Две цели години се бавиме и акаме по судови, како новинари, поради хировите на Апасиев и неговото сфаќање на правото и на слободата на говорот! Ова е срамна одлука на Апелацискиот суд, кој застанува на страната на Апасиев, оти како новинари сме го прашале како партијата ќе ги троши буџетските пари и пазете - сме го барале на приватниот телефон! Се надевам дека оваа тројка апелициски судии се свесни дека не постои „личен запис“ кога станува ...

Навикнавме утрата да ни почнат со евакуација на училишта, растрчани средношколци, блокирани раскрсници од полицијата која постапува по заканите со бомби во скопските училишта. Информациите за заканите за поставени бомби во скопските училишта веќе трета недела шират тензии и страв во јавноста. Во објавите стои дека единиците на МВР за антитероризам вршат проверки, учениците се евакуирани, а заканите се лажни. Досега, малку или воопшто ...

Слика: Gigi Chen Почитувани, На 7 ноември 2022 г. на онлајн медиумот за култура Окно.мк сте објавиле изјава од докажан пропаганден инструмент на централната власт како да е ноторен факт без притоа да побарате наша изјава како одговор. Во прилог printscreen. Лицето чиишто изјави континуирано и еднострано ги објавувате на вашиот онлајн медиум докажано шири лажни вести штитејќи ги интересите на својата партија, а од позиција на член на власта ...

На илјадници различни јазици, во најразлични услови на живот, од век во век, од античките патријахални раскажувања во колибите, покрај огнот, па сè до делата на модерните раскажувачи кои во овој момент излегуваат од издавачките куќи во големите светски центри, се ткае приказната за човековата судбина која без крај и прекин ја раскажуваат луѓето на другите луѓе. Начинот и облиците на тоа раскажување се менуваат со времето и околностите, но ...

Рускиот министер за образование Сергеј Кравцов објави дека во наставниот план и програмата на руските училишта ќе биде воведена основна воена обука, информираше руската новинска агенција РИА. -Воената обука ќе биде воведена во училиштата од следната академска година. Во моментов работиме на нацрт курикулум, а по 1 јануари 2023 година ќе почне тестирањето - рече Кравцов во разговор со новинарите. Претходно, на прашањето на Сергеј Миронов, ...

Иницијативата Отворен Балкан (ОБ) на дневнополитичко ниво во нашата јавност добива некои чудни димензии. Имено, сè почесто слушаме дека ОБ и Берлинскиот процес (БП) се заемно исклучиви иницијативи. Но, ние не би требало да западнеме во таа површна теза од повеќе причини. Прво, станува збор за сродни концепти, кои може да се одвиваат паралелно и непречено, доколку се земат предвид деликатностите на иницијативите што всушност имаат иста цел. ...

„Во рајот се оди поради климата, а во пеколот поради општеството“ - така говорел култниот американски раскажувач Семјуел Лангхорн Клеменс (1835-1910), познат под литературното име Марк Твен. Оваа фотографија го прикажува Марк Твен како ја посетува лабораторијата на Никола Тесла на Јужната Петта авенија бр.35 (која ќе изгори во пожар една година подоцна). Додека Твен го набљудува електричниот блесок во позадина се гледа американскиот научник ...

Уличната фотографија е запис за светот, но и изјава на самиот уметник: приказ како тие го гледаат светот, кои се тие, што го привлекува нивното внимание и ги фасцинира. Поранешна фоторепортерка на Асошиејтед прес и сегашна фотографка на дела од ликовната уметност, Гулнара Самоилова, доаѓа до сознание дека кога станува збор за улична фотографија, на теренот во голема мера доминираат мажи. Со идеја да ја поправи оваа нерамнотежа, таа ја основа ...

Стотици илјади корисници на Твитер мигрираа на конкурентската платформа „Мастодонт“ – што е најголем поединечен егзодус во историјата на социјалните мрежи, покажувајќи му среден прст на новиот сопственик мултимилијардерот Илон Маск дека може да го купи Твитер но не и нивната доверба во него како „главен уредник“ на оваа досега слободна платформа. „Птицата е ослободена“, порача, пак, тој преку својот профил на Твитер само еден миг по ...

Јувал Ноа Харари Не можеме да ги заштитиме децата од историјата. Милиони семејства ги изгубија своите домови во Украина заради руската инвазија. Во Делхи рекордната температура од 50 степени целзиусови ги принуди децата да бидат затворени во своите домови во текот на летото, ги спречи да си играат и да одат на училиште. Цената на храната расте вртоглаво додека децата во целиот свет страдаат од глад. Младите генерации се соочуваат со големи ...

Секоја недела во Оксфорд играм фудбал. И секоја недела, иако поминале 14 години, си правам споредба со тоа како изгледаше играњето фудбал во основно (Песталоци). Дома, за тие што не знаат, во секое друштво за фудбал има (барем) по еден Урлач кој продава памет на сите од неговиот тим. Урлачот не е најдобриот играч (преку сила, благо над просек), ама е најгласниот и најисфрустрираниот. Степенот на урлање е обратнопропорционален на бројот на ...

Преземено од DW на македонски Порастот на цените на гасот и неговиот недостиг во екот на енергетската криза го враќаат во игра дизел горивото, како алтернативно гориво за работа на скопските топлани. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, најави дека од 15 ноември се подготвуваат да направат тест на топланите и тие да почнат на работат на дизел гориво за да се види дали системот дали може да работи со овој енергенс, бидејќи во минатото ...

Изборот да се избегне одреден угнетувачки режим со напуштање на својата земја секогаш предизвикува голема доза на надменост меѓу противниците на режимот кои заминуваат и оние кои остануваат. Горчливиот јаз што често се развива меѓу луѓето кои треба да бидат на иста страна, но направиле различни егзистенцијални избори, е победа за таквите режими. Не се знае сосема точно колку Руси ја напуштиле својата земја од почетокот на војната против ...

Во вторник, 8 ноември, во Големиот салон на галерија "Ко-ра," ЈУ Дом на култура "Кочо Рацин," Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на црно-бели фотографии од Драги Неделчевски, насловена "Дијагноза." Станува збор за изложба од 26 црно-бели фотографии - збирка (галерија) на ликови, луѓе (мажи и жени) кои се соочуваат со некој здравствен проблем и решиле својата приказна да ја споделат со фотографот, и со оние што ќе ги ...

Австралиската уметница Џејн Лонг ги трансформира старите искинати и избледени црно-бели фотографии во шарени фантастични дела, давајќи им на субјектите нов и целосно надреален контекст. Фотографиите кои ги користи за нејзината серија „Танц со Костика“, се снимени пред повеќе од половина век од страна на Костика Аксинте, романски воен фотограф кој ја документирал Првата светска војна. Фотографиите на Костика ги доловуваат стегнатите изрази на ...

Кога ќе помине еуфоријава со заемно отворање клубови, ќе останеме заглавени во еден погрешен наратив. Преземено од Дојче веле Во Благоевград сум поминал четири години од мојот живот, кога студирав на тамошниот Американски универзитет, еден од првите западни универзитети отворени во земјите од источниот ќлок. Го паметам како многу убав град, во кој сум се враќал често, од ќеиф, да се потсетам на студентските денови. Во тоа време (не сакам да ...

Малиот александар (Psittacula krameri), го добил името по Александар Македонски, а се тврди и дека тој го донел во Европа од Азија. Toj припаѓа на територијално најраспространетиот вид папагали, со природни живеалишта распространети и на африканскиот и на азискиот континент, па ги среќаваме на Централниот Исток, Африка, Египет, Маурициус, Занзибар, Оман, Кувајт, Ирак, Иран, Индија, Индокина, Југоисточна Кина. Папагалот мал александар во ...

На петтиот конкурс за стрип наградата Лифт стигнаа 16 стрипови од 18 автор(к)и. Во продолжение ги пренесуваме имињата на сите автор(к)и и по една страница од нивните стрипови. За резултатите од конкурсот ќе информираме при крајот на месецов. Жирито на наградата Лифт го сочинуваат Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски. Тројцата најдобро оценети автор(к)и ќе добијат книги и стрипови од книгоиздателствата Темплум и Бункер во ...

07/11/2022 09:51 - Окно

Порано мртвите можев да ги избројам на прсти, сега се недоброј. Порано живите можев да ги бројам пред спиење, сега ги повторувам. Помислам ли дека некој може да умре, веднаш сум подобра со него. Колку било лесно да се биде добар со потенцијално мртви луѓе! Но штом се одложи умирањето, се одложува и живеењето. А тогаш телото го губи времето, душата го придобива. Телото го напушта просторот, душата го населува, духот го расселува. Меѓу живите и ...

Уметникот Бранко Шимиќ минатата недела гостуваше на фестивалот за современи уметности АКТО.Како дел од промоцијата на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО 2006-2020“ беше проследена визуелната и аудио инсталација „Хусински рудар“ (моето минато е ваша иднина) на Шимиќ. Оваа инспиративна инсталација го поставува Хусинскиот рудар, симболот на работничкиот бунт од 1920 година, реинкарниран во форма на диско култура кој ни одржува говор за моралот од ...

Една година од коалицијата со Данела Арсовска конечно дочекавме „Зелен хуман град“ да отворат уста на тема загадување и, очекувано, прстот е вперен кон владата, а не кон градот. Сега ЗХГ се буни зашто топланите ќе работат на дизел и, секако, владата е крива за тоа. Не се Путин и Русија одговорни за енергетската криза на цел континент - владата е крива што не обезбедила гас (прекршувајќи ги санкциите). А и владата е крива што не ги слушала ...

Дали некогаш сте го имале она чудно чувство да го пуштите умот на пасење додека патувате со автомобил, а потоа кога ќе стигнете на целта не се сеќавате на ништо од патувањето? Или можеби сте се мачеле да заспиете додека мозокот бескрајно ви кружи so наметливи мисли? Дали некогаш сте биле „во зоната“ додека длабоко сте ангажирани во некоја активност, како пуштање музика или спорт? Ова се некои од вообичаените искуства кои инспирирале тим од ...

На 4ти, 5ти и 6ти ноември 2022, во организација на КСП Центар Јадро, на повеќе локации ќе се одржува првиот "Маалски фестивал." Идејата на овој фестивал е да ги обедини уметноста и маалскиот живот. За време на фестивалот, во просториите на КСП Центар Јадро, како и на повеќе локации во Дебар Маало, ќе бидат изведени голем број на улични уметнички акции. Ова вклучува маалски тури или посета на најзначајните локални точки, танцови перформанси, ...

Записи, како се хранат птици. Препелица нахранила грлица со стеница! Папагал пчеларки почестил со лебарки! Кобец хранел јазовци со молци и комарци! Јато треперки изело нива со пиперки! Галеб со тетреб се борел за корка леб! Грлица лапа белвица пред препелица! Гуска подарила кркушка на кокошка! Блатна кокошка со црв се кошкала за трошка! Градска ластовичка и селска ластовичка се степале за краставичка! Сипка торбарка од полжав оставила само ...

На 8 ноември во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) . Изложбата се организира во партнерство со 14. Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста. Куратори се: Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова. Уметници чии дела ќе бидат изложени се: Дилејн Ле Бас (Англија), Ахмет Кадри ...

Нереално е да се верува дека гледањето во мали и големи екрани секој ден по неколку часа нема никакво влијание врз изгледот на човечкото тело и текот на еволуцијата. Обидувајќи се да визуелизираат како технологијата би можела да ги трансформира нашите тела во следните илјада години, научниците ја создадоа Минди - гротескен модел на жена од иднината што се карактеризира со грбави плеќи, широк врат и прсти кои изгледаат како канџи за пишување ...

Првично дизајнирана од астурискиот архитект Мануел дел Бусто во 1912 година, црквата Санта Барбара во Ланера, Астурија, била напуштена со години и веќе била во фаза на распаѓање. Група претприемачи предводени од колективот наречен „Црковна бригада“, решаваат да ја спасат оваа црква, а воедно и да и дадат нов лик. Преку собирање средства онлајн и со помош од Ред Бул, црквата е спасена и претворена во јавен скејт парк, наречен храм Каос. ...

Веројатно ликот и делото на големиот бугарски писател од етничко македонско потекло Никола Јонков Вапцаров е најголемиот доказ за тој комплексен и испреплетен, повеќеслоен идентитет на Македонците во рамките на Отоманската Империја, но и потоа, помеѓу двете светски војни, сè до создавањето на Македонија како државно-правна заедница во новосоздадената СФР Југославија по завршувањето на Втората светска војна. Кај многу револуционери, уште ...

Во списанието Лансет неодамна беше објавена студија која откри поврзаност помеѓу агресивното однесување на интернет и временските прилики. Истражувачките го споредиле говорот на омраза на Твитер со температурите и откриле пораст на онлајн агресијата во случај на пониски или повисоки температури. Најизразен пораст на онлајн непријателство е откриен во случаите со екстремни жештини. Во време на глобално затоплување студијата нè наведува на ...

Одбраната на Илон Маск на „апсолутизмот на слободниот говор“ е фундаментално лажна. Сега кога милијардерот – културен воин го заврши купувањето на Твитер, платформата ќе биде обземена од токсични дезинформации, вклучувајќи длабоки фалсификати, бесмислена пропаганда, повици за насилство, доксинг и други форми на нелиберални чинови, против слободата на говорот. Во 1897 година, американскиот медиумски магнат Вилијам Рандолф Херст го испратил ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
998
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
75%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
88%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
62%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Злато

157055.75

Алуминиум

3.07

Платина

83354.78

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Сребро

2457.28