весникот, за оваа можност разговарале американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како дел од пошироките размислувања за следните чекори во односите со Иран. – Трамп смета дека неговата сегашна стратегија за ...

Северина го објави видеоспотот за новата песна „Нисам крива ја“, која го носи и поднасловот „Bezosjećajna“. Станува збор за една од нејзините најлични и најемотивни песни во последните години, во која зборува за емоционалните лузни, разочарувањата и моментот кога човек повеќе не знае дали се штити себеси или бега од сопствените чувства. Интересно е што песната за малку немало ни да биде снимена. Северина неодамна откри дека одлуката за ...

Почна санацијата на мостот „Естакада“, еден од најфреквентните влезови и излези од Скопје, преку кој секојдневно поминуваат илјадници возила. Со реконструкцијата треба да се подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот на оваа важна градска сообраќајница. Од Град Скопје информираат дека проектот опфаќа реконструкција на пристапните рампи на површина од 10.000 квадратни метри. Предвидено е гребење на постојниот асфалт и поставување два ...

Во првите шест месеци од оваа година, Турција остварила 25,7 милијарди долари приходи од туризам, што е речиси на ниво од истиот период минатата година, и покрај малото намалување на бројот на странски посетители поради регионалните геополитички тензии, изјави денес турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. Ерсој изјави дека 25,7 милиони туристи ја посетиле Турција од јануари до јуни, што е за 2,4% помалку во однос на истиот ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) застана зад заедничкиот став на сите 55 членки на УЕФА против планот на ФИФА да основа компанија за организација на светските првенства, која потоа ќе продаде значителен удел на заинтересирани инвеститори, а парите ќе ги поделат националните федерации. „УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички ...

ЈЗУ Клиничка болница Битола денеска пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски промовира нова медицинска опрема и инвестиции во здравствената установа. Директорката Ненси Лозанче ги информираше за нововоспоставените соработки со институции од државата. – Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработка со Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија. Наместо нашите пациенти со малигни ...

Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан (76) ја загуби првостепената судска постапка против Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО), во спор поврзан со трошоците за лекување на редок облик на рак. Иако Фондот ѝ ги признал и рефундирал трошоците за стереотактичка радиотерапија во износ од 8.814 евра, одбил да покрие околу 3.000 евра што таа ги платила за специјализирана дијагностичка процедура. На Рудан во април 2024 година ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87