Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Украдени се пари од прометот на Jавното комунално претпријатие „Сарај“. Кражбата ја пријавил директорот. „На 4.8.2026 година во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41), директор на ЈКП Сарај, пријави дека во периодот од 16:30 часот на 31.7.2026 до 6:40 часот на 4.8.2026, во неговата канцеларија, која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата и фиока од негово работно биро, при што се украдени пари од ...
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...
Под името „Phoenix Species Project“, актерот Леонардо ди Каприо и основачот на „Амазон“, Џеф Безос преку своите фондации „Re:wild“ и „Earth Fund“, започнаа иницијатива вредна 200 милиони долари за спасување на 100 најзагрозени животински видови на Земјата. Во фокусот на иницијативата ќе бидат опфатени десетици ретки видови од различни делови на светот, вклучувајќи лемури, саламандери, жаби, желки, игуани и други загрозени животни. Меѓу нив се ...
Полицијата уапси 15-годишно дете, затоа што возело камион без возачка дозвола. Настанот се случил во Скопје, среде ноќ. Во камионот бил и таткото на детето. „На 5.8.2026 во 2:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на улицата Горно Лисиче полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека ...
Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на Министерството за финансии во календарот на аукции на ...
Скопјанец загина откако го удри стебло при дива сеча на дрва во Струшко, а полицијата поднесе кривична пријава против лицето коешто го ангажирало работникот. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Пустошење шуми и Непреземање мерки за заштита при работа. „На 20.4.2026 година, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од ...
Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозицискиот СДСМ, реагира компанијата Кожувчанка, која денеска беше прозвана од СДСМ дека прави профит врз грбот на граѓаните од Гостивар. „Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф Албанец кон работник од ромска националност. Настанот се случил при спор меѓу колеги, Ром и Албанец, поради тоа што лицето од ромска припадност зело погрешна мерка за врата. Во настанатата расправија биле користени вулгарни ...
Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот“, објави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. „Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните“ политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат. Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство. Дедото се клањал ...
Славната манекенка и актерка Емили Ратајковски повторно се најде во центарот на вниманието откако на Инстаграм објави серија фотографии од летниот одмор во Грција. Меѓу нив се најде и фотографија на која позира целосно гола покрај морето, додека интимните делови од телото ги покрива само чаша со вино, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Објавата е дел од албумот со фотографии од нејзиниот одмор, на кој Ратајковски сподели и ...
Познатиот блогер и телевизиска личност Перез Хилтон бил пренесен во болница откако полицијата реагирала по повеќе повици поврзани со вознемирувачки пренос во живо на Тик-Ток. Според американските медиуми, гледачите пријавиле дека тој се повредува за време на емитувањето од неговиот дом во Мајами. Службата на шерифот на округот Мајами-Дејд потврдила дека добиле повеќе итни повици и дека нивните службеници пристигнале на адресата. Тие утврдиле ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски најави дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривичнаta евиденција од основните судови. „Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови. Наместо ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера на комеморацијата во Мркоњиќ Град, ја нарече хрватската воено-полициската операција „Олуја“ од 1995 година злосторство што Србите не смеат да го заборават, на што денеска во Книн, на годишнината од операцијата остро реагираа хрватските политичари. Вучиќ рече дека Србија никогаш повеќе нема да дозволи уште една Олуја или погром врз српскиот народ. Зборувајќи за зајакнувањето на Србија, тој ...
Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА. – Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај ...
Санација на патниот премин на улицата Перо Наков, во непосредна близина на Железничката станица Маџари, ќе се врши во четврток (06.08.2026 година), во периодот од 08:00 до 16:00 часот. За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улицата Перо Наков, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин. Работите се реализираат во координација со СВР Скопје и ЈСП Скопје со цел нивно безбедно и ...
Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност за регрутирање ...
Хистеријата во СДСМ е на завидно ниво, талогот од СДСМ веќе не знае што повеќе да излаже, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, одговарајќи на новинарско прашање околу обвинувањата од СДСМ дека се создава терен за прифаќање на францускиот предлог. – Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме 2026. Не банкротиравме. А лажат дека ќе банкротираме и оваа година. Лажеа и за ...
Тешка сообраќајна несреќа утрово го блокираше магистралниот пат Битола-Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижен судир учествувале 4 возила. Сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин од 9 часот. Веднаш по добиената пријава, на терен излегле екипи на СВР Битола, Територијалната противпожарна единица Битола и Службата за итна медицинска помош. Во Клиничката болница во Битола со тешки телесни повреди итно биле пренесени ...
Трговски брод што пловел под знаме на Индија синоќа се преврте и потона во близина на територијалните води на Јемен, откако беше погоден од проектил. Сите 14 членови на екипажот се спасени, изјави индискиот министер за бродарство Сарбананда Соновал. Министерството за надворешни работи на Индија го осуди нападот врз трговскиот брод и наведе дека Амбасадата во Ријад ја следи ситуацијата и активно се координира со јеменските власти за ...
Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно ...
Две девојки од Тетовско скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација. Како што соопшти полицијата, на 04.08.2026 во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси возило, возачот започнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација. Според ...
Откако нејзините фотографии во костим за капење предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи, Георгина Родригез реши да им одговори на сите кои го критикуваа нејзиниот изглед. На Инстаграм таа објави нови фотографии од одморот, но и подолга порака во која порача дека не се срами од своето тело и дека го прифаќа во секоја животна фаза. – Моето тело ќе се менува, како што се менува телото на секоја жена. Се надевам дека ќе се менува уште ...
Маж вооружен со пиштол е уапсен откако фотографирал и снимал видеозаписи од теренот на голф-клубот „Trump national“ во Лос Анџелес, кој му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп. Инцидентот се случил за време на викендот, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес. Полицијата го пронашла возилото на осомничениот Жанин Џон Тејл (38) на паркингот од голф-клубот, а кај него биле пронајдени рамка со 16 куршуми, наполнет ...
Владата најостро ги демантира, како што вели, обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации од страна на СДСМ во врска со набавката за водата за пиење која се донира во Гостивар. Владата наведува дека останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем ...
Меган Маркл го прослави својот 45. роденден на поинаков начин од вообичаеното. Војвотката од Сасекс на Инстаграм објави црно-бели фотографии на кои со насмевка скока во базен држејќи роденденски балони, а со кратка порака им се заблагодари на сите за честитките. Фотографиите се направени за време на приватна прослава во Калифорнија, во друштво на најблиските пријатели и семејството. Освен фотографиите, Меган објави и кратко видео кое ги ...
Ријана триумфално се врати на улиците на Барбадос за време на Grand Kadooment Day, завршната парада на традиционалниот фестивал Crop Over, кој се смета за најголемиот културен настан во земјата. Нејзиното појавување беше едно од најочекуваните, бидејќи последен пат учествуваше во 2024 година. Светската ѕвезда носеше впечатлив костим изработен од барбадоската дизајнерка Лорен Остин, со која соработува повеќе од една деценија. Костимот беше ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт. Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот ...
Мексиканскиот инфлуенсер Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека пренесуваше во живо настан на кој бил со пријатели пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан, на северот од земјата. Гастелум имаше речиси 600.000 следбеници на ТикТок и беше познат по своите комични видеа. Додека го емитуваше своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, со мотоцикл му се приближија две лица со кациги, а возачот ...
Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни ...