Премиерот на Израел нареди интензивни дводневни воздушни напади врз Иран во обид уништи што е можно повеќе од воената индустрија на земјата пред Вашингтон да се движи кон прекин на огнот, објави „Њујорк тајмс“ во средата. Потегот доаѓа отако израелските власти го виделе американскиот план од 15 точки, пишува медиумот. Според Тел Авив планот не ги адресира доволно нуклеарните и ракетните капацитети на Иран. Ова дополнително ја зголемува ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ, сопственик на српската пи-ар агенција „Ај Медија“, а во Грција со пријателот и поранешен советник на Зоран Заев, Зоран Башановиќ под целосна насока на Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев. Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционери во СДСМ, како што во ...

Со години уживаме во забавните реклами на Неспресо во кои глумат Џорџ Клуни и неговите колеги Ева Лонгорија, Џулија Гарнер, Камил Котин, Симон Ешли, Жан Дужарден, Ким Го-еун… Во новата кампања, на 64-годишниот холивудски шармер, кој е амбасадор на брендот од 2006 година, ќе му се придружи 30-годишната музичка ѕвезда Дуа Липа. Според маркетинг шефовите на компанијата, тие ја продолжуваат својата многу успешна соработка со Џорџ, а Дуа Липа ги ...

Руски воен дрон навлегол во романскиот воздушен простор и се урнал на територијата на Романија, откако врз леталото претходно дејствувала украинската противвоздушна одбрана. Како што соопшти романското Министерство за одбрана, во инцидентот нема повредени лица ниту е причинета материјална штета. Дронот ноќеска во 00:44 часот навлегол во романскиот воздушен простор и паднал на околу четири километри од граничната линија, во близина на ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека неговата земја преговара за партнерство во областа на вооружувањето со државите од Персискиот Залив, пренесува ДПА. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски истакна дека овие земји покажале голем интерес за искуството на Украина во борбата против беспилотни летала, особено во контекст на конфликтот со Иран. – Украина нуди заемно корисно партнерство: можеме да ги зајакнеме оние што ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети со кои се ограничува извозот на готовина и злато од Русија, во обид да се спречи одливот на капитал и да се намали сивата економија. Со првата одлука се воведува ограничување за изнесување рубљи преку границите кон земјите од Евроазиска економска унија. Од 1 април, физички лица ќе можат да пренесуваат готовина во вредност до 100.000 долари, според курсот на Банката на Русија, со одредени ...

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема, информира Народна банка (НБ). -Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници не претставува директни преговори со САД. Во изјава за државната телевизија, Арагчи појасни дека Техеран нема намера да води директен дијалог со Вашингтон. Тој дополнително се осврна на прашањето за стратешката Ормуска Теснина, ...

Танкер натоварен со руска нафта беше погоден од дронови во Црното Море, на само 15 наутички милји од Босфорот. Танкерот „Алтура“ бил под санкции од Обединетото Кралство и од Европската Унија, но не и од САД. Според турската телевизија НТВ, „Алтура“ кој превезувал околу 1 милион барели руска нафта „Урал“ од Новоросијск. Турскиот поморски портал Хабер Денизде објави дека имало експлозија на мостот на танкерот, по што вода почнала да навлегува ...

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, ги анализираат можните последици од ненадејниот пораст на цените на нафтата, вклучувајќи сценарио во кое цената би можела да достигне 200 долари за барел. Според извори запознаени со ова прашање кои ги контактирал Блумберг, анализите се дел од редовните проценки за време на кризни ситуации и не се наменети за предвидување на идните трендови на пазарот. Целта е администрацијата да биде ...

Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена и влегле во Бугарија, објави Бугарскиот портал Бгнес. Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби да одлучи што да се прави во случајот. Засега нема потврда за инцидентот од ...

Кога ќе им ставите во рацете стари електронски уреди на припадници на генерацијата З, или како што уште ги нарекуваат, зумери, резултатот е претежно ист – конфузија. Токму тоа го покажува слаткото видео кое го објави хрватскиот портал Индекс, во кое им даваат задача на учениците да препознаат некогашни технолошки хитови како што се MP3 плеери, вокмени, касетофони и VHS касети. Некои од студентите веднаш реагираа на првиот уред со претпоставка ...

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научно-фантастични филмови во Мајами (MiSciFi). Се работи за еден од најзначајните жанровски фестивали во САД посветени на научната фантастика, фантазијата и хоророт. „Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, и освои 7 ...

САД и Израел привремено ги тргнале од списокот за ликвидација иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на Парламентот Мохамед Бакер Калибаф. Американскиот весник „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, пишува дека одлуката била донесена во рамки на напорите за започнување мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран. Според изворите на весникот, двајцата ирански функционери биле ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Копенхаген ќе го игра еден од најважните натпревари во квалификациите за Светско првенство 2026. Избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски ќе се соочат со Данска во полуфиналето од баражот. Седлоски порача дека натпреварот има големо значење и дека тимот е подготвен за предизвикот. – Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја ...

Британските специјалци ќе можат да се качуваат и да ги запираат бродовите од руската „флота во сенка“ додека минуваат низ водите на Обединетото Кралство, најави премиерот Кир Стармер, пренесува ДПА. Стармер изјави дека Велика Британија ќе им се придружи на северноевропските сојузници во пресретнувањето на танкерите, во обид уште посилно да се справат со бродовите кои ги прекршуваат санкциите. Оваа одлука премиерот ја донесе за време на ...

Компаниите Мета и Јутјуб се прогласени за одговорни за сите точки од обвинението во случајот во кој овие технолошки гиганти беа обвинети за намерно предизвикување зависност кај млада жена и за оштетување на нејзиното ментално здравје. „Мета и Јутјуб беа небрежни во дизајнирањето на своите платформи, знаеја дека нивните дизајни се опасни, не предупредија за тие ризици и им предизвикаа значителна штета на тужителите“, заклучи поротата. Оваа ...

Државјанин на Македонија Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денеска полицијата во Лесковац. Пешакот им подлегнал на повредите на самото место. Полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица. Со наредба на Основното јавно обвинителство во ...

Ирак соопшти дека неговите вооружени сили „нема да молчат“ по вчерашниот воздушен напад во кој загинаа војници на локација за која се тврди дека припаѓа на коалиција од проирански милиции, кои се дел од ирачката војска. Kабинетот на ирачкиот премиер на Икс објави дека покрај обидите на Ирак да остане надвор од војната во Иран, „осудените напади насочени кон нашите воени единици продолжија, од кои последниот се случи утрово со предавничка ...

Генералниот секретар на Меѓународната трговска комора, Џон Дентон предупреди дека војната на САД и Израел против Иран може да ја предизвика „најтешката индустриска криза во поновата историја“. – Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупреди дека светот се соочува со енергетска криза посериозна од нафтените шокови во 1970-тите. Од деловна перспектива, веруваме дека ова дополнително може да стане најлошата индустриска криза во поновата ...

Малолетниот масовен убиец од училиштето „Рибникар“ во Белград, Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај 2023 година уби 9 деца и чуварот, денеска во судница на повтореното судење против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ повторно потврди дека неговиот татко го водел на стрелиште и дека го направил оружјето лесно достапно. Кога го прашале зошто го расклопил оружјето по крвавата гозба, рекол „од навика“, објави српски Курир. Потоа тој ...

СДСМ како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или од јавноста, а Венко Филипче е лидер без кредибилитет, под целосен диктат на Зоран Заев, кој не може да ја консолидира партијата, одговори ВМРО-ДПМНЕ на ставовите што вечерва ги изнесе претседателот на СДСМ. „СДСМ е партија во ерозија, маргинализирана опозиција, а Филипче ја сведе партијата на петто место во Скопје и трета ...

Видео од неверојатната храброст на една продавачка од Мостар ја воодушеви и шокираше јавноста. Околу 20 часот, маскиран разбојник, вооружен со автоматска пушка, влезе во нејзината продавница во населбата Залик во Мостар, Босна и Херцеговина. Но, храбрата жена решително да му се спротивстави. За време на туркањето, се слушна рафална стрелба, но таа не попушти. Разбојникот на крајот избега. Хероината од Мостар се здоби со полесни повреди, а ...

Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епиценатрот на земјотрес бил во Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 5 степени. Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка ...

Ирак соопшти дека неговите вооружени сили „нема да молчат“ по вчерашниот воздушен напад во кој загинаа војници на локација за која се тврди дека припаѓа на коалиција од проирански милиции, кои се дел од ирачката војска. Kабинетот на ирачкиот премиер на Икс објави дека покрај обидите на Ирак да остане надвор од војната во Иран, „осудените напади насочени кон нашите воени единици продолжија, од кои последниот се случи утрово со предавничка ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, негираше дека разговорите со Иран дошле до мртва точка, откако иранските државни медиуми јавија дека Техеран го одбил предлогот на Вашингтон од 15 точки за ставање крај на војната. – Разговорите продолжуваат. Тие се продуктивни и продолжуваат – изјави Ливит денеска на прес-конференција. Во врска со медиумските извештаи кои тврдат дека го откриваат американскиот предлог од 15 точки таа рече дека ...

Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за временската состојба во текот на утрешниот ден и жолт аларм за силен ветер на целата територија на Македонија. Утре времето ќе биде променливо облачно. „Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец со брзина над 60 километри на час. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од ...

Тековната ситуација во Ормускиот Теснец се покажа како прилично голем предизвик за глобалната бродска индустрија, изјави Арсенио Домингез, генерален секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО). – Имаме 20.000 морнари заглавени во Ормускиот Теснец и околу 2.000 бродови кои не можат да испловат. Се разбира, колку подолго тие бродови остануваат таму, толку подолго екипажите продолжуваат да страдаат мемтално, од стрес и од замор, како и ...

Ќе се донесе национална стратегија за развој на медиумскиот сектор, а се разгледуваат можностите да се донесе и нов закон за медиумите, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Јас ветив, оваа година започнуваме со реализација. Ние прв пат ќе донесеме национална стратегија за развој на медиумскиот сектор. Тука се и дилемите коишто ги поставува МИА – Македонската информативната агенција, Македонската радио телевизија, ...

Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи. Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба да биде коректна, достоинствена и базирана на заемна ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
33%
1012
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
62%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
87%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
41%
1012
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
9.75
47%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
85%
1014
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
94%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.81
45%
1009
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
9.26
48%
1013
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
62%
1015
Currency

61.6238

Currency

52.3366

Currency

70.646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.1835

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16738

Currency

0.56532

Иридиум

253540.09

Бакар

12.22

Паладиум

49815.70

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Цинк

3.44

Злато

166450.52

Алуминиум

3.60

Рутениум

55395.74

Калај

49.91

Платина

67516.57

Родиум

324722.54