Пукнат е лустерот

25.11.2022 22:26

Пукнатината беше од внатрешната страна и толку мала што можеше да се забележи само ако се гледа од таванот каде беше прицврстен лустерот. Гостите ништо не знаеја за пукнатината. Кога доаѓаа лустерот си беше на своето место, а оздола не можеше ништо да се види. Но тоа што не можеше и што не му беше никому нужно да го види и знае – во неа, во нејзината свест се запечати како единствен белег, како единствено нешто што можеше и требаше да се види и знае за лустерот. И штом некој ќе кренеше глава кон таванот, таа веднаш го предупредуваше: Пукнат е лустерот!
Неуморно, мирно, како по должност, гаснеше секаков восхит во очите и на лицата на гостите. Пукнат е лустерот! Понекогаш дури и пред гостите да погледнат угоре, брзаше да им каже: Пукнат е лустерот!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото