„Во времето на „Шарената револуција“ ние како новинари „пуштавме нокти“ за да се исфрлат директните пари од државата во медиуми. И едвај успеавме во времето на Груевски да ги укинеме рекламите, кон крајот од неговиот мандат. И сега како да кажам, за што се боревме? За реприза на тоа истото“, коментира за „Локално“ новинарот Звездан Георгиевски, отакако во Собранието влегоа измените на Законот за медиуми со кои по скратена постапка се отвора ...

„Робот слика на штафелај“ (создадена со алатка за создавање уметност со вештачка интелигенција наречена Midjourney) Во последно време, имаше повеќе критики за кризата со која се соочуваат хуманистичките науки, а неодамнешните откритија на полето на вештачката интелигенција дополнително ја зголемија лутината. Не се само возачите на камиони оние чија што работа е под закана од автоматизацијата. Алгоритмите за длабоко учење влегуваат и во ...

Александар Карафиловски од Скопје со пчеларство и производство на мед успешно се занимава од 2009 година. Претходно цели 25 години работел како бербер и вели дека работата со пчелите и престојувањето во природа е позитивна промена во неговиот живот по долгите години работа меѓу четири ѕида. Има околу 100 пчелни кошници и функционира по принципот на пренесување на кошниците во периодот на паша. Освен мед, произведува и полен, перга, прополис, ...

Во вторникот се одржа завршна панел дискусија на проектот "Младински екоактивизам за зелени општини" на која покрај младите учествуваа градоначалниците Висар Ганиу, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски. На дискусијата беа споделени новите зелени барања од младите до општината. „Барањата ги собиравме од младите, за тоа што тие сакаат да видат како зелена промена во нивната општина. Потоа, со тимот и заедно со општините Општина Аеродром, Општина ...

Вчера, 15 ноември, нешто по 9 часот наутро, се роди 8-милјардитиот жител на Земјата, според "бројчаникот" за популација на Worldmeters. На целата човечка историја, и беа потребни околу 1800 години, вклучувајќи ја и Индустриската револуција, да ја достиген првата милијарда. До втората милијарда требаше да поминат 130 години (1930), до третата 30 години (1960), до четвртата 15 години (1974),13 години до петтата, до шестата 11 години (1998) и до ...

Криминалецот се враќа на местото на злосторството. Или истражителите. Државната комисија за спречување на корупција во вторник, 15 ноември, ќе ја слави 20-годишнината од нејзиното основање во еден од најконтроверзните објекти на проектот „Скопје 2014“ – Музејот на македонската борба. Почнат во 2008 година, кога беше најавено големото преосмислување на центарот на Скопје и идеолошката и античката трансформација, Музејот беше завршен во 2011 ...

Вистинската политичка тема сега е она што се случува во Градот Скопје. Пренесено од Дојче веле Ќе има ли мнозинство или не за уставните измени? Таа издишана тема за ова време се држи на мускули за опозицијата да има со што да ја храни дневната агенда и да ја става власта во некаква постојано дефанзивна позиција да дава изјави проткаени со оптимизам за нешто кое ниту сега ќе се случува, ниту се созреани условите да се постави на дневен ред. ...

Извор: Дојче Веле „Екстремно загаден воздух, доминантен загадувач е ПМ 2.5“ - ваква порака деновиве на своите мобилни телефони можеа да забележат бројни жители на Скопје, кои ја користат апликацијата „Мој воздух“, која што го мери квалитетот на воздухот. Иако грејната сезона само што започна, во делови на Скопје веќе се дише опасен воздух. Енергетската криза само ги зголеми стравувањата на жителите на главниот град како ќе се преживее зимата, ...

16/11/2022 09:41 - Окно

Беше голем љубител на гулаби. Одеше по разни места по разни краишта каде што ќе чуеше дека, има убави и ретки гулаби. Еднаш најде еден таков летач – акробат што беше исклучок, што сличен му немаше. Гледајќи го како полетува, какви превртувања прави во воздухот, здивот му запираше. Плати колку што му побараа и го зеде. Го донесе дома и на првото полетување направи свеченост: ги викна сите пријатели да го гледаат, да се воодушевуваат. Но кога ...

Кому и зошто му пречат Македонците и СР Македонија? Дали зад негирањето на националниот идентитет на Македонците и македонскиот јазик заправо се кријат територијални претензии кој Југославија? Михајло Апостолски е човек за роман и историја, а не за весници. Според неговиот богат животопис исто така би можела да се напише богата и бурна историја на македонскиот народ во овој век, и обратно, се разбира. Имено, од детските денови во Штип, од ...

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се двата спротивни пола на една иста магнетна сила којашто е против европскиот пат на земјата и против членството на Северна Македонија во НАТО како најмоќен безбедносен сојуз којшто ја заштити земјата од влијанијата од исток. Овие влијанија имаа(т) за цел земјата на геостратешкиот крстопат меѓу Европа и Азија да ја претворат во зона на постојана криза за да го раслабнат нејзиниот демократски капацитет и да предизвикаат ...

Сегашната поврзаност на проблемите – руско-украинската војна, инфлацијата, глобалниот недостиг од храна и енергија, должничките кризи во земјите во развој, како и долготрајните влијанија на исклучувањата поврзани со ковид-19 и тесните грла во синџирот на снабдување – можеби е најсериозната криза од сите нив, не само затоа што централните банки не можат да печатат пченица и бензин. Рускиот прекин на испораката на природен гас за Европа по ...

Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата (2021-2027), кој ќе биде за 60% поголем од буџетот на ИПАРД 2, се очекуваат многубројни придобивки како на пример: – подобрување на стандардот на земјоделците, – подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност, - зголемување на вработеноста во руралните средини, - подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина. Со последиот јавен повик од ИПАРД 2 ...

Не е новост кога ќе речеме дека историјата ни дава можност низ разбирање на минатото подобро да се осознаеме себеси во сегашноста. Тоа понекогаш од нас бара сериозен напор за преиспитување на историјата, па и на природата на историското знаење. Имено, филозофијата на историјата бара од нас во континуитет да преисипитуваме од што точно се состои таа: од индивидуални или колективни дејствија, од партикуларни или општествените настани, или ...

14/11/2022 04:39 - Окно

Во денови кога се прелистуваат летните спомени, воздухот сè уште шушка како свила под крилцата. Ретка хармонија на летањето со белина ги засипува небесните патеки: тие се час кружни, час параболични. Одеднаш, надоаѓа студена воздушна струја и крилатите шамичиња за миг замрзнуваат во летот, се придвижуваат малку по инерција, а потоа паѓаат вертикално. Кога ќе ја допрат земјата, ѕвечкаат стаклено и се ронат на парчиња. Излажани од љубовта и ...

Опседнатите русофили не ја сакаат Русија - туку автократијата, едноумието, чистките и војната. Зошто, спротивно на Европа, на моралот и здравиот разум, Србија тврдоглаво одбива да ѝ воведе санкции на Русија? Дежурното објаснување гласи - заради големата русофилија во српското општество. Наводно, нашиот просечен Петар Петровиќ од уплатницата за РАТ (републичка административна такса), и вооружен со комплети книги од Толстој и Достоевски „на ...

Пустината Калахари на југот на Африка е дом на друштвените птици ткајачи (Philetairus socius). Вредните африкански птици од фамилијата врапчиња се карактеристични по тоа што прават огромни гнезда, изградени од стапови, трева и памук, кои често се дом и на неколку други видови птици. Јужноафриканскиот пигмејски сокол е една од птиците кои редовно живеат во гнездата на африканските ткајачи кои честопати собираат и над 100 птици во исто време. ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок остро ја искритикува Унгарија за блокирањето на финансиската помош од 18 милијарди евра за Украина и ја обвини Будимпешта дека „игра покер“ со ситуацијата. Парите се помош од Европската Унија и се наменети за Украина, но очигледно унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема намера да помогне. „Со финансиската поддршка од Европа ние спасуваме животи“, рече Баербок на прес-конференцијата во ...

Иранецот Мехран Карими Насери кој живееше 18 години на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз и чија сага беше инспирација за филмот на Стивен Спилберг „Терминал“, почина на терминалот 2Ф, на аеродромот што долго време го нарекуваше дома, соопштија официјални лица. Насери почина по срцев удар, откако полицијата и медицинскиот тим му укажале помош, но не успеале да го спасат, изјави официјален претставник на управата на аеродромот во Париз. Насери ...

Европска куќа (Europe House) овој месец со низа настани и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964) го одбележа својот трет роденден. Активностите, организирани заедно со Националната галерија имаа(т) цел да ангажираат разновидна публика. Дел од нив (ќе) се одржаа во Куќата-музеј на Лазар Личеноски, под скопско Кале. Еве ја во целост речта на евроамбасадор Гир, на одбележувањето на третиот ...

Босна и Херцеговина и Иран се сметаат за двете најдоминантни сили во одбојка со седење, кои имаат играно една против друга во четири од последните пет финалиња на светските првенства. Во овогодинешното финале на Светското првенство кое се игра во Сараево, Босна и Херцеговина е поразена од Иран со резултат 3:0 (26:24, 32:30, 25:12). Ова е осмо злато за Иран, додека Босна и Херцеговина има три, заедно со три сребра и една бронза. Босна и ...

По објавувањето на книгата „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ од Бранко Прља во која се искористени илустрации направени со помош на Стејбл Дифјужн (Stable Diffusion), се очекува се поголема употреба на вештачката интелигенција во креативните сфери во Македонија. Книгичката можете да ја симнете бесплатно тука (овозможено од Арно.мк). AI се развива многу брзо и го гледаме тоа во „real-time“ Во светот нештата се многу понапред. ...

Прво, не постои НИТУ ЕДНА изјава од раководството, или од член, или од симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ во којашто е некогаш кажано/напишано нешто ЛОШО за Ванчо Михајлов, пред 18.04.2022 г. На тој датум, по повод отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, Мицкоски ги повика ЕУ и официјален Брисел да стават крај на „фашизоидните намери“ и „неевропските егзибиции“ што му се случуваат на македонскиот народ... Од тој датум, па до вчера (11.11.2022 ...

"Нагоре" На изложбата „Анатомија на копнежот“ на Ване Костуранов знаев дека ќе видам куќички, многу насликани куќички. Куќичките се заштитниот знак на неговиот сликарски израз. Токму ова самозададено ограничување на субјектот кој се слика, како и дводимензионалноста во сликарската техника укажуваат на највпечатлив начин дека во некои случаи, само во некои! – помалку значи повеќе. Минимализмот на Костуранов максимално ја открива неговата ...

11/11/2022 04:53 - Окно

Не дека не знаевте Ви беше кажано И повторувано По стопати: Во оваа ваша убава куќа Слободно одете насекаде Правете што ви е мило ем драго Секој во својот простор И на секоја педа да се чувствува дома Може да си играте во големиот зелен двор Да се капете во базенот Да берете од овошките, да си вртите скара Да читате книги (иако никогаш не сте биле по читањето) На верандата, да се нишате на лулашките... Единствено не го отворајте Таинствениот ...

Заедницата на „слободните народи“ сере врз милионите жртви на фашизмот. „Ова е преглед на историјата од Херодот од Халикарнас, напишан за со проток на времето да не се намали значењето на она што човештвото го сторило, та големите и прекрасни дела – како оние што ги создале Хелените така и оние што ги создале варварите – да не бидат заборавени, а конечно, меѓу останатото, и за да се објасни зошто помеѓу Хелените и варварите доаѓало до војни.“ ...

Драго ми е што придвижувате полемика околу исклучително важни теми, важни и на животен начин: енергија, снабдување, загадување, град, јавен простор, па еве и, во дописот до Окно, ја зафаќате и темата медиуми и етичко известување. Сето тоа се теми со кои Окно континуирано се занимава речиси 14 години. Добредојдени се и вашите аргументирани критики спрема централната власт, која навистина ја има најголемата моќ во сите енергетски политики. ...

Уметницата Марина Глебова од Истанбул замислува пост-апокалиптичен свет од соништата населен со волшебни плишени ликови. Хибридните суштества со животински и човечки карактеристики се облечени во слоеви и чудни наметки; ликовите често им се премногу експресивни со големи, изненадени очи, срдечни или итри насмевки. Глебова објаснува дека започнува со креирање на лицето или главата, па од него произлегува изгледот на телото и облеката на ...

„Сите деца имаат исти права“, „Сите ние сме исти“, „Децата се деца, без разлика на нивниот изглед“, „Секој е посебен на свој начин“ – ова беа дел од пораките што во изминатите два дена ги испратија деца од општините Босилово и од Гевгелија. Неколку стотици основци заедно со нивните наставници, но и психолози и педагози од нивните училишта учествуваа на завршните настани на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, што е инициран од ...

Новиот извештај на Гринпис САД пружа страшна слика за рециклирањето во Соединетите држави: во суштина тоа е пропаднат проект. „Индустријата за пластика и производи уште од раните деведесетти го промовира рециклирањето на пластиката како решение за пластичниот отпад. Приближно 30 години подоцна, огромна количина од пластичниот отпад во САД сè уште не може да се рециклира“, се наведува во извештајот. „Проценето е дека стапката на рециклирање ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
55%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.24
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
5.14
90%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
86%
997
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
74%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Калај

48.78

Бакар

12.12