Пет лица загинаа, а еден магацин се запали по напад со украински дронови во Московската област, соопшти гувернерот на областа Андреј Воробјов. Повредени се шест лица, додаде Воробјов во објава на Телеграм. Според него, при нападот се запалил магацин во индустриската зона Новоселок во Чеховскиот општински реон во Подмосковјето, а пожарот е изгаснат. Покрај тоа, биле оштетени и приватна куќа и еден автомобил. Напад со беспилотно летало погоди ...

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Речиси 500 пожарникари се борат со огнената стихија во областа Атика, евакуирани жители од седум населени места Голем шумски пожар кој веќе четврти ден беснее во западниот дел на областа Атика, во поширокиот регион на Атина, повторно се интензивираше, поради што жителите на седум населени места и околината на индустриската зона во предградието Мегара добија пораки за евакуација преку бројот 112 за итни случаи. Според информациите, огнот во ...

Криминалните мрежи во Европа сè почесто користат нова опасна тактика, регрутирање малолетници и млади луѓе преку интернет за извршување убиства, напади и други тешки кривични дела. Феноменот познат како „убиство како услуга“ (violence as a service) го привлече вниманието на европските безбедносни служби, откако беше откриено дека организирани криминални групи преку социјални мрежи и шифрирани апликации пронаоѓаат млади луѓе кои се подготвени ...

Македонија ја очекува уште еден исклучително топол летен ден, со сончево време и мала локална облачност, покажува најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а утринските температури ќе се движат од 10 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија. Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 31 степен во Маврово до дури 40 степени во Гевгелија, која повторно ...

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а неговото целосно ставање под контрола вечерва не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на голем број ниски смреки. – Кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта, со цел ...

Туристите кои престојуваат во едно од најпознатите летувалишта во Грција добија важно предупредување поврзано со квалитетот на водата за пиење. На туристичките групи и страници посветени на летувањето во Грција е објавено известување дека, по спроведени микробиолошки анализи, водата од чешма во Сивири и околните населени места во регионот на Касандра не треба да се користи за пиење. Според објавените информации, препораката не се однесува ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, изјави дека неговата партија останува единствената политичка сила која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции. Ова се наведува во партиското соопштение што МИА го пренесе интегрално. Осврнувајќи се на последните анкети објавени во ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а десет се изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, помеѓу селата Доброшинци и Василево, каде гори сува трева, стрништа и дива депонија, во Општина Кичево, во атарот на селото Зајас, каде е зафатено стрниште, како и во Општина Кавадарци, помеѓу селата ...

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште, поради сомнение дека сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ според член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничените на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворно место од семејна куќа во селото, употребиле огнено оружје и пукале во воздух. Како што ...

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, упати остри критики кон опозицискиот лидер Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што вели, обиди за „хуманизација“ пред јавноста по неговото министерување со здравствениот сектор. Андоновска во објава на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека граѓаните не ги забораваат случувањата од периодот кога Филипче беше министер за здравство. „Лицемерието изгледа вака. Доаѓа еден ...

Рекордно нискиот водостој на Дунав прераснува во една од најсериозните енергетски и еколошки кризи што ги погодиле Централна и Југоисточна Европа во последните децении. Продолжената суша и серијата екстремни топлотни бранови ја спуштија реката на историски минимум, а нов бран горештини со температури до 40 Целзиусови степени се очекува во текот на оваа недела, што дополнително ги зголемува стравувањата дека состојбата ќе стане уште ...

Пожарот кој доцна синоќа избувнал на околу 20 километри од Кавадарци бил намерно предизвикан, односно подметнат на пет различни локации, а полицијата веќе има осомничено лице, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според Ангелов, гаснењето на пожарот било особено тешко поради стрмниот и непристапен терен, но благодарение на брзата реакција на екипите, огнот бил ставен под целосна контрола во ...

Во текот на изминатиот викенд, полицијата лишила од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи. Контролите биле спроведени во периодот од 31 јули до 2/3 август 2026 година на целата територија на државата. Од МВР информираат дека најголем дел од приведените возачи, односно 23 лица, управувале моторно возило без возачка дозвола. Девет лица биле лишени од ...

Автобус се запали денеска додека се движел по автопатот Тетово–Гостивар, по што интервенирале надлежните служби, а сообраќајот на делницата се одвивал отежнато. Според првичните информации, пожарот избувнал во момент кога автобусот бил во движење. На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот на кое се гледа како возилото е целосно зафатено од пламен. По пријавата за пожарот, на терен излегле противпожарни екипи кои интервенирале за ...

Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, позната во јавноста како „газдарицата“ на локалитетот „Камени кукли“, е уапсена откако, според полицијата, физички нападнала повеќе посетители на археолошкиот локалитет „Куклица“. Од СВР Куманово информираа дека вчера околу 19:30 часот полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41), постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот физички нападнала повеќе лица кои го ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска ѝ се закани на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со правни мерки поради контроверзниот план на претседателот Џани Инфантино да продаде удел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Воедно, УЕФА го предупреди раководството на светскиот фудбал да не уништува потенцијални докази. Како што јавуваат светските агенции, адвокатите на УЕФА ја известиле ФИФА дека ...

Полскиот пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што успеал да го преплива Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска, совладувајќи повеќе од 160 километри непрекинато. Исцрпениот Кубковски во неделата навечер излегол на плажа во градот Џивнув, на северниот брег на Полска, околу 56 часа откако во петокот тргнал од шведскиот град Касеберга. За време на целиот подвиг не спиел. Го придружувал помошен брод кој му обезбедувал храна ...

Водата од градскиот водовод во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, тврди директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, наспроти Министерството за здравство, кое оценува дека здравствената состојба во градот постепено се стабилизира. Разликата во мислењата на двете институции раѓа дилема дали бактериолошкиот проблем е целосно надминат и кога граѓаните ќе можат безбедно да ја користат водата за пиење. Според ...

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатата недела спроведе засилени акции против недозволената трговија со дрога, при што на територијата на целата држава биле лишени од слобода и приведени повеќе од 70 лица. Според информациите од МВР, акциските контроли биле реализирани во периодот од 27 јули до 2 август 2026 година, поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични ...

Украинското раководство добива јавни ветувања за европска иднина, но зад затворени врати во Европската унија се водат сосема поинакви разговори, тврди руската Служба за надворешно разузнавање (СВР). Во соопштение што го пренесе руската државна агенција ТАСС, СВР наведува дека Брисел нема реална намера да ја прими Украина во Унијата, туку ја користи европската перспектива како политичка алатка за одржување на поддршката за Киев. Според руското ...

Македонија ја очекуваат уште неколку денови со екстремно високи температури, кои на повеќе места ќе надминат 40 степени Целзиусови, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделата, а од четврток во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. „Продолжува периодот на сончево и ...

Полициски службеник од Ресен е лишен од слобода поради сомнение дека физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп, со која бил во љубовна врска, како и нејзиниот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето било приведено денеска околу 4 часот во Стар Дојран. „Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35-годишно лице од Ресен ...

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од автомобил во сообраќајна несреќа што се случила во Гостивар. Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 16 часот во ОВР Гостивар. „На улицата Железничка во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село ...

Вознемирувачка снимка што се шири на социјалните мрежи прикажува брутална тепачка меѓу поголема група млади лица на улица во Гостивар. Според видеото, едно од момчињата добива силен удар со нога во главата, по што паѓа на асфалтот и останува неподвижно. И покрај тоа што лежи на земја, нападот продолжува. На снимката се гледа како едно од присутните лица му приоѓа на момчето и почнува да го удира со дрвена прачка. Од силината на ударите ...

Пет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напад со украински дрон врз плажа во руското црноморско летувалиште Архипо-Осиповка, во близина на Геленџик. Според руските власти, дронот бил пресретнат од противвоздушната одбрана, но неговите остатоци паднале врз капачите, предизвикувајќи смртоносни последици и паника меѓу туристите. Во нападот се повредени и повеќе лица, а на местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и ...

Снимката на Дуа Липа како во пет часот наутро во Приштина јаде плескавица брзо се прошири на социјалните мрежи. Популарната пејачка по ноќното излегување се почестила со омилен балкански специјалитет, а друштво ѝ правела сестра ѝ Рина. Додека ја јадела плескавицата, Дуа во шега рече: „Кој го шиша тостот со авокадо“. Во еден момент сестра ѝ ѝ зема залак, а потоа двете го покажале екранот од мобилниот телефон на кој пишувало 4:30 часот. – Време ...

Огромна колона возила утринава го блокира сообраќајот на регионалниот пат кон граничниот премин „Дојран“, а застојот кај Стар Дојран трае веќе четири часа. Колоната се протега сè до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран, а од Граничниот премин „Дојран“ информираат дека причината за метежот е огромниот број возила на грчка страна, каде што надлежните служби веќе немаат капацитет да ги примат сите патници. – Застојот е на грчка страна. ...

Годинешните илинденски обраќања на претседателката на Републиката, на претседателот на Владата и на потпретседателот на Собранието, и покрај различниот тон и политичкиот пристап, содржеа една охрабрувачка порака: во македонското општество сè уште постои простор за согласност околу најважните државни и национални прашања. Сите говорници зборуваа за потребата да ја чуваме државата, да го браниме националното достоинство, да ги задржиме младите ...

Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава, а последните суспектни случаи се негативни, информира Министерството за здравство. Од Министерството посочуваат дека до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, додека примероците од последните лица кај кои постоело сомнение за инфекција биле негативни на PCR-тестирањето. „Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Калај

46.54