Белата пена што беше испуштена во вардар минатата недела не ја загадила реката, информира Државниот инспекторат за животна средина. Важно е да се напомене, се додава во соопштението, дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано. „Со цел ...

Белата отпадна пена забележана на 24 јули во Вардар, кај вливот на Лепенец, не предизвикала надминување на граничните вредности за испуштање во површински води, покажал прелиминарниот извештај од анализата на земените мостри. Конечните резултати од дополнителното лабораториско испитување се очекуваат на 4 август. Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека, по регистрирањето на белата пена, во координација со надлежните институции ...