Според верзијата на шпанската и на мароканската влада, минатата недела помеѓу 40.000 и 60.000 Мароканци, претежно млади луѓе, но и семејства со деца во раце, го поминаа граничниот премин со Сеута поттикнати од активностите на мрежите за шверц, но некои аналитичари во Шпанија имаат поинакво мислење. Аналитичарите во интервју за телевизијата РТВЕ изјавија дека овој настан има многу карактеристики на хибридна војна. Сплет на повеќе околности ...

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, напиша гувернерот Трајко Славески. Вредноста на платата е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција. „Чекајте малку, нели ова го кажав уште во јуни минатата година? На јавниот линч за говорење на вистината одговорив со висок капацитет за ...

Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи неодамна ја лансираше приказната дека по вина на владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија останала без 60,77 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија, откако тендерската постапка не завршила навреме и не бил склучен договор со изведувач во роковите предвидени со ИПА-програмата. Некои медиуми сега ја рециклираат оваа приказна, во обид да ...

Настаните по повод Светската недела на доењето, кои започнаа на 1 август со онлајн активности, од денес (4 август) продолжуваат во хотел „Мериот“ во Скопје со богата едукативна програма организирана од „Бебелогија – Школo за трудници и доење“, „Доење со љубов“ и „Јуниор Мед“. Како поддржувач на иницијативи што придонесуваат за едукација и поддршка на семејствата, dm и оваа година е дел од настанот со свој штанд, каде посетителите ќе можат да ...

Нивото на водата на Дунав во Унгарија беше толку ниско синоќа што речиси доведе до целосно исклучување на „Пакс“, единствената нуклеарна централа во Унгарија, изјави премиерот Петер Маѓар. „Околу 1:30 часот ноќеска бевме на неколку милиметри од целосно исклучување на електраната „Пакс“, но потоа нивото на водата престана да паѓа и до утрото се искачи за 1,5 сантиметар. Последната турбина моментално работи безбедно“, напиша Маѓар на ...

Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Бугарската министерка за енергетика, Ива Петрова, денеска ќе ја посети нуклеарната централа „Козлодуј“ за да го процени влијанието на намалениот водостој на Дунав врз работата на постројката. Министерството претходно соопшти дека двата реактора на централата ...

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Зголемен е и бројот на интервенции на јавни места, најчесто поради колапси од горештините. – Просечно интервенции во врска со колапси има меѓу 3 и 5 дневно, но во некои денови има и ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“, со кои, според наводите, е оштетен Буџетот на Република Северна Македонија за вкупно 7.211.359 денари или за околу 117.000 евра. Како што информираат од Управата за финансиска полиција, ...

„Потребни се инвеститори во рударството коишто ќе бидат еколошки одговорни“, порача претседателот на Здружението на металурзи на Македонија и универзитетски професор Горан Начевски. Во гостување на Сител ТВ, тој истакна дека во Македонија може да се спроведе современо и одговорно рударство, но со континуиран мониторинг на водата, воздухот и почвата. Професорот го искоментира и најавениот проект за рудник за бакар во Иловица, за кој вели дека ...

Полицијата во јули констатирала 20.976 сообраќајни прекршоци и лишила од слобода 496 лица за безобѕирно управување на возило. Во периодот од 01-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на ...

Ариана Гранде одлучила да се тргне од очите на јавноста по завршувањето на актуелната турнеја, откако повторно се најде под силен притисок поради коментарите за нејзиниот изглед. Новиот бран реакции започна по објавувањето на нејзиниот спот за песната „Petal“, кој предизвика големо внимание и бројни дискусии на социјалните мрежи. Во видеото, Ариана прикажува приказна за изведувачка која е постојано осудувана поради својот изглед и очекувањата ...

Во кругот на градинката „Кочо Рацин“ се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри, соопшти Општина Центар. Станува збор за ѕид кој е стар 25 години, а сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. ...

Алпите и снегот се меѓу главните „виновници“ за загрижувачки нискиот водостој на Дунав ова лето. Според Јелена Јериниќ, хидролог од Републичкиот хидрометеоролошки институт (РХМЗ), нискиот водостој на една од најголемите европски реки е последица на недостигот од снег на Алпите, во комбинација со недостигот од дожд. – Во јануари и почетокот на февруари снегот беше над просекот, но температурите на воздухот беа високи и брзо се топеше. Снегот ...

Новак Ѓоковиќ смета дека тенисот мора да се менува ако сака да ја задржи младата публика. Најтрофејниот тенисер во историјата предлага радикална промена на системот на бодување – наместо сетови до шест гема, тие да се играат до четири, со цел натпреварите да траат најмногу два часа. Според него, пократките мечеви би биле подобри и за играчите, и за гледачите, и за телевизиските преноси. Во интервју за „Tennis Up To Date“, 39-годишниот Србин ...

Актерката Линда Блер, позната по легендарната улога на Реган во хоророт „Егзорцист“, се најде во центарот на вниманието откако надлежните извршиле инспекција на нејзиниот имот во Калифорнија по пријава поврзана со големиот број кучиња што се наоѓале таму. Според пишувањата на странските медиуми, на имотот биле пронајдени повеќе од 100 кучиња, што предизвикало реакција од службите за заштита на животните. Сепак, за Блер ова не е приказна за ...

Во преубавиот амбиент на Селце успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Хрватска, соопшти Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на хрватското Министерство за наука, образование и млади, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите ...

Илинден и АСНОМ не се обични историски датуми, тие се темелите врз кои е изградена македонската држава, симболи на слободата, државноста и на вековната борба на македонскиот народ за сопствена држава и односот кон овие датуми е прашање на државничка одговорност, а не на личен избор, порача претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Осврнувајќи се на отсуството на претседателот на Собранието, Африм Гаши, од централното одбележување на ...

Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц Бекам за малку ќе се нашле во непријатна ситуација за време на одморот во Сен Тропе. Додека семејната драма меѓу најстариот син и неговите родители Дејвид и Викторија Бекам продолжува, двете страни се нашле на неверојатно мала оддалеченост едни од други, но сепак не дошло до средба. Бруклин и Никола кои се гости на неговиот кум Елтон Џон, во еден момент излегле во градот и уживале во сладолед со ...

Стојна Димитровска Бут, узурпаторката на локалитетот Куклица, заврши во притвор. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово, која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и за узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, ...

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера – дава лицемерни изјави и се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, порача ВМРО-ДПМНЕ. „Постојат документи од времето кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобере некој поен, оти ...

По речиси две децении брак со кантри-пејачот Кит Урбан, Никол Кидман влезе во ново животно поглавје. Иако актерката отсекогаш била позната по тоа што приватниот живот го држи далеку од јавноста, последните фотографии направени во Лос Анџелес повторно ги разгореа шпекулациите дека оскаровката можеби повторно е вљубена. Кидман неодамна беше фотографирана како од аеродромот заминува во црно „Ферари“ управувано од американскиот милионер Мајкл ...

Грчките власти истражуваат извештај дека работници од приватна компанија убиле, испекле и изеле заштитена критска дива коза во Националниот парк Самарија, Крит. Обвинителството во Ханија нареди истрага откако се појавија тврдења дека инцидентот се случил за време на реставрациски поправки во Самаријанската Клисура, објавија грчките медиуми, цитирајќи го локалниот весник Ханиотика Неа. Според извештаите, кои сега се проверуваат, членовите на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци помеѓу селата Раец и Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Прилеп на улицата Дебарска, на местото викано Теке (депонија). Другите три правци се изгаснати. Од 06 часот утрово, пожарот во Општина Кавадарци ...

Принцезата од Велс, Кетрин, со години важи за една од најомилените членки на британското кралско семејство, а причината не е само нејзиниот стил или јавните ангажмани. Вирално видео кое повторно се споделува на социјалните мрежи ги потсети многумина на навиката по која е препознатлива – никогаш да не си замине од некој настан без да им посвети внимание на луѓето кои дошле да ја поздрават. Додека многу јавни личности по завршувањето на ...

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот ...

Бројот загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на повеќе од 6.000. Според најновите податоци на претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, досега се потврдени 6.125 жртви. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте. Според неофицијални проценки меѓу 17.000 и 29.500 лица сè уште се водат како исчезнати. Расчистувањето на урнатините продолжува, додаде Родригез. Досега се ...

Пет лица загинаа, а еден магацин се запали по напад со украински дронови во Московската област, соопшти гувернерот на областа Андреј Воробјов. Повредени се шест лица, додаде Воробјов во објава на Телеграм. Според него, при нападот се запалил магацин во индустриската зона Новоселок во Чеховскиот општински реон во Подмосковјето, а пожарот е изгаснат. Покрај тоа, биле оштетени и приватна куќа и еден автомобил. Напад со беспилотно летало погоди ...

Реал Мадрид му понуди на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор нов договор вреден 22 милиони евра годишно, објави „ESPN“. Сепак, 26-годишниот Бразилец сака повеќе – околу 30 милиони евра годишно. Тој верува дека ова ќе биде неговиот последен голем договор и е уверен дека заслужува плата соодветна на неговиот придонес во успехот на клубот. Винисиус е во Реал Мадрид од летото 2018 година. Неговиот тековен договор со мадридскиот клуб важи до ...

Светската музичка ѕвезда Дуа Липа повторно се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи, но овојпат причината е сендвичот со плескавица, кој во описот на фотографијата на која таа ужива во 4 наутро јадејќи го, е претставен како „косовски сендвич“. Објавата брзо предизвика лавина реакции, особено во Србија, каде дел од корисниците ја обвинија дека присвојува дел од српската гастрономска традиција. Критичарите тврдат дека ...

Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54