Меѓународната заедница не треба да го одвлекува вниманието од Појасот Газа поради тензиите во Персискиот Залив, предупреди шефот на турската дипломатија Хакан Фидан. – Доколку не се преземат дипломатски мерки против експанзионистичката политика на Израел, кризата што ја предизвика од регионална ќе стане глобална – порача Фидан во вторникот на состанок на министрите за надворешни работи и дипломатите од Блискиот Исток во Јордан. Состанокот ...

Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќање на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје. Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. – Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва на ...

Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“. Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат ...

Трабзонспор приреди спектакуларен пречек за египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах, кого на стадионот го дочекаа околу 25.000 навивачи, претворајќи го неговото пристигнување во вистински фудбалски празник. По успешно завршените медицински прегледи и официјализирањето на трансферот, Салах пристигна во Трабзон, каде што илјадници навивачи со песни, аплаузи и навивачка атмосфера го поздравија своето најголемо засилување. Египетскиот ...

Фудбалер загина откако го удри гром за време на натпревар во Тајланд, а уште 12 лица се повредени. Трагедијата се случила за време на аматерски фудбалски натпревар во Тајланд, кога силно невреме го прекинало мечот, а гром удрил директно на теренот. Во ударот животот го загубил 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, кој бил погоден од громот додека се наоѓал на теренот. По ударот веднаш настанала паника меѓу играчите и гледачите. Неговите соиграчи ...

Најголемиот дел од регистрираните случаи на западнонилска треска во Македонија се од Скопскиот регион и Велес, изјави министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека надлежните веќе спровеле вонредни прскања против комарци и провериле дали општините навреме ги реализирале редовните третмани. Клековски во интервју за телевизија „Канал 5“ рече дека околу домовите на сите регистрирани пациенти биле извршени вонредни прскања во радиус од ...

На грчкиот остров Наксос се одигра необичен инцидент кој за кратко време предизвика вистинска тревога на аеродромот. Странски турист пријавил дека неговото дете исчезнало, по што полицијата веднаш започнала потрага, стравувајќи дека малолетникот останал сам и е во опасност. Настанот се случил околу пладне, кога видно вознемирениот татко пристигнал на аеродромот и побарал помош. Тој им рекол на полицајците дека верува оти детето можеби ја ...

Една искра за малку ќе предизвикала катастрофа во Виничко. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вечерва предупреди дека при сечење со брусилица се запалила сува трева, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот бил изгаснат пред да се прошири. Ангелов преку објава на Фејсбук посочи дека инцидентот се случил вчера, кога лице со брусилица сечело делови од возило. – Од искрите се запали околната ...

Крај за досадните продажни повици. Од 11 август во Франција стапуваат во сила нови правила со кои компаниите повеќе нема да смеат да ги повикуваат граѓаните за комерцијални цели без нивна претходна и јасна согласност. Со новиот закон се укинува досегашниот систем според кој граѓаните што не сакаа да примаат рекламни повици мораа сами да го регистрираат својот телефонски број на посебна државна листа. Потрошувачките организации со години ...

Аларм низ Европа поради сателитските снимки на најголемите реки: Фотографиите од вселената открија загрижувачка состојба Сателитските снимки на програмата „Коперникус Сентинел-2“ (Copernicus Sentinel-2), направени во периодот од 1 до 3 август, покажуваат драматично намален водостој на четирите најголеми европски реки – Лоара, По, Рајна и Дунав, објави Си-Ен-Ен. На снимките се прикажани делови од реката Лоара кај Сомир во Франција, По кај ...

Македонија ја очекува уште еден исклучително топол ден, со температури кои на повеќе места ќе се доближат до 40 степени. Иако поголемиот дел од денот ќе биде сончев, попладне во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските ...

Недостигот на анестезиолози и радиолози останува еден од најголемите проблеми во македонското здравство и не може да се реши преку ноќ, бидејќи специјализациите траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“. Клековски оцени дека моделот со приватните специјализации, воведен во 2017 и 2018 година, не ги дал очекуваните резултати. – Морам да кажам дека експериментот со ...

Скандал со познат американски политичар: Сака во Конгрес, а на плажа се заканувал со нож и пиштол Познатиот американски политичар Кирил Бејсин (40) бил уапсен во саботата, 1 август, поради физичка пресметка на плажа на Хаваи, објави Њујорк пост. Бејсин физички се пресментал со 61-годишен маж кој го замолил да ја намали гласната музика. Според полицијата, Бејсин му се заканувал на мажот, наводно тврдејќи дека поседува огнено оружје. Тој, исто ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар постепено се стабилизира, а анализата на водата за пиење се очекува да биде објавена до 20 август, најави министерот за здравство Сашо Клековски. Клековски во гостување во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“ изјави дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален. – Во основа, сега излегуваме од акутната фаза. Веќе можам да кажам дека ...

Поранешната светска тениска ѕвезда Јелена Докиќ го заврши престојот во Македонија и си замина од земјава, но зад себе остави емотивна порака за моментите поминати тука. Докиќ неколку денови уживаше во убавините на Македонија заедно со својот партнер Јане Веселинов, Македонец кој живее и работи во Мелбурн, каде е успешен менаџер во угостителскиот сектор. View this post on Instagram A post shared by JELENA DOKIC 🇦🇺🇦🇺🇦🇺 (@dokic_jelena) ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат низа ограничувања за руски државјани кои живеат во странство, а се осудени во отсуство и според руските власти „избегнуваат извршување на казната“. Законот, потпишан на 4 август, стапува во сила веднаш по објавувањето во Службен весник, а со него Москва воведува посебен систем на санкции кон лица кои се наоѓаат надвор од Русија. Според порталот ЕУалајв, мерките се ...

Во текот на денот на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, еден пожар и натаму е активен, два се ставени под контрола, додека 11 се целосно изгаснати. Најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, каде што сè уште гори пожар кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба. Огнот зафатил ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, а ...

Советничката во Градскиот совет на Данидин, Нов Зеланд, Џо Галер, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако на важен онлајн состанок се вклучи директно од својата бања. Галер учествувала на виртуелна седница на советот, но наместо канцеларија или дневна соба, нејзината камера открила необична сцена во позадина се гледале алишта закачени за сушење, додека таа сериозно зборувала за локални политички теми. Во еден момент, ...

Четворица мажи се повредени откако жена ги нападнала со нож во центарот на Лондон, соопшти британската полиција. Инцидентот се случил во познатиот лондонски кварт Ковент Гарден, каде што жената била уапсена веднаш по нападот. Таа е приведена под сомнение за напад и нелегално поседување оружје. UPDATE : A 47-year-old woman is in custody following a knife attack in central London. Four men were injured during the incident on Endell Street in ...

Новиот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Златко Перински, најави засилени контроли во неколку области каде што со години се забележуваат најголеми предизвици за институцијата – лекувањата во странство, боледувањата и исплатите за ортопедски помагала. Перински, кој ја презеде функцијата на 13 јули, на брифинг со новинарите посочи дека овие теми се меѓу клучните точки во последниот извештај на Државниот завод за ревизија за ...

Италијанското Министерство за здравство од четврток ќе воведе највисок степен на предупредување поради екстремните горештини во 27 градови низ земјата. Одлуката е донесена поради силниот топлотен бран кој го зафати поголемиот дел од регионот, со температури кои во некои области достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Црвениот аларм значи дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за ...

ЕУ ѝ префрла на Украина уште 1,4 милијарди евра од замрзнатите руски средства. Парите, обезбедени од каматите остварени од имотот на руската централна банка што беше замрзнат по почетокот на руската инвазија, ќе бидат наменети за поддршка на украинската одбрана. Европската комисија соопшти дека средствата ѝ биле префрлени на Европската Унија на 3 август, а денеска официјално се ставаат на располагање на Украина. Претседателката на Европската ...

Возачот кој пред неколку дена возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи е лишен од слобода. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи го привеле М.Ш. (39) од тетовското село Челопек. Според информациите, тој на 2 август околу 19:20 часот, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски ...

Полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје е приведен под сомнение дека со месеци незаконски присвојувал пари од сообраќајни казни и им овозможувал на дел од возачите да ги подигнат возилата од депото на ЈП „Градски паркинг“ без да платат глоба. Според истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, полицискиот службеник од април до јули годинава ја злоупотребувал ...

Македонија на 12 август ќе има можност да биде сведок на делумно затемнување на Сонцето, а астрономите посочуваат дека, иако затемнувањето ќе биде мало, станува збор за редок небесен настан што вреди да се проследи. Според експертите за астрономија, затемнувањето ќе започне во вечерните часови, кога Месечината ќе почне делумно да го покрива сончевиот диск. Во југозападниот дел од земјата ќе биде покриен мал дел од Сонцето – околу 6,36 ...

Мила Арсовска, македонска стилистка која веќе една деценија живее во Њујорк неодамна, за првпат во својот живот ја раскажа својата приказна за тоа како изгубила дел од стапалото кога имала само две години. Таа почна кампања за собирање на средства за протезата за која сонувала целиот живот. Сега на својот профил на Инстаграм Мила сподели вест која ги израдува сите нејзини следбеници, пријатели и најблиските. Благодарение на поддршката од ...

Струмичката пожарникарска служба ги известува граѓаните дека целиот регион ќе биде набљудуван од дрон поради опасност од избувнување пожари. „Покрај редовните теренски контроли, во текот на утрешниот ден целиот Струмички регион ќе биде под постојан надзор со современ термален дрон. Овој високо софистициран систем овозможува рано откривање на потенцијални жаришта и пожари, детектира топлински извори од голема оддалеченост и овозможува брза ...

Словак е уапсен на скопскиот аеродром, затоа што по него Германија распишала меѓународна потерница. „На 4.8.2026 година во 21 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој бил задржан во полициска ...

Британската принцеза Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк станаа родители по третпат. Двојката доби девојче, нивно прво женско дете по двајцата синови, а веста официјално ја потврди Бакингемската палата. Малечката е родена на 3 август во болница во Лисабон, Португалија, каде што семејството поминува голем дел од времето. Во соопштението се наведува дека мајката и бебето се чувствуваат добро, а кралот Чарлс, кралицата Камила и останатите ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34