Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Владата на Унгарија донесе уредба со која се предвидува големите потрошувачи кои нема да ја намалат потрошувачката на струја да можат да бидат исклучени од снабдувањето со електрична енергија, пренесе унгарскиот портал „Индекс“. Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека мерката стапила во сила синоќа во 19:00 часот. „Во овој момент е објавена владината уредба која стапува во сила во 19:00 часот и овозможува големите индустриски потрошувачи ...
Јапонската компанија „Kakinoki Fireworks“, која произведува пиротехнички средства за огномет, и еден универзитетски професор заеднички развија поеколошки огномет со обвивки кои можат да се растворат во вода и природно се разградуваат по употребата, во надеж дека ќе се намали количеството отпад што паѓа на земјата по испукувањето. Топката на огнометот се состои од слоеви барут во надворешната обвивка, која при експлозијата се распрскува и паѓа ...
Четиригодишно девојче испило дел од капсула за перење алишта и било однесено во Итната помош во Берово. Како што соопшти полицијата, на 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки ...
Холивудската актерка и добитничка на Оскар, 53-годишната Гвинет Палтроу, конечно отвори личен профил на ТикТок, а нејзината прва објава веднаш предизвика големо внимание. Во краткото видео, снимено на различни локации низ Европа, се појавуваат и неколку кратки сцени во кои актерката е топлес, додека лежи во кревет или се релаксира во када. Видеото е направено во препознатлив, самоироничен стил. Палтроу се снима на брод, во хеликоптер, авион, ...
Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека нискиот водостој на Дунав предизвикува бројни проблеми во енергетскиот сектор, истакнувајќи дека хидроелектраната „Ѓердап“ никогаш немала помало производство. Според неа, во последните три месеци е забележано рекордно ниско производство на електрична енергија, па така „Ѓердап 1“ работи со 20 отсто од капацитетот, а „Ѓердап 2“ со 30 отсто. – ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Доналд Трамп, кој е подготвен да преземе конкретни мерки за да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Рубио во интервју за „Фокс њуз“ оцени дека Иран во последните 20 до 30 години се навикнал меѓународната заедница, вклучително и САД, да толерира измами, кршење на постигнатите договори и избегнување на преземените обврски, ...
И опозициските партии и политички лидери го одбележаа Илинден со пораки во кои, покрај историското значење на празникот, доминираа и актуелните политички теми – од суверенитетот на државата, преку меѓуетничките односи, до европската интеграција. Од Левица порачаа дека АСНОМ претставува „најголемата обврска преземена пред идните поколенија“ и оценија дека секоја генерација има историска одговорност да ја остави државата посилна отколку што ја ...
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата ...
Пожарите кои зафатија повеќе од 100.000 хектари во американската сојузна држава Вашингтон предизвикаа масовни евакуации и прекини во снабдувањето со електрична енергија во областа на Спокен, соопштија локалните власти. Околу 4.000 луѓе се борат против повеќе од 10 пожари ширум државата, изјави синоќа комесарот за јавно земјиште на Вашингтон, Дејв Аптергров, за време на виртуелна прес-конференција. Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон, вчера ...
Шпанските власти соопштија дека 53.000 од вкупно 60.000 мигранти кои влегоа во Сеута се вратиле во Мароко, но дека бројот на загинати се искачил на 86 лица, пренесе Скај њуз. Некои од мигрантите кои пристигнале во Сеута им изјавиле на новинарите дека се мачеле да најдат храна и сместување, наведува „Скај њуз“. Неколкумина од нив раскажале дека ноќта морале да ја поминат спиејќи во шумите околу градот, додека други пријавиле тепачки за храна. ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради поголемата фреквенција на возила има задржувања на два гранични преминa. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на Богородица се чека околу 30 минути во ...
Никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ има право на своја историја. Имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска република, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање по повод 2 Август – Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. ...
Пожар настана утринава во угостителски објект во трговскиот центар Лептокарија во скопски Карпош. Следувала експресна интрвенција на пожарникарите, сведочат граѓаните. Жителите на околните згради информираат дека пожарот се раширил многу бргу, а притоа силен чад ги прекрил зградите долж булеварот Партизански одреди. Пожар настана утринава во угостителски објект во трговскиот центар Лептокарија во скопски Карпош. Следувала експресна ...
Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август – Денот на Републиката во Крушево денеска во своето обраќање од Мечкин Камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е нашата нова борба за Македонија. – Крушево – градот што е симбол на борбата за слобода ...
Не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи со западнонилската треска, соопшти Министерството за здравство. Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно ...
Во илинденската порака од Крушево, вицепремиерот Александар Николоски порача дека најголемата почит кон идеалите на илинденците денес се покажува преку инвестиции, инфраструктура и развој на државата. „Илинденските идеали денес се преточуваат во изградба на модерна и развиена држава, а Македонија во моментов реализира најголем инфраструктурен инвестициски циклус досега“, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во ...
Падот на американската валута ги вознемири финансиските пазари, бидејќи инвеститорите сè погласно шпекулираат дека Јапонија и САД би можеле повторно заеднички да интервенираат на девизниот пазар – нешто што наликува на валутна војна и што светот не го видел во вакви размери повеќе од една деценија. Вредноста на американскиот долар нагло ослабе во однос на кошничката од шесте најважни светски валути минатата недела, бидејќи инвеститорите ...
Премиерот Христијан Мицкоски од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце порача дека денешна Македонија не е државата за која сонувале илинденците и асномците, но дека токму тоа е историската задача на сегашната генерација – да ја врати таквата татковина. Во обраќањето по повод Денот на Републиката, тој оцени дека оваа генерација ја води „последната битка за иднината на државата“ и дека нема право на неуспех. „Народ што живее само од својата ...
Мајка и дете се успешно спасени утринава откако паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ во Струмица. Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, а од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека акцијата започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил веднаш упатен на терен. Со употреба на специјализирана спасувачка опрема, екипите ги извлекле мајката и детето ...
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на автопатот „Мајка Тереза“, во непосредна близина на наплатната станица Глумово, во правец кон Скопје. Според МВР, несреќата била пријавена на 1 август во 20:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (35) од тетовско Порој, мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А. (45) од Скопје и ...
Телото на руската државјанка Људмила Туркова Константиновна (28), која се водеше за исчезната од 25 јули, е пронајдено во куфер во каналот Визељ, во населбата Падинска Скела во Белград, Србија откако службено куче го довело водичот до местото. За убиството е осомничен 25-годишниот турски државјанин К. Е., кој бил уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ при обид да ја напушти земјата. Според првичните информации, критичната вечер Људмила се ...
Три лица загинаа, а најмалку 21, според последните информации, се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во близина на италијански ресторан лоциран во една од познатите седум згради од сталинската ера на плоштадот Кудринскаја, од рачно изработена бомба што ја носела жена. Според рускиот ...
Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче од Крушево. – Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го ...
Пожарот што во петокот наутро избувна во областа Виотија во централна Грција веќе е проширен и во соседниот регион, областа Атика поширокиот регион на Атина, а според метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, изгорена е површина од над 6.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот веќе трет ден е без контрола, проширен е на голема површина и постојат повеќе активни жаришта, а изгорени се и куќи, иако ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го ставил на чекање планираниот нов бран воени напади врз Иран поради, како што опиша, напредокот кон дипломатски договор. Трамп на Трут Соушл наведе дека суспензијата е условена со брзо постигнување договор. Тој рече дека американската војска е подготвена да удри со сета своја сила, но дека Иран и другите земји во регионот побарале од Вашингтон да се воздржи од напад бидејќи биле договорени ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката испрати честитка до граѓаните. „За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на ...
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој оцени дека слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачувува. Во пораката се наведува дека Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 ...
Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и ...
Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република 2026“ ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја, ...