Владата на Унгарија донесе уредба со која се предвидува големите потрошувачи кои нема да ја намалат потрошувачката на струја да можат да бидат исклучени од снабдувањето со електрична енергија, пренесе унгарскиот портал „Индекс“. Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека мерката стапила во сила синоќа во 19:00 часот. „Во овој момент е објавена владината уредба која стапува во сила во 19:00 часот и овозможува големите индустриски потрошувачи ...
Унгарија се соочува со критични пет дена, изјави денеска премиерот Петер Маѓар, откако рекордно нискиот водостој на Дунав ја принуди единствената нуклеарна централа во земјата да запре со работа првпат по повеќе од четири децении, додека се приближува нов топлотен бран, објави „Ројтерс“. Големи делови од Европа се погодени од продолжени горештини и суша, што го намали нивото на реките и предизвика загриженост за снабдувањето со вода, речниот ...

